свети климент охридски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Dec 2022 09:16:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свети климент охридски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димовски: Мудроста на Свети Климент Охридски е втемелена во светогледот на нашиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-mudrosta-na-sveti-kliment-ohridski-e-vtemelena-vo-svetogledot-na-nashiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-mudrosta-na-sveti-kliment-ohridski-e-vtemelena-vo-svetogledot-na-nashiot-narod/#respond Thu, 08 Dec 2022 09:16:22 +0000 https://kurir.mk/?p=772612

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод  празникот Свети Климент Охридски упати честитка до членовите на Светиот архиерејски синод, до целото свештенство и монаштво и до сите верници од православната вероисповед. – Основоположник на македонската црковна и народна духовност, патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со продлабочувањето и унапредувањето на словенската просвета, проддолжувач на делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј. Свети Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, Првиот универзитет на Балканот, е тој што остави непроценлив придонес во словенската култура. Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во душата на македонскиот народ и во неговото културно наследство, подеднакво и во историјата и традицијата на европските народи и земји, напиша Димовски. Мудроста на Свети Климент Охридски, како што нагласи претседателот на СПМ, е втемелена во светогледот на нашиот народ и на нејзините духовни вредности се развива и нашата света Македонска православна црква. -Затоа, поттикнати од неговото величенствено дело, во овие сложени времиња исполнети со многу опасности и предизвици, покорно молиме барајќи ја неговата вековна заштитничка грижа за нашиот македонски народ во напорот за сочувување на нашето битие и негово спокојно проддолжување. Со неговата света мудрост за нас и за нашите поколенија да обезбедиме подостоен живот со чинење добри дела исполнети со разбирање и помагање, со сплотеност и единство во нашето кревко национално ткиво, напиша Димовски во честитката.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-mudrosta-na-sveti-kliment-ohridski-e-vtemelena-vo-svetogledot-na-nashiot-narod/feed/ 0
Пецаков: Македонците низ вековите поминале многу, но секогаш изнаоѓале сила да продолжат по патот на Свети Климент https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-makedoncite-niz-vekovite-pominale-mnogu-no-sekogash-iznaogjale-sila-da-prodolzat-po-patot-na-sveti-kliment/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-makedoncite-niz-vekovite-pominale-mnogu-no-sekogash-iznaogjale-sila-da-prodolzat-po-patot-na-sveti-kliment/#respond Wed, 07 Dec 2022 21:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=772529

