сведоштва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 12:59:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сведоштва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ние заслужуваме да живееме“: Сведоштва на луѓе со искуства во лекувањето на Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nie-zasluzhuvame-da-zhiveeme-svedoshtva-na-luge-so-iskustva-vo-lekuvaneto-na-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nie-zasluzhuvame-da-zhiveeme-svedoshtva-na-luge-so-iskustva-vo-lekuvaneto-na-onkologija/#respond Wed, 01 Nov 2023 12:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=895377

Откако избил во јавноста скандалот за случувањата на Онкологија, не добила ниту една порака од онколошки пациенти дека „некој нешто им побарал, дали мито или да си купи лек“, изјави Македонка Икономова-Давчева, претседателка  на Здружението „Љубов сме“ на сведочењето пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Клиниката за радотерапија и онкологија. Три години откако станала пациент на оваа клиника, во 2020 година го формирала  Здружението кое функционира како ФБ-група со околу 4000 следачи, каде што онколошки пациенти разменуваат пораки и искуства. Го регистрирала здружението, рече, за да бараат од државата подобар и достоинствен третман за лекување на онколошките пациенти, на жените да им се обезбедат редовни ехо и мамографски прегледи на дојка. Во сведочењето пред пратениците Икономова-Давчева  рече дека не забележала нешто сомнително и верува, рече, дека ја примала хемотерапијата затоа што ги имала нус-појавите. Биолошка терапија не примала. На Онкологија оваа терапија, рече, била воведена во 2018 година и за онколошките пациенти значела „искра надеж дека ќе има поголем ефект во нивното лекување“. Ги појасни предностите на биолошката терапија – за разлика од хемотерапијата ги напаѓа само болните клетки, не и здравите. Три години немало никаков проблем со снабденоста на лекови, а недостигот почнал да се појавува, рече, кога министерот за здравство Венко Филипче дал оставка. Потоа проблемите продолжиле и терапијата „час ја имаше, час ја немаше“. За биолошката терапија  посочи дека е иновативна и се применува во европски земји и затоа порача дека „нашата земја треба и мора да ни ја овозможи кога се стреми да оди кон ЕУ“. -Нас, онколошките пациенти, не нѐ интересира колку чини терапијата, тоа се многу пари, но ние заслужуваме да живееме, рече Икономова-Давчева. Сведочеше и Даријан Петров, кој неколку дена по информациите за злоупотреби на Онкологија ја формирал граѓанската иницијатива „Одговорност“ и учествува на протестите пред Обвинителството. Пред собраниската Анкетна комисија зборуваше за  лекувањето на неговата мајка, која во 2020 година ја загубила битката со карцином. Рече дека по дијагностицирањето на болеста во 2015 година, им било сугерирано за терапија да ја избегнат Клиниката за онкологија и да изберат  приватна клиника бидејќи на државната клиника цитостатиците не биле квалитетни. На прашање кој ги советувал така, одговори дека советот бил од „медицински кругови“ и од лекари што ги познавала мајка му, и самата докторка во јавно здравство, но дека тоа не биле лекари од Онкологија. Орални цитостатици на секои една до две недели потоа набавувале приватно од Врање, зашто ги немало во државава, и по четири години, рече, нивното семејство финансиски колабирало. Во 2019  се одлучиле терапија да примат на Онкологија затоа што од онкологот Џозеф Глигоров од Париз разбрале дека терапијата ја има на нашата клиника и дека им следува од ФЗОМ. Но набргу се соочиле со недостиг на терапијата и тоа го нарушило дотогаш прецизното и навремено дозирање, период на неизвесност што Петров го нарече трауматичен. Лекувањето го продолжиле на приватна клиника каде што се соочиле