свет крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Jan 2023 14:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свет крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јован Рафтоски беше најбрз до светиот крст во Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovan-raftoski-beshe-najbrz-do-svetiot-krst-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovan-raftoski-beshe-najbrz-do-svetiot-krst-vo-struga/#respond Thu, 19 Jan 2023 13:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=789372

Јован Рафтоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст. За 32-годишниот стружанец, кој првпат го фаќа крстот, разбрануваните и заматени речни води не биле проблем прв да стигне до него, бидејќи бил искусен нуркач и пливач. – Скокам пет – шест години, а годинава првпат го фаќам крстот. Заматените води не ми претставуваа проблем бидејќи сум искусен нуркач и пливач, изјави Рафтоски, кој верува дека фаќањето на светиот крст ќе му донесе среќа и успех. На Богојавленската манифестација во Струга покрај големиот број верници присуствуваа и градоначалникот Рамис Мерко, како и претставници од власта и опозицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovan-raftoski-beshe-najbrz-do-svetiot-krst-vo-struga/feed/ 0
Александар Ристески по четврти пат го фати светиот крст во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-risteski-po-chetvrti-pat-go-fati-svetiot-krst-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-risteski-po-chetvrti-pat-go-fati-svetiot-krst-vo-kavadartsi/#respond Thu, 19 Jan 2023 13:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=789358

Александар Ристески по четврти пат го фати светиот крст положен во водите на реката Луда Мара во Кавадарци, што го дели градот на два дела. Голем богојавленски водосвет денеска по повод Богојавление Водици се спроведе во водите на реката Луда Мара, во присуство на голем број на верници. Најсреќен меѓу повеќемината што се фрлија во реката по чесниот крст, беше Ристески од Прилеп, којшто живее во Кавадарци. Ристески рече дека сите подароци што ќе му бидат доделени, ќе ги донира на момче од Прилеп, на кое му е потребна поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-risteski-po-chetvrti-pat-go-fati-svetiot-krst-vo-kavadartsi/feed/ 0
Роберт Исаиловски го фати светиот крст во Гостивар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/robert-isailovski-go-fati-svetiot-krst-vo-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/robert-isailovski-go-fati-svetiot-krst-vo-gostivar/#respond Thu, 19 Jan 2023 12:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=789344

Годинава, светиот крст што во водите на Вардар беше положен во Гостивар, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Роберт Исаиловски. Овој студент по социјална работа, од триесетината гостиварци кои влегоа во реката и насобраните верници кои дојдоа да го чествуваа празникот, тој доби честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба. Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, на митрополитот г. Јосиф, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот. пеејќи ја песната „Во Јордање“. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување на водите и го положи светиот крст во реката. Традицијата на славење на Водици во Гостивар беше возбновена во 2015 година по речиси седум децениска пауза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/robert-isailovski-go-fati-svetiot-krst-vo-gostivar/feed/ 0
Кристијан Нинески по трет пат го извади светиот крстот од водите на Вардар во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kristijan-nineski-po-tret-pat-go-izvadi-svetiot-krstot-od-vodite-na-vardar-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kristijan-nineski-po-tret-pat-go-izvadi-svetiot-krstot-od-vodite-na-vardar-vo-skopje/#respond Thu, 19 Jan 2023 11:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=789313

Во осветените води на Вардар, чин кој заврши со положување на светиот крст од страна на г.г. Стефан, Кристијан Нинески е среќниот верник кој годинава го фати крстот во реката. Среќниот Нинески по трет пат го извади крстот од Вардар. Првпат тоа се случи во 2019, вторпат во 2020 година и сега годинава. „Со прекрасниот поздрав- Бог се јави, и со радосниот одговор- Навистина се јави, христијанските верници на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле. Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска не собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан, е најцелосното и најасното јавување на Бога пред човечкиот род“, кажа г.г. Стефан. Околу 130 верници во Скопје учествуваа во фаќањето на светиот крст од реката Вардар, кој беше фрлен точно на пладне. Како што информираа за МИА од МПЦ-ОА – Скопска епархија, сите пријавени беа полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kristijan-nineski-po-tret-pat-go-izvadi-svetiot-krstot-od-vodite-na-vardar-vo-skopje/feed/ 0
Светиот крст во Битола во рацете на Лука Дамчевски, во Новаци кај Благојче Петровски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-vo-bitola-vo-ratsete-na-luka-damchevski-vo-novatsi-kaj-blagojche-petrovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-vo-bitola-vo-ratsete-na-luka-damchevski-vo-novatsi-kaj-blagojche-petrovski/#respond Thu, 19 Jan 2023 11:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=789304

Битолчанецот Лука Дамчевски во првото свое учество на Водици успеа да го пронајде положениот свет крст во водите на црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“. Пред голем број верници чиноначелствуваше митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, на сите им посака добро здравје и го положи светиот крст кој го бараа 25 учесници, а најсреќен и највешт беше средношколецот Лука Дамчевски. Чинот на полагање на светиот крст во осветени води се одржа и во други цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија, а во Општина Новаци централната свеченост се одржа во црквата „Свети Атанасиј“, каде светиот крст го пронајде Благојче Петровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-vo-bitola-vo-ratsete-na-luka-damchevski-vo-novatsi-kaj-blagojche-petrovski/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Светиот крст беше фрлен и во Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-video-svetiot-krst-beshe-frlen-i-vo-gorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-video-svetiot-krst-beshe-frlen-i-vo-gorche-petrov/#respond Thu, 19 Jan 2023 11:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=789297

