света софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Aug 2020 05:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png света софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маестро Кемал Гекиќ вечер на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/#respond Mon, 10 Aug 2020 05:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=388566

Сцената на катедралната црква „Света Софија“ за вечер е резервирана за солистичкиот концерт на познатиот пијанист, маестро Кемал Гекиќ. Роден во Сплит, Кемал Гекиќ започнува да учи пијано со проф. Лоренца Батурина, а дипломирал на Музичката академија во Нови Сад во класата на проф. Јокут Михаиловиќ, каде веднаш по дипломирањето ја започнува својата педагошка кариера и до 1999 е шеф на катедрата за пијано. Во 1999 година е резиденцијален уметник и редовен професор на Универзитетот во Мајами, Флорида, а истовремено одржува и мајсторски курсеви на повеќе академии низ светот. Често е дел од жири комисии на меѓународни натпревари за пијано, а од 2010 година е основач на Летната школа и фестивал кои го носат неговото име во родниот Сплит. Пијанистот Кемал Гекиќ настапува низ целиот свет изведувајќи широк репертоар на кој секогаш му дава фасцинантен личен печат. Настапува како солист на рецитали или со оркестри меѓу кои со Кралската филхармонија во Лондон, Варшавската филхармонија, Јапонскиот филхармониски оркестар, во сали како „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Сантори Хол“ во Токио и „Кенеди“ центарот во Вашингтон. Гекиќ има снимено 15 солистички албуми, а за неговиот албум со транскрипции на Росини и Лист ја добива наградата „Розета“ која ја доделува „Пингвин“ водичот за музика, додека пак неговата интерпретација на „Трансцеденталните етиди“ исто така од Лист снимени за Џеј-Ви-Си се смета за една од најрелевантните снимки на овој циклус на сите времиња. Номиниран е за наградата „Греми“ за снимката на Концертот „Герника“ од Фредрик Кауфман, дело нарачано и специјално напишано за него. На програмата на вечерашниот концерт се избрани дела за пијано на Бетовен, Шопен, Ален, Лист. Почетокот на концертот е во редовниот фестивалски термин од 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Физичко обезбедување на црквата Света Софија во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/fizichko-obezbeduvanje-na-crkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/fizichko-obezbeduvanje-na-crkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/#respond Sun, 02 Aug 2020 07:18:20 +0000 https://kurir.mk/?p=385004

Просторот околу катедралната црква Света Софија во Охрид доби физичко обезбедување. По реакциите во јавноста за недолично однесување на младите во вечерните часови во предворјето на храмот Дебарско-кичевската епархија ангажираше служба која ќе се грижи за просторот околу црквата и нејзина заштита како културното наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет. Токму тој простор на западната ориентација кон предворјето изминатите денови беше едно од главните собиралишта на помлади лица кои зад себе оставаа купишта ѓубре, амбалажата од се она што го понеле за пиење и јадење. Екипи на ЈП „Охридски комуналец“, но и поединци и активисти на Здруженија на граѓани секојдневно во утринските часови се обидуваат да го соберат се она што во текот на ноќта е расфрлано низ градот, особено на најатрактивните локации низ градот. Дебарско – кичевската епархија пред неколку години целосно го уреди дворот на дворот и го огради просторот околу Света Софија, што наиде на бурни реакции од локалното население, најмногу поради блокирањето на преминот низ дворот на црквата од западната страна. Случајот заврши на суд по што портите за влез и излез во Предворјето на црквата повторно беа отворени постојано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/fizichko-obezbeduvanje-na-crkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/feed/ 0
Света Софија и Турција во фокусот на средбите на Анастасиадис со грчкиот државен врв https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/#respond Tue, 14 Jul 2020 13:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=375653