со нехуманост кога од медицинска сестра им било кажано дека на неговата мајка, која веќе била во терминална фаза, ѝ бил даден физиолошки раствор против болки наместо аналгетик „за да видат дали навистина има болки или не“. -За мене беше шок такво нешто да му се каже на семејство, рече Петров, додавајќи дека тоа било период на КОВИД-пандемија кога хоспитализирањето во приватните болници било „непоимливо скапо“. Од лекување во државното здравство ги одвратило, рече, неетичноста, но дека „она што е во приватните клиники е само фасада“. -Имаме целосен колапс на целиот систем, заклучи Петров. Седницата на собраниската Анкетна комисија прекина и, како што рече претседателката Рашела Мизрахи, продлжението ќе биде дополнително соопштено. За сведоци денеска биле повикани и народниот правобранител Насер Зибери, кој одговорил дека не е во можност да присуствува, д-р Калина Гривчева-Старделова, која била надвор од државата, а претставници од Здружението „Борка“, рече Мизрахи, не одговориле на поканата да сведочат за работењето на Онкологија пред пратениците во оваа собраниска комисија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nie-zasluzhuvame-da-zhiveeme-svedoshtva-na-luge-so-iskustva-vo-lekuvaneto-na-onkologija/feed/ 0
Едвај сврзуваат крај со крај, а сметките за струја ги оставија без денар: Граѓани со сведоштва за КУРИР- штедат, а плаќаат двојно повеќе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvaj-svrzuvaat-kraj-so-kraj-a-smetkite-za-struja-gi-ostavija-bez-denar-gragjani-so-svedoshtva-za-kurir-shtedat-a-plakjaat-dvojno-povekje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvaj-svrzuvaat-kraj-so-kraj-a-smetkite-za-struja-gi-ostavija-bez-denar-gragjani-so-svedoshtva-za-kurir-shtedat-a-plakjaat-dvojno-povekje/#respond Tue, 09 Feb 2021 13:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=466224

По парламентарните избори кои што се случија во 2020 година и по повторното доаѓање на СДСМ на власт, се донесе одлука за поскапување на електричната енергија за граѓаните на Република Македонија за цели 7,4 отсто. Одлуката ја соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимовски кој во време на СДСМ е назначен како претседател од 26 јуни 2018 година со мандат од пет години. Опозицијата заедно со изреволтираните граѓани многу пати излегоа на протест за да го искажат своето незадоволство, но немаше никаков одговор од надлежните за барањата на граѓаните, а тоа е поевтина струја во ек на пандемија, каде многумина ги загубија своите работни места и останаа со минимални или со никакви месечни приходи. Изминативе два месеци граѓаните се жалат на огромни сметки за струја. Велат дека цената на последните две сметки им пристигнала двојно поголема од претходните, а притоа тврдат дека ништо не е променето во користењето на електричната енергија. Напротив, тие посочуваат дека секогаш внимаваат на евтина струја од причина што се плашат од високите сметки. Како што велат потрошувачите, тие пробувале да исконтактираат со ЕВН, а одговор повратен не добивале или пак ако добиле одговор тој најчесто бил „Нема никаква грешка, ако сакате платете си инкасатор 3.800 денари да дојде и да провери“. Поголем број на загрижени граѓани кои добиваат огромни сметки за струја, за кои сметаат дека се неосновани, ја контактираа редакцијата на КУРИР. Се пожалија дека виоските суми не се во можност да ги платат и тврдат дека сметките не се реални. Дел од нивните сведоштва, како и доказите за големите сметки, КУРИР ги пренесува во продолжение: „Сметка за струја повеќе од 3000 денари никогаш не ни пристигнала дома, а сме се грееле на термо печка во стан од 40 квадрати без изолација. Ставивме изолација, сменивме уред за греење дома, ставивме инвертер клима која никогаш не е пуштена да работи на повеќе од 20 степени. Пуштаме бојлер и машина на евтина струја, готвиме на евтина струја, за сега сметката да ни стигна дупло од тоа што плаќаме, односно 5.672 денари. Секако, сите упатени повици до ЕВН се залудни, нема никаков одговор.