Општина Охрид вечерва одржа свечена академија во чест на Свети Климент – патронот на градот, на која беа врачени повелбата и признанијата. -Македонија и Македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов, кој е поплочен со љубовта кон Бога, човекољубие и милосрдие. Тоа не прави кротки и одлучни, нежни и цврсти, трпеливи и непоколебливи. Тоа е нашето најголемо наследство од Свети Климент Охридски, за кое верувам дека успешно ќе го пренесеме на следните генерации низ вековите, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на свечената академија по повод „Свети Климент Охридски“ – патронот на градот. Вечерва, нагласи тој, душата на секој охриѓанец и Македонец е исполнета со радост, трепет, и блажество, затоа што го славиме нашиот најголем духовен водач и учител, епископ и народен трибун, заштитникот на Охрид и Македонската православна црква, Свети Климент Охридски. -Точно илјада сто и шест години не делат од земската неприсутност на Свети Климент меѓу нас – Македонците, но и исто толку години не поврзува нераскинлива духовна, културна и морална сплотеност со неговото дело. Ретко кој народ, како македонскиот, може да каже дека има таква нераскинлива историска и духовна вертикала во својата опстојба и битисување. Тоа е затоа што Свети Климент Охридски е нашиот првоучител, чија дејност и мисла е длабоко во темелите на нашето постоење и културно препознавање. Неговото монументално и божествено дело недвојбено ја покажува нашата посебност во светската асамблеа на народите, рече Пецаков. Создавањето на првиот Словенски универзитет и описменувањето на 3.500 ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, поред градоначалникот, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците, туку и за целиот словенски род. -А нашиот град е најзначајнииот духовен центар, кој преку Охридската книжевна школа ги промовира универзалните човечки вредности. А тие се промовирале, растеле и развивале врз постулатите кои ни ги остави Свети Климент, подвлече Пецаков. Потсети на најголемата и најважната етичка порака „Тргај се од злото и прави добро“ како и на постулатот „Да се надминуваме еден со друг со добрина“. На академијата беа врачени највисоката општинска награда „Свети Климент Охридски“ на годинашниот добитник архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Свети Наум Охридски и повелбата – Патрон на градот „Свети Климент Охридски“ на четворицата добитници: Димче Каневче, Летка Филипова и здруженијата за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа“ и за мултиркултурна интеграција „Инклузија“ за нивната хумана дејност. Архимандрит Нектариј, Свети Климентовата награда ја доби за долгогодишните остварувања и врвни достигнувања за време на неговиот повеќе-децениски јеромонашки чин во манастирот „Свети Наум Охридски“. Тој изрази благодарност за признанието, посочувајќи дека чистењето и уредувањето на дворот на манастирот не е кој знае каква голема заслуга, туку е обврска. Наградата, нагласи, ја дополнила радоста од признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како убава завршница на оваа, иако за светот немирна, 2022 година. -Што и да направиме во овие две свети места со историја подолга од 1100 години, нашето нема трајност повеќе од триесеттина до педесет години, под услов ако се одржува грижливо, рече архимандритот. Неговиот влог во уредувањето на манастиркиот комплекс го спореди со главица лук, а останатата заслуга им ја прфрли на, како што нагласи, оној кој го поставил во Свети Наум, на неговите претходни и сегашни соработници и на сите кои несебично и макотрпно се вложиле себеси во овие 31 година во Свети Наум. -Ние сме сега свои на своето, она што не бевме не само години и децении, туку столетија наназад. Поминаа многумина императори и администратори, пастири и душегрижници кои малку донесоа, а многу однесоа и си заминаа оставајќи го стадото од устата на волкот во устата на лавот. Ние останавме, бидејќи ова е наше и после секое нивно бегање, моравме да го чистиме и уредуваме растуреното и пустошот, истакна Нектариј. Пред присутните во полната сала на центарот за култура „Григор Прличев“ порача дека сме должни да ги чуваме езерото, Галичица, Охрид и неговите светилишта. – Мотивот и замислата манастирот Свети Наум да биде уреден и чист, и покрај сета негова природна убавина, е одамнешна желба од самото мое доаѓање во Свети Наум пред повеќе од 30 години. Да се радуваш на туѓата радост и да им приредиш радост на луѓето и да ги видиш нивните задоволни и насмеани лица, тоа е рамно на литургија, а литургијата значи служба, истакна архимандрит Нектариј. Свети Климентовата повелба, како што порача Летка Филповска, која е еден од иницијаторите за отпочнување на Бадниковата поворка во Охрид, но и позната по својата хумана дејност, нека биде поттик за сите што сакаат да помагаат. Димче Каневче, кој по трет пат ја добива повелата за Свети Климент им порача на сите што можат да помогнат тоа да го направат и да израдуваат некое семејство. – Се работи за семејства кои те прават тажен со своите приказни, но од друга страна те прават и среќен. Секоја приказна е делче од мозаикот која ја прави таа среќа. Се надевам дека оваа повелба ќе биде мотив за многу луѓе да им помогнат на тие околу себе. Доволно е да се завртиме околу себе да видиме каде има потреба да се помогне па макар и на еден ден да им се подобри животот, порача Каневче. Чествувањата во чест на Свети Климент – патронот на градот Охрид ќе продолжат утре со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник, полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на „Свети Климент Охридски“ и на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, како и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид. Програмата ќе се заокружи вечерта со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“. (МИА)    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-makedoncite-niz-vekovite-pominale-mnogu-no-sekogash-iznaogjale-sila-da-prodolzat-po-patot-na-sveti-kliment/feed/ 0
Министерот за надворешни работи на Бугарија: Денес за првпат заеднички ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-bugarija-denes-za-prvpat-zaednichki-ja-praznuvame-dejnosta-na-sveti-kliment-ohridski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-bugarija-denes-za-prvpat-zaednichki-ja-praznuvame-dejnosta-na-sveti-kliment-ohridski/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=772186

