свештеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 12:26:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свештеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-150-sveshtenitsi-od-nadbiskupijata-vo-baltimor-seksualno-zloupotrebile-poveke-od-600-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-150-sveshtenitsi-od-nadbiskupijata-vo-baltimor-seksualno-zloupotrebile-poveke-od-600-detsa/#respond Thu, 06 Apr 2023 12:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=821047

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години. Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца. Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“. Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста. Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници. Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии. Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-150-sveshtenitsi-od-nadbiskupijata-vo-baltimor-seksualno-zloupotrebile-poveke-od-600-detsa/feed/ 0
ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ГЕРМАНИЈА: Скоро 200 свештеници се осомничени за злоупотреба на малолетници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-skandal-ja-trese-germanija-skoro-200-sveshtenici-se-osomnicheni-za-zloupotreba-na-maloletnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-skandal-ja-trese-germanija-skoro-200-sveshtenici-se-osomnicheni-za-zloupotreba-na-maloletnici/#respond Mon, 13 Jun 2022 18:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=690363

Најмалку 196 свештеници во германската католичка епархија Минстер се осомничени за сексуално злоставување малолетници во периодот од 1945 до 2020 година. Според извештајот објавен денеска, според АП, тоа е само додаток на веќе откриените случаи во другите епархии кои ја потресоа црквата во земјата, се наведува во соопштението на универзитетот во тој град каде се сумирани наодите. Студијата ја нарачала епархијата во Западна Германија, а ја спроведувал тимот од Универзитетот во Минстер повеќе од две години. Се додава дека католичките функционери со години прикривале скандали или само површно интервенирале. „Бискупите и другите функционери во некои случаи биле во голема мера свесни за злоупотребата“, вели коавторот на студијата Томас Гросболтинг. Исто така, се наведува дека 196 свештеници осомничени за злоупотреба сочинуваат околу четири проценти од сите во епархијата помеѓу 1945 и 2020 година. Авторите на студијата изјавиле дека околу пет проценти од нив биле „сериски“ насилници и дека секој од нив е одговорен за повеќе од 10 дела. Се додава дека имало најмалку 610 жртви, но се стравува дека вистинската бројка е веројатно осум до 10 пати поголема. Сепак, повеќето од свештениците осомничени за злоупотреба биле само префрлени на друга позиција, без да се намалат пасторалните должности, покажа истражувањето. АП потсетува дека во извештајот, кој беше нарачан од Минхенската архиепископија во јануари, се нагласуваат нерешените случаи на злоупотреба меѓу поранешните и сегашните црковни функционери. Се наведува дека меѓу нив е и пензионираниот папа Бенедикт, кој како кардинал Џозеф Рацингер беше надбискуп на Минхен и Фрајзинг од 1977 до 1982 година. Според извештајот нарачан од црквата во 2018 година, најмалку 3.677 луѓе биле жртви на свештенството во Германија помеѓу 1946 и 2014 година, а повеќе од нив биле на возраст под 13 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-skandal-ja-trese-germanija-skoro-200-sveshtenici-se-osomnicheni-za-zloupotreba-na-maloletnici/feed/ 0
Свештениците во Полска вмешани во една третина од случаите на педофилија од 2017 до 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenicite-vo-polska-vmeshani-vo-edna-tretina-od-sluchaite-na-pedofilija-od-2017-do-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenicite-vo-polska-vmeshani-vo-edna-tretina-od-sluchaite-na-pedofilija-od-2017-do-2020-godina/#respond Wed, 28 Jul 2021 06:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=542766

Свештеници биле вмешани во речиси третина од делата за педофилија пријавени во Полска од 2017 до 2020 година, соопшти државната комисија, по анализи на повеќе од 300 случаи во текот на тој период. – Државната комисија за истражување на педофилија истражи сто (од вкупно 345) случаи во кои свештеници се наведени како сексуални злоставувачи на деца на возраст под 15 години, се наведува во првиот извештај на Комисијата. Комисијата доставила 55 барања за истрага до Државното обвинителство, од кои 36 биле за непријавување на педофилија до надлежните органи. Во 35 проценти од случаите, сторителите се членови на семејството на жртвата. Комисијата, формирана во 2019 година, дава голем број законски препораки во извештајот за забрзување на постапките и за понатамошна заштита на жртвите од педофилија. Исто така Комисијата посочува дека и покрај барањата Католичката црква не доставила документација за случаите на педофилија. Во извештај на Католичката црква во Полска објавен во јуни се наведува дека од 2018 година добила стотици нови тужби за сексуално злоставување на малолетни лица од страна на свештениците. Во Католичката црква биле пријавени 368 случаи на сексуална злоупотреба извршени од 1958 до минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenicite-vo-polska-vmeshani-vo-edna-tretina-od-sluchaite-na-pedofilija-od-2017-do-2020-godina/feed/ 0
Повеќемина повредени при тепачка на свештеници – драмата да биде поголема се срушила и терасата, па сите паднале од вториот кат! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjemina-povredeni-pri-tepachka-na-sveshtenici-dramata-da-bide-pogolema-se-srushila-i-terasata-pa-site-padnale-od-vtoriot-kat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjemina-povredeni-pri-tepachka-na-sveshtenici-dramata-da-bide-pogolema-se-srushila-i-terasata-pa-site-padnale-od-vtoriot-kat/#respond Mon, 08 Mar 2021 20:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=479233