“ „Неколку пати сум пријавувала во ЕВН дека имам премногу високи сметки за струја, особено во текот на зимата, но дома сме на приватно греење и мислев дека поради тоа имам високи сметки за електрична енергија. Но во последните две недели од јануари, ние не бевме дома воопшто, и очекував помала сметка за електрична енергија, но добив повисока сметка за 2200 денари, па не можам да си ја објаснам. Им се јавував на ЕВН цел ден, никој не ми го одговори на телефонските повици, им пишав е-маил, не ми вратија. На крајот по 2 дена ѕвонење, госпоѓата/госпоѓицата што работи таму имаше толку некоректно однесување ми одговори буквално со овие зборови: „Што очекувате госпоѓо за четиричлено семејство колку да ви биде сметката за струја? Доколку сакате да ви дојде инкасатор, платете 3.800 денари да дојде да ви го прочита броилото“. Веднаш ми ја спушти слушалката, не успав ни да и кажам дека ние дома живееме ДВАЈЦА. Во време на пандемија, со две минимални плати од 14.500 денари кога одвај крај со крај сврзуваме, нас ни пристигнува сметка од 22.076 денари. Ова не е прв пат вака јас да пробувам да ги добијам а никој да не одговори. Исто така пред некој месец, ЕВН ја исклучија нашата електрчна енергија наместо на нашиот сосед.“ „Сметките за струја изминативе два месеци ми се колку цела моја плата. Прво, морам да ви кажам дека штедам. Само греење, на клима, уклучувам во текот на денот. Готвам, перам и пеглам после 22 часот, на евтина струја. Кризата нè погоди многу, сопругот ми остана без работа и бидејќи живееме со една плата, многу штедиме. Кога ми стигнаа сметките за струја останав во шок. Како може да платам над 12.000 денари? Се јавив во ЕВН, одговор не добив ништо конкретно. Ги распрашав соседите исто така имаат високи сметки во споредба со минатите години овие месеци, но не толку висока како мојата“, вели една скопјанка. “Сметката за струја ми е 11.000 денари! Со двете деца и сопругот спиеме во една соба за да штедиме на греење. Грееме само во дневната соба со клима. Машината за перење и климата ми потрошиле 11.000 денари за еден месец? Не е можно. Оброците ги подготвувам на евтина струја, детската и спалната соба не ги загревам. Штедам, колку што е тоа можно, за со две мали деца. Ова не е нормално, ова е веќе безобразно. Ми рекоа ќе ми го разгледаат случајот, некое порамнување било, не знам што. Луѓе живеат цел месец со оваа сума на пари, а јас за сметка треба да ги дадам. Кризата нè утепа, државата ќе нè дотепа. Владата нека најде начин да им помогне на луѓето, едвај крај со крај се скрпува, уште струјата ни ја направија поскапа.“   Магдалена Андонова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvaj-svrzuvaat-kraj-so-kraj-a-smetkite-za-struja-gi-ostavija-bez-denar-gragjani-so-svedoshtva-za-kurir-shtedat-a-plakjaat-dvojno-povekje/feed/ 0
Драматични сведоштва по земјотресите во Хрватска: Куќите се тресеа како да се од хартија, огледало ми падна до главата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dramatichni-svedoshtva-po-zemjotresite-vo-hrvatska-kukjite-se-tresea-kako-da-se-od-hartija-ogledalo-mi-padna-do-glavata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dramatichni-svedoshtva-po-zemjotresite-vo-hrvatska-kukjite-se-tresea-kako-da-se-od-hartija-ogledalo-mi-padna-do-glavata-foto/#respond Mon, 28 Dec 2020 08:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=449245

