свети климент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 05:01:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свети климент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се празнува споменот на св. Климент Охридски и на големиот исцелител свети Пантелејмон https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-spomenot-na-sv-kliment-ohridski-i-na-golemiot-istselitel-sveti-pantelejmon/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-spomenot-na-sv-kliment-ohridski-i-na-golemiot-istselitel-sveti-pantelejmon/#respond Wed, 09 Aug 2023 05:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=864834

На 9 август (нс.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици. На овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон. Именден празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто,Панчо… Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј). Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник. Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните. Роден е во Никомидија во областа Витанија во Мала Азија. Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè", а подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив". Татко му бил паганин, а мајка му христијанка, којашто од мал го воспитувала во христијански дух. Но таа умрела додека тој бил мал, а татко му го дал да го изучува лекарскиот занает кај познатиот лекар Евстрогиј кој го лекувал и царското семејство. Така младиот Пантелејмон се стекнал со симпатии и од царот Максимилијан кој од учителот барал да не го жали трудот кога се работи за образованието на младиот ученик. Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки. Пантелејмон секој ден го посетувал својот учител Евстрогиј. Патот минувал покрај една бедна куќичка во која живеел еден стар свештеник по име Ермолај. Тој посакал Пантелејмона да го воведе во вистинската вера. Најпрвин го повикал и го распрашувал за неговите родители и за неговото верување. Тој му раскажал за сè искрено дека мајка му била христијанка и додека била жива го воспитувала во тој дух, а дека татко му е паганин зашто сака да остане во служба на царот. Потоа свештеникот му зборувал на Пантелејмон за вистинскиот Бог Исус Христос, за неговите чуда, за исцелувањето болни, за воскреснувањето мртви итн. Тие раскажувања го потсетиле на зборовите на мајка му за вредностите на вистинската вера и кај него се разгорела љубовта кон Бога. Така кога почнал да лекува Пантелејмон се повикувал на Господ. Еднаш на враќање од кај учителот на патот видел мртво дете каснато од змија, којашто лежела покрај детето. Пантелејмон најпрвин се исплашил, но кога се сетил на зборовите од свештеникот дека Господ е семоќен, се наведнал над детето и побарал за него лек повикувајќи ја Божјата сила. Тогаш детето се разбудило, а змијата умрела. Потоа Пантелејмон веднаш отишол кај свештеникот и се крстил. Подоцна лекувал и слеп човек кого не можел да го излекува ниту еден лекар во империјата. Кога и него го излекувал кај свештеникот дошол и татко му и тој се крстил. Свети Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни болести. Кога умрел и татко му имотот го раздал на сиромасите, а тој лечел бесплатно. Особено внимателно ги лекувал христијаните што имале рани од мачењето. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот кој најпрвин се обидел да го врати во идолопоклонство, но Пантелејмон му одговорил дека ниту по цена на животот нема да се откаже од својот единствен Бог Исус Христос. За да му докаже на царот кој е вистинскиот Бог побарал од царот еден безнадежно болен што требало да го лекуваат идолските жреци, односно лекарите неверници. Откако тие не успеале да го излекуваат Пантелејмон и над него го повикал името на Исус по што болниот веднаш оздравел. По тој настан популарноста на Пантелејмон уште повеќе пораснала, а многумина поверувале во Исус Христос и се крстиле. Тоа, пак, уште повеќе ги разгневило лекарите кои од царот побарале да го погуби за да не привлече многумина во христијани. Поради тоа бил мачен, бесен, гребан по телото со остри предмети и горен со оган, а потоа фрлен во казан со растопено олово, но сето тоа јуначки го поднесол. Најпосле царот наредил да се исече со меч заедно со свештеникот Ермолај. Откако бил осуден на смрт, не со страв туку со радост тргнал кон губилиштето пеејќи ги Давидовите псалми. Потоа клекнал да се моли, а во тоа време џелатот замавнал со сабјата и го удрил по вратот, но на општо изненадување на насобраниот народ сабјата се искршила на безброј делови. Додека се молел Пантелејмон џелатот не можел да го погуби, иако повеќепати се обидувал. Дури откако ја завршил молитвата самиот побарал да го погубат. Тоа се случило во родното место Никомидија на 27 јули според стариот (или на 9 август според новиот) календар во 305 година. На Света Гора има голем манастир посветен на свети Пантелејмон во кој се наоѓаат дел од моштите на светецот. Во Македонија впечатливи градби посветени на св. Пантелејмон се Светиклиментовата црква на Плаошник, потоа црквите во Горно Нерези, Скопско, во Велес, манастирите во Кочанско, Штипско и други места. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-spomenot-na-sv-kliment-ohridski-i-na-golemiot-istselitel-sveti-pantelejmon/feed/ 0
Пешевска: Словенската писменост во Македонија е наша непроценлива културна оставнива која вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-slovenskata-pismenost-vo-makedonija-e-nasha-neprocenliva-kulturna-ostavniva-koja-vechno-kje-svedochi-deka-ovde-zivee-narod-so-koren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-slovenskata-pismenost-vo-makedonija-e-nasha-neprocenliva-kulturna-ostavniva-koja-vechno-kje-svedochi-deka-ovde-zivee-narod-so-koren/#respond Thu, 08 Dec 2022 13:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=772756

Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на академијата за Свети Климент истакна дека словенската писменост во Македонија е наша непроценлива културна оставнива која вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен. „Во црквите што ги изгради Климент и во Охридската книжевна школа свети огнот на писменоста, свети огнот на верата, свети огнот на вистината. Овој оган вечно ќе свети и ќе сведочи за тие што овде суштествувале многу пред нас, за нивните мисли, фантазии, за нашето минато. Словенската писменост во Македонија е нашата непроценлива културна оставнина, оти таа вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен, дека овде живее народ со традиција, народ со историја“, истакна Пешевска. Таа во својот говор потенцираше: -Во ова време кога македонскиот народ е соочен со тоа што некој од надвор се обидува да ни каже кои сме и што сме ние Македонците, да некој од надвор сака да ни наметне некаква заедничка историја, нашиот одговор е овој: „Македонскиот народ има свој јазик и своја историја како основа на македонската посебност, а Свети Климент Охридски е доказ за тоа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-slovenskata-pismenost-vo-makedonija-e-nasha-neprocenliva-kulturna-ostavniva-koja-vechno-kje-svedochi-deka-ovde-zivee-narod-so-koren/feed/ 0
Свечен настан на ВМРО-ДПМНЕ по повод 8-ми декември: „Свети Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-nastan-na-vmro-dpmne-po-povod-8-mi-dekemvri-sveti-kliment-ohridski-stozerot-na-makedonskata-gramotnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-nastan-na-vmro-dpmne-po-povod-8-mi-dekemvri-sveti-kliment-ohridski-stozerot-na-makedonskata-gramotnost/#respond Thu, 08 Dec 2022 13:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=772750

Денес во домот на културата „Билјана Беличанец“ – Скопје по повод празникот 8-ми Декември, Свети Климент Охридски, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Централната комисија за култура организираа свечен настан на тема – „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“.

На настанот се обрати  Александар Какасули кој што истакна дека јазикот е нашиот идентитет, Свети Климент е нашиот идентитет и Свети Климент е творецот на македонската нација, култура, и темелот со кој ја градиме нашата културна историја.

„Имам идентитет тоа значи дека имам нешто исто заедничко со моите претходници, со моите предци, за да го имам духот и благословот на моите предци потребно е да ги почитувам и да се борам да ги задржам делата што ни ги оставиле нам. Нивната борба, нивниот подвиг, нивната самоопределба да продолжи. За да го зачувам својот идентитет и својот јазик треба да ги почитувам нив, бидејќи така сме настанале ние. Особено ние како Македонци мора да внимаваме и да се бориме за нашиот македонски јазик бидејќи тој е нашата светост. Јазикот е нашиот идентитет, Свети Климент е нашиот идентитет, Свети Климент е творецот на македонската нација, култура, и темелот со кој ја градиме нашата културна историја. Свети Климент е деецот на историското проникнување на историската цивилизациска свест во македонската современа духовна и културна традиција. Токму дејноста на светите Климент и Наум Охридски се втемелени во континуитетот на македонската културна историска насока и идентитет. Има работи во животот за кои вреди да се бориш ова е тоа време ова е таа наша борба ова е борбата за иднината на Македонија“, истакна Александар Какасулис.

Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска истакна дека словенската писменост во Македонија е наша непроценлива културна оставнива која вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен.

„Во црквите што ги изгради Климент и во Охридската книжевна школа свети огнот на писменоста, свети огнот на верата, свети огнот на вистината. Овој оган вечно ќе свети и ќе сведочи за тие што овде суштествувале многу пред нас, за нивните мисли, фантазии, за нашето минато. Словенската писменост во Македонија е нашата непроценлива културна оставнина, оти таа вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен, дека овде живее народ со традиција, народ со историја“, истакна Пешевска и додаде:

„Во ова време кога македонскиот народ е соочен со тоа што некој од надвор се обидува да ни каже кои сме и што сме ние Македонците, да некој од надвор сака да ни наметне некаква заедничка историја, нашиот одговор е овој: „Македонскиот народ има свој јазик и своја историја како основа на македонската посебност, а Свети Климент Охридски е доказ за тоа“.

Свое обраќање имаше и  Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој што истакна дека тука се мисиите и на Кирил и Методиј, создавањето на глаголицата, преведувачките школи и можеби она најважното црковната и просветителската дејност на Свети Климент Охридски.

„Тука на Балканот, во Македонија се родила македонската ренесанса. Знам чудно е, многумина од нас не слушнале досега за терминот македонска ренесанса, и јас немав слушнато затоа што и не сме го учеле како тема по историја. Патем онаа ренесанса што сите ја знаеме започнува во 15-тиот век под влијание на италијанските хуманисти. Со овој поим се означува периодот на македонската династија која владеела со Источното Римско Царство. Односно Византија и тоа од 867 до 1056-та година. Овој термин во историјата на уметноста позната како средна византиска ренесанса или прва византиска ренесанса. Терминот македонска ренесанса првпат е употребен на Универзитетот Пристон во 1948 година од страна на Курт Вајцмен. Македонската ренесанса во уметноста е во директна врска со христијанството најмногу во црковната архитектура и сликарство односно фреско сликарство. Сите знаеме дека Ангелот од Курбиново и Оплакувањето на Христос во Св. Пантелејмон се ренесанса пред ренесансата на Џото“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Љутков додаде дека тука се мисиите и на Кирил и Методиј, создавањето на глаголицата, преведувачките школи и можеби она најважното црковната и просветителската дејност на Свети Климент Охридски.

„Свети Климент е темелот на образованието. Па така ако ги бараме корените на нашиот образовен систем секако ќе стигнеме до Свети Климент Охридски. Неговиот Универзитет е прв во светот. Свети Климент имал 4.000 студенти“, појасни Љутков.

Тој нагласи дека да се имаат во континуитет Аристотел, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Пејчиновиќ, Санаидски, Крчовски, а потоа и Жинзифов, Пулески, Чуповски и пред се Мисирков како и Рацин и Конески, и денес образовниот систем во Македонија и науката да исчазнуваат не е воопшто за пофалба. Но, сеќавајќи се на овие просветители Македонија има можност да се промени и да се врати образованието на правиот пат.

Проф. м-р Мими Ѓорѓоска – Илиевска истакна дека во Македонија постои огромна почит кон светецот Свети Климент Охридски кој дејствиено се вградува во колективната свест и во трајната меморија на македонскиот народ.

„Човековата минливост му пркоси на времето и на заборавот со големи дела. На овој значаен празнуван христијански ден кога го славиме светецот, мисионерот епископот проповедникот народниот заштитник исцелителот книжевникот музичкиот педагог билкарот возвишениот Свети Климент Охридски ја разбираме вредноста на вечната вистина. Бројни се податоците за Свети Климент Охридски поврзани со неговата дејност и неговите дела. Имаме изобилство на текстови во кои е претставена и опишана дејноста на светецот и ја покажуваат трајната вредност на она што како дело го оставаме зад себе. Големиот светец со својата просветна дејност вградена во безпоштедната борба и одбрана на Кирилометодиевсите наследства ука и традиција олицетворена преку Охридската книжевна школа и нејзиниот културен и духовен плашт раширен врз голем дел од словенскиот род како и со секојдневното животно подучување на обичните луѓе ја потврдува длабоката констатација дека почитта не може да се побара а потоа лесно да се добие. Почитта единствено може само да се заслужи. Со блискоста и непосредноста на Климент кон обичниот народ, со својот татковски совет тој на народот му изгледал пристапен и дофатен. Народот во него почнал да ја наоѓа заштитата и поткрепата во тешките моменти. почитта на Македонците кон Свети Климент не е условена таа е изградена на она едноставно човечко чувство кое може да се опише како внатрешен мир и спокој кој необјасниво доаѓа во нас со нечие присуство. Во Македонија не постои само култ кон светецот, туку во Македонија постои огромна почит кон светецот кој дејствиено се вградува во колективната свест и во трајната меморија на македонскиот народ“ нагласи Мими Ѓорѓоска – Илиевска.

Александар Јорданоски, член на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Свети Климент е најсилниот ластар кој израсна во стебло стожарник од никулецот што почна да рти писменоста и која се рашири во половина Европа.

„Свети Климент е најсилниот ластар кој израсна во стебло стожарник од никулецот што почна да рти писменоста и која се рашири во половина Европа и почетокот на рушење на табуата дека писменоста, науката и културата се привилегија на тогашните елитни јазици, латинскиот и старо грчкиот. А, нашите први учени Свети Кирил и Методиј уште пред десетина века ја зачнаа авангардата на самостојно критичко размислување и покажаа дека овој простор раѓал, раѓа и во иднина ќе раѓа личности кои ќе ја чуваат самобитноста на националните признаци“, истакна м-р Александар Јорданоски, член на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Јорданоски посочи дека Свети Климент како еден од најпроникливите следбеници на вон сериското дело на Светите Кирил и Методиј, тој не само што ја продолжи нивната мисија на описменување и просветлување, на Охридскиот рид создаде образовен систем препознаен во науката како Охридска книжевна школа. Тој систем беше зачнат со околу 3.500 ученици кои во вековите кои што претстоеја создаде амбиент за народот кој го прими тоа семе да не биде слеп при очи и глув при уши.

„Далековидоста на неговата упорност ги надминува и државотворните елементи на еден народ и империјалните амбиции и големите влијанија во светот. Образовниот систем на Свети Климент надживеа и краткотрајни средновековни кнежевства и долговечна империја и световни војни. Денешницата пред ваквото дело со сиот систем, технологија и финансии што ги поседува треба да се запраша самата себеси за својата краткотрајност и постојаниот процес на вечните реформи. Овде се поставува прашањето дали единката создава систем или системот ја загрозува единката“,нагласи Јорданоски.

Проф. д-р Михајло Марковиќ истакна дека има историчари кои имаат различни мислења за тоа дали Св. Климент е роден во Солун или Охрид, но тоа што е сигурно е дека се родил во Македонија и со тоа е наш Македонски просветител.

„Свети Климент се родил околу 835 година во Македонија, точно се знае местото на раѓање. Местото на раѓање е Македонија, библиската земја. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, но можеби се родил и во Охрид, но во секој случај станува збор за раѓање во Македонија, на нашата земја на наша почва и тоа е наш македонски просветител“ истакна Марковиќ.

Тој додаде дека Македонците немаат никаква потреба да го бранат македонскиот јазик бидејќи фактите го прават тоа.