Координација во пресрет на Самитот на ЕУ, заедничка реакција наспроти турските активности, а секако и одлуката Света Софија да стане џамија се најдоа во фокусот на средбите што претседателот на Кипар Никос Анастасиадис ги имаше во Атина со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу, како и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на Света Софија, Мицотакис порача дека не станува збор за грчко-турско прашање, ниту пак за европско, туку за светско прашање, а Анастасиадис истакна дека Света софија им припаѓа на оние кои го почитуваат културното наследство. – Историјата подучува дека светското наследство не може да биде натпревар за надвладување меѓу државите и дека на крај, спомениците не се понижуваат, туку ги понижуваат оние кои не ги почитуваат. Света Софија е поголема од сите и ги надминува сите, нѐ надминува сите, порача Мицотакис, кој додаде дека „пред оваа непотребна иницијатива на Турција, Грција ги разгледува иницијативите на сите нивоа“. Грчкиот премиер истакна дека се поставува и прашањето дали Света Софија сега ќе може да ги задржи посебните привилегии на светски културен споменик на УНЕСКО. Претседателот на Кипар рече дека ќе дејствуваат заедно, а со нив и сите цивилизирани луѓе, како и политичарите и граѓаните. – За да се испрати силната порака дека е незамисливо, во модерни времиња да без мерка, да се презира културното наследство, порача претседателот на Кипар. Во однос на активностите на Турција, Мицотакис и Анастасиадис истакнаа дека постои координација, а Грција и Кипар имаат еднакви ставови, порачувајќи дека тие поддржуваат дијалог. – Нема да дозволиме да преовладува она што го сака Турција, односно да попуштиме пред провокацијата за да се создаде непотребна криза. Тоа што заеднички ќе сториме е да видиме како ефекасно ќе се активира Европската унија. Конкретно, ќе се повикаме на чувствителностите на европските партнери, не само за кршењето на меѓународното право и за европските принципи и вредности, туку и за она што никој не очекуваше го направи една светска држава, односно Света Софија да ја претвори во џамија, порача Анастасиадис. – Обединета и одлучна, Европа веќе мора да одреди една конкретна листа со активности и санкции за земјата која сака да има улога на локален бељаџија, но и да се развива во закана за стабилноста за целиот регион на Југоисточниот Медитеран, истакна Мицотакис и додаде дека Грција и Кипар никогаш не одбиле дијалог со Турција, но тој треба да биде базиран на меѓународното право, принципите на добрососедство и почитување на суверените права на сите земји. На средбата, станало збор и за новиот Фонд за закрепнување на Европската унија што ќе биде една од темите на Самитот на ЕУ во петок, а и за ова прашање, било констатирано дека двете земји се со исти позиции. Претседателот на Кипар, кој е во еднодневна посета на Атина, утрово оствари средба и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, која рече дека „Грција, Европската Унија и меѓународната заедница мора да се мобилизираат со сите соодветни средства за да се врати историската вистина и да се зачува универзалниот карактер на Света Софија“. Грчката претседателка кон крајот на септември ќе го посети Кипар, откако претходно, поради пандемијата беше откажано патувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/feed/ 0
Светиот синод на ГПЦ изразува разочараност за Света Софија и бара да се врати статусот на споменик https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetiot-sinod-na-gpc-izrazuva-razocharanost-za-sveta-sofija-i-bara-da-se-vrati-statusot-na-spomenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetiot-sinod-na-gpc-izrazuva-razocharanost-za-sveta-sofija-i-bara-da-se-vrati-statusot-na-spomenik/#respond Mon, 13 Jul 2020 15:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=375271