Согласно постигнатиот договор, денес за првпат заеднички ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски. Ќе положиме цвеќе пред неговиот споменик во знак на почит, како еден од најпознатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј, кои ние ги почитуваме, рече министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Тој на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на бизнис форумот „До една милијарда и понатаму“ која се одржува во Скопје, посочи дека заслугата за ова заедничко чествување е на македонско-бугарско историската Комисија. -Заслугатата за заедничкото чествување на Свети Климент Охридски е на македонско-бугарско историската Комисија, која дава општа интерпретација на делата на светите Кирил и Методиј и на Св. Климент Охридски. Ова е секако многу позитивен знак, кога имаме заедничка концепција и општо разбирање за различни историски периоди и за различни историски личности, што верувам ќе ги реши проблемите во нашите современи односи, рече Милков. Тој уште еднаш ја потврди поддршката за работата на македонско-бугарско историската Комисија и напомена дека нејзиното успешно функционирање допринесува во работата на нашите добрососедски односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-bugarija-denes-za-prvpat-zaednichki-ja-praznuvame-dejnosta-na-sveti-kliment-ohridski/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Се упокоил Свети Климент Охридски https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshen-den-se-upokoil-sveti-kliment-ohridski-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshen-den-se-upokoil-sveti-kliment-ohridski-2/#respond Wed, 27 Jul 2022 05:22:05 +0000 https://kurir.mk/?p=710563

Во Охрид на денешен ден (27 јули) во 916 година се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Свети Климент Охридски е роден 836 година, бил еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиј бил истеран од Панониja од Светото Римско Царство, (идните германци) или продаден како роб и побарал спас во Паристрион, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време. Со дозвола на Паристријскиот кнез Борис 1 оди во Охрид, во областа Кутмичевица во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshen-den-se-upokoil-sveti-kliment-ohridski-2/feed/ 0
Фатени на дело: Од студентските пари се офајдиле повеќе членови на менаџментот на универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fateni-na-delo-od-studentskite-pari-se-ofajdile-povekje-chlenovi-na-menadzmentot-na-univerzitetot-sv-kliment-ohridski-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fateni-na-delo-od-studentskite-pari-se-ofajdile-povekje-chlenovi-na-menadzmentot-na-univerzitetot-sv-kliment-ohridski-vo-bitola/#respond Sun, 29 May 2022 14:02:11 +0000 https://kurir.mk/?p=683117

Во Македонија на повеќе универзитети при запишувањето, таков е случајот и со Битолскиот универзитет Свети Климент Охридски, примените кандидати меѓу другите документи поднесуваат: индекс и студентска легитимација, пријавни листови, три фотографии како и Потврда за уплатени 1.000,00 ден. за функционирање и развој на Универзитетот “Св. Климент Охридски – Битола. Парите од секој од студентите се уплаќаат на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола, Банка НБРМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678852, ЕДБ 4002979132007, прихдоно конто: 723012, програма 42. Ако се пресметаат бројот на студенти и сумата која мора да ја платат се работи за сериозни суми пари од кои според официјални документи на своја сметка голем дел добивале челниците на УКЛО. Според документите кои се достапни на сите, од студентските пари се офајдиле повеќе членови на менаџментот на универзитетот,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА. Тие според јавно достапни извори примале пари кои преку услуги и сервиси треба да им се враќаат на студентите за потребите на наставата и развој на универзитетот. Фондот за функционирање и развој на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, наместо за подобра настава за студентите, според финансиските извештаи, служи за побогати банкарски сметки на Ректорот, проректорот, генералниот секретар и некои ,,подобни” декани. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fateni-na-delo-od-studentskite-pari-se-ofajdile-povekje-chlenovi-na-menadzmentot-na-univerzitetot-sv-kliment-ohridski-vo-bitola/feed/ 0
Соборниот храм одбележува 31 година од осветувањето, овие факти не сте ги знаеле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soborniot-hram-odbelezuva-31-godina-od-osvetuvanjeto-ovie-fakti-ne-ste-gi-znaele/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soborniot-hram-odbelezuva-31-godina-od-osvetuvanjeto-ovie-fakti-ne-ste-gi-znaele/#respond Thu, 12 Aug 2021 06:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=549440

