сведоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 17:48:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сведоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сослушани сведоци во случајот против Алвеш https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/soslushani-svedotsi-vo-sluchajot-protiv-alvesh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/soslushani-svedotsi-vo-sluchajot-protiv-alvesh/#respond Fri, 03 Feb 2023 17:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=795886

Судијата, кој ја надгледува истрагата што се води против бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, сослуша денеска осум сведоци на затворено рочиште во Барселона. Алвеш е обвинет за сексуален напад врз млада жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година и веќе две недели е во притвор во близина на Барселона, откако му беше одбиена кауцијата да се брани од слобода. Истрагата сега е во раце на судиите кои ќе одлучат дали ќе има судска разврска. Истрагата би можела да потрае со недели. Подносителот на тужбата го застапува Естер Гарсија, специјалист за сексуални злосторства, додека Алвеш како бранител го ангажираше Кристобал Мартељ, кој е експерт за финансиски случаи и го застапуваше Лионел Меси во неговиот случај за затајување данок додека Аргентинецот настапуваше за Барселона. Ниту еден од застапниците денеска не разговараше со новинарите, откако судијата повеќе од два часа ги сослушуваше сведоците. Алвеш го отфрли сите обвинувања. Бразилскиот репрезентативец прво тврдеше дека не ја познава жената обвинението, а потоа призна, како што рече, дека имал сексуален однос на кој девојката се согласила. Алвеш, кој до минатиот месец настапуваше за мексиканскиот прволигаш УНАМ Пумас, во кариерата освои 42 трофеи, вклучувајќи и три трофеи во Лигата на шампиони со Барселона и два Копа Америка со Бразил. Неодамна во Катар го имаше својот трет мундијалски настап.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/soslushani-svedotsi-vo-sluchajot-protiv-alvesh/feed/ 0
Сослушани седум сведоци за пожарот во тетовската модуларна болница, ново рочиште на 16 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soslushani-sedum-svedotsi-za-pozharot-vo-tetovskata-modularna-bolnitsa-novo-rochishte-na-16-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soslushani-sedum-svedotsi-za-pozharot-vo-tetovskata-modularna-bolnitsa-novo-rochishte-na-16-fevruari/#respond Tue, 31 Jan 2023 14:17:25 +0000 https://kurir.mk/?p=794300

На денешното рочиште од судењето за пожарот во тетовската модуларната болница во кој загинаа 14 луѓе, беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговораа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти. Во сведочењето, двајцата лекари Мустафа Таири и Шпеназа Арифи Зеќири и медицинската сестра Надире вработени од Клиничка болница објаснија дека вечерта имало потреба за реанимација на пациент, женско лице на 21 година, по што во истата болничка соба дошло до пожар кој се проширил. Тие објаснија какви обиди направиле да се изгасне огнот, од каде и како побарале помош и како се евакуирале пациенти. На прашања на обвинителите и адвокатите какви наредби добивале лекарите од обвинетиот доктор Бобан Вучевски, тие објаснија дека како тој како специјалист им давал насоки околу протоколите како да постапуваат со пациентите и каква терапија да им даваат, а други наредби од него не добиле. На прашањето од судијата дали во модуларната болница имало портир, сведоците посочија дека немало. Тие кажаа дека на влезната врата од модуларната болница имало писмена наредба дека е забранет влез за посетителите, но и дека се соочувале со агресивни лица кои и покрај тоа барале да бидат присутни во болничките соби. Сведоците кои биле во модуларната болница како придружба на свои блиски имаа различни ставови околу тоа дали им било забрането од некого престојуваат во собите. Сведокот, Оливера Веселиновска, како мајка на дете со посебни потреби рече дека била присустна со документ и затоа не и правеле проблем. Сведокот Виолета Петрушевска чиј сопруг бил пациент рече дека строго им било забрането да влегуваат. Таа посочи дека правела напор понекогаш да влезе во болничката соба за да му помогне на сопругот кој бил со тешка клиничка слика за да го пресоблече и слично, по што ја напуштала болничката соба. Сведокот Имран Шаќири, чиј сопруг бил хоспитализиран рече дека постојано била таму во текот на 28 дена хоспитализација и дека имало и по повеќе луѓе внатре кои биле придружба на другите болни луѓе. Сведокот Мумин Исмаили, кажа дека заедно со брат му се менувале постојано да бидат покрај нивната болна мајка и истакна дека никој од медицинскиот персонал не му забранил да престојува во болничката соба и дека немало портир пред болницата. Судењето ќе продолжи на 16 февруари со сослушување на уште сведоци, а судијата Јордан Велковски најави дека ќе бидат поканети и вештите лица кои ги имаат изготвено вештиот наод. Потоа ќе следуваат сослушувања на сведоци и писмени докази на одбрана. Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат. Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 година, откако од септември 2022 година дотогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soslushani-sedum-svedotsi-za-pozharot-vo-tetovskata-modularna-bolnitsa-novo-rochishte-na-16-fevruari/feed/ 0
„Монструм” продолжува со презентација на сведоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstrum-prodolzuva-so-prezentacija-na-svedoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstrum-prodolzuva-so-prezentacija-na-svedoci/#respond Mon, 31 Aug 2020 07:59:16 +0000 https://kurir.mk/?p=397082