„Ние Македонците немаме никаква потреба да го браниме и да се срамиме од нашиот македонски јазик, туку напротив, фактите се на наша страна. Треба силно да удриме со вистината и да ја подржиме само светлината. Македонскиот јазик е основа за сите словенски јазици за што сведочат светите македонски браќа Кирил и Методи и светите духовни браќа Македонци Климент и Наум Охридски“, потенцираше Марковиќ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-nastan-na-vmro-dpmne-po-povod-8-mi-dekemvri-sveti-kliment-ohridski-stozerot-na-makedonskata-gramotnost/feed/ 0
Мицкоски на свечената академија за Свети Климент: Длабоко ме разочарува отсуството на стратегија на власта, тие се најдобрите асови на бугарската политика и не се патрони на македонските интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-svechenata-akademija-za-sveti-kliment-dlaboko-me-razocharuva-otsustvoto-na-strategija-na-vlasta-tie-se-najdobrite-asovi-na-bugarskata-politika-i-ne-se-patroni-na-makedonskite-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-svechenata-akademija-za-sveti-kliment-dlaboko-me-razocharuva-otsustvoto-na-strategija-na-vlasta-tie-se-najdobrite-asovi-na-bugarskata-politika-i-ne-se-patroni-na-makedonskite-interesi/#respond Thu, 08 Dec 2022 13:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=772747

Ликот и делото на Светиот Климент Охридски се длабоко врежани во нашата македонска историја и култура. Климент Охридски и после повеќе од еден милениум се уште е нераскинлив дел од меморијата на Македонија и Македонците. Така е и така ќе остане затоа што со својот живот и со својата дејност остави неизбришлив траг не само тука на овие простори, туку и многу пошироко во целиот словенски свет, порача денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свечената академија за Свети Климент. -Неизмерно сме горди што неговото дело е препознаено и признато како европска и цивилизациска големина достојна за почит. А, како не би било кога Климент Охридски е еден од втемелувачите на словенското просветителство. Како еден од најревносните и најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј, достојно го продолжил нивното дело и од Охрид нашиот Ерусалим направил културен и духовен центар од кој се ширела словенската култура и книжевност. Ракоположен за прв словенски епископ неуморно работел на издигање на својот народ. Бил основоположник на охридската книжевна школа, првиот словенски универзитет во кој творел и преведувал книги и образувал над 3.500 свои ученици. Со тоа се смета за достоен продолжувач на Моравската мисија во која и самиот учествувал и дал свој придонес. Борбата за описменување на родот свој и спречување на асимилацијата ја продолжил до крајот на својот живот и затоа бил и останал духовен водач на овие простори. Се борел против латинизирањето, се борел против асимилирањето на Словените, се борел против сето она кое што значела неправда, рече тој. Мицкоски потенцираше: „Ете затоа тој и денес е инспирација за нас Македонците во овие времиња на предизвици и негирања. Неговата неуморна работа покажува дека нема проблем на кој не можеш да му се спротивставиш и надминеш. Нема сила која може да ја победи цврстата волја на еден народ да се издигне и сплоти против оние кои сакаат да го негираат и асимилираат. Светиот Климент Охридски пред еден милениум знаел дека преку духовно обединување и образование на своите браќа и сестри можат да се достигнат сите победи на еден народ. Неговото верују мора да биде повторно нашата ѕвезда водилка во овие нови времиња. Мораме како народ и како нација да инвестираме во образованието на нашите деца. Образованието било и ќе остане најсилното оружје на една држава. Неговата книжевна школа и неговиот универзитет се аманет и за нас денес. Да градиме индивидуи вооружени со знаење и вештини кои успешно ќе се справуваат со внатрешните и надворешните предизвици. Да изградиме генерации кои со своите силни капацитети ќе се спротивстават на било која злоупотреба, атак или современа форма на поништување. Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само еден грамотен народ е силен и неуништлив. Денес грамотен народ може да се спротивстави на современото зло на корупција и криминалот кој ја уништуваат нашата заедница и држава. Грамотен народ може да се спротивстави на полуписмени самонаречени владејачки елити кои го цицаат својот граѓанин до исцрпување“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не попусто велат “уништи го образованието на еден народ и тогаш целосно си го завладеал“. -Ние имаме историска должност, повторувам имаме историска должност, тоа да не го дозволиме. Ние имаме историска должност да оставиме подобро образувани генерации после нас кои ќе продолжат подобро и поуспешно да ја градат Македонија од нас. Гордоста и успехот на секој учител е неговиот ученик да го надмине. Гордост и успех за нас е да направиме силни, образувани и успешни генерации кои ќе ја  продолжат борбата за успешна македонска иднина тука дома, во Македонија. Тоа е аманетот на светиот Климент кој мораме да го продолжиме. Ние Македонците немаме проблем со тоа да ги споделуваме нашите вредности. Свети Климент во таа смисла му припаѓа на секој еден народ кој сака да ги споделува вредностите кој тој ги почнал и ширел од нашата Македонија. Но имаме проблем со тоа кога ударите доаѓаат по темелите, кога врз делото на свети Климент се прави политика, и кога неоправдано се присвојува од источниот сосед, притоа негирајќи се што е македонско. Нашата Света православна црква е Свети Климентова, но и нашата писменост се гради врз неговото слово, и словото на неговите учители. И мене не ме обесхрабрува таа битка да ги штитиме темелите, но длабоко ме разочарува отсуството на стратегија на заштита на тие темели од тие кои живеат во истиот наш дом, а сега се за жал уште кратко власт. Веројатно тие се најдобрите асови на бугарската политика, но лошо е што не се патрони на македонските интереси. И таквите свои компромиси болни за нацијата се многу полезни за нивните кариери затоа што на тој начин тие опстојуваат на тие места неизбрани од народот по игра на случајност сместени во фотелјите платени од тој ист народ, рече Мицкоски. Тој истакна: „Но, нашиот предизвик е да ја извадиме државата од бездната на постојаното тонење во калта во која сите сакаат да не извалкаат. 20 процентната инфлација е она што го боли народот, и тоа што храната поскапела за близу 30 проценти во просек за само една година. Тоа значи за 30 проценти е посиромашно секое семејство од лани и за исто толку повеќе има гладни луѓе. Сонува и копнее овој народ за подобар живот но со гладни стомаци, додека власта лаже со полни паричници и џебови. Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите со приватните превозници додека проблемите не се решаваат. Навистина како човек одбивам да влегувам во реториката на обвинувања и недораснати потези каде поважно од решенијата им е да се знае кој бил виновен, и лагите кои непресушно ги кажуваат додека народот страда. И една заедничка порака до коалицијата на хаосот, престанете да правите политика врз грбот на народот и испорачајте решение на проблемите. Вие сте власт и вие ја имате одговорноста наместо пинг понг игра да ги решите проблемите. Престанете да си поигрувате со интелигенцијата на овој народ. Едната на благодарение на вас е таму каде што е, а овој другиот благодарение на лесната рака за потпишување предавнички договори и се уште опстојува. И едниот и другиот имаат одговорност да ги решат проблемите кога тајно се среќаваат во Владата наместо да шират лаги и да ја префрлаат топката од која што штета имаат скопјани и граѓаните во Македонија. Секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме“. Во својот говор потенцираше дека криминалот и корупцијата го уништуваат системот. -И тоа е старата болка на оваа власт за која зборуваме секојдневно. И по објавувањето на информацијата дека американски истражители ќе дошле да откриваат криминал, навистина се смешни но и трагични оние изјави од власта како тоа истите тие ќе го поддржеле. Сакам да бидам прецизен и јасен, дваесет години имаме една политичка партија која е во власт во Македонија. Дваесет години. Седум години истиот овој министер за внатрешни работи е министер за внатрешни работи. Пет години, повеќе од пет години апсолутна власт. Не може луѓето кои што се креатори на истата таа корупција и криминал, кои што се сојузници на криминалците, кои што денеска се уште за волја на вистината уште кратко ги водат тие институции да ги решаваат проблемите со криминалот и корупцијата. Затоа што тие се луѓето кои што се креатори на истиот тој криминал и корупција. Зошто многу се зборува за криминалот и корупцијата? И јас често пати во моите говори криминалот и корупцијата и борбата против истите тие криминал и корупција ги поистоветувам со делата на Илинденците, со делата на Асномците. Затоа што тоа е основата за уништување на една нација. Ако имате корумпирани политички елити кои што ја водат ,државата, тие имаат Ахилова пета, а кога ќе имате Ахилова пета тогаш не носите одлуки кои што се од интерес на вашиот народ и вашата држава туку носите одлуки затоа што тој што ве корумпирал и ве криминализирал и ви наредува да носите такви одлуки. Односно да бидам попрецизен носите одлуки кои што се од интерес на другите. Кога не носите одлука која што е од интерес на народот и државата, тогаш таа се атомизира. Тогаш таа се рони, тогаш идентитетот се губи, и конечно на крај се губи и државата. Затоа битката против криминалот и корупцијата денеска и најмалата победа во таа битка е подеднаква на куршумот кој што го примил в гради и Гули и останатите Илинденци. И најмалата победа во оваа битка е подеднаква на маката на Шатев, подеднаква е на маката на оние македонски преродбеници и дејци кои што се бореле и сонувале за своја македонска држава во срцето Балканот. Ако нешто денеска претставува опасност за македонскиот идентитет, за македонскиот народ и македонската држава тоа е високото, екстремно ниво на корупција, вели тој. Мицкоски продолжи: „Често пати ми го поставуваат прашањето што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ за ова. ВМРО-ДПМНЕ си има своја политика и си има своја програма. Но, не треба многу да лутаме во одговорот една година позади нас, градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ после онаа  историска победа на минатогодишните локални избори на два пати во првиот и во вториот круг и тоа е доволен доказ што значи храбро да се работи, посветено и чесно да се работи без ниту една афера која што се поврзува со криминалот и корупцијата. И тоа не се двајца или тројца, зборуваме за повеќе од 42 градоначалника и повеќе од 42 општини каде што ВМРО-ДПМНЕ има свој градоначалник или е дел од локалната власт. Има ли поголем показател што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ? Кога зборуваме за корупцијата, почитувани присутни, и кога зборуваме какво влијание има корупцијата и криминалот во македонскиот идентитет и зачувување на македонската држава треба исто така да сме свесни дека со корупцијата и криминалот имаме помалку пари во буџетите и во Владата, но и во општините. Затоа што тие пари завршуваат во џебовите на овие криминалци кои што кога ќе корумпираат политичар тие сакаат најмалку десеткратно да се наплатат повеќе од тоа. Затоа имаме помалку пари во буџетите на општините, помалку пари во буџетите на државата, помалку пари за образованието. А, во говорот кажав уништи му го на еден народ образованието, си го уништил народот. Имаме помалку пари за здравството. Ако немаме доволно силна превентива ќе имаме голем притисок во здравството. Ако тоа здравство не може да даде одговор на тој притисок, тогаш луѓето умираат, исчезнува една нација. Има помалку пари за пензии, на пензионерите и тие не можат да го поминат онака како го заслужиле оној дел од својот живот за кој што работеле целиот свој живот. Има помалку пари за земјоделците, затоа што некој тие пари ги краде. Има помалку пари за младите, помалку пари за студентите, помалку пари за студентски стипендии. Има помалку пари за нови градинки, за нови улици, за нови булевари, за нови автопати, за нова железница, за нови хидроцентрали, за нови термоцентрали. Има помалку пари за се. Кога има помалку пари за се, вие сте сиромашна држава и тогаш младите одлучуваат да ја напуштат таа држава. Сега веќе не само младите, туку тие кои што успеале да формираат семејство, заедно со семејствата ја напуштаат државата. И државата се празни. Има ли поголем удар по идентитетот на еден народ кога таа држава во кој што тој народ макотрпно се борел да ја создаде, се празни. Зошто? Затоа што нема вистинска шанса, нема вистинска шанса затоа што има, многу криминал и корупција. Затоа кога зборувам дека борбата со криминалот и корупцијата и секоја битка во таа борба која што ќе ја победиме е подеднакво силна како жртвата на Илинденците и Асномците. Да заклучам, не може никој денеска со истите оние луѓе кои што се причина за тој криминал и корупција се бори против криминалот и корупцијата. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, нови луѓе да ги водат тие институции и тогаш вистински ќе видат како се бори против криминалот и корупцијата. Да видат дали оние нарко банди така слободно ќе влегуваат во полициски станици и ќе ги вадат за уши јадните полицајци од внатре. Или ние ќе ги вадиме од таму каде што се за уши, па да видат што значи борба против криминал и борба против корумпираните политички елити“. На граѓаните им порача: „Мора да се кренеме гордо високо да ги направиме промените нашата заложба е да направиме големи чекори напред, да направиме големи победи заедно, и да ја покажеме разликата. Овој народ има срце и сила за големи работи. Ние тие заедно ќе ги издејствуваме, Македонија мора да сврти нов лист и нова страница од досегашното битисување и опстој. Нашата култура јазик идентитет се посебно обележје со кои што треба да се гордееме и да ги чуваме. Мисијата на Свети Климент Охридски треба да е поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност како должност и аманет. Со право го славиме Свети Климент чие духовно книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Нека е честит денот на Светиот Климент Охридски, нека е вечно неговото дело и нека ни е вечна нашата Република Македонија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-svechenata-akademija-za-sveti-kliment-dlaboko-me-razocharuva-otsustvoto-na-strategija-na-vlasta-tie-se-najdobrite-asovi-na-bugarskata-politika-i-ne-se-patroni-na-makedonskite-interesi/feed/ 0
Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред НУБ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladina-delegacija-polozi-cvekje-na-spomenikot-na-sveti-kliment-ohridski-pred-nub-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladina-delegacija-polozi-cvekje-na-spomenikot-na-sveti-kliment-ohridski-pred-nub-vo-skopje/#respond Thu, 08 Dec 2022 11:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=772700

