свети марко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Dec 2019 16:25:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свети марко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штетата на црквата „Свети Марко“ проценета на пет милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-na-crkvata-sveti-marko-proceneta-na-pet-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-na-crkvata-sveti-marko-proceneta-na-pet-milioni-evra/#respond Tue, 24 Dec 2019 16:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=281772

Секој камен е богатство, вели техничкиот директор на црквата „Свети Марко“ укажувајќи на мозаиците од злато, вметнатите камени плочи и ѕидовите обложени со мермер на ремек-делото од градба старо 927 години, кое претрпе штета од најмалку пет милиони евра за време на разорно високата плима минатиот месец. Изградена на локација за која венецијците сметаат дека е една од најбезбедните во градот, црквата „Свети Марко“ претрпе голема штета, пренесе агенцијата АП. За разлика од другите природни непогоди, како, на пример, земјотрес кој остава слики од урнати sидови, штетата од поплавите во Венеција засега не е видлива со голо око. Нивото на водата, кое изнесуваше 1,87 метар, со ветер кој дуваше со брзина од 120 километри на час, што ги направи брановите уште повисоки, низ прозорците ја поплави криптата на црквата „Свети Марко“. Под налетот на брановите паѓале и оловните плочки, што се случува првпат. Сведоци рекоа дека на плоштадот Свети Марко имало бранови какви што не виделе до сега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-na-crkvata-sveti-marko-proceneta-na-pet-milioni-evra/feed/ 0
Венеција: Милиони евра за реставрација на базиликата Свети Марко по поплавата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/#respond Tue, 19 Nov 2019 19:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=266232

За познатата базилика Свети Марко во Венеција ќе бидат потребни милиони евра за реставрација, откако неделава беше поплавена по шести пат во 1.200 години, а нејзините деликатни мермерни мозаици беа изложени на разорната солена вода, изјави нејзиниот кустос. Свети Марко, личната капела на дуждот на Венеција во средновековниот и ренесансниот период, е најпознатиот објект во мноштвото споменици кои беа загрозени од најтешките поплави регистрирани во Венеција од 1872 година досега. Експертите стравуваат од корозивните кристали на солта, кои кога се повлекуваат поплавите, можат да го разјадат мермерниот под на базиликата и мозаиците на површината, и да ја ослабнат криптата што го поддржува телото на црквата. Венеција претрпе штета од стотици милиони евра кога водата оваа недела го достигна второто највисоко ниво во последните 50 години. Осигурителните компании нема да дадат помош затоа што одбиваат да обезбедат покриеност од поплави во град каде што тоа е редовна појава и која се влошува под влијание на климатските промени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/feed/ 0
Денес се празнува свети Марко, авторот на најстарото Евангелие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-praznuva-sveti-marko-avtorot-na-najstaroto-evangelie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-praznuva-sveti-marko-avtorot-na-najstaroto-evangelie/#respond Tue, 08 May 2018 06:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=51286

Денеска е Св. апостол и евангелист Марко. Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж. Тој е писател на едно од четирите евангелија. Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар. Со последниов бил многу близок. Свети Марко во почетокот на апостолската проповед одел заедно со апостолите Петар и Павле, а подоцна заминува за Александрија. Така, тој е прв проповедник на христијанството во Египет и прв александриски епископ. Околу 67-мата година го наоѓаме во Рим заедно со свети Петар и Павле, пред нивната маченичка смрт, а потоа тој пак се враќа во Египет. И самиот пострадал маченички од локалните пагани. Неговите мошти биле положени во од него подигнатата александриска црква, а подоцна (827-мата година) биле пренесени во Венеција. Именден празнуваат: Марко Светиот апостол и евангелист Марко е еден од четворицата евангелисти, автори на Новиот завет од Светото писмо. Роден е во Ерусалим, според едни бил ученик на светиот апостол Петар, според други е еден од 70-те Христови ученици. Мајка му била побожна христијанка, сестра на апостолот Варнава. Во нејзиниот дом се собирале христијаните за молитви, а во нејзината куќа се одржала и светата Тајна вечера на Исус со апостолите.Светиот апостол и евангелист Марко се дружел со светите апостоли Петар и Павле, со нив прошетал многу места каде што го ширел Христовото учење како што се Кипар, Рим и дуги места. Во Рим, под директно влијание на св. Петар го напишал Евангелието, за кое се тврди дека е напишано десет години по Христово Вознесение. Истражувачите истакнуваат дека ова евангелие било напишано за читателите од нееврејско потекло. Папиј, кој пишувал околу 130-тата година од н.е. укажува на Марко како на толкувач на Петар кој пак „точно ги помнел и запишал Христовите зборови и дела“. Ова е многу важно сведоштво бидејќи зборува за фактот дека Марко информациите ги добил од прва рака, т.е. од устата на еден од најблиските Исусови соработници.По наговор на св. Петар заминал за Египет, во градот Александрија станал епископ и многу народ покрстил. Неговата популарност и особено заслугите за ширењето на христијанството не можеле да му ги простат неверниците кои насилно влегле во црквата, го врзале и го влечеле по патиштата додека не ја предал душата на Бога. Од месното население бил погребан во близината на Александрија, а подоцна побожните жители на Млетачката Република неговите мошти ги пренесле во Венеција и ги погребале во црквата изградена за таа пригода што го носи неговото име. И денес неговите мошти се наоѓаат во оваа црква, а тука има и ракопис на Евангелието по Марко за кое се смета дека е пишувано со неговата рака. Целото име на апостолот и евангелист Марко е Јован Марко, како што среќаваме сведоштво во Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука: „Откако се размисли, тој се упати кон куќата на Марија, мајката на Јована наречен Марко, каде што беа собрани многумина и се молеа.“ (Дела 12:12)Евангелистот Марко настрадал во 68 година за време на владеењето на императорот Нерон. Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето. Во селото Гореме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало курбан за тој светител.Курбаните се колеле денот пред празникот, односно на 7 мај. Пред да се заколеле курбаните свештеникот читал соодветни молитви. Кога ќе ги заколеле курбаните биела камбаната и престанувал секаква работа: орање, сеење, копање и др. Сите курбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица. Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта. Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден.Во селото постои и легенда за св. Марко. Легендата раскажува дека во турско време на селаните им било забрането на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Турците направиле касарни и тука престојувала војската. Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го мачел неговиот син. Начелникот загрижен за страдањата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата мака. Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се озмаздува затоа што забранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Турчинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода. „Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Турчинот. Оттогаш веќе син му ништо не го мачело. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат обредот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Турчинот подарил три овни да ги заколат за курбан на празникот Св. Марко. Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-praznuva-sveti-marko-avtorot-na-najstaroto-evangelie/feed/ 0