На подрачјето на Сисак, Загреб, Петриња утринава се регистрирани три силни земјотреси со јачина од 5; 4.,7: 4,1 степени. Материјалните штети се големи, а жителите исплашени од страшното будење кое го имале. -Беше страшно, никогаш во животот не сум почувствувала таков страв, имав чуство дека тресе 10 секунди. Се паѓаше од полиците, лампионите од елката. Само викав од соба да проверам дали ќерка ми е добра, вели Сања за „24 сата“. -Огледалото ми паднал покрај главата. Куќата се тресеше како да е од хартија. Лежев без да се помрднам од креветот и се покрив преку глава. Татко ми дојде по мене да не изнесе надвор, раскажува девојка од Сисак. -Сите работи во продавница паднаа на подот. Се чинеше дека никогаш нема да престане. Ужас. Колешката и јас набрзина излеговме надвор. Веднаш вртевме дома да видиме дали сите се добри, во шок кажува продавачка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dramatichni-svedoshtva-po-zemjotresite-vo-hrvatska-kukjite-se-tresea-kako-da-se-od-hartija-ogledalo-mi-padna-do-glavata-foto/feed/ 0
Потресни сведоштва за третманот на владата кон децата со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresni-svedoshtva-za-tretmanot-na-vladata-kon-decata-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresni-svedoshtva-za-tretmanot-na-vladata-kon-decata-so-posebni-potrebi/#respond Wed, 16 Sep 2020 13:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=404087

Седум месеци затворени дневни центри за деца со посебни потреби и маргинализирани од државата. Секојдневие исполнето со неизвесност. Денот кој завршува со надеж дека утре може нешто ќе се подобри. Вака изгледа секој ден на една самохрана мајка на дете со церебрална парализа од Гостивар. Маргарита Милошевска, самохран родител на 16 годишната Мартина од Гостивар за гостиварски медиум сведочи дека корона кризата дополнително и го отежнала животот, бидејќи како што раскажува поради затворање на дневниот центар за посебни потреби нејзината ќерка останува затворена дома, со неможност за дружење. На сите луѓе во целиот свет, корона кризата остави многу негативни последици, но би рекла дека за лицата со посебни потреби, тоа секако е поизразено, посебно за децата со посебни потреби. Тоа се децата кои сакаат комуникација, да си ја запазат дневната рутина и слично, а не знаат да се заштита, не знаат и не можат да разберат за носење на маски и држење на дистанца, моето девојче Марина многу тешко ја поднесува оваа ситуација. Многу е нервозна, последните месеци е страшно нервозна. Таа беше научена да престојува во Дневниот центар, сега не може. Беше научена да носам на море, сега поради ризикот и тоа не го правиме – вели Маргарита. Милошевска смета дека затворените дневни центри не треба да значи и целосно исклучување на децата од процесот на социјализација и добивање на стручна помош, туку, како што вели таа, можело да се организираат активности на отворено. Зошто министерството за труд и социјална политика не се организираше, активностите на дневните центри да бидат во неколку пати во неделата на отворено. Во Гостивар има прекрасни паркови каде нашите деца може да имаат разни активности без ризик, како уметност, некакви спортски активности, дружење, нешто корисно за нивното психичко и физичко здравје. Зошто никој не се сети на вакво нешто? Зошто без да ги потсетиш дека може да се организира вакво нешто, не им текнува – прашува таа. Сличен став имаат и стручните лица кои велат дека ваквата состојба со повеќемесечното затворањето на дневните центри, може да предизвика лицата со попреченост да станав поранливи, а може да се јавува чувство на осаменост, која пак носи и други последици. Кај овие лица постои сериозна опасност од зголемена анксиозност, параноја, страв, поврзани со она што може да настане и осаменоста и неизвесноста, кои се директно поврзани со социјалното дистанцирање, чувства кои на лицата со попреченост не им се непознати. Како група, историски, тие се социјално изолирани, затоа