На 12 август во 1990 година во Скопје бил осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква „Свети Климент Охридски“. Каменот-темелник е поставен на 23 април 1972 година, по проект на архитектот Славко Брезоски. Црквата е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м2. На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници. Главната црква му е посветена на Св. Климент Охридски, а долната црква на Св. Богородица. Од капелите, едната им е посветена на Цар Константин и царицата Елена, а другата на светиот маченик Мина. Кога ќе се влезе во внатрешноста на црквата, особено внимание привлекува иконостасот што е направен од дабово дрво. Основен мотив на резбата е флората- лозови листови, афионови булки и желади. Димензиите на иконостасот се 19,5 м во должина и 12,5 м во висина. Иконите што се сместени во него се насликани од Ѓорѓи Даневски и Спасе Спирковски. Под централната купола се наоѓа 3,5 м високиот архиепискописки престол. Двата стола спроти него се високи по 2 м и според каноните, се наменети за световниот владател и неговата сопруга. Централната купола е со површина од 650 м2. Фреските се дело на академскиот сликар Јован Петров со соработниците. Првпат во светот Исус Христос е насликан на површина од 70 м2, при што пречникот на едно око му е 1,5 м. Отстапувањето од каноните е тоа што пророците, наместо во стоечка положба се насликани во седечка положба. Второ отстапување од црковните канони е што се оставени големи прозорци. За да се одбегне големо количество светлина поставен е кристален плексиглас, што во зависност од аголот под кој паѓа светлината создава прекрасни преливи на бои. Осветлувањето на црквата се врши преку пет тони тешкиот полилеј што е поставен под централната купола. На него се наредени околу 400 светилки. Вториот полилеј, кој е во средината, виси над светиот престол во олтарот. Врз основа на проектот што го подготви архитектот Славко Брезовски, изградбата почна на 23 април 1972 осветувањето е извршено по повод 1150 годишнината од раѓањето на патронот, св. Климент Охридски на 12 август 1990 во времето на Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Гаврил. На 45 метри висока камбанарија, што се наоѓа во дворот, лево (на север) од главниот влез на црквата, се поставени 3 камбани. Најголемата е тешка 1000 кг, втората 500 кг, а третата 300 кг и сите се излеани во Австрија. Фонтаната пред црквата е подарок од Исламската верска заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soborniot-hram-odbelezuva-31-godina-od-osvetuvanjeto-ovie-fakti-ne-ste-gi-znaele/feed/ 0
На денешен ден се упокоил Свети Климент Охридски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-se-upokoil-sveti-kliment-ohridski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-se-upokoil-sveti-kliment-ohridski/#respond Tue, 27 Jul 2021 06:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=542222

Во Охрид на денешен ден (27 јули) во 916 година се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Свети Климент Охридски е роден 836 година, бил еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиј бил истеран од Панониja од Светото Римско Царство, (идните германци) или продаден како роб и побарал спас во Паристрион, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време. Со дозвола на Паристријскиот кнез Борис 1 оди во Охрид, во областа Кутмичевица во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.]]>

Во Охрид на денешен ден (27 јули) во 916 година се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Свети Климент Охридски е роден 836 година, бил еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиј бил истеран од Панониja од Светото Римско Царство, (идните германци) или продаден како роб и побарал спас во Паристрион, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време. Со дозвола на Паристријскиот кнез Борис 1 оди во Охрид, во областа Кутмичевица во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-se-upokoil-sveti-kliment-ohridski/feed/ 0
Почна одбележувањето на Бадник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-odbelezuvanjeto-na-badnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-odbelezuvanjeto-na-badnik/#respond Wed, 06 Jan 2021 10:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=452384

