свештеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 05:48:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свештеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полски бискуп поднесе оставка поради оргија во дом на свештеник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/#respond Wed, 25 Oct 2023 05:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892763

Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за оргија во дом на свештеник во градот Даброва Горница. Според полските медиуми, машка проститутка колабирала на забава откако конзумирала премногу апчиња за еректилна дисфункција. Еден од учесниците на забавата се јавил на Итната помош, но кога медицинските екипи пристигнале на местото на настанот не им било дозволено да влезат, туку му помогнале на човекот откако била повикана полиција. Бискупот ги повика верниците да се молат за свештениците кои биле вклучени во тоа и другите луѓе кои не направиле ништо лошо, но биле погодени од нивното однесување, пишува дневниот весник Газета Виборца. Свештеникот кој ја организирал забавата во неговиот стан, Томаш З., добил отказ, објави државната агенција ПАП. Епархијата соопшти дека неговото однесување е „причина за голем скандал за верниците и дека тоа го оправдува негодувањето на јавноста“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/feed/ 0
Заедно со руските дипломати, непожелен во земјава е и руски свештеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaedno-so-ruskite-diplomati-nepozhelen-vo-zemjava-e-i-ruski-sveshtenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaedno-so-ruskite-diplomati-nepozhelen-vo-zemjava-e-i-ruski-sveshtenik/#respond Mon, 18 Sep 2023 05:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=878893

Дали и зошто добил забрана за влез во Македонија шефот на руското црковно предворје во Софија, Васијан Змеев? Одредени медиуми кај нас и во Софија објавуваат дека покрај тројцата руски дипломати од Амбасадата во Скопје, за персона нон грата е прогласен и рускиот свештеник. Но од македонското МНР се уште нема никаква официјална информација и потврда. Според написите, рускиот свештеник тминатата година зачестил со посети во земјава и остварувал средби со претставници на Македонската православна црква. Веста од Скопје предизвика реакции и во Бугарија и тоа во момент кога во Софија тече расправа кој да го назначува шефот на разузнавачките и контраразузнавачките служби. Во моментов тоа е претседателот на државата Румен Радев, но Владата на Кирил Петков и Бојко Борисов сакаат да му ги одземат овие ингеренции. Според пратеникот од партијата на Кирил Петков, Атанас Атанасов бугарското контразузнавање соработува и со Русија и како пример го посочи рускиот свештеник. „Малата Македонија со нејзините служби, не знам колку се ефективни, дознале дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи тука во руската служба во центарот на Софија и се занимава со други работи, се занимава со разузнавање во Македонија и го протерале од таму, а тој пет години живее во Бугарија. Го прашувам јас бугарското контраразузнавање, зарем не им е срам од тоа што тој, кој живее тука и во Бугарија развива разузнавачка дејност, го протераа од Македонија, а тој тука живее комфорно“, изјави Атанас Атанасов, претседател на Демократи за силна Бугарија во интервју за БНТ. Од МПЦ велат дека прво за ова треба да расправа Синодот, па потоа ќе излезат со реакција во јавност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaedno-so-ruskite-diplomati-nepozhelen-vo-zemjava-e-i-ruski-sveshtenik/feed/ 0
Свештеник МОНСТРУМ: Призна дека сексуално злоставувал 13 момчиња, па побара да му простат бидејќи му е ЖАЛ! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-monstrum-prizna-deka-seksualno-zlostavuval-13-momchina-pa-pobara-da-mu-prostat-bidejki-mu-e-zhal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-monstrum-prizna-deka-seksualno-zlostavuval-13-momchina-pa-pobara-da-mu-prostat-bidejki-mu-e-zhal/#respond Tue, 23 May 2023 18:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=838043

