света недела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jul 2022 12:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png света недела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На денешниот празник направете една работа за да животот ви тргне на подобро https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshniot-praznik-napravete-edna-rabota-za-da-zivotot-vi-trgne-na-podobro/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshniot-praznik-napravete-edna-rabota-za-da-zivotot-vi-trgne-na-podobro/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=707934

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули, ден на Св. великомаченица Недела. Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија. Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули. Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот. Додека пак седмичниот ден, недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела. Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshniot-praznik-napravete-edna-rabota-za-da-zivotot-vi-trgne-na-podobro/feed/ 0
Според Календарот на МПЦ: Утре е Св. великомаченичка Недела https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-e-sv-velikomachenichka-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-e-sv-velikomachenichka-nedela/#respond Mon, 19 Jul 2021 19:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=538882

Светата великомаченичка Недела Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од се што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и нејзините родители како христијани пред царот Диоклецијан. Царот нареди и нејзините родители прво ги мачеа, а потоа ги протераа во градот Мелитина, каде што кончанието им беше во маки за Христа. Света Недела пак, му ја испрати Диоклецијан на Максимијан да ја суди. Бидејќи ја потврди својата вера во Христа пред Максимијан, тој нареди и ја тепаа со воловски жили. Потоа царот им ја предаде на војводите, прво на Иларион, а откако тој умре на Аполониј. Овие ја мачеа ѕверски на сите можни начини, но се им беше залудно. Додека Света Недела лежеше во рани во затворот,  се јави Господ Христос и ја исцели и и рече: „Недело, не плаши се од маките, Мојата благодат е со тебе“. Христовата благодат навистина ја спаси оваа маченичка и од оган и од ѕверови, со што нејзините судии мислеа со сигурност да ја умртват. Многумина незнабожци, гледајќи го нејзиното чудесно спасение од толку смрти, поверуваа во Христа. Но сите беа заклани. Света Недела му рече на Аполониј: „На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган, ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е Пророкот Јона; ако ме предадеш на меч, ќе се сетам на Чесниот Предвесник. За мене живот е да умрам за Христа.“ Тогаш Аполониј нареди да ја убијат со меч. Недела клекна на колена, ги подигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога да ја помилува и да ги спаси сите што ќе го слават нејзиниот спомен, а нејзината душа да ја упокои заедно со душите на нејзините родители. Кога ја заврши молитвата Му ја предаде душата на Бога, пред да се спушти мечот врз нејзината Света глава. Чесно пострада и се пресели во Небесното Царство во 289 година, во Никомидија. Тропар Овцата Твоја, Исусе, Недела, повикува со силен глас: Тебе, Младоженецу мој, Те љубам и, Тебе барајќи Те, се подвизувам, и со Тебе се распнувам, и во Твоето крштение се погребувам, и заради Тебе страдам, та со Тебе и да царувам; и умирам за Тебе, за и да живеам со Тебе. Но, како жртва непорочна, прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе. По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши. Кондак Светата Христова маченица денес не собра да ги прославиме нејзините славни подвизи, и нејзиното божествено страдање; со нејзината доблесна душа таа, всушност, се покажа сообразна со нејзиното име – господарка на својот дух и на своите страсти. Преподобен Тома Малеин Најпрво беше војвода, прочуен по богатсвото и по храброста. Во телото беше многу крупен и им задаваше страв на своите непријатели. Но кога Го засака Христа повеќе од светот и с ѐ што е во светот, остави с ѐ и се повлече во пустина, се замонаши и се предаде на подвиг. Му се јави Св. пророк Илија и го одведе на гората наречена Малеа, до Света Гора. Овде тој живееше сам со Бога во деноноќна молитва. Иако се криеше од светот, не можеше да се докрие. Кога дознаа за светоста на неговиот живот, луѓето почнаа да доаѓаат кај него и да му ги носат своите болни. И Свети Тома ги лечеше од секоја болест и неволја. А кога се престави кај Бога (во 10 век), неговите мошти продолжија да им помагаат на сите коишто со вера им притекнуваа. Преподобните маченици Епиктет и Астион Астион, единец на неговите родители, кон верата Христова го приклони свештеникот Епиктет и го замонаши. Потоа се отселија некаде во источните краеви во скитски предели и се населија во скитскиот град Алмирид (денешен Рамзин), кај утоката на Дунав во Црното Море. Мачени и убиени со меч заради верата Христова околу 290 година. Обајцата по смртта во голема светлина им се јавија на Астионовите родители, Александар и Маркелина, кои поверуваа во Христа и се крстија од епископот Евангел, којшто и самиот потоа беше убиен за Христа. „Евангел, сличен на ангел“, како што е воспеан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-e-sv-velikomachenichka-nedela/feed/ 0
ДЕНЕСКА Е СВЕТА НЕДЕЛА: Ова мора да го направите за да ви помогне животот да ви тргне на подобро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sveta-nedela-ova-mora-da-go-napravite-za-da-vi-pomogne-zivotot-da-vi-trgne-na-podobro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sveta-nedela-ova-mora-da-go-napravite-za-da-vi-pomogne-zivotot-da-vi-trgne-na-podobro/#respond Sat, 20 Jul 2019 08:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=220406