Со осветување на погачата и бадниковите гранчиња во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ почна одбележувањето на Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Во ограничен број, со почитување на сите заштитни мерки и протоколи и во присуство на годинашните кум и здравичар Никола Пановски и Миодраг Врчаковски, беше осветена погачата од страна на архипископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан. Бадниковите гранчиња беа делени на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата. Поради пандемијата, годинава изостана вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм, а не се одржаа ниту традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Од Здружението кое секоја година ги организира детските бадникови поворки информираа дека озвучено возило во придружба на полициски возила ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки односно од црквата свети Димитрија до Соборниот храм. – Овој пат, без физичко присуство на луѓе, песната „Вечниот Бог” ќе ечи од звучниците на возилото, во исто време, кога и на покана на „Бадникови поворки”, голем број деца и нивните семејства, во домашни услови, ќе ја пеат коледарската песна и ќе испратат силна заедничка молитва и порака за обединување на народот во вербата и надежта за подобро утре, информираа од Здружението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-odbelezuvanjeto-na-badnik/feed/ 0
Мицкоски со честитка: Св. Климент е дел од нашиот идентитет и значаен темел на нашето постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-sv-kliment-e-del-od-nashiot-identitet-i-znachaen-temel-na-nasheto-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-sv-kliment-e-del-od-nashiot-identitet-i-znachaen-temel-na-nasheto-postoenje/#respond Tue, 08 Dec 2020 08:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=440311

Доволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот празник Св. Климент Охридски. Радувај се Македонијо што го имаш Св. Климент, еден од најистакнатите ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, просветител кој описменил и образувал илјадници луѓе, не само на територија на Македонија, туку и пошироко, се наведува во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Со право го славиме Св. Климент чие духовното, книжевно и црковно наследство е значаен белег за нашиот народ и држава. Св. Климент не се штедел себе, и целиот свој живот го поминал помагајќи на другите, така денес е еден од најзначајните темели и на нашата света Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија. Св. Климент е еден од неколкуте наши знаменити личности кои оставиле светски белег и е вграден дел од нашиот идентитет како народ и земја, истиот оној кој денешната власт како неразбрани трговци го тргуваат, преговараат, се откажуваат. Тие кои се одрекуваат од нашите великани, и го понижуваат нашиот народ се понижуваат себе си, го валкаат нашето цивилизациско право да се повикуваме на нашите темели и она што сме како народ и земја. Деновите како денешниот се тука да не потсетат дека сме опстојале со векови и ќе опстоиме, допринесувајќи за светскиот развој и добробитта на народите ширум светот, порачува Мицкоски. Тој понатаму во честитката испраќа порака: „Свети Климент Охридски беше продолжување на низата која носеше светлина и писменост, ние да бидеме тие кои ќе обезбедат почит на таа низа, но и сигурност и иднина на нашиот народ. Нека е честит и вековит денешниот празник, и Бог нека е со нас. За многу години“!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-sv-kliment-e-del-od-nashiot-identitet-i-znachaen-temel-na-nasheto-postoenje/feed/ 0
Духовната доктрина на свети Климент Охридски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovnata-doktrina-na-sveti-kliment-ohridski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovnata-doktrina-na-sveti-kliment-ohridski/#respond Tue, 08 Dec 2020 07:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=440266

Митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско новозеландски г. Петар (Каревски) во 1982 година во Рим, на престижниот Грегоријански Папски Универзитет, ја одбрани магистерската теза со наслов „Духовната доктрина на свети Климент Охридски“. Трудот изработен под менторство на професорот П. Томас Шпидлик, публикуван од Преспанско-пелагониската Православна Епархија е фокусиран на животот и делото на свети Климент Охридски, нуди богато авторско истражување и ретки податоци во пет поглавја за кои од италијански, превод на македонски јазик направи м-р Момчило Павловиќ. Свети Климент Охридски е најдобриот следбеник на светите Браќа. Носејќи го со себе нивниот дух, тој го изградил најважното училиште од Охридската школа, првиот Универзитет на Балканот. Како учител, во периодот од 886 до 893 година, бил неуморлив во работата, создавајќи генерации на учени млади лица. Поради својата педагошка важност, треба да се знае дека 3.500 ученици изучиле во неговото училиште. Неговите следбеници протоѓакони, ѓакони и презвитери, биле испраќани во нутрите (парохиите), по 300 во секоја одделно. Некои од научниците ги подвлекуваат неговите заложби во економијата, во изградбата на болници, меѓутоа доволни би биле и заслугите што македонскиот словенски народ, поради негова грижа, направил важни чекори во културата, и не само од етничка гледна точка, посочува митрополитот г. Петар во трудот и додава дека свети Климент Охридски како учител имал прекрасен дидактичко-педагошки метод за кој што во Долгото житие се вели: -Ние никогаш не го имавме видено без работа, туку секогаш, дење и ноќе ги учеше младите да читаат и пишуваат на различни начини, некому покажуваше како се пишуваат буквите, на другите им ја појаснуваше смислата на Писмото, а на трети пак им ја водеше раката за да пишуваат. Понекогаш во исто време правеше две работи, пишуваше книги и ги подготвуваше младите за некоја наука. Свети Климент просветител и проповедник Епископската титула го поттикнала свети Климент да го извршува своето дело со уште поголем жар и посветеност. Тој како непосреден следбеник на литературното дело на светите Браќа, лично како автор се стремел за ширење на христијанската наука меѓу Словените со пишан збор и силно ја бранел науката и глаголското писмо кои што ги добил од своите учители. Зачувувањето на глаголицата претставува една од најважните карактеритики на Охридското училиште, нагласува митрополитот г. Петар во својот труд. -Свети Климент Охридски бил првиот пишувач на словенски јазик на Балканскиот Полуостров. Неговите пишани дела не биле целосно откриени, а кај нас се стигнати како преписи. Првото дело на свети Климент било откриено во 1840 година од теологот и славист В.Ундолскиј (1816-1864). Бројот на дела напишани од свети Климент е непознат, но извесно е дека меѓу другото има напишано 16 беседи и две житија за светите Браќа. Во литературата се наведуваат уште 60 беседи проповеди кои што според јазикот, стилот и содржината, сигурно му припаѓаат на свети Климент, се нагласува во трудот „Духовната доктрина на Свети Климент Охридски“. Во записите на Свети Климент верата е секогаш придружена со љубовта-„мораме да го сакаме Бога со сето срце, со сите мисли и со целиот ум, како ближниот, како самите себе“. Верата ги држи сите сили на душата, таа потекнува од длабочината на нашето битие, го движи разумот, волјата и чувствата. Верата, надежта и љубовта во записите на св. Климент Охридски соодветствуваат на духовните теми, односно молитвата, постот и милостината. Без молитва не е возможна духовност, молењето е човечка активност, највозвишено соврешенство на неговото дијалошко битие. Свети Климент препорачувал соборна молитва во црквата, тој инсистирал на заедничка молитва, особено за време на Литургија, каде што преку принесувањето на заеднички молитви се изразува универзалниот карактер на целата црква. Празниците на светителите Кога ги славиме празниците на светителите мора да се земе нивниот пример, нивната чистота, нивните доблести. –Мораме да ги следиме со нашето дело, со чистотата на нашата душа, просветлувајќи ги нашите срца и правејќи секогаш свети дела, посочува митрополитот г. Петар во неговиот магистерски труд посветен на Свети Климент Охридски. Проповедите на свети Климент се малку едноставни, меѓутоа се полни со лични примери и извонредна оригиналност. Тој секогаш велел дека човекот е одговорен за секоја грешна активност која што се искажува во личниот и општествениот живот. Во таа смисла, заклучува митрополитот г. Петар, треба да се проучуваат различните духовни теми во делата на свети Климент Охридски затоа што со постојано проучување на нив, ние всушност доаѓаме до заклучок дека молитвата претставува една сеопфатна целина преку која човекот се спасува. Свети Климент бил вистински учител, епископ и испосник, го читал Светото Писмо и делата на Светите Отци. Пишувал, преведувал, се грижел црквите да поседуваат словенски црковни книги. Во својата старост, иако болен, на кревет го преведувал Цветниот Триод од грчки на словенски. Потоа, откако починал, бил погребан (916 г.) во гробот што самиот за себе го имал ископано во задниот десен дел од храмот во својот манастир Свети Пантелејмон. Неговото свето тело останало во гробот во охридскиот манастир се до 15. век, а по уништувањето на манастирот, верниците го однеле неговото свето тело во црквата Света Богородица Перивлепта, а по Втората светска војна, во црквата Свети Никола Геракомија. Денес, моштите на свети Климент Охридски се во гробот на Плаошник во Охрид каде се наоѓаат Светиклиментовата црква и Светиклиментовиот универзитет. Марјан Танушевски (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovnata-doktrina-na-sveti-kliment-ohridski/feed/ 0