светец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 14:27:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дојде периодот на куќните слави: Има правила кои мора да ги почитувате, една работа која многумина ја прават е голем грев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/#respond Fri, 11 Nov 2022 14:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=759189

Православниот заштитник на еден македонски дом се обележува со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многу од обичаите немаат никаква врска со нашата традиција. Се повеќе има домаќини кои себеси си дозволуваат планирање на славата по сопствени убедувања, така што целата слава се претвора во обична пијанка. Многу домаќини не знаат каде ѝ е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид, или пак на ормарите како украсен детаљ. Иконата всушност без никакво сомнение, се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православните учења од истокот доаѓа Спасителот. Најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро не го славете Свети Никола, отколку да го славите со мрсна трпеза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/feed/ 0
Нова провокација: На денот кога Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, Бугарија рече дека тој бил Бугарин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/#respond Sun, 16 Oct 2022 17:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=746102

Бугарските провокатори не запираат. Додека денеска во Македонија, Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, на Википедија тој стана Бугарин. Во неговата биографија на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија. Во бугарскиот провокаторски текст на Википедија, пишува и дека тој е основоположник на модерна Бугарија и се занимавал со промовирање на раната бугарска ренесанса. Бугарскиот проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ вели дека канонизацијата на Пејчиновиќ во Македонија била богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата. -Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. РСМ на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плејада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а со и Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго, вели Павлов. Во официјалните документи во црковните архиви, Пејчиновиќ со прекар Тетоец, е роден во Теарце, тој е еден од основоположниците на новата македонска книжевност, пишувал македонски тетовски дијалект. Заминал на Света Гора, а по враќањето дома, Пејчиновиќ го возобновил Лешочкиот манастир, бил негов игумен, а како монах таму служел до крајот на животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/feed/ 0
Во октомври црковна богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-oktomvri-crkovna-bogosluzba-za-proglasuvanje-na-kiril-pejchinovikj-za-svetec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-oktomvri-crkovna-bogosluzba-za-proglasuvanje-na-kiril-pejchinovikj-za-svetec/#respond Fri, 08 Jul 2022 13:13:29 +0000 https://kurir.mk/?p=702367

Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј. -Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите. Канонизацијата започнува во сабота 15 октомври со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир од 17 часот која ќе ја чиноначалствива митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, информираат од епархијата. Утредента од 07.30 часот во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе има Восрекна Утрена богослужба, додека во 08.30 дочек на Архиепископот и Архијереите на МПЦ – ОА. Вееднаш потоа ќе започне Светата божествена литругија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец Кирил Лешочки. Кирил Пејчиновиќ е роден 1771 година во тетовско Теарце, а живеел до 1845 година, бил голем просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир. Го обновил Лешочкиот манастир каде и почива во црковниот двор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-oktomvri-crkovna-bogosluzba-za-proglasuvanje-na-kiril-pejchinovikj-za-svetec/feed/ 0
Ова е последниот светец кој се празнува во годината- тој е славниот Христов маченик, еве го неговото значење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-posledniot-svetec-koj-se-praznuva-vo-godinata-toj-e-slavniot-hristov-machenik-eve-go-negovoto-znachenje-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-posledniot-svetec-koj-se-praznuva-vo-godinata-toj-e-slavniot-hristov-machenik-eve-go-negovoto-znachenje-2/#respond Thu, 30 Dec 2021 19:57:00 +0000 https://kurir.mk/?p=615081