Светиот синод на Грчката православна црква изразува разочарност, силен протест и загриженост за претворањето на Светиот храм, на големата Православна црква Света Софија во Истанбул во муслиманска џамија и простор за молитви на исламската религија, соопштуваат од ГПЦ и додаваат дека со ова претворање, „споменикот од културно место станува точка на поделба”, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението од Светиот синод на ГПЦ, што е второ по ред, велат дека постапката од турска страна „наметнува будност и освестеност на целиот духовен свет, останатите цркви, влади и меѓународни организации кои ги бранат мирот, соживотот и соработката меѓу народите, културите и религиите” со цел да се отповика одлуката и додаваат дека ќе покренат активности со кои ќе бараат да се врати правилниот статус на Света Софија. Паралелно, коментираат дека „инструментализацијата на споменик-симбол на единството и мирен соживот во место на изолирана функционалност на една религија”, поради внатрешно- политички цели, „е практична манифестација на културен недостаток од страна на раководството на соседната земја и претставува јасно оддалечување од европските принципи на мир и почитување на различноста”. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetiot-sinod-na-gpc-izrazuva-razocharanost-za-sveta-sofija-i-bara-da-se-vrati-statusot-na-spomenik/feed/ 0
Папата Франциск се огласи по одлуката „Света Софија“ да стане џамија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-se-oglasi-po-odlukata-sveta-sofija-da-stane-dzamija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-se-oglasi-po-odlukata-sveta-sofija-da-stane-dzamija/#respond Sun, 12 Jul 2020 11:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=374513

Папата Франциск денеска изјави дека е повреден од одлуката на Турција музејот Аја Софија да стане џамија и го осуди овој потег. – Моите мисли одат во Истанбул. Мислам на Аја Папа Софија и многу сум повреден, рече папата за време на неделната молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Како што најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Аја Софија како џамија ќе биде „отворена“ со џума (петочна молитва) на 24 јули. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-se-oglasi-po-odlukata-sveta-sofija-da-stane-dzamija/feed/ 0
Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/#respond Sun, 12 Jul 2020 10:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=374485

Со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска архимандритот Партениј е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Предлогот Отец Партениј да биде прогласен за епископ го даде неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, што беше едногласно прифатено од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски”, а истовремено ќе ја задржи и својата должност игумен на Бигорскиот манастир каде што ќе биде и неговото постојано седиште. Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во обраќањето до верниците по повод оваа свеченост истакна дека епископите во црковната традиција се наречени приемници на апостолите и продолжители на нивното дело, со што се истакнува важноста на службата и високата мисија на оние удостоените на тој чин. – На начин како што апостолите го примија духот на вистина на Сионската височина, и ти се удостои да примиш дух на мудрост и разум, на совет и крепост, дух на знаење и богобојазливост, и веруваме дека токму тоа ќе ти помогне и преку новата должност уште побудно да ги надгледуваш доверените души, давајќи им пример на сите…Со денешниот чин преку Светиот дух врз тебе се изли љубовта божја и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на љуѓето и да ги исполнуваш задолженијата, рече г.г. Стефан. Поглаварот на МПЦ во словото до верниците посочи на некои од предизвиците со кои се соочува македонскиот народ. – За жал, како народ, држава и Црква се уште сме пред портите на правдата и за црковната и националната македонска вистина. Но, силно веруваме дека ќе истраеме и дека ближи денот кога и последните неверни Томи ќе ја разберат и прифатат сета наша македонска вистина. Во таа борба повикани сме сите да учествуваме, и ијерархијата и монаштвото и свештенството и верниот народ и сите кои оваа земја Македонија ја чувствуваат за своја татковина, а црвката Македонска и Охридска за своја духовна мајка. Преосветен владико, внимавај и чувај ја довербата што ти се дава, сите твои постапки и дела нека бидат за доброто на нашиот народ и Црква, та во се да се прослави Бог преку Исуса Христа чија слава и владеење се вечни, истакна меѓу другото поглаварот Стефан. Честитки за новоименуваниот Епископ Антаниски упатија бројни верници дојдени во Охрид само за да бидат сведоци на оваа свеченост. – Луѓето ширум светот денес имаат насушна потреба од градење мостови на љубовта. Мостот по кој чекорам денес го изгради токму архимантритот Партениј кој денеска се хиротонисува во Епископ Анталиски. Познавајќи го цели 14 години, јас и многумина други секојдневно сведочиме како тој го менува светот кон подобро, му дава еден мирен, радосен и љубовен лик. Неговото милосрдие и љубов ги надминуваат човековите граници на етничкото потекло, националноста, полот, возраста, па дури и религијата. Неговото хиротонисување е благослов за Македонија, но и за поширокиот православен свет, рече во оваа прилика еден од верниците присутен на церемонијата. Самиот настан се одржа со засилени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и за посетителите беа обезбедени заштитни маски. Бројот на верници околу самата црква беше поголем отколку што дозволува просторот, а истовремено се водеше сметка за препораката за одржување социјална дистанца. Црквата „Света Софија“ пред почетокот на церемонијата беше целосно дезинфицирана]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/feed/ 0
Архимандрит Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhimandrit-partenij-kje-bide-hirotonisan-za-episkop-antaniski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhimandrit-partenij-kje-bide-hirotonisan-za-episkop-antaniski/#respond Sun, 12 Jul 2020 07:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=374335

