светци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Aug 2021 07:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetci-9/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetci-9/#respond Fri, 20 Aug 2021 19:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=553096

Свети Емилијан Исповедник, епископ Кизички Епископствуваше во Кизик за време на злиот цар Лав Ерменин, иконоборец. Бидејќи не сакаше да се покори на царските декрети за исфрлање на иконите од Црквата, заедно со другите православни епископи и тој беше испратен во прогонство. Во прогонство проживеа пет години, трпејќи многу маки и понижувања заради Христа. Се упокои и се пресели меѓу небесните граѓани во 820 година. Свети Мирон Чудотворец, епископ Критски Најнапред беше оженет и се бавеше со земјоделие. Од овоземните плодови на својот имот Мирон радосно и изобилно им раздаваше на бедните луѓе. Еднаш на своето гумно затекна непознати крадци како крадат жито. Не им кажа кој е, туку им помагаше на крадците да ги наполнат вреќите, им помогна и да ги кренат на грб и да побегнат. Заради неговата преголема добродетел беше ракоположен за презвитер, а потоа и за епископ. Беше голем чудотворец и правеше многу добри и силни дела со името на Господ Исус. Се упокои околу 350 година, на старост од сто години. Преподобен Григориј Синаит Наречен Синаит зашто беше замонашен на гората Синај. Во времето на царот Андроник Палеолог, околу 1330 година, дојде на Света Гора да ги посети манастирите и да дознае нешто за умствената молитва и созерцанието. Но овие духовни дејанија меѓу светогорците во она време беа безмалку непознати. Единствен кој знаеше за ова и до совршенство го практикуваше беше Свети Максим Капсокаливит. Григориј го распростре своето учење за умствената молитва по келиите и манастирите на Света Гора. Прочуен меѓу неговите ученици беше Калист, патријарх Цариградски, кој и го напиша неговото житие. Потоа Григориј премина во Македонија и по други места на Балканот и основа обители во коишто монасите се вежбаа во Исусовата молитва со умот. Така им помогна на многумина да се вдлабочат во молитвата и да се спасат. Неговите списи за умствената молитва и за подвижништвото се наоѓаат во Добротољубието. Меѓу другото го напиша и припевот кон Пресвета Троица „Достоино ест“, кој се пее на воскресната полуношница. Спаѓа меѓу најзначајните подвижници и духовни учители на Балканот. Се упокои мирно. Светите маченици Тријандафил и Анастасиј Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година. Светиот маченик Гормиздас Беше големец на дворецот на персискиот цар Издегерд. Бидејќи не сакаше да се одрече од Христа, царот го расчини, му го зеде имотот и го прати да чува стока. Се надеваше царот дека Гормиздас набрзо ќе зажали за чинот и за имотот и дека ќе им се поклони на идолите. Но се излажа. Гормиздас спокојно ја чуваше стоката и ја држеше верата. За ова царот го подложи на лути маки, со кои успеа само да му го истошти телото на Христовиот маченик, но не и да го измени неговиот дух. Најпосле Свети Гормиздас го убија во 418 година, веднаш после страдањето на Светиот епископ Авда (31 март). Пострадаа на земјата, а се прославија на небото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetci-9/feed/ 0
Изложба на педесетина цртежи од Јасминка Новковска, насловена „Светци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pedesetina-crtezi-od-jasminka-novkovska-naslovena-svetci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pedesetina-crtezi-od-jasminka-novkovska-naslovena-svetci/#respond Sun, 30 May 2021 07:56:21 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516735

Во новиот салон на Галеријата „КО-РА“, вчеравечер е отворена изложба на педесетина цртежи во акрилик, комбинирана техника на м-р Јасминка Новковска, насловена „Светци“, а од уметницата наречена „Нова современа авангардна симболична уметност“. По повод отворањето на ова самостојна изложба историчарката на уметност Виолета Калиќ ја истакна „разнородноста во тематската преокупација и разнообразноста на ликовната лексика која, како што рече, ја доживуваме провокативна, контроверзна, фриволна и во секој случај смела со својата најнепредвидлива изразна форма, концептуланоста на знаковниот систем, на композициските сегменти, и колоритната симболика со акцентирана звучност“. -Овој пат таа не поведува во еден нов свет и повторно со иманентна, автентична интерпретација во духот на нејзината веќе препознатливо автономно градена лексика. Со оваа изложба м-р Јасминка Новковска, инспирирана од вековната сакрална ризница која е воспеана до небесните височини, на најнеочекуван начин успева да го запази, долови и интерпретира духот и пораката на сакралното, навидум преточени во духот на каноните на ововремената лексичка синтагма во која цртежот, бојата и композицијата се преточени во една неочекувана концептуална симболика, која сепак ја доловува суптилноста, мисленоста, експерсијата, звучноста на гестот, милозвучноста или патосот на болката и страдањето, истакна Калиќ на отворањето на изложбата. Изложбата ќе биде отворена до 4 јуни. Јасминка Новковска е родена во Скопје 1975 година. Дипломирала на ФЛУ во Скопје, а специјализација имала на Националната Академија во Софија, каде ги завршила и постдипломските студии по ликовна уметност. Има студиски престој во Париз. Реализирала неколку самостојни изложби во земјава, Бугарија, Берлин, Њујорк, а учествувала и на бројни групни изложби дома и во САД, Канада. Добитник е на награда за најуспешен млад автор во 2000 година на Музејот на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pedesetina-crtezi-od-jasminka-novkovska-naslovena-svetci/feed/ 0
Денеска се празнуваат овие свети апостоли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuvaat-ovie-sveti-apostoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuvaat-ovie-sveti-apostoli/#respond Fri, 23 Nov 2018 08:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=131077