Утре се празнува славниот Христов маченик Севастијан и неговата дружина. Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на Ангел Божји. Севастијан го потврди словото со чудотворство: ја исцели од немост Зоја, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение неа и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Зоја, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на светиот апостол Петар. После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодоа со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабошците го убија со стапови. Славно пострада за Христа во 287 година, во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-posledniot-svetec-koj-se-praznuva-vo-godinata-toj-e-slavniot-hristov-machenik-eve-go-negovoto-znachenje-2/feed/ 0
Овој светец денеска простува се, но само ако отидете во црква и го направите ова во негова чест! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-svetec-deneska-prostuva-se-no-samo-ako-otidete-vo-crkva-i-go-napravite-ova-vo-negova-chest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-svetec-deneska-prostuva-se-no-samo-ako-otidete-vo-crkva-i-go-napravite-ova-vo-negova-chest/#respond Mon, 02 Dec 2019 09:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=272016

Свети Варлам беше Антиохиец. Заради верата во Христос како Бог, беше изведен пред суд и мачен. Најпосле, мачителите на дланката му истурија жар, а одозгора ставија темјан, сакајќи да го натераат да го фрли жарот со темјанот пред идолите, па така да го натераат да ги окади. Но, Варлам долго го држеше жарот во дланката, додека дланката сосема не му изгоре. Потоа, свети Варлам издивна од големата болка и го прададе својот дух на Бога. Пострада во 304 година. Денес Црквата го слави и свети пророк Авдиј, кој живееше 900 години пред Христос. Заблагодарувајќи му се на животот исполнет со страдања светиот маченик Варлам се смета за заштитник на сите оние кои неправедно страдаат и патат. Се верува дека кој денес отиде во црква, запали свеќа и се помоли на овој светец ќе добие олеснување и простување на гревовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-svetec-deneska-prostuva-se-no-samo-ako-otidete-vo-crkva-i-go-napravite-ova-vo-negova-chest/feed/ 0
Го врзаа за дрво и страшно го мачеа, денеска се слави овој голем маченик и светец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-vrzaa-za-drvo-i-strashno-go-machea-deneska-se-slavi-ovoj-golem-machenik-i-svetec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-vrzaa-za-drvo-i-strashno-go-machea-deneska-se-slavi-ovoj-golem-machenik-i-svetec/#respond Sun, 22 Apr 2018 07:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=44259

Според календарот на МПЦ денеска е 9 април, ден кога се празнува Светиот маченик Евпсихиј. Тој бил од благороден род и добро воспитан во благочестивата вера. Во времето на царот Јулијан Отстапник, кога во Кесарија со Црквата Божја управуваше светиот Василиј Велики, Евпсихиј стапи во брак со една угледна девојка. Но, не му беше дадено да поживее во брак ниту еден ден. Зашто во времето на неговата свадба се погоди незнабожечкиот празник на принесување жртви на идолот Фортуна. Евпсихиј отиде со другарите и ги искрши сите идоли во храмот, па и самиот храм го разори. Кога слушна за ова царот Јулијан многу се разгневи и нареди виновниците да се убијат, многубројни христијани да се земат за војска, да им се наложи огромен данок на христијаните, на нивна сметка повторно да се изгради храмот на Фортуна, а на градот да му се одземе почесното име Кесарија (кое му го беше дал кесарот Клавдиј) и да се нарече со поранешното име Маза. Свети Евпсихиј најпрво го врзаа за дрво и страшно го мачеа, а потоа го убија во 362 година. Малку потоа свирепиот цар Јулијан патувајќи за Персија го посети овој град, а одеше во војна. Во пресрет му излезе свети Василиј и во знак на почест и гостопримство изнесе три јачмени лебови. Царот нареди и на светителот како дар му дадоа грст сено. „Ти нам ни се подбиваш цару. Ние ти принесуваме од лебот со којшто се храниме, а ти нам ни даваш скотска храна, којашто ти со својата власт не можеш да ја претвориш во човечка“. На ова царот му одговори: „Знај дека со тоа сено ќе те хранам кога ќе се вратам од Персија!“ Но злобниот отстапник никогаш повеќе не се врати жив од Персија, зашто загина со заслужена и неприродна смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-vrzaa-za-drvo-i-strashno-go-machea-deneska-se-slavi-ovoj-golem-machenik-i-svetec/feed/ 0