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна н.а свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Светиот крст во водите на реката Вардар беше фрлен и во Ѓорче Петров. А светиот крст од водите на Вардар го извади Игор Георгиевски - Ачка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-video-svetiot-krst-beshe-frlen-i-vo-gorche-petrov/feed/ 0
Четирнаесет годишниот Марко по вторпат го фати Светиот крст во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetirnaeset-godishniot-marko-po-vtorpat-go-fati-svetiot-krst-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetirnaeset-godishniot-marko-po-vtorpat-go-fati-svetiot-krst-vo-prilep/#respond Thu, 19 Jan 2023 10:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=789282

Четирнаесет годишниот Марко Ристески по вторпат го фати крстот во осветените води во црквата „Св.Благовештение” во Прилеп. Тој беше најсреќен од 20 скокачи по светиот крст, од кои едно беше девојче. Марко, кој е деветто одделение во ОУ „Блаже Конески” вели дека имал здравје и среќа. Им посака на сите да имаат здравје и радост. Притоа тој доби пригодни подароци од општината и општествено одговорни фирми. По традиција, утрово летаа гулаби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetirnaeset-godishniot-marko-po-vtorpat-go-fati-svetiot-krst-vo-prilep/feed/ 0
Светиот крст во Охрид го фати Васко Довле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-vo-ohrid-go-fati-vasko-dovle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-vo-ohrid-go-fati-vasko-dovle/#respond Thu, 19 Jan 2023 10:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=789279

Васко Довле од Варош го фати крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Тој беше најснаодлив и најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи кои запливаа во осветените студени води на Охридското Езеро. Одбележувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржува во организација на Дебарско – кичевската епархија и локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст Охрид, нуркачките клубови, здравствените установи, ТППЕ Охрид, СВР Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-vo-ohrid-go-fati-vasko-dovle/feed/ 0
Светиот Крст ќе биде положен во водите на Преспанско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-ke-bide-polozhen-vo-vodite-na-prespansko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-ke-bide-polozhen-vo-vodite-na-prespansko-ezero/#respond Thu, 19 Jan 2023 08:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=789266

Верниците од преспанско-пелагониската епархија денеска го слават празникот Богојавление, Водици, а најголем дел од нив се во исчекување на чинот на полагање на светиот крст во осветените води. Во Ресен според востановената традиција, светиот крст точно напладне ќе биде положен во водите на Преспанско Езеро, а атрактивниот настан го подготвија и организираат свештенослужители од преспанско-пелагониската епархија кои во Отешево ќе приредат голем Водосвет и Општина Ресен од каде е најавена награда за најсреќниот учесник на манифестацијата. Поддршка од локалната самоуправа за прославата на Водици има и во Демир Хисар, каде исто така напладне во населбата Мургашево, светиот крст ќе биде положен од мостот во водите на Стара Река. Водичарски сечености ќе бидат организирани и во 11 демирхисарски села, односно во Прибилци, Журче, Слепче, Слоештица… Централниот настан на преспанско-пелагониската епархија ќе се одржи во дворот од Храмот на „Св. Великомаченик Димитриј“ каде ќе чиноначелствува митрополитот г. Петар и ќе го положи светиот крст во водата од црковниот базен. Атрактивната верска традиција со полагање на свет крст во осветените води ќе се одржи и на други локации, цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-ke-bide-polozhen-vo-vodite-na-prespansko-ezero/feed/ 0
Светиот крст во Охрид ќе се фрла од градското пристаниште, ако дува ветер чинот на осветување ќе биде од брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svetiot-krst-vo-ohrid-ke-se-frla-od-gradskoto-pristanishte-ako-duva-veter-chinot-na-osvetuvane-ke-bide-od-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svetiot-krst-vo-ohrid-ke-se-frla-od-gradskoto-pristanishte-ako-duva-veter-chinot-na-osvetuvane-ke-bide-od-brod/#respond Tue, 17 Jan 2023 16:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=788567

Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен в четврток во 10 часот од градското пристаниште, но доколку дува силен ветар, како што се најавите на метеоролозите, светиот чин ќе се одвива од бродот „Армада“, соопшти Општина Охрид по денешниот координативен состанок на Организацискиот одбор. Според соопштението, останатите пловни објекти ќе бидат отстранети од пристаништето, а закотвени ќе бидат само бродовите „Армада“ и „Македонија“. Капачите, кои сакаат да бидат дел од настанот, нивното учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во градот најдоцна до утре до доцните попладневни часови. В четврток, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот. За црковниот дел на настанот е задолжена Дебарско-кичевската епархија, а позади целосната организација на граѓанскиот дел со пропратната програма стои Општина Охрид. По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. Во организација на Црвен Крст, од девет до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во центарот за култура „Григор Прличев“, соопшти Општина Охрид. На Водици, паркингот во Охрид ќе биде бесплатен, а ќе биде забрането паркирање на улицата „Македонски Просветители“ до плоштадот „Свети Климент Охридски“. Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, ќе продолжат и на 20 јануари на Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Охридските нуркачи изминатиот викенд го исчистија дното од Охридското Езеро на просторот каде ќе се одвива положувањето на светиот крст. Се реализираа и активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svetiot-krst-vo-ohrid-ke-se-frla-od-gradskoto-pristanishte-ako-duva-veter-chinot-na-osvetuvane-ke-bide-od-brod/feed/ 0