Со презентација на сведоци од обвинителство денеска во Кривичниот суд Скопје продолжува судскиот процес за случајот „Монструм”. На последното рочиште исказ даде началник на одделението за увид на место на настан при Министерството за внатрешни работи. Неговото сведочење траеше кратко и беше поврзано со претходен исказ на сведок по однос на пронаоѓањето на автомобилот „Опел Омега” за кое во обвинението се вели дека е користено од страна на обвинитетите кои го извршиле убиството на 12 април кај Смилковско Езеро. Во оваа прилика сведокот прецизираше дека само слушнал од негов старешина дека е пронајдено возило во местото Враживир, но оти никогаш не го видел. За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Судењето за овој предмет го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstrum-prodolzuva-so-prezentacija-na-svedoci/feed/ 0
„Рекет“ продолжува со четири нови сведоци, исказ ќе даваат Лила и Агапи Дика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-so-chetiri-novi-svedoci-iskaz-kje-davaat-lila-i-agapi-dika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-so-chetiri-novi-svedoci-iskaz-kje-davaat-lila-i-agapi-dika/#respond Wed, 29 Jan 2020 06:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=296079

Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со презентација на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат Сања Димовска, Агапи Дика, Лила Стојановска и Весна Костовска. Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други. Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-so-chetiri-novi-svedoci-iskaz-kje-davaat-lila-i-agapi-dika/feed/ 0
Сведоштво на Македонци за КУРИР по страшното невреме на Халкидики: Едвај спасивме жива глава, а водата од собите сами ја вадевме (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-makedonci-za-kurir-po-strashnoto-nevreme-na-halkidiki-edvaj-spasivme-ziva-glava-a-vodata-od-sobite-sami-ja-vadevme-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-makedonci-za-kurir-po-strashnoto-nevreme-na-halkidiki-edvaj-spasivme-ziva-glava-a-vodata-od-sobite-sami-ja-vadevme-foto/#respond Fri, 12 Jul 2019 07:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=217628

По страшното невреме кое го зафати грчкиот остров Халкидики веќе втор ден по ред се санираат штетите и се трага по исчезнатите лица. Сведоци за КУРИР раскажуваат сцени од страшното невреме кое го преживеале околу 10-тина македонски семејства сместени во Неа Потидеа. Тие раскажуваат дека се уште нема вода и струја, а според најавите струја и вода можно е да нема и до недела. -Прашајте не нас 10-тина фамилии дали некој не контактираше од агенцијата, сите не откачија од агенции до хотелиери. Цели соби беа поплавени и сами си ги чистевме, а на крајот се вративме дома бидејќи немаше услови да останеме повеќе, раскажува сведок за КУРИР. Тој во името на сите семејства кои биле затекнати во невремето вели дека агенциите не мрднале со прст за нив и тие живи глави спасувале цели поплавени со деца и стари луѓе. -Револтирани сме од агенциите кои ни ги земаа парите, а потоа ги немаше никаде, ниту превоз ни обезбедија за враќање. Ние сме од Радовиш и сами си дојдовме со сопствен превоз, додека други семејства со стари лица и деца останаа да чекаат од агенциите да им обезбедат превоз ако тоа се случи..., раскажува сведокот на страшното невреме за КУРИР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-makedonci-za-kurir-po-strashnoto-nevreme-na-halkidiki-edvaj-spasivme-ziva-glava-a-vodata-od-sobite-sami-ja-vadevme-foto/feed/ 0