свети Георгиј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 09:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свети Георгиј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска е Свети Ѓорѓиј – никако не правете ги овие работи, за да не ви биде тешка годината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sveti-gjorgjij-nikako-ne-pravete-gi-ovie-raboti-za-da-ne-vi-bide-teshka-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sveti-gjorgjij-nikako-ne-pravete-gi-ovie-raboti-za-da-ne-vi-bide-teshka-godinata/#respond Wed, 16 Nov 2022 09:59:52 +0000 https://kurir.mk/?p=761492

На овој ден се празнува преносот на моштите на св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда. Постои верување дека денес ништо не смее да се изнесува од дома бидејќи во спротивно цела година ќе имате расходи без приходи. Народното верување, исто така, вели дека денес не смее ниту да се преде волна, ниту да се пере. Жените не би требало да везат ниту да работат какви било рачни работи. Денешниот ден се смета за еснафска слава на чевларите и на кројачите. Пред два века постоеле обичаи кога против уроци на денешен ден требало да се заколе црн петел или црно пиле. Исечената глава се врзувала со врвца некаде на тремот, а нејзина задача била да ги брка волците што доаѓаат зиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sveti-gjorgjij-nikako-ne-pravete-gi-ovie-raboti-za-da-ne-vi-bide-teshka-godinata/feed/ 0
Без традиционалните торжества Струга ќе биде осветена со моштите на Свети Георгиј https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-tradicionalnite-torzestva-struga-kje-bide-osvetena-so-moshtite-na-sveti-georgij/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-tradicionalnite-torzestva-struga-kje-bide-osvetena-so-moshtite-na-sveti-georgij/#respond Fri, 07 May 2021 05:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=506814

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски и манастирот во Рајчица, без традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи Струшката Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. Поради пандемијата со Ковид – 19, годинава од поворката ќе изостане масата верници, кои доколку сакаат да им оддадат почит на моштите, тоа може да го направат од балконите на своите куќи или тротоарите, на кејот на реката Црн Дрим или во чаршијата, со почитување на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот. Организаторите во изјава за МИА упатија апел до верниците, да се придржуваат кон здравствените протоколи, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски. – Поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид – 19 годинашната Литија ќе се одржи под строги здравствени протоколи. Низ улиците ќе поминат моштите од „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона од светецот, како и Крнинската икона на Богородица, дел од монаштвото и свештеникиот клир, како и носачите на крстови, рипиди, бајраци, икони и мошти, без оркестарот и традиционалните торжества, посочи организаторот. За придржување кон мерките, ќе се грижат и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Струга, кои, како што информираше СВР Охрид, имале состаноци со претставници на црквата „Свети Георгиј“ во Струга. – ОВР Струга изготви оперативен план и физички ќе го покрива поширокиот дел од црквата „Свети Георгиј“, како и целокупната траса, по која ќе се движи црковната процесија и нема да дозволи групно движење позади поворката. ОВР Струга апелира до верниците, настанот да го следат од страна без придружување кон поворката и целосно придржување до препорачаните хигиенско-безбедносни мерки со цел, заштита на јавното здравје на населението од Ковид – 19, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Покрај полицијата, за одржување на редот, ќе се грижат и црковни лица и претставници од проватна агенција за обезбедување. Традиционално на 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Годинава, во услови на пандемија, моштите од светецот ќе пристигнат во црквата „Свети Георгиј“ во Струга од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф и по отслужување на вечерната богослужба, која ќе се одржи во дворот од храмот, поворката ќе почне да се движи низ Струшките улици околу 17 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-tradicionalnite-torzestva-struga-kje-bide-osvetena-so-moshtite-na-sveti-georgij/feed/ 0
Утре е голем и тежок празник: Ова не смее да се прави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-i-tezok-praznik-ova-ne-smee-da-se-pravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-i-tezok-praznik-ova-ne-smee-da-se-pravi/#respond Fri, 15 Nov 2019 19:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=264668

Утре се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда. Во некои села во регионот постои обичај да се заколе црн петел или пиле, а во Херцеговина се коле јаре. Двата обичаи се прават во строга тишина, за домаќините да се зашитат од напад на волци. Иако овој празник не е обележан со црвена боја, многу е важен за верниците, а некои го слават како домашна слава, па на овој ден не се работат тешки работи. Исто така забрането е и да се ловат волци, затоа што во спротивно ловџиите ќе ги следи малер цела година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-i-tezok-praznik-ova-ne-smee-da-se-pravi/feed/ 0