се уште ги викаме маргинализирани групи – посочуваат стручните лица. Имено, дневните центри се затворија по одлука на владата на 11 март се со цел да се спречи ширењето на корона вирусот кај оваа категорија, која покрај умерена и тешка интелектуална попреченост има и останати придружни заболувања нарушена респираторна функција, срцеви заболувања, обезност, дијабетес, хипертензија. Тешкотиите со кои се соочуваат и одговорноста за нивната маргинализираноста е токму во Министерството за труд и социјална политика и владата која за жал и понатаму продолжува да ги игнорира проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост. FacebookTwitterCopy Link]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresni-svedoshtva-za-tretmanot-na-vladata-kon-decata-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Страшна исповед на преживеаните од терористичкиот напад: Го молев Бог да му снема куршуми, 7 пати ја менуваше муницијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-ispoved-na-preziveanite-od-teroristichkiot-napad-go-molev-bog-da-mu-snema-kurshumi-7-pati-ja-menuvashe-municijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-ispoved-na-preziveanite-od-teroristichkiot-napad-go-molev-bog-da-mu-snema-kurshumi-7-pati-ja-menuvashe-municijata/#respond Fri, 15 Mar 2019 08:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=174979

"Луѓето бегаа, вратите биле затворени, а тој ги бркаше. Знаев дека немам шанси. Се сокрив под една клупа. Се правев дека не дишам. Менуваше муниција 7 пати", рекол Фарид Ахмед, еден од преживеаните во терористичкиот напад во новозеландскиот град Крајстчерч во кој биле убиени најмалку 40 луѓе, а 20 ранети. Австралискиот државјанин Брентон Тарант отворил оган во џамија, а крвавиот пир го снимал во живо на Фејсбук. Подоцна видеото било отстрането. Уште еден верник кој го преживеал пукањето рекол дека имамот ја почнува молитвата кога го слушнале пукањето. "Луѓето почнаа да бегаат и кога се вратив видов крв, сфатив за што станува збор", рекол тој. "Размислував за тоа дека мора во еден момент да му снема куршуми. Се молев на Бог: "Те молам Господе, те молам нека му снема куршуми". Во еден момент сакав да излезам надвор и минав покрај маж кој седеше покрај ѕидот и кој ми порача дека е подобро да не излегувам. Се вратив, неколку моменти подоцна, напаѓачот дојде и го застрела токму тој човек. Го застрела во градите", рекол мажот кој сакал да остане анонимен. "Тројца мажи и една жена се во притвор", рекол полицискиот началник Мајк Буш, но предупредил дека може да има уште осомничени кои му помагале на напаѓачот. Тарант е опишан како екстремно десничарски насилен терорист. Извор: ТОЧКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-ispoved-na-preziveanite-od-teroristichkiot-napad-go-molev-bog-da-mu-snema-kurshumi-7-pati-ja-menuvashe-municijata/feed/ 0
Патници од превртениот автобус кај Лесковац: Дома се враќаме со траума која нема да ја заборавиме цел живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patnici-od-prevrteniot-avtobus-kaj-leskovac-doma-se-vrakjame-so-trauma-koja-nema-da-ja-zaboravime-cel-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patnici-od-prevrteniot-avtobus-kaj-leskovac-doma-se-vrakjame-so-trauma-koja-nema-da-ja-zaboravime-cel-zivot/#respond Tue, 18 Dec 2018 09:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=141692

Благодарни сме на сите кои ни помогнаа кога ни беше најпотребно. Дома се враќаме со траума која нема да ја заборавиме цел живот, но затоа ќе ги паметиме и добрите луѓе од Србија кои покажаа хуманост и пожртвуваност.

Ова за „Новости.рс“ го изјави една од повредените патнички од автобусот, кој во неделата утрината излета од автопатот во близина на Лесковац. Набрзо после тоа таа е пуштена на домашно лекување.

