Светислав Пешиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 05:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Светислав Пешиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пешиќ ќе замине од селекторското место на Србија по ЛОИ во Париз 2024 https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshik-ke-zamine-od-selektorskoto-mesto-na-srbija-po-loi-vo-pariz-2024/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshik-ke-zamine-od-selektorskoto-mesto-na-srbija-po-loi-vo-pariz-2024/#respond Sat, 16 Sep 2023 05:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=878572

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ потврди дека ќе остане на кормилото на Србија само до ЛОИ во Париз 2024. Пешиќ со 74 години освои речиси се што може да освои еден европски кошаркарски тренер. Тој има две злата од Евробаскетот, злато и сребро на Светското првенство, а ја освои и Евролигата. Следната година првпат во својата долгогодишна кариера ќе биде тренер на Олимписките игри. Зборувајќи за ситуацијата, Пешиќ изјави дека повеќе нема да биде селектор на српската репрезентација по Олимписките игри во Париз во 2024 година. „По Олимписките игри, тука ќе дојде друг тренер. Па, по него ќе дојдат други. Овде сум 40 години, искористете ме да ви помогнам! Јавете ми се, анализирајте“, рече Пешиќ зборувајќи и за српските кошаркарски клубови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshik-ke-zamine-od-selektorskoto-mesto-na-srbija-po-loi-vo-pariz-2024/feed/ 0
Богдановиќ играше болен: Пешиќ откри што се случувало пред големото финале https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bogdanovik-igrashe-bolen-peshik-otkri-shto-se-sluchuvalo-pred-golemoto-finale/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bogdanovik-igrashe-bolen-peshik-otkri-shto-se-sluchuvalo-pred-golemoto-finale/#respond Sun, 10 Sep 2023 17:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=876660

Српските кошаркари беа поразени од Германија во финалето на Мундобаскетот со резултат 83:77. Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ зборуваше на прес-конференција по поразот во финалето „Кога некој тим води од почеток до крај и игра на високо ниво, мораме да им честитаме. Ни требаше подобра ротација. Нашиот лекарски тим направи се за да ги опорави играчите. Го загубивме Добриќ на почетокот на натпреварот, Богдановиќ играше болен. Пред финалето, прашањето беше дали тој воопшто може да игра“. Пешиќ им честиташе на Германците. „Честитки за Германците, одиграа одлично, горд сум на моите играчи. Имавме шут за израмнување, но за финалето треба да се биде на подобро физичко ниво“, рече Пешиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bogdanovik-igrashe-bolen-peshik-otkri-shto-se-sluchuvalo-pred-golemoto-finale/feed/ 0
Пешиќ: На чекор сме до целта https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshik-na-chekor-sme-do-tselta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshik-na-chekor-sme-do-tselta/#respond Fri, 08 Sep 2023 12:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=876052

Селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ, имаше само пофални зборови за своите момчиња по големиот успех и пласманот во финалето на Светското првенство во кошарка. „Денес можевме да бидеме малку подобри во дефанзивата. Игравме одлично „еден на еден“, но мислам дека можевме да бидеме за нијанса посконцентрирани. Имавме голема мотивација, знаевме колку е голем влогот и успеавме да славиме победа над исклучително снажна и физички силна репрезентација како Канада. Им реков на момчињата дека мора да се одморат максимално. Утре ќе тренираме и ќе се обидеме да собереме сила за големото финале. На еден чекор сме од целта и мислам дека можеме да ја оствариме. Мислам дека и досега се прикажавме одлично, но штом сме веќе во финалето, ќе се обидеме да победиме. Не знам кога ќе имаме слична шанса повторно. Сите честитки одат за играчите, стручниот штаб, медицинскиот тим и сите останати кои се дел од нашата експедиција. Ова е за цела Србија, денес можеме малку да славиме“, изјави Пешиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshik-na-chekor-sme-do-tselta/feed/ 0
Пешиќ изјави под кој услов Јокиќ ќе прифати повик во репрезентацијата на Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshikj-izjavi-pod-koj-uslov-jokikj-kje-prifati-povik-vo-reprezentacijata-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshikj-izjavi-pod-koj-uslov-jokikj-kje-prifati-povik-vo-reprezentacijata-na-srbija/#respond Mon, 16 May 2022 20:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=677559