Владина делегација составена од заменик министерот за правда  Агим Нухиу и  заменик министерот за финансии Филип Николоски, денеска по повод одбележувањето на државниот празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски“, положи цвеќе на споменикот на овој голем духовник и просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, што го носи неговото име. -Со одбележувањето на овој ден, го одбележуваме делото на Свети Климент Охридски, големиот ученик на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј чие име се поврзува со почетоците на македонската писменост. Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет Свети Климент Охридски“. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата, самобитноста и различноста, се наведува во соопштението од владината прес-служба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladina-delegacija-polozi-cvekje-na-spomenikot-na-sveti-kliment-ohridski-pred-nub-vo-skopje/feed/ 0
Мицкоски: Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-svetiot-kliment-pred-eden-milenium-znael-deka-samo-gramoten-narod-e-silen-i-neunishtliv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-svetiot-kliment-pred-eden-milenium-znael-deka-samo-gramoten-narod-e-silen-i-neunishtliv/#respond Thu, 08 Dec 2022 08:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=772594

Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив, напиша во честитката по повод празникот Свети Климент Охридски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Свети Климент Охридски, како што вели Мицкоски, е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот. -Свети Климент не се штедел себе, и целиот свој живот го поминал помагајќи на другите, така денес е еден од најзначајните темели и на МПЦ-ОА. Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговата мисија за описменување имаше за цел да се спротивстави на однародувањето и асимилацијата. Нашата култура, јазик и идентитет се посебно обележје со кои што треба да се гордееме и да ги чуваме. Но и делото на Свети Климент е завет да изградиме генерации кои со своите силни капацитети ќе се спротивстават на било која злоупотреба, атак или современа форма на поништување. Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив. Денес грамотен народ може да се спротивстави на современото зло на корупцијата и криминалот кој ја уништуваат нашата заедница и држава. Грамотен народ може да се спротивстави на владејачки елити кои го злоупотребуваат народот до исцрпување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Гордост и успех за нас, како што посочува тој во честитката, е да направиме силни, образувани и успешни генерации да ја продолжат борбата за успешна македонска иднина тука во Македонија. -Мисијата на Свети Климент Охридски треба да е поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност како должност и аманет. Со право го славиме Свети Климент чие духовното, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!, истакнува Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-svetiot-kliment-pred-eden-milenium-znael-deka-samo-gramoten-narod-e-silen-i-neunishtliv/feed/ 0
Го славиме Свети Климент Охридски-Чудотворец: Заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-slavime-sveti-kliment-ohridski-chudotvorec-zashtitnik-na-gradot-ohrid-i-na-celiot-makedonski-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-slavime-sveti-kliment-ohridski-chudotvorec-zashtitnik-na-gradot-ohrid-i-na-celiot-makedonski-narod/#respond Thu, 08 Dec 2022 08:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=772584

