Свен Мислинтат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Sep 2023 15:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Свен Мислинтат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ајакс се огради од навивачите и го смени спортскиот директор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ajaks-se-ogradi-od-navivachite-i-go-smeni-sportskiot-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ajaks-se-ogradi-od-navivachite-i-go-smeni-sportskiot-direktor/#respond Mon, 25 Sep 2023 15:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=881616

Трофејниот холандски фудбалски клуб Ајакс денеска преку одвоени соопштенија се огради од навивачите кои предизвикаа прекин на вчерашното дерби против Феенорд и воедно му врачи отказ на спортскиот директор Свен Мислинтат. Дербито меѓу Ајакс и Феенорд беше прекинато во 55. минута поради дивеење на домашните навивачи при резултат 0-3 за гостинскиот тим. -Раководството и Надзорниот одбор се оградуваат од сè што во неделата доведе до прекин на натпреварот со Феенорд, како и од сè што дополнително се случуваше. На такво однесување нема место во Ајакс. Разочарувањето поради лошиот старт на сезоната е разбирливо, но тоа не смее да биде оправдување за инциденти, соопшти Ајакс. Во одвоено, исто така, штуро соопштение, клубот од Амстердам објави дека спортскиот директор Мислинтат е отпуштен, само пет месеци откако беше назначен на должноста. -Соработката меѓу Ајакс и Свен Мислинтат е прекината и оваа одлука станува на сила веднаш, се наведува во клупското соопштение. Ајакс по воведните четири натпревари во холандското првенство освои само пет бодови и се наоѓа на 14. место на табелата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ajaks-se-ogradi-od-navivachite-i-go-smeni-sportskiot-direktor/feed/ 0