Во храмот „Света Софија“ во Охрид денеска, на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, ќе биде хиротонисан новиот епископ на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир. Од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски. Во свештената Бигорска обител вчера беше извршено наречението за епископ на архимандрит Партениј. Монашкото братство и присутните верници во Бигорски му посакаа на отец Партениј достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба. Од Бигорската обител, во пресрет на хиронијата на отец Партениј, соопштија дека имајќи ја предвид актуелната сосотојба со коронавирусот, се преземаат мерки за заштита на присутните. Ги замолуваат сите верници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои, пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание. Во Охрид ќе биде ангажирана и агенција за обезбедување, која ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на физичката дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид. Со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, ќе бидат обезбедени надворешни видеоекрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата. Предвидени се три видеоекрани, едниот на влезот на „Св. Софија“, другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот. Поради денешната хиротонија во Охрид, Бигорскиот манастир денеска ќе биде затворен за посетители до 15 часот. Синодот на МПЦ-ОА на 21 мај годинава едногласно го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула антаниски според античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште. Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште. Светиот архијерејски синод на истата седница го избра и отец Григориј, игуменот на „Свети Јоаким Осоговски“,за епископ сарандополски. Тој ќе го наследи митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, кој беше ослободен од митрополиската должност од здравствени причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhimandrit-partenij-kje-bide-hirotonisan-za-episkop-antaniski/feed/ 0
Мицотакис му изрази поддршка на Вартоломеј за Света Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-mu-izrazi-poddrshka-na-vartolomej-za-sveta-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-mu-izrazi-poddrshka-na-vartolomej-za-sveta-sofija/#respond Sat, 11 Jul 2020 12:15:13 +0000 https://kurir.mk/?p=373998

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговар со Вселенскиот патријарх Вартоломеј  му изрази поддршка за прашањето со Света Софија. Според медиумите во Грција, Мицотакис започнува циклус меѓународни контакти за конкретното прашање, кое што ќе го постави и на Самитот на Европска Унија. Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека е невозможно прашањето да не биде поставено на Самитот на ЕУ, додавајќи дека не станува збор за грчко- турско, туку за меѓународно прашање, а „Грција ќе направи сѐ што е во нејзини раце за да има соодветни последици за Турција“. Тој додаде дека сите опции се на маса, па дури и можноста за санкции, а не само во ЕУ, туку и во сите меѓународни организации, почнувајќи од УНЕСКО. – Не постои сомнеж дека ќе одиме на некој вид на санкции. Прашањето е овие одлуки да ги имаат потребните последици, за секој оној, кој го прекршува меѓународното законодавство, да сфати дека за ова однесување постојат санкции кои болат. Ова, ќе се обидеме да го сториме најбргу што можеме, истакна Пецас. Во Грција и власта и опозициските партии најстрого ја осудија одлуката на Турција, Света Софија да ја претвори во џамија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-mu-izrazi-poddrshka-na-vartolomej-za-sveta-sofija/feed/ 0
Борел: Одлуката на Турција и на Ердоган за Света Софија е за жалење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-odlukata-na-turcija-i-na-erdogan-za-sveta-sofija-e-za-zalenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-odlukata-na-turcija-i-na-erdogan-za-sveta-sofija-e-za-zalenje/#respond Sat, 11 Jul 2020 07:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=373775