-Имам повреди на градниот кош и клучната коска. Заспав на граница, кога слушнав вресоци. Погледнав и видов дека автобусот оди лево-десно. Се фатив за седиштето и автобусот се преврте. Раката ми остана под седиште. Некако успеав да ја извлечам и да излезам надвор, раскажал Ремзи Демиворв од Штип. Во несреќата во која автобусот со македонски регистарски таблици на релација Битола- Виена излета од патот и се преврте, се повредени 32 македоснки државјани, а три лица загинаа. Сите повредени, сместени на одделенијата во нишкиот Клинички центар и лесковачката Општа болница успешно се опоравуваат. Од Лесковац веќе во текот на неделата, со приватни возила, во своите домови заминале четири лица. Во вечерните часови, истиот ден е проганизиран превоз за уште 14 патници кои локалната самоуправа привремено ги сместила во еден лесковачки хотели. И натаму не е позната причината за несреќата Локалните медиуми наведуваат дека за причините за несреќата засега може да се погодува. Додека едни патници од автобусот тврдат дека возачот возел брзо, други велеле дека тој нагло закочил за да не удри друго возило кое било пред него. Во дел од медиумите се појавија наводи дека возачот заспал, како и дека во моментот на несреќата разговарал на телефон, но официјално до сега причината за несреќата не е соопштена. За потсетување, до трагедијата дошло кога македонскиот автобус се превртел околу 1:40 часот на влезот во Лесковац во момент кога низ цела Србија врнел силен снег, а состојбата на патиштата на земјата била лоша. Поради големиот број повредени лица на терен излегле голем број возила на Итна медицинска помош од Ниш и Лесковац. Меѓу патниците имало и две деца на возраст од една и девет години, но за среќа тие не се повредени во несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patnici-od-prevrteniot-avtobus-kaj-leskovac-doma-se-vrakjame-so-trauma-koja-nema-da-ja-zaboravime-cel-zivot/feed/ 0
Шокантни сведоштва за Робин Вилијамс: Ми правеше одвратни работи, ги покажуваше гениталиите и ме плескаше https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantni-svedoshtva-za-robin-vilijams-mi-praveshe-odvratni-raboti-gi-pokazuvashe-genitaliite-i-me-pleskashe/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantni-svedoshtva-za-robin-vilijams-mi-praveshe-odvratni-raboti-gi-pokazuvashe-genitaliite-i-me-pleskashe/#respond Thu, 22 Mar 2018 17:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=32290

Биографијата на актерот Робин Вилијамс која треба да биде објавена во мај оваа година, го привлече вниманието на јавноста после изјавата на неговата колешка Пам Дабер со која заедно глумеше во серијата „Морк и Менди“. Во книгата 66-годишната актерка се присети на неговото лошо однесување на сетот. -Ми правеше најодвратни работи, но не се навредив. Ми ги покажуваше гениталиите, ме плескаше, стегаше... Мислам дека тоа го правеше со многу луѓе, но беше многу забавно,  изјави актерката. Без оглед на тоа, таа објаснува дека Вилијамс  бил “магична“ личност поради што не му замерува на однесувањето, додавајќи дека дури и уживала во тоа. -Некако ја имаше таа магија. Кога ќе го ставиш тоа на хартија, се запрепастуваш. Сепак, имаше некој сјај во тие негови очи. Би те гледал толку невино, а потоа одеднаш би те зграбил за гради и би побегнал. Со тоа требаше да се избориш. Тоа беа седумдесеттите, рече таа. Дека тоа го правел без причина потврди и продуцентот Хауард Сторм, пишува „Бизнис инсајдер“. -И на сред сцена знаеше да ја зграби Пам за гради и задник. Моравме повторно да ја снимиме сцената. Знаев да му речам: „Робин, тоа го нема во сценариото“. А тој ќе одговореше: „О, во ред“. Уште еден продуцент, Гери Маршал, изјави дека се случувало Вилијамс да се соблече целосно гол. -Би ја соблекол целата облека и би застанал пред неа додека таа се обидуваше да ја одигра улогата. Неговата животна цел беше да ја посрамоти, наведува Маршал. -Во неговата глава немаше ништо срамотно. Тоа беше тој и мислеше дека тоа е забавно, додава Сторм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantni-svedoshtva-za-robin-vilijams-mi-praveshe-odvratni-raboti-gi-pokazuvashe-genitaliite-i-me-pleskashe/feed/ 0