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 ноември. Денеска е Св. Климент Охридски-Чудотворец. За свети Климент Охридски, патронот на нашата Црква, првиот словенски епископ со Дух напоен од Бога, нашиот Старец, молитвеник, духовник, беседник, просветлител, учител… речиси и да немаме конкретни биографски податоци. Не се знае кога е роден, каде се школувал, кои се неговите родители и сл. Изворите молчат, но житијата никогаш немале за цел да ги изнесуваат личните моменти од животот на светителите, туку нивните богоугодни дела, нивните подвизи и жртви. Со иста таква цел и во спомен на овој голем наш светител и Божји угодник се напишани и овие редови. Се претпоставува дека се родил во периодот од 830 до 840 година. Во Пространото Климентово житие пишува: „тој го познавал неговиот (Методиевиот) живот како никој друг, бидејќи пошол по него од најмлади години и со свои очи ги видел сите дела на својот учител“. Поради оваа блискост со свети Методиј, најверодостојна и најподдржана е тезата дека тој потекнувал од Македонија, или од Струмичко-брегалничката област каде со словенското кнежество управувал свети Методиј пред да замине во Мала Азија, или од Охрид, или пак, со помала веројатност од Солун. По заминувањето на свети Методиј од светот, со цел „целиот свој живот на Христа Бога да Му го посвети“ во манастирот на Олимп, со него заминале и свети Климент и свети Наум. Се смета дека двајцата таму биле замонашени. Дури и се мисли дека пред Моравската мисија, свети Климент учествувал и во Хазарската мисија. Во Моравија тој им помагал на своите духовни отци и учители светите Методиј и Кирил во мисијата. Уште пред тоа, тој учествувал во подготовките за мисијата, односно во преводите на библиските и литургиските текстови, каде што се здобил со огромно знаење кое ќе биде темел на неговото подоцнежно големо животно дело. Подоцна, заедно со рамноапостолните браќа светите Методиј и Кирил во 868-869 од Моравија пристигнал во Рим, каде што бил сведок на Божјиот благослов и потврда на делото на неговите учители и бил ракоположен во свештенички чин. Таму тие со себе ги понеле и моштите на римскиот папа и маченик свети Климент, кои ги пронашол свети Кирил, и се претпоставува дека при ракополагањето на свети Климент во свештенички чин можно е да го добил името во спомен на светиот папа Климент. По упокојувањето на свети Кирил во 869 година, свети Климент и другите негови собраќа заедно со свети Методиј повторно се вратиле во Моравија. Тука продолжиле да ја извршуваат мисијата под раководство на сега веќе архиепископот Методиј сè до неговата смрт. На теренот на оваа словенска земја се изодени првите чекори на словенската богослужба и писменост, откако пред тоа свети Кирил ја создал словенската азбука – глаголица. Иако и претходно не биле мирни во своето дело поради непријателите на словенскиот јазик, по смртта на свети Методиј во 885 година за неговите ученици започнале деновите на прогон и мачеништво. Во Моравија се случиле трагични мигови за словенската богослужба и писменост. Таму тие претрпеле големи искушенија: останале „без храна и облекло“, трпеле измачувања, прогони, навреди, фрлани биле во затвори, со неколку збора – преживеале сцени од житијата на мачениците, но и ни оставиле доказ како да се истрае во искушенијата. „Бог е милостив“ и Тој им дава сили на своите избраници да издржат. По тие тешки мигови и по смртта на свети Горазд, едни од учениците отишле во Бохемија, каде што го ширеле делото на словенски јазик до крајот на 11. век, а другите, Климент, Наум и Ангелариј преку Белград дошле во Плиска кај царот Борис, кој покажувал интерес за вакви луѓе поради потребата од ширење на христијанството на словенски јазик, а извесен број по заобиколен пат преку Венеција и Цариград дошле во Бугарија. Набргу потоа во 886 година свети Ангелариј подлегнал на раните здобиени во прогонот, свети Наум останал како управник на Преславската школа, а свети Климент заминал за Кутмичевица. Во науката сè уште со сигурност не се знае каде се наоѓа оваа област, претпоставките се насочени кон тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Грција. Девол, Охрид и Главеница биле три населби во областа Кутмичевица. Тука тој го започнал најплодниот дел од својот живот, на кој ќе му посветиме најмногу внимание. Со ова не сакаме да кажеме дека претходниот дел од неговиот живот не го сметаме за важен, далеку од тоа, бидејќи тој е темел на сето она што подоцна ќе следува, неговото богоугодно дело. Можно е свети Климент да присуствувал кога свети Кирил вдахновен од Светиот Дух, користејќи ги трите христијански симболи: крстот, триаголникот и кругот ја создал старословенската азбука глаголица. Покрај светите браќа Методиј и Кирил тој ја развил својата љубов кон Бога и пишаниот збор. За свети Климент браќата биле жив пример и образец за неговото лично издигање и усовршување. Знаеме дека тој им помагал на своите учители во преводот на богослужбените и литургиските книги на старословенскиот, подоцна црковнословенски јазик, кој е кодифициран како литературен јазик врз основа на македонскиот словенски говор од Солунско. Благодарение на претходниот период од својот живот, под будното око и духовното раководство на своите учители, рамноапостолните првоучители на сесловенскиот народ светите Методиј и Кирил и, пред сè, со Божја помош и промисла тој станува богоподобен… „Откако настрада, како ангел се јави на земјата, озарувајќи ги, преподобен, секогаш срцата на верните со богопознание, заради тоа со љубов те почитуваме, Клименте“, вели непознатиот негов ученик во Службата која ја составил во негов спомен. По доаѓањето во Охрид тој веднаш се зафатил со устројување на областа која му била доделена, со посебна грижа кон својата паства. Тука, како еден од најистакнатите ученици на светите Методиј и Кирил, достојно го продолжил нивното дело. Може да се каже дека тој повторно ги поставил основите на старомакедонската-словенска писменост, одејќи по стапките на своите духовни отци. Свети Климент проповедал и богослужел на разбирлив народен јазик. За таа потреба подигнал цркви и манастири и ја основал Охридската книжевна школа. Тој бил организатор и главен претставник на Охридската школа. Така, Охрид станал црковно и книжевно жариште на македонската, но и на сесловенската писменост. Главна дејност на Климент била просветлување на народот и негово припојување кон Христа. „На светот Христос тебе те даде, богоблажени, за пастир на луѓето, откако ти го довери стадото одбрано, а ти, светителе, сјаеш како сонце и ги озаруваш тие молитвеници“, пишува во Службата. Голем е неговиот влог во литературата и пишаниот збор, но не смееме да заборавиме дека свети Климент, пред сè, бил претставник на Црквата Христова. Неговите дела биле создадени во слава на нашиот Спасител Исус Христос и несомнено со Негова помош. Тој седум години самостојно ја вршел црковно-просветната дејност, учителствувал и вредно работел на своето дело. Но за да го оствари сето она што го замислил, нему му била потребна помош. По неговото востоличување за епископ Велички во 893 година покрај него доаѓа неговиот возљубен собрат свети Наум, неговиот достоен помошник, придружник и соподвижник, и тој го презема раководењето со Охридскиот книжевен центар. Тие секогаш со заеднички сили дејствувале. Уште од мали биле тесно поврзани, ги придружувале Солунските браќа уште пред словенската мисија и од нив добивале најодговорни задачи. Тие во сè работеле со удвоени сили како апостолите и како нивните учители. Така делото на своите духовници го продолжиле нивните ученици свети Климент и свети Наум, на тој начин доближувајќи им се на црковните отци. Преку љубовта кон