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 ноември. Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј. Сите беа од редот на 70-те апостоли. Олимп и Родион пострадаа во Рим, за време на Нероновото гонење, заедно со апостол Петар. Родион претходно беше епископ во Неопатра и таму многу пострада од евреите. Ераст, пак, прво беше економ на Ерусалимската црква, а подоцна епископ во Панеада, во Палестина. Кварт беше епископ во Бејрут. Сосипатер и Терциј беа, еден по друг, епископи во Иконија. Првиот подоцна отиде на Крф, каде го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос, а Терциј пострада маченички во Иконија. Последниов го запиша Посланието на свети апостол Павле до Римјаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuvaat-ovie-sveti-apostoli/feed/ 0
Папата Павле Шести и надбискупот Ромеро прогласени за светци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-pavle-shesti-i-nadbiskupot-romero-proglaseni-za-svetci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-pavle-shesti-i-nadbiskupot-romero-proglaseni-za-svetci/#respond Sun, 14 Oct 2018 09:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=114712

Папата Франциско денеска ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век - папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро. Церемонијата на канонизација се одржа на плоштадот Свети Петар во присуство на десетици илјади верници. Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургија на национален, наместо на латински јазик, а со тоа ги зајакна односите со луѓето од други вери и ја воведе практиката папите да патуваат по светот. Во 1968 година го потврди противењето на Ватикан за контрацепција со што ги зајакна конзервативните, а ги оддалечи напредните сили во Римокатоличката црква. Надбискупот Оскар Ромеро е познат по тоа што остана покрај народот во Салвадор и ги осудуваше сиромаштијата, неправдата, убиствата и малтретирањата. Во 1980 година е убиен за време на миса во болничка капела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-pavle-shesti-i-nadbiskupot-romero-proglaseni-za-svetci/feed/ 0
Ватикан ќе ги прогласи за светци папата Павле Шести и надбискупот Ромеро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-kje-gi-proglasi-za-svetci-papata-pavle-shesti-i-nadbiskupot-romero/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-kje-gi-proglasi-za-svetci-papata-pavle-shesti-i-nadbiskupot-romero/#respond Sun, 14 Oct 2018 07:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=114648

Папата Франциско денеска ќе ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век - папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро. Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургија на национален, наместо на латински јазик, а со тоа ги зајакна односите со луѓето од други вери и ја воведе практиката папите да патуваат по светот. Во 1968 година го потврди противењето на Ватикан за контрацепција со што ги зајакна конзервативните, а ги оддалечи напредните сили во Римокатоличката црква. Надбискупот Оскар Ромеро е познат по тоа што остана покрај народот во Салвадор и ги осудуваше сиромаштијата, неправдата, убиствата и малтретирањата. Во 1980 година е убиен за време на миса во болничка капела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-kje-gi-proglasi-za-svetci-papata-pavle-shesti-i-nadbiskupot-romero/feed/ 0
Светците кои ги славиме денеска- за многу години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetcite-koi-gi-slavime-deneska-za-mnogu-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetcite-koi-gi-slavime-deneska-za-mnogu-godini/#respond Tue, 30 Jan 2018 10:10:21 +0000 http://kurir.mk/?p=16254

Преподобен Антониј Велики Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година. Светиот цар Теодосиј Велики Овој славен и во верата ревносен цар владееше од 379 до 395 година. Константин Велики го забрани гонењето на христијаните, а Теодосиј отиде уште еден чекор понатаму: го забрани идолското жртвопринесување во својата држава. Многу помагаше на утврдувањето и распространувањето на христијанската вера низ светот. Светиот маченик Георгиј Нов Јанински Албанец, роден во селото Чуркла во Албанија, од многу сиромашни родители. Присилуван од Турците да се потурчи остана непоколебан во христијанската вера, заради што го обесија во Јанина, на 17 јануари 1838 година. Голем чудотворец и исцелител до ден денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetcite-koi-gi-slavime-deneska-za-mnogu-godini/feed/ 0