Десет лица паднаа од балкон на вториот кат, при што шестмина се повредени за време на тепачката во епархијата Чкондид во Мартвили, Грузија, јави телевизијата Рустави2. Грузиското Министерство за внатрешни работи започна истрага за инцидентот. Според телевизијата, состанокот зад затворени врати, кој го водел новиот митрополит Стефан, прераснал во тепачка, на која претходела кавга меѓу свештенството. Новиот митрополит на Чкондид и Марвили, владиката Стефан, го суспендираше ракополагањето на двајца ѓакони во првосвештеници, по што избија судири меѓу епархиските власти. Следувала расправија меѓу свештенството и верниците, кои се обидувале насилно да влезат во просторијата каде бил состанокот, по што борбата се префрлила на балконот на вториот кат од зградата. Таму, под притисок, дрвените огради попуштија и се урнаа, а десет лица паднаа. Меѓу нив има новинари и оператори на грузиски телевизиски компании. Повредените се хоспитализирани и ниту еден од нив не е во животно загрозувачка состојба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjemina-povredeni-pri-tepachka-na-sveshtenici-dramata-da-bide-pogolema-se-srushila-i-terasata-pa-site-padnale-od-vtoriot-kat/feed/ 0
Епископот Јоаникие и осум свештеници на СПЦ ослободени од притворот во Никшиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/episkopot-joanikie-i-osum-sveshtenici-na-spc-oslobodeni-od-pritvorot-vo-nikshikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/episkopot-joanikie-i-osum-sveshtenici-na-spc-oslobodeni-od-pritvorot-vo-nikshikj/#respond Sat, 16 May 2020 06:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=346493

Епископот Будимско-никшиќки Јоаникие и осум свештеници на Митрополијата Црногорско-приморска (МЦП) ноќеска, по полноќ, се ослободени од притвор, соопшти Митрополијата на својата интернет страница . По неговото ослободување, владиката Јоаникие дојде пред насобраните граѓани пред зградата на обвинителството, кои го поздравија со паролите „да живее епископот“, „не ги даваме светилиштата“. Епископот пред насобраните кажа дека нивната поддршка е израз на љубовта кон црквата, а МЦП целиот настан од Никшиќ го пренесуваше во живо на својата веб страница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/episkopot-joanikie-i-osum-sveshtenici-na-spc-oslobodeni-od-pritvorot-vo-nikshikj/feed/ 0
Во Црна Гора повеќе свештеници на СПЦ приведени на информативни разговори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-povekje-sveshtenici-na-spc-privedeni-na-informativni-razgovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-povekje-sveshtenici-na-spc-privedeni-na-informativni-razgovori/#respond Wed, 13 May 2020 05:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=345150

Двајца свештеници од СПЦ во црногорската општина Бијело поље синоќа биле повикани на информативен разговор, поради присуство на протестен собир два часа претходно. Подгорички „Вијести“ јавија дека освен нив, на информативни разговори повикани се повеќе граѓани кои присуствувале на протестот поради спорниот Закон за слобода на вероисповед. Пред спонтаниот собир на градскиот плоштад во Бијело поље граѓани со автомобили со труби кружеа по улиците на градот, наведуваат „Вијести“, со напомена дека насобрнаите граѓани ниту носеле заштитни маски, ниту држеле потребна дистанца. Од СПЦ во Бијело Поље соопштија дека не стојат зад организацијата на протестот и оти повеќе свештеници излегле на улиците откако дознале за протестоти со цел да оневозможат евентуални нереди. Вчера попладне, полицијата во Никшиќ, по налог на црногорското обвинителство, на сослушување приведе седуммина свештеници од СПЦ поради кршење на мерките на Нционалното координативно тело, а по одржана литија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-povekje-sveshtenici-na-spc-privedeni-na-informativni-razgovori/feed/ 0
Заболени тројца свештеници од Московската епархија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaboleni-trojca-sveshtenici-od-moskovskata-eparhija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaboleni-trojca-sveshtenici-od-moskovskata-eparhija/#respond Mon, 06 Apr 2020 05:26:42 +0000 https://kurir.mk/?p=327848