Бога и своите ближни тие станале достојни продолжувачи на апостолското предание и дело. Свети Климент, еден од најблиските ученици на светите Методиј и Кирил, прв епископ на словенскиот јазик, заедно со својот соподвижник ги поставил темелите на ова велико дело. Во грчкото житие на свети Наум се вели: „А божествениот Климент, кога го зеде дивниот Наум, сличен нему по дела и слово, преминуваше од место на место… просветувајќи со проповед разни градови и краеви“. Бидејки топонимите Кутмичевица, Дремвица и Велика се непознати, се претпоставува дека Климентовата епархија била со центар во Охрид и неговата околина, но некои проучувачи на делото на свети Климент велат дека таа се простирала до централна Македонија, а можно е и да ги опфаќала Струмичкиот и Брегалничкиот крај. Преку дејноста на Охридската книжевна школа, со длабока љубов и почит кон делото на нивните учители тие го просветлувале народот паднат во гревовен мрак. Сведочеле за Бога и на луѓето им го покажувале патот кон Него, патот на спасението и Вистината. Ја продолжиле традицијата на своите учители, со доследно придржување до наследството на светите браќа. Со тоа ни го покажуваат значењето на послушанието и љубота кон духовните отци. Тие ги спроведувале изворните идеи на своите учители. Охридската книжевна школа уште се нарекува прв словенски универзитет. Тука како најдоследни бранители на делото на светите Методиј и Кирил тие жилаво го чувале и бранеле во неговата целокупност, пред сè, во поглед на писмото. Основна карактеристика на Охридската книжевна школа била глаголицата. Доказ за тоа се најстарите зачувани словенски ракописи од крајот на 10. и почетокот на 11. век, пишувани на глаголско писмо: Маринско и Зографско евангелие, Синајски псалтир и Синајски евхологиј, Македонски листови, Асеманово евангелие и др. кои потекнуваат од оваа школа. Ракополагањето на свети Климент за прв словенски епископ претставувало дефинитивно оформување на црковната организација со словенска хиерархија и богослужби на народен јазик. Со ова целата мисија добила конечна форма и трајност. Постои претпоставка дека е можно тој многу порано, уште од раката на свети Методиј да бил ракоположен за епископ, назначен токму за оваа област, бидејќи Архиепископијата на свети Методиј ја опфаќала и централна Македонија. Манастирите на свети Климент и свети Наум биле црковни и просветни центри, наставата се вршела во нив, таму се давала основна писменост. Свети Климент ги учел своите ученици да пишуваат, да препишуваат и самостојно да создаваат дела, „им ги објаснуваше подлабоките места од Писанијата“. Тој ги учел учениците на црковниот ред и на „псалмопение“, што кажува за неговата музичка поткованост. Во Охридската книжевна школа се подготвувале 3500 ученици, кои подоцна во групи од по 300 биле распоредени низ целата епархија. Едни од учениците биле ориентирани кон црковна дејност, други кон книжевна. Се препишувале и преведувале богослужбени книги, но и се создавале оригинални дела кои претставуваат класични творби на старата црковнословенска литература, составени според нормите на византиската поетика. Исто така, под раководство на свети Климент и свети Наум, во Охридската книжевна школа се дооформиле и комплетирале богослужбените книги, односно она што не можело да се доврши во Моравија. Како доказ за тоа служи фактот што најмногу стари ракописи со црковни служби потекнуваат од Македонија и носат белези карактеристични за Охридската книжевна школа. Благодарение на Охридската книжевна школа глаголицата се задржала во употреба уште повеќе од 2 века. Во Име и Слава на Бога и по примерот на апостолите и сите Свети Отци, свети Климент „го учел клирот на работи што се однесувале до црковниот ред, за псалмопението и за молитвите“. Народот и учениците ги „хранел“ со поуки и им „станал татко на сиромасите и заштитник на вдовиците“. Тој, преземајќи ја паствата, богослужбата и просветата во свои раце, успеал да изгради силен свештенички и учителски кадар. Ракополагал чтеци, ѓакони, свештеници и епископи и подготвил многуброен млад црковен кадар. Со тоа тој ја организирал нашата Црква на цврсти основи. Ова оди во прилог на тоа дека тие, пред сè, ја ширеле Христијанската вера и проповедале за Вистината, ја вовеле словенската богослужба, а заедно со тоа и писменоста. Богатството на ранохристијански споменици ни кажува дека таму христијанството живеело, но свети Климент со својата организација и дело му дал нова цврста форма, која трае и до денес. Свети Климент и свети Наум во духот на христијанството го продолжиле делото на сите кои делувале и се подвизувале на ова тло, од светиот апостол Павле, преку свети Еразмо Охридски и сите останати знајни и незнајни исповедници на Христовата вера. Тие го организирале монашкиот живот, столбот на Православната Црква, граделе цркви и манастири со впечатливи и високо-уметнички живописи. Според тоа, може да заклучиме дека таму се изучувало иконографија, фрескопис и мозаик, бидејќи веќе знаеме дека црквата на свети Климент е урнек на нови црковни градби. Ова кажува дека во Охрид свети Климент успешно го организирал црковниот живот и развил плодна дејност. Како епископ, вистински „пастир кој ја полага својата душа за својата паства“, свети Климент„ им станал на сите сè“. За таа потреба тој и ги пишувал своите дела. На јазикот кој штотуку ја доживеал својата писмена пројава, Климент создавал прекрасни дела. Ги создавал првите дела на литературниот словенски јазик, откако неговите учители го поставиле темелот со глаголицата. Преку неговите дела ги гледаме стилските и емоционалните можности на старословенскиот јазик, кој штотуку почнал да се оформува како литературен. Затоа се вели дека Охридската книжевна школа станала расадник на црковна писменост. Свети Климент, освен што работел на преводите на потребните богослужбени книги и друга богословска литература, бил и автор на оригинални дела: слова, поуки, пофални слова, пофалби, канони и житија. Житието вели: „Никогаш не го видовме да бездејствува… или се оддаваше на молитва, или се занимаваше со читање, или пак пишуваше книги… составил прости и јасни слова за сите празници… ја снабдил Црквата со псалмоподобни песнопенија“. Свети Климент се смета за еден од првите, најистакнати, најнадарени и најплодни писатели на старата словенска литература. Тој создавал творби со практична религиозно-просветна намена и со дидактичка и егзегетска содржина, кои можат да се споредат со најдобрите обрасци во византиската литература и беседништво. Тој бил втемелувач на најстарата оригинална словенска книжевност. Преку квалитетот на неговите творби и неговата споредба со најголемите учители на Црквата, добиваме слика за неговото образование. Се смета дека се образувал во високи византиски школи, но пред сè, под закрилата на своите учители, од кои го добил најпотребното и највредното знаење. Од нив добил мудрост која се стекнува само со опит и живот посветен на Бога. За неговото образование нема пишан доказ, но според она што го напишал нема да згрешиме ако кажеме дека стекнал солидно образование и добро ја познавал византиската литература, па затоа можно е да учел во византиска школа. Во Охридската книжевна школа посебно место се посветувало на химнографијата, за што сведочат сочувани преписи на основните литургиски книги: триоди, минеи и октоиси. Тој е автор на повеќе канони. За да создаде такви големи химнографски дела, тој морал да биде и музички поткован, да ја познава многу добро црковната музика, црковната нотација, композиција и мелодија. Канонот е полистрофичка химнографска форма, најобемна и најсложена. За музичката активност на свети Климент дознаваме и од неговите житија. Тој