Никола Јокиќ ја заврши сезоната со пораз во првото коло од НБА плеј-офот. Српските фанови посакуваат тој да заигра во реперзентативниот дрес, а селекторот Светислав Пешиќ откри под кој услов ќе се случи тоа. „Никола Јокиќ ќе игра за репрезентацијата само под еден услов, а тоа е да стане подобар играч преку настапите за Србија. Не е прашање дали ја сака својата земја. Тоа е несомнено. Тој е горд Србин кој ми пишува пораки на кирилица. Сепак, мора да најдеме начин да го мотивираме да се натпреварува со најдобрите играчи во Европа. Ако не е мотивиран, ако нема интерес, тогаш нема смисла да игра“, порача српскиот предводник. Србија во септември ја чека Европско првенство, на кое засега не се знае дали ќе настапи Јокиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshikj-izjavi-pod-koj-uslov-jokikj-kje-prifati-povik-vo-reprezentacijata-na-srbija/feed/ 0
Светислав Пешиќ се враќа на кормилото на српската кошаркарска репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetislav-peshikj-se-vrakja-na-kormiloto-na-srpskata-kosharkarska-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetislav-peshikj-se-vrakja-na-kormiloto-na-srpskata-kosharkarska-reprezentacija/#respond Tue, 28 Sep 2021 18:26:25 +0000 https://kurir.mk/?p=569614

Kошаркарскиот тренер Светислав Пешиќ е нов селектор на репрезентацијата на Србија и 72-годишен стратег на позицијата ќе го смени Игор Кокошков. Пешиќ дебито на клупата на Србија ќе го има веќе во ноември, кога репрезентацијата игра против Летонија во квалификациите за Светското првенство во 2023 година. Како селектор на Југославија го освои Европското првенство во 2001 година, а следната година и Светското првенство во Индијанаполис. Тој има уште едно европско злато и тоа со селекцијата на Германија од 1993 година.
Во клупската кошарка водеше тимови од калибарот на Алба Берлин, Барселона, Лотоматика, Динамо Москва и Црвена Звезда.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetislav-peshikj-se-vrakja-na-kormiloto-na-srpskata-kosharkarska-reprezentacija/feed/ 0
Светислав Пешиќ ќе ја води кошаркарската репрезентација на Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetislav-peshikj-kje-ja-vodi-kosharkarskata-reprezentacija-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetislav-peshikj-kje-ja-vodi-kosharkarskata-reprezentacija-na-srbija/#respond Tue, 07 Sep 2021 19:29:26 +0000 https://kurir.mk/?p=560750

Кошаркарската репрезентација на Србија ќе добие нов селектор по неуспехот во квалификациите за Летните Олимписки Игри. Светислав Пешиќ ќе биде новиот селектор на српската кошаркарска репрезентација. Србија не се пласираше на Олимписките игри во Токио, а по финалето на квалификацискиот турнир во Белград и поразот од Италија, веќе се шпекулираше за заминување на Игор Кокошков и кандидатите за нов селектор. Како што објави „Блиц“, веќе е донесена одлуката во кошаркарскиот сојуз на Србија за враќање на Пешиќ на селекторската функција, а за легендарниот кормилар кој е без работа во моментов после заминувањето од Барселона, се враќа да биде селектор после две децении. Пешиќ последен пат работеше во Барселона, а ги водеше и Баерн Минхен, Црвена Звезда, Лотоматика и Динамо Москва. Има титула во Евролигата со Барселона во 2003 година и уште бројни признанија зад своето име и како играч и како тренер.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetislav-peshikj-kje-ja-vodi-kosharkarskata-reprezentacija-na-srbija/feed/ 0
Пешиќ ќе ја предводи Барселона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshikj-kje-ja-predvodi-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshikj-kje-ja-predvodi-barselona/#respond Thu, 08 Feb 2018 08:37:18 +0000 http://kurir.mk/?p=19427

Трофејниот српски тренер Светислав Пешиќ до крајот на сезоната ќе биде тренер на кошаркарскиот клуб Барселона, објави шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Пешиќ на клупата на Каталонците го наследува Алонсо кој беше отпуштен поради слаби резултати. Дебито на Србинот се очекува на следниот натпревар од домашниот шампионат против Билбао. Зад себе Пешиќ има богата тренерска кариера. Работеше во Босна, Алба, Келн, Лотоматика, Џирона, Динамо Москва, Црвена ѕвезда, Валенсија и Баерн Минхен во последните четири години. Има и селекторско искуство во репрезентациите на Германија и Југославија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/peshikj-kje-ja-predvodi-barselona/feed/ 0