Свештеникот и поранешен ректор на Католичкиот богословски факултет во Риека, Милан Шпехар, денеска призна дека сексуално злоставувал 13 момчиња на возраст од шест до 13 години. „Никој не е виновен за моите злосторства, ниту соучесник. Ги извршив и ужасно ми е жал за жртвите на моите зли дела. Не ми останува ништо друго освен да побарам од дното на душата да простат тие и нивните најблиски, ако воопшто е можно, за сите рани што им ги нанесов“, изјави Шпехар за „Национал“ откако риечкиот надбискуп Мате Узиниќ вчера на прес-конференција објави дека обвинетиот М.Ш. (70), во текот на канонскиот процес, признал дека сексуално злоставувал вкупно 13 момчиња. Шпехар додал дека „притиснат од товарот на совеста, побарал од папата да го ослободи од свештеничката титула и да го сведе на лаик“, пренесува Index.hr.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-monstrum-prizna-deka-seksualno-zlostavuval-13-momchina-pa-pobara-da-mu-prostat-bidejki-mu-e-zhal/feed/ 0
Свештеник од Риека одбил да крсти дете на женска хомосексуална двојка: „Совеста ми е целосно чиста“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-od-rieka-odbil-da-krsti-dete-na-zenska-homoseksualna-dvojka-sovesta-mi-e-celosno-chista/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-od-rieka-odbil-da-krsti-dete-na-zenska-homoseksualna-dvojka-sovesta-mi-e-celosno-chista/#respond Wed, 31 Aug 2022 09:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=726493

Свештеникот Кристијан Зеба во Риека одбил да крсти дете зачнато со вештачко оплодување на женска хомосексуална двојка, а тоа предизвика бура од реакции во Хрватска. Од Риечката архиепископија се уште не се изјасниле. Целата световна јавност не е на страната на свештеникот, кој остана доследен, бидејќи смета дека таквиот чин е против црковното учење и дека детето нема да биде воспитувано во духот на католичката вера. Аргументот на свештеникот е дека хомосексуалната двојка е веќе во грев, бидејќи живее во спротивност со учењето на Католичката црква. - Ние самите добро знаеме дека учењето на Католичката црква е дека бракот се состои исклучиво од маж и жена, се друго е неприфатливо, вели Зеба, пренесе загрепската телевизија N1. Свештеникот за се ги информирал верниците на Фејсбук и предупредил дека нема навреда. - Совеста ми е целосно чиста и мислам дека тоа е единствената вистинска работа за мене, изјави Зеба. Теологот Зоран Грозданов не се согласува со Зеба во многу аспекти. Тој смета дека Црквата не е збир на правила исклучиво за морално достојни луѓе. - Во теолошка смисла, мислам дека токму тука се јавува моралистичката конфузија што е многу присутна во христијанството во последните години, особено во Хрватска. Имено, крштевањето како тајна е дар, а за да биде подарок мора да биде незаслужен, тоа значи дека не зависи од предиспозицијата на оној што го прима, па ни неговите родители, вели Грозданов. Тој додаде дека Црквата треба да вклучува и да функционира на благодатта, а не на тоа дали луѓето живеат прави или погрешни животи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-od-rieka-odbil-da-krsti-dete-na-zenska-homoseksualna-dvojka-sovesta-mi-e-celosno-chista/feed/ 0
Свештеник проневерил половина милион евра, од кои 150.000 потрошил на порно сајтови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-proneveril-polovina-milion-evra-od-koi-150-000-potroshil-na-porno-sajtovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-proneveril-polovina-milion-evra-od-koi-150-000-potroshil-na-porno-sajtovi/#respond Sat, 20 Aug 2022 07:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=721347

Католичкиот свештеник обвинет за проневера на вкупно 500.000 евра донации потрошил 150.000 евра на порнографски сајтови, објавија малтешките медиуми. Обвинителите успеаја да откријат шестцифрени суми платени на компании поврзани со секс страници во живо, пишува Тајмс оф Малта. Исплатите траеле неколку години. Свештеникот Лук Сегуна им рекол на полициските инспектори дека тоа го направил затоа што бил во „сексуална криза“, пишува весникот. Сегуна, парохиски свештеник во Марсакслок на југот на Малта, се изјасни за невин, но црковните власти го суспендираа до крајот на постапката. Пред судот беа изнесени докази дека Сегуна имал неколку стотици илјади евра на неколку лични банкарски сметки, иако неговата годишна плата била само 20.000 евра. Освен пари, поседувал и колекција од пет мотоцикли и два автомобили. Обвинителите изнесоа и информации дека Сегуна добил чекови од неколку илјади евра од постар припадник на парохијата. Старецот, кој оттогаш починал, боледувал од деменција кога ги напишал чековите, соопштија на судот. Сегуна се правдаше дека чековите се всушност враќање на донации кои свештеникот му ги дал на старецот, но обвинителите тврдат дека тие всушност требало да бидат поделени на локалните хуманитарни здруженија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-proneveril-polovina-milion-evra-od-koi-150-000-potroshil-na-porno-sajtovi/feed/ 0
Голем верник, а монструм: Веља Невоља пред судењето побарал свештеник, се исповедал и причестил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-vernik-a-monstrum-velja-nevolja-pred-sudenjeto-pobaral-sveshtenik-se-ispovedal-i-prichestil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-vernik-a-monstrum-velja-nevolja-pred-sudenjeto-pobaral-sveshtenik-se-ispovedal-i-prichestil/#respond Tue, 26 Apr 2022 18:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=668238