ни се открива како музички педагог, композитор на духовни творби и преведувач на псалмоподобни напеви. Тој ги учел помладите на црковен ред и на „псалмопение“. Во својата поука за Вознесението Христово, свети Климент нагласува дека херувимската песна се пее „едногласно“, потоа: „И свјашченаја пјенија писанием прејдаде“. Како прилог кон големото дело кое произлегло од перото на свети Климент Охридски, повторно ќе се навратиме на неговите житија: Теофилакт сведочи дека свети Климент „богато ја снабдил Црквата со канони за пеење, при што едни од нив составил за многу светии, додека други – молитвени и благодарствени, составил во чест на Сенепорочната Мајка Божја“. Хоматијан пак, сведочи дека Охридскиот светец го напишал „целото Боговдахновено Писание, пофални слова, житија на свети маченици и преподобни и свештени песни“. Во својот манастир тој напишал најголем дел од своите творби. Изградил книжевна норма и напишал оригинална проповедничка и хагиографска литература, со што ги поставил основите на Охридскиот книжевен центар, кој го продолжил неговото просветно дело неколку векови по него. Бил педагог, плоден писател, родоначалник на црковното словенско беседништво и на словенската литература. За македонската и општословенската култура и просвета од огромна важост е просветителската и книжевната дејност на свети Климент. Со од Бога даруван книжевен дар тој им се приближил преку своите дела на најголемите Отци на Православната Црква, како што се: свети Јован Златоуст, свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и многу други. Затоа често бил, и денес е споредуван со нив, а во црковните зборници и книги неговите дела се секогаш заедно со нивните. Силното влијание на Охридската книжевна школа се чувствувало со векови не само во Македонија и кај другите јужнословенски народи туку и во Русија. Неговото дело се раширило и надвор од македонските граници и добило сесловенски карактер. Големиот број на преписи од неговите дела, преку 1000, кажуваат колку тие биле омилени и барани од црковните кругови. Делата на овој светител биле прифатени во целиот православен словенски свет и ги поставиле основите на црковно-манастирските библиотеки. Благодарение на делото на свети Климент и свети Наум, во православните словенски земји црковно-словенскиот јазик останал како заеднички јазик, сè до создавањето на современите словенски јазици. Свети Климент и свети Наум биле просветители и учители. Но, денешното значење на зборот просвета не се совпаѓа со она старословенското „просвештение“, односно просветлување кое значи апостолство, мисионерство. Освен просвештението со крштение – преку црковни обреди и служби, просвештението со братољубие – преку живот според евангелскиот принцип и љубов, свети Климент се залагал за просвештение со букви – преку описменување и книги. Тој уште во 886 година ја започнал својата просветна дејност. Настан со општословенско значење, важен пресврт во духовниот живот на нашиот народ и почеток на нов период во нашата историја. Така Охрид станал најважен центар на словенската култура. Главна дејност на свети Климент била просветлување на народот и негово припојување кон Христа. Откако станал епископ, но и претходно, па сè до крајот на својот овоземен живот, како вистински пастир и Старец, тој целото своето време им го посветил на монасите, својот народ и книжевната дејност. Работел без починка дење и ноќе. Во житието ќе прочитаме: „Со своето дело Климент го урна ѕидот на незнаењето“, а во Службата: „Охридската црква, во која ти дојде како благ, просветлена е од твоите молитви“. Тој бил пастир-учител не само со зборови туку и со целиот свој живот и дело. Зборот учител тука треба да го сфатиме во евангелска смисла. Тој најмногу се залагал за просветување преку добродетели и евангелската заповед за љубовта. Откако ја започнал својата дејност во Македонија почнале да никнуваат цркви и манастири, кои се исполниле со монаси. Тој подигнал црковен кадар, идни проповедници на христијанството. Свети Климент заедно со свети Наум несомнено се духовни заштитници на нашиот народ, наследници и спасители на големото дело на нивните и наши првоучители светите Методиј и Кирил. Очигледно е дека преку црковно-пастирската дејност тие изоделе трнлив пат, налик на Христовиот. Затоа на овие двајца светители голема чест им оддава и старата охридска црковна уметност: фрескописот и иконографијата. Свети Климент бил богослов, беседник, пастир, мисионер… давал пример со својот живот, со добродетелите, службата, подвизите, творештвото… личност скроена според Евангелието, подобна на Христа, охристовена, вистински проповедник на Христовата вера. Со добивањето на епископскиот чин примил апостолска служба на свештенослужење и проповед, им го покажувал на луѓето патот на богопознанието и ја водел паствата на патот на спасението. Како што вели апостолот: „На сите им станал сè“. Бил сострадалник на своите луѓе. Пример како „целиот свој живот да Му се посвети на Христа“. Терминот учител во христијанството значи: поучувач (наставник) во верата, мисионер, проповедник. Бил трудољубив, голем молитвеник и подвижник. Вистински Просветлител – тоа значи полнота на човековиот живот во Бога, каде што човекот во заедништво со Бога, преку Светиот Дух се просветлува. Ова зборува за нивото на неговата духовна големина, степенот на неговиот духовен раст. Во Православието нема просветлување без Светиот Дух. Благодарение на Него свети Климент го извршил целото свое дело. Светиот Дух е Тој Кој го преобразува човекот и го прави достоен за вакви дела. Оваа плодна црковно-просветителска и книжевна дејност претставува темел на една долга црковна и книжевна традиција која многу се распространила, а Слава Му на Бога, трае и до денес. Затоа, достојно да Му блгодариме на Бога за дарот на вакви учители кои ги втемелија луѓето во Православието. „Кое место не се освети од твоите молитви, светителе? Која ли црква не се освети од твоите слова…?“. На епископската должност тој останал 23 години. Во 916 година, шест години по упокојувањето на свети Наум, и тој ја предал својата душа во Божји раце. И по неговата смрт Охридската книжевна школа го задржува доминантното место во развојот на македонската писменост. Свети Климент заедно со свети Наум ги зацврстија темелите, односно го продолжија делото на оние кои пред нив ја создаваа и градеа Македонската Православна Црква и со право таа сега се нарекува Светиклиментова. Нивната плодна дејност на полето на Црквата роди богати плодови, од кои ние и ден денес се храниме. Еве и ние денес сме сведоци дека по нивните свети молитви во нашите манастири се продолжува нивното дело. И да не заборавиме, сето ова ни е оставено во наследство кое треба достојно да го чуваме. Свети Климент е светител од општословенско значење, кој многу брзо по неговата смрт бил канонизиран. Неговата големина прекрасно ни ја доловува еден од неговите непознати ученици во Службата составена веднаш по неговата смрт, во негов спомен: „Очистувајќи си ги душата и телото и умот, блажен… имајќи на земјата ангелски живот, ти, блажен, придоби чест рамна на ангелите. Заедно со нив сега стоиш пред Владетелот. Помоли се, блажен, за своето стадо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-slavime-sveti-kliment-ohridski-chudotvorec-zashtitnik-na-gradot-ohrid-i-na-celiot-makedonski-narod/feed/ 0
Се слави Свети Климент – Охридски Чудотврец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slavi-sveti-kliment-ohridski-chudotvrec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slavi-sveti-kliment-ohridski-chudotvrec/#respond Sat, 08 Dec 2018 08:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=137249