Тројца свештеници на московската епархија заразени се со новиот коронавирус, соопшти работната група за одговор на Ковид-19 од московската патријаршија. „Ги повикуваме сите што биле во контакт со свештениците да се погрижат за своето здравје и да се изолираат“, се вели во соопштението. Двајца други свештеници имаат симптоми на болеста, но нивните резултати се уште не се готови. За време на неодамнешната служба во катедралата Христос Спасител, патријархот на Москва и цела Русија, Кирил ги повика сите верници да се воздржат од посета на црквите и да останат дома поради ширење на коронавирусот. Тој рече дека тоа ќе важи се додека не им даде посебен благослов, нарекувајќи ги свештениците кои не ги почитувале тие превентивни мерки „не многу мудри лица“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaboleni-trojca-sveshtenici-od-moskovskata-eparhija/feed/ 0
Свештеници во Гдањск палеле книги во кои има зли сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenici-vo-gdanjsk-palele-knigi-vo-koi-ima-zli-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenici-vo-gdanjsk-palele-knigi-vo-koi-ima-zli-sili/#respond Tue, 02 Apr 2019 06:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=181335

Свештениците од католичката парохија во Гдањск, во северна Полска, палеа книги, вклучувајќи и серија книги за волшебникот Хари Потер и други работи за кои нивните сопственици тврдат дека во нив има зли сили. Католичката фондација, која користи неконвенционални методи во верската работа, објави фотографии на Фејсбук и наведе дека палењето на книгите треба да ги предупреди припадниците на парохијата на лошите влијанија „кои доаѓаат од магиите“. Во коментарите на Фејсбук се осудува палењето на книгите и притоа се потсетува дека тоа се случувало во нацистичка Германија пред Втората светска војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenici-vo-gdanjsk-palele-knigi-vo-koi-ima-zli-sili/feed/ 0
Христијански цркви во Германија ќе се соочат во блиска иднина со недостиг од свештеници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanski-crkvi-vo-germanija-kje-se-soochat-vo-bliska-idnina-so-nedostig-od-sveshtenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanski-crkvi-vo-germanija-kje-se-soochat-vo-bliska-idnina-so-nedostig-od-sveshtenici/#respond Sat, 10 Nov 2018 08:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=126081

Христијански цркви во Гермнаија ќе се соочат со недостиг од неколку илјади свештеници во следните години, се нагласува во извештај цитиран од ДПА. -Централниот комитет на германските католици пресметал дека околу 7.000 од 13.500 места за свештеници ќе бидат празни во 2030 година, изјави за Фокус претседателот на Комитетот, Томас Штернберг. Во извештајот се додава дека Евангелистичката црква во Германија, ќе се соочи со истиот проблем бидејќи бројот на досегашните свештени лица до 2030 година ќе биде околу 14.000 од досегашните 21.000. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanski-crkvi-vo-germanija-kje-se-soochat-vo-bliska-idnina-so-nedostig-od-sveshtenici/feed/ 0
Повеќе од половина свештеници во Холандија поврзани со злоставување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-polovina-sveshtenici-vo-holandija-povrzani-so-zlostavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-polovina-sveshtenici-vo-holandija-povrzani-so-zlostavuvanje/#respond Mon, 17 Sep 2018 12:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=102087

Повеќе од половината кардинали и бискупи кои служеле во Холандија во периодот од 1945 до 2010 година се поврзани со случаи на злоставување, објави холандскиот весник НРЦ. Весникот наведува дека 20 од 39 бискупи и кардинали се поврзани со случаи на злоставување. Четворица бискупи учествувале во злоставување, додека 16 високо позиционирани свештеници помогнале за преместување колеги кои се обвинети за злоставување, на нови локации. Наводите на весникот се базирани на извештај на Католичката црква од 2011 година за злоставување со сведочење на жртви за истражна комисија и истражување на самиот весник. Минатата недела Шпигел објавид ека католички свештеници извршиле 3.677 случаи на сексуално злоставување во периодот од 1994 до 2014 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-polovina-sveshtenici-vo-holandija-povrzani-so-zlostavuvanje/feed/ 0