светители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 20:49:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-58/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-58/#respond Wed, 03 May 2023 20:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=830341

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него Овој светител беше епископ во Кампанија Италијанска. За време на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе с ? трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и ги фрлија во затвор. Во истиот затвор беа затворени за Христа и путеолските ѓакони Прокул и Сосиј и двајца лаици христијани Евтихиј и Акутион. Сите седуммина ги фрлија пред ѕверови. Но ѕверовите не ги ни допреа. Тогаш ги убија со меч, а неаполските христијани тајно го пренесоа телото на Свети Јануариј во својот град и чесно го положија в црква. На гробот на овој светител до денешен ден се пројавуваат многубројни чуда. Меѓу бројните чуда запамтено е и тоа дека една бедна вдовица, на којашто ? беше умрел синот единец, ја зеде од црквата иконата на Свети Јануариј и ја положи на својот мртов син плачејќи и молејќи го светителот. И нејзиниот син оживе. Свети Јануариј пострада чесно во 305 година. Тропар Со благодатта Христова го изгасна огнот на страстите, о Јануаре епископе, така подвигот твој пример стана за твоите сострадалници: Фауст, Прокул, Сосиј, Дизидериј, Евтихиј и Акутион, со кои низ оган помина. Ти кој ѕверови скроти, мртви воскресна со силата Христова, моли се за нас да добиеме спасение по твоите свети молитви. Светиот маченик Теодор и другите со него За верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку на мојот Бог Христос; а ако сакаш да ја познаеш силата на твоите богови запали друг оган, па фрли во него еден од твоите војници и се надевам ќе ја познаеш нивната сила и семоќта на мојот Бог.“ Намесникот сакаше навистина да фрли еден од војниците, но тие во страв го молеа да го фрли жрецот Диоскор наместо нив. Жрецот пак молеше да го фрлат самиот идол Ѕевс и останатите идоли, па ако се богови, тие лесно ќе се спасат самите себеси. Диоскор ова го рече бидејќи откако го виде чудото со Теодор веќе беше со срцето обратен кон Христа. Кога дозна за ова, намесникот го осуди Диоскор на смрт и го запали. Исто така го предаде на смрт и Теодор со двајца војници, Сократ и Дионисиј и мајката на Теодор, Филипа. Теодор го распнаа на крст, на којшто тој издивна дури третиот ден. Сократ и Дионисиј ги прободија со копје, а Филипа ја убија со меч. Сите стекнаа венци на слава во царството Христово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-58/feed/ 0
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-kalendarot-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-kalendarot-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli/#respond Mon, 06 Feb 2023 21:50:02 +0000 https://kurir.mk/?p=797025