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност.

Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започна нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè.

Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ, како што е свети Климент Охридски. Затоа, го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.

Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста. Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го учел народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник.

Односот на Господа Исуса Христа кон апостолите, за свети Климента бил личен пример за неговото однесување кон учениците. Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив. Со кротост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полно послушание и со синовска одаданост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко.“ Свети Климент љубел со срце, не – со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив, многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири. Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа, запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа“.

Неговата успешност е и во тоа што тој бил од овој народ и ги познавал сите што ги учел. Ако тој бил некој дојденец: Елин или Латин, некој Сириец или Александриец, не ќе можел така да им се доближи на учениците, а ниту тие ќе можеле да го сметаат за толку близок.

Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie). Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо.

Животот го посветил на Бога и на народот. Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа.

На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично – културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.

Што го натерало свети Климента на оваа посветеност? – Двете најголеми евангелски заповеди: Љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето.  Свети Климент ги исполнил овие две заповеди: ја покажал љубовта кон Бога – со тоа што животот го посветил на Бога; а љубовта кон луѓето – ја искажал во душегрижништвото за народот. А, во основа на сè е тоа што тој библиски приоѓал на сè и затоа богомудро, решавал сè. Библијата била основа на сè што мислел, што зборувал, што пишувал, што творел и како живеел. Затоа постанал тоа што е – Божји светител и народен просветител. За сите прашања од животот, ја користел Библијата и учењето на светите отци.

Многу јасно и едноставно го поврзувал Божјиот збор со светот и со животот на луѓето. Такви биле неговите беседи и слова. Во нив ја искажувал Христовата порака до луѓето. Им објаснувал што е човекот, според христијанското учење – и барал да ја исполнат својата човечка и христијанска цел. А која е таа? – Да бидат добри и човечни. Со љубов кон секого. Да се усовршуваат во доброто, во љубовта и во светоста. На тоа сме повикани од Бога. Така се доаѓа до спасението и до светоста. Таков е нашиот живот во Христа. А Христос дојде на земјава и ни даде пример за совршен човечки живот. Ова им го кажувал свети Климент на луѓето, во своите поуки. Неговата проповед била сеење на словото Божјо. Тој се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш.“ Како што говорел, така и живеел. Се што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело. Поучувал и со збор и со личен пример.

Не проповедал само в црква или на богослужба, туку секогаш и секаде. Одел кај луѓето, по нивните места, ги посетувал и дома и на работа. Ги поучувал, им помагал. Знаел како да ги придобие за верата, за Христа, за Евангелието и за евангелскиот живот. Им говорел кога биле собрани заедно, но зборувал со нив и одвоено: и со мажите и со жените, и со старите и со младите, а  и со децата – и на сите им посочувал, што е тоа во Евангелието, а што тие дотогаш не го знаеле и каква светлина можат да доживеат, ако проникнат во спасителното дело на Господа Исуса Христа. И уште повеќе – од какво значење ќе биде тоа за нивниот личен живот, за разбирањето, за радоста, за семејството, за доброто, за взаемната љубов и почит.

Тој бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите,  и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.

(За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slavi-sveti-kliment-ohridski-chudotvrec/feed/ 0
Денеска се празнува Св. Климент Охридски и Пантелејмон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-sv-kliment-ohridski-i-pantelejmon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-sv-kliment-ohridski-i-pantelejmon/#respond Thu, 09 Aug 2018 06:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=86027

Голем македонскиот и општохристијански празник

На 9 август (нс.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици. На овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон.

Именден празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто,Панчо...

Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј). Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник.

Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните. Роден е во Никомидија во областа Витанија во Мала Азија. Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè“, а подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив“. Татко му бил паганин, а мајка му христијанка, којашто од мал го воспитувала во христијански дух. Но таа умрела додека тој бил мал, а татко му го дал да го изучува лекарскиот занает кај познатиот лекар Евстрогиј кој го лекувал и царското семејство. Така младиот Пантелејмон се стекнал со симпатии и од царот Максимилијан кој од учителот барал да не го жали трудот кога се работи за образованието на младиот ученик. Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки.

Пантелејмон секој ден го посетувал својот учител Евстрогиј. Патот минувал покрај една бедна куќичка во која живеел еден стар свештеник по име Ермолај. Тој посакал Пантелејмона да го воведе во вистинската вера. Најпрвин го повикал и го распрашувал за неговите родители и за неговото верување. Тој му раскажал за сè искрено дека мајка му била христијанка и додека била жива го воспитувала во тој дух, а дека татко му е паганин зашто сака да остане во служба на царот. Потоа свештеникот му зборувал на Пантелејмон за вистинскиот Бог Исус Христос, за неговите чуда, за исцелувањето болни, за воскреснувањето мртви итн. Тие раскажувања го потсетиле на зборовите на мајка му за вредностите на вистинската вера и кај него се разгорела љубовта кон Бога. Така кога почнал да лекува Пантелејмон се повикувал на Господ. Еднаш на враќање од кај учителот на патот видел мртво дете каснато од змија, којашто лежела покрај детето. Пантелејмон најпрвин се исплашил, но кога се сетил на зборовите од свештеникот дека Господ е семоќен, се наведнал над детето и побарал за него лек повикувајќи ја Божјата сила. Тогаш детето се разбудило, а змијата умрела. Потоа Пантелејмон веднаш отишол кај свештеникот и се крстил. Подоцна лекувал и слеп човек кого не можел да го излекува ниту еден лекар во империјата. Кога и него го излекувал кај свештеникот дошол и татко му и  тој се крстил.

Свети Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни болести. Кога умрел и татко му имотот го раздал на сиромасите, а тој лечел бесплатно. Особено внимателно ги лекувал христијаните што имале рани од мачењето. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот кој најпрвин се обидел да го врати во идолопоклонство, но Пантелејмон му одговорил дека ниту по цена на животот нема да се откаже од својот единствен Бог Исус Христос. За да му докаже на царот кој е вистинскиот Бог побарал од царот еден безнадежно болен што требало да го лекуваат идолските жреци, односно лекарите неверници. Откако тие не успеале да го излекуваат Пантелејмон и над него го повикал името на Исус по што болниот веднаш оздравел.

По тој настан популарноста на Пантелејмон уште повеќе пораснала, а многумина поверувале во Исус Христос и се крстиле. Тоа, пак, уште повеќе ги разгневило лекарите кои од царот побарале да го погуби за да не привлече многумина во христијани. Поради тоа бил мачен, бесен, гребан по телото со остри предмети и горен со оган, а потоа фрлен во казан со растопено олово, но сето тоа јуначки го поднесол. Најпосле царот наредил да се исече со меч заедно со свештеникот Ермолај. Откако бил осуден на смрт, не со страв туку со радост тргнал кон губилиштето пеејќи ги Давидовите псалми. Потоа клекнал да се моли, а во тоа време џелатот замавнал со сабјата и го удрил по вратот, но на општо изненадување на насобраниот народ сабјата се искршила на безброј делови. Додека се молел Пантелејмон џелатот не можел да го погуби, иако повеќепати се обидувал. Дури откако ја завршил молитвата самиот побарал да го погубат. Тоа се случило во родното место Никомидија на 27 јули според стариот (или на 9 август според новиот) календар во 305 година.

На Света Гора има голем манастир посветен на свети Пантелејмон во кој според преданието се наоѓаат дел од моштите на светецот. Во Македонија впечатливи градби посветени на св. Пантелејмон се Светиклиментовата црква на Плаошник, потоа црквите во Горно Нерези, Скопско, во Велес, манастирите во Кочанско, Штипско и други места.

Тропар

Свети великомаченик Пантелејмон

Страдалнику свети и лекару Пантелејмоне, моли го милостивиот Бог да ни дарува прошка на гревовите на нашите души. 

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-sv-kliment-ohridski-i-pantelejmon/feed/ 0