Пред почетокот на судењето, свештеник го посети Веља Невоља и уште шест членови на неговата криминална група во специјалното притворско одделение за да се причестат. Свештеник го посети Вељко Беливук, кој е обвинет дека е организатор на криминална група обвинета за најмалку седум брутални убиства. Беливук поминал околу половина час со него пред да биде врзан со лисици, придружуван од дури петмина затворски чувари во најголемата судница на Специјалниот суд. -Беливук и уште неколку членови на неговата група побараа посета од свештеникот, но не и Марко Миљковиќ. Обредот со свештеникот се случи по велигденскиот пост што го пости, а во притворската зграда се изврши причестувањето на Беливук, потврди соговорникот. Сепак, судењето било одложено набрзо откако во судницата влегле обвинетите и нивните бранители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-vernik-a-monstrum-velja-nevolja-pred-sudenjeto-pobaral-sveshtenik-se-ispovedal-i-prichestil/feed/ 0
УЖАС НА ВЕЛИГДЕН: Со нож избодени свештеник и калуѓерка во Ница, сторителот сакал да го убие Макрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-na-veligden-so-noz-izbodeni-sveshtenik-i-kalugjerka-vo-nica-storitelot-sakal-da-go-ubie-makron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-na-veligden-so-noz-izbodeni-sveshtenik-i-kalugjerka-vo-nica-storitelot-sakal-da-go-ubie-makron/#respond Sun, 24 Apr 2022 14:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=667373

Свештеник и калуѓерка се повредени во напад со нож утринава во Ница, објави францускиот весник Фигаро. Напаѓачот е уапсен. Тој спонтано и кажал на полицијата дека сака да го „убие Макрон“ на денот на изборите, но според полициски извор, тој завршил во црква. Инцидентот се случил во црквата Сен Пјер д’Арен во јужниот дел на градот. Околу 10:00 часот, непосредно пред богослужбата, во црквата влегол маж и веднаш се обратил кон свештеникот Кшиштоф Руџински (57) од полско потекло. Го прободел околу 20 пати, главно во пределот на градниот кош. Сестрата Мари-Клод (72) била полесно повредена во раката кога интервенирала за да го разоружа напаѓачот. На двете жртви им била укажана лекарска помош. Нивните животи не се во опасност, според првичните заклучоци на лекарите, објавени од повеќе извори, а подоцна потврдени од министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој се огласи на Твитер. Тој изрази солидарност со парохијаните и им честиташе на полициските сили за брзото апсење на сторителот. Напаѓачот има биполарно растројство и неодамна бил примен во болница во Ница поради психички проблеми. Тој не е познат на полицијата и разузнавачките служби. Истрагата во моментов ја исклучува верзијата за терористички акт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-na-veligden-so-noz-izbodeni-sveshtenik-i-kalugjerka-vo-nica-storitelot-sakal-da-go-ubie-makron/feed/ 0
Свештеник од СПЦ не сакал да плати во Лидл, интервенирала полицијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sveshtenik-od-spc-ne-sakal-da-plati-vo-lidl-intervenirala-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sveshtenik-od-spc-ne-sakal-da-plati-vo-lidl-intervenirala-policijata/#respond Wed, 30 Mar 2022 14:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=655817

