сведителства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Jun 2021 08:57:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сведителства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На средношколци им барале пари за сведителства, реагираат од Средношколскиот сојуз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-srednoshkolci-im-barale-pari-za-sveditelstva-reagiraat-od-srednoshkolskiot-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-srednoshkolci-im-barale-pari-za-sveditelstva-reagiraat-od-srednoshkolskiot-sojuz/#respond Sat, 12 Jun 2021 08:57:39 +0000 https://kurir.mk/?p=522308

Сојузот на средношколци соопшти дека во изминатите неколку дена се повторува проблемот од минатата година –  добива поплаки од средношколци од повеќе градови во земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање свидетелства. Сојузот бил информиран за ова од средношколци, а информациите му биле потврдени и од мрежата на активисти во тие градови. Сојузот посочува дека средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. Исто така, и скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ им наплаќа на своите ученици 100 денари за свидетелство, наведува Сојузот, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик. – Tоварот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците, ниту професорите во средните училишта. Ова е скандалозно и проблематично. Барањето пари од учениците го загрозува јавниот и бесплатниот карактер на државното образование. Појавиве се спротивни на ставот 2, член 3 од Законот за средно образование, кој гласи: „Средното образование во јавните средни училишта е бесплатно“. Во Законот никаде не се спомнуваат вакви такси. Главниот проблем е во тоа што земањето на свидетелствотото не е опционална одлука. Свидетелството е задолжителен документ и е доказ за успешно завршена учебна година. Учениците се лишени од избор – тие мора да платат доколку сакаат да ја завршат учебната година, соопшти Сојузот на средношколци кој најави дека за ова ќе го информира со извештај Државниот просветен инспекторат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-srednoshkolci-im-barale-pari-za-sveditelstva-reagiraat-od-srednoshkolskiot-sojuz/feed/ 0
Политичкиот хаос седна и на училишните клупи: Гледајќи си го сведителството, децата нема да знаат како им се вика државата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkiot-haos-sedna-i-na-uchilishnite-klupi-gledajkji-si-go-sveditelstvoto-decata-nema-da-znaat-kako-im-se-vika-drzavata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkiot-haos-sedna-i-na-uchilishnite-klupi-gledajkji-si-go-sveditelstvoto-decata-nema-da-znaat-kako-im-se-vika-drzavata-foto/#respond Sun, 30 Jun 2019 09:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=214029

Еден документ е сведок за хаосот кој владее, како во цела држава, така и во македонското образование. Сведителствата кои деновиве ги добија учениците од основните и средните училишта од цела држава, наликуваат на сé, но не и на документ предаден од образовна институција. Политиката паѓа на грбот и на образовниот процес, па сега учениците кои си ги прочитаа описите или оцените во сведителствата, се на мака да одговорат дури и на основното прашање: „Во која држава живееме ние“? На примероците, изгледа останати од пред Зоран Заев да потпише промена на уставното име на нашата држава, е наведено дека овие дечиња живеат и учат во Република Македонија. Но, принудени да ја користат придавката „Северна“ бидејќи две третини од пратениците во Собранието одлучија така, на местата каде примерокот се дополнува, во сведителствата го напишале новото име на државата. Иронијата да биде поголема, уставното име на нашата држава, Република Македонија, се спомнува во реченицата: „Ученикот ги препознава државните симболи на Република Македонија, природните убавини и традицијата“. Во пракса, истиот тој ученик кој ги знае симболите, природата и традицијата, читајќи го своето сведителство, нема да знае кое е името на државата на која горенаведеното припаѓа. Следниот пат кога нашата држава е именувана без придавката „Северна“ е во името на министерството: „Министерство за образование и наука на Република Македонија“. Оваа Влада, брзајќи да го спроведе тоа што нејзините челници го ветуваа надвор од нашите граници, направи општ хаос насекаде. За жал, дури и во образовниот процес. Чија грешка е ова и дали некој ќе одговара што некаде заборавил да вметне „Северна“, останува да видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkiot-haos-sedna-i-na-uchilishnite-klupi-gledajkji-si-go-sveditelstvoto-decata-nema-da-znaat-kako-im-se-vika-drzavata-foto/feed/ 0