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел изрази жалење поради одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. – Одлуката на турскиот Државен совет да поништи една од модерните одлуки на Турција и одлуката на претседателот (Реџеп Тајип) Ердоган, споменикот да се даде под управа на Дирекцијата за верски прашања е за жалење, истакна Борел. Тој потсети дека Турција е една од оснивачите на Сојузот на цивилизации, кој е посветен на промоција на меѓуверски и меѓукултурен дијалог и негување на толеранцијата и соживотот. Ердоган вчера потпиша декрет со кој Света Софија повторно ќе биде џамија. Тој го потпиша указот откако турскиот Високиот административен суд ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј. Тој најави дека на 24 јули во Света Софија ќе се одржи петочна молитва. Турскиот претседател  истакна дека барањата Света Софија да остане музеј е исто како „ да се бара Ватикан да се претвори во музеј и да се затвори за богослужба“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-odlukata-na-turcija-i-na-erdogan-za-sveta-sofija-e-za-zalenje/feed/ 0
Мицотакис: Грција најкатегорично ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-grcija-najkategorichno-ja-osuduva-odlukata-na-turcija-da-ja-pretvori-sveta-sofija-vo-dzamija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-grcija-najkategorichno-ja-osuduva-odlukata-na-turcija-da-ja-pretvori-sveta-sofija-vo-dzamija/#respond Sat, 11 Jul 2020 07:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=373771

Грција на најкатегоричен начин ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија, изјави  грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а со реакции излегоа и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, но и останатите опозициски партии во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, освен што изразува осуда од грчка страна, вели дека оваа одлука влијае на односите на Турција не само со Грција, туку и со ЕУ, со  УНЕСКО и со светската заедница во целост. – Оваа одлука и секако 85 години по прогласувањето за музеј, го навредува екуменскиот карактер. Станува збор за избор што ги навредува сите оние кои го признаваат споменикот, како дел од светското културно наследство и секако влијае, не само на односите на Турција со Грција, туку и на нејзините односи со Европската Унија, со УНЕСКО и со светската заедница во целост. Жално е што турското раководство, кое во 2005 година работеше за Алијанса на цивилизациите, денес одбира да се движи во комплетно спротивна насока, истакнува грчкиот премиер. Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу вели дека Света Софија е споменик со екуменски карактер, кој „припаѓа на човештвото и на светското културно наследство“ и е „симбол е на православието и на целиот христијански свет“. – Одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија директно го навредува нашето историско сеќавање, непоправливо ги поткопува вредностите на толеранцијата и меѓуверскиот дијалог и предизвикува сериозна штета на нејзините односи со Грција, Европската унија и меѓународната заедница, истакна Сакеларопулу. Поранешниот грчки премиер, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, меѓу другото, порачува дека Владата има должност да го покрене конкретното прашање на меѓународно ниво. – Одлуката на претседателот на Турција, да ја претвори во џамија, Света Софија, уникатниот  споменик на светското културно наследство со големо историско и духовно значење за христијанството, претставува сериозна провокација што го поткопува меѓуверскиот дијалог и флагрантно ги прекршува универзалните вредности, кои денес се неопходни повеќе од било кога. Меѓународната заедница е должна решително да се справи со овие активности, а Владата има должност да го покрене прашањето на меѓународно ниво, посочи Ципрас.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-grcija-najkategorichno-ja-osuduva-odlukata-na-turcija-da-ja-pretvori-sveta-sofija-vo-dzamija/feed/ 0