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули. Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот. Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела. Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sveta-nedela-ova-mora-da-go-napravite-za-da-vi-pomogne-zivotot-da-vi-trgne-na-podobro/feed/ 0
Започнува Светата недела пред Велигден, последната од животот на Исус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-svetata-nedela-pred-veligden-poslednata-od-zivotot-na-isus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-svetata-nedela-pred-veligden-poslednata-od-zivotot-na-isus/#respond Mon, 02 Apr 2018 07:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=35054

Од денес започнува Светата недела или Недела на страдање, последната од животот на Исус Христос . Според Православниот календар, се слави и одбележува секој ден од оваа недела. Православните Христијани секоја година се соочуваат со  Светата недела за да ја поттикнат вербата, да го зајакнат мирот и да го заштитат единството. Спасителот ги откупува човечките гревови преку жртвување – во страдање, болка и љубов, и го покажува преку воскресение. На светиот понеделник, Христос, влегувајќи во Ерусалимскиот храм, и беше лут на толпата. Храмот на молитвата се претвори во пазар, и во својот гнев Синот Божји ги порази трговските маси. Затоа, во Велики вторник Исус поминал во морални насоки, и според црковниот канон, денот е посветен на смирението. Во денот на Светата и Големата Среда, Јуда отиде кај еврејските кнезови и го организираше Христовото предавство за 30 сребрени монети. Во средата нема домашна работа, и ако некој го прекрши ова правило, се верува дека неговата вештина ќе биде одземена. Велики четврток е поврзан со Тајната вечера кога е воспоставена мистериозната Причест. По вечерата Христос зеде леб, го благослови, го скрши, им ги даде учениците и рече: “Земи, јади, ова е моето тело!” Потоа ја подигна чашата и рече: “Пијте од сето тоа, ова е мојата крв на Новиот Завет, која за вас и за многумина е пролеана за простување на гревовите” По светата тајна, Христос им признал на своите ученици дека ќе биде предаден. Велики четврток е најочекуваниот ден на Светата недела од страна на децата. Тогаш е рано, а во тоа време, децата гледаа што прво ќе снесе кокошката. Ова јајце било  прво обоено  црвено. Со првото обоена јајце, се галат образите и лицата на децата за да се црвени и да се  тресат од  здравје. Кој нема да  успее да обои јајца во четврток, може да го стори тоа во сабота. Велики петок,   е денот во кој е распнат Исус Христос и е посветен на неговите страдања. На Велики петок не се прави ништо – дозволено е само да се цртаат веќе бојадисаните јајца. На Велики петок ништо не се јаде, само се пие вода . Голема сабата се нарекува и за душа , затоа што тогаш  се оди на  гробовите на починатите роднини. Се носат  насликани јајца, пченица и месен леб. Вечерта наспроти неделата верниците одат во храмовите, палат свеќи и сите се поздравуваат со “Христос воскресна!”, А одговорот е – “Воистина воскресна!”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-svetata-nedela-pred-veligden-poslednata-od-zivotot-na-isus/feed/ 0