Полицијата изнела свештеник на Српската православна црква од продавницата на Лидл во српскиот град Инѓија бидејќи упорно одбивал да ги плати производите што ги избрал за купување, објави денеска локалниот портал Инмедија, пренесе Бета. Според очевидци, тоа се случило во понеделникот, на 28 март, во вечерните часови, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за производите што ги земал и да му ги однесат во автомобилот. Откако персоналот долго време одбивал да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го изнела од продавницата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sveshtenik-od-spc-ne-sakal-da-plati-vo-lidl-intervenirala-policijata/feed/ 0
Свештеник од СПЦ обљубил малолетничка: На суд откриени страшни детали, а тој се брани со молчење https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-od-spc-obljubil-maloletnichka-na-sud-otkrieni-strashni-detali-a-toj-se-brani-so-molchenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-od-spc-obljubil-maloletnichka-na-sud-otkrieni-strashni-detali-a-toj-se-brani-so-molchenje/#respond Thu, 24 Dec 2020 15:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=447842

Расчинетиот свештеник Зоран М. (59), кој беше уапсен под сомнение дека обљубил, а потоа и прогонувал малолетнчка од Белград, се бранел со молчење за време на испрашувањето, дознава „Блиц“. Малолетничката останала бремена по односот, а уапсениот свештеник ја прогонувал и и се заканувал скоро три години. Расчинетиот свештеник на Српската православна црква, Зоран М., бил вработен во црквата во општина Грочка во Белград, а својата жртва ја забележал кога таа била на исповед во 2017 година. Несреќната девојка во тоа време имала само 15 години и се сомнева дека од тогаш до 2019 година се обидел на секој начин да воспостави емоционална и сексуална врска со неа. На крајот на ноември 2017 година, развратниот свештеник се обидел за прв пат да ја искористи емоционалната ранливост на девојчето, што го откриле нејзините исповеди во црквата каде што бил свештеникот и нејзиниот „духовен татко“. По признанието, свештеникот се обидел на секој начин да воспостави емотивна и сексуална врска со малолетничката. Сепак, како што дознава спрски Блиц, Зоран М. не успеал во намерата во тоа време, па затоа во текот на следната 2018 година ја искористил емоционалната ранливост на девојчето и ја изманипулирал. Во средината на минатата година, за време на службата и обиколката по парохијата, свештеникот дошол во куќата во која живеело девојчето. За жал, во тој момент малолетничката била сама во домот и развратниот свештеник ја искористил ситуацијата и започнал сексуален однос со малолетничката. Девојчето забременило, а тој ја прогонувал Потоа, Зоран М. влегол во емотивна и сексуална врска со девојчето, по што, како што дознава Блиц, малолетничката останала бремена. Откако девојчето ја прекинала бременоста, развратниот свештеник не сакал да ја остави на мир. Како што дознава Блиц, тој извршил притисок врз девојчето и лично и преку нејзини познаници. Ни тука не застанал, продолжил да ја прогонува малолетничката. Како што дознава Блиц, тој во март 2020 година физички ја нападнал девојката и и нанел повреди!]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveshtenik-od-spc-obljubil-maloletnichka-na-sud-otkrieni-strashni-detali-a-toj-se-brani-so-molchenje/feed/ 0
Свештеник садомазохист, по шестмесечна терапија е вратен како проповедник во Англија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-sadomazohist-po-shestmesechna-terapija-e-vraten-kako-propovednik-vo-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-sadomazohist-po-shestmesechna-terapija-e-vraten-kako-propovednik-vo-anglija/#respond Wed, 09 Dec 2020 08:08:11 +0000 https://kurir.mk/?p=440720

Католички свештеник садомазохист, кој злоупотребувал момче, по шестмесечна терапија е вратен како проповедник под надзор на кардиналот Винсент Николс, кој и го пријавил случајот кај властите. Квигли, попознат како „отец Џо“, како што пренесува британски телеграф, физички и сексуално го злупотребил момчето и го заклучувал во просториите на црквата. Детето тогаш имало 16 години. – По шест месец терапија, тој е вратен во В. Британија, и поставен на ограничени задолженија. Тоа ќе рече дека Католичката црква се соочила со своите обврски, изјави обвинителот Адријан Лангдејл. Николс, кој тогаш бил надбискуп на Бирмингем, по истрагата иницирана од него минатото десетлетие, го напушти тоа место, и сега е римокатолички надбискуп на Вестминстер. Од 1930-тите, 78 свештеници на оваа диецеза биле обвинети за сексуална злоупотреба на деца, а 13 од нив се прогласени виновни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-sadomazohist-po-shestmesechna-terapija-e-vraten-kako-propovednik-vo-anglija/feed/ 0