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители: Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти учеше во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка Нона. Кога го заврши школувањето го прими Светото Крштение. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен Богослов. Особено значајно е неговото дело „Беседа за Света Троица“. Пишуваше против еретикот Македониј, којшто учеше искривено за Светиот Дух (како Духот да е Божјо создание) и против Аполинариј, којшто учеше искривено за Христос дека немал човечка душа, туку дека Неговото Божество му било наместо душа. Пишуваше и против царот Јулијан Отстапник, неговиот некогашен школски другар. Во 381 година, кога во Соборот настана расправија околу неговиот избор за архиепископ, тој се повлече самиот, откако рече: „Не можат да н ? лишат од Бога оние што н ? лишуваат од престолот“. Потоа го напушти Цариград, отиде во Назијанз и таму до смртта поживеа во повлеченост, во молитва и во пишување корисни книги. Иако беше со слабо здравје цел живот, сепак доживеа осумдесет години. Моштите подоцна му ги пренесоа во Рим, а главата му се наоѓа во Успенскиот Собор во Москва. Беше и остана прекрасно светило на Православната Црква, како по кротоста и чистотата на карактерот така и по ненадминливо длабокиот ум. Се упокои во Господ во 390 година. Тропар Пастирскиот кавал на твоето богословие, ги победи трубите на реторите; а кога бездната на Духот ја испита, и убавината на говорот ти се даде изобилно. Но, моли Го Христа Бога, оче Григорие, да се спасат душите наши. Кондак Славен (Григорие), кој со својот богословски јазик ги разурна творбите на реторите, ти ја украси Црквата со облеката на Православието, исткаена одозгора. Неа носејќи ја, таа вика со нас – твоите чеда: Радувај се, оче, прекрасен уму на богословието. Преподобен Публиј Најнапред беше сенатор, па откако ја позна светлината Христова го остави угледот, го раздаде имотот на сиромашните и се предаде на подвижнички живот во близина на својот град Зевгмат на Еуфрат. Основа две обители и се упокои во Господ во 380 година. Тропар Подвиг на подвиг, благодат врз благодат – од кон совршенство – следејќи Го Христа, Учителот твој – о Публие свет подвижниче, самотијата те награди од рацете Божји со врлини духовни, и тоа го сподели со најревносните твои ученици, кои славата Господова ја пренесоа низ целата вселена. Моли се за нас и радувај се – Седржителот те објави, за да се надеваме на твоите молитви. Преподобен Мар Се одликуваше со надворешна убавина и слаткопоен глас. Се повлече од светот и поживеа во една колиба триесет и седум години во пост, молитва и очистување на срцето од страсните помисли. Како деведесетгодишен старец се упокои во Господ во 430 година. Светата маченичка Фелицита и нејзините седум синови Како христијанка во времето на царот Антонин беше осудена на смрт заедно со нејзините седум синови. Му се молеше на Бога само да не ја погубат пред нејзините синови, за да може да ги храбри во маките и страдањата за да не се одречат од Христа. Бог така и устрои. Оваа ненадмината мајка со радост ги испраќаше синовите еден по друг додека сите не ги виде погубени. Тогаш и таа, благодарејќи Му на Бога, прими маченичка смрт. Сите пострадаа во Рим, каде што им се наоѓаат и моштите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-kalendarot-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-131/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-131/#respond Tue, 27 Dec 2022 13:57:47 +0000 https://kurir.mk/?p=781193

Според Календарот на МПЦ, утре се празнува Светиот свештеномаченик Елевтериј Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ. Божетсвената мудрост го надополнуваше кај Елевтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска. Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше. Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници за да го фатат и доведат Елефтериј во Рим. Кога јаросен Феликс стигна во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и одеднаш неговото срце се измени и стана христијанин. Елевтериј го крсти и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд и маки. Царот му наложи лути истизавања на овој благороден Елевтериј: биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена печка. Но Божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на Свети Елевтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона, каде што Св. Елевтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година. Тропар Свети свештеномачениче Елевтерие, ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше, Христос преку тебе луѓе во ангели приведе и Неговото име се прославуваше, моли го Него, о велики учителе, нашите срца со Неговото име да бидат запечатени. Свети Стефан Исповедник Сурожски Родум од Кападокија. Воспитан во Цариград кај Светиот патријарх Герман. Се оддалечи во осаменост и живееше скриен од светот. Ангел Господов му го објави на Св. Герман овој Свети Стефан и му заповеда да го постави за епископ на градот Сурож (сегашен Судак на Крим). Патријархот ова го изврши. Светиот ревнител Стефан обрати мнозина во христијанската вера. Страдаше луто за иконите, под царот Лав Исавријанин. На царот му прорече скора погибел. По злата смрт на овој зол цар, Стефан беше вратен во неговата епархија, каде што го пасеше стадото богоугодно и се упокои мирно на крајот од 7 век. Тропар Плодна почва најде благодатта Христова во срцето твое, о Стефане преподобен отче, и уши кои гласот Господов го слушаат. Ангел Божји следејќи те на сите патишта од животот твој венец исповеднички и маченички ти исплете. Моли се за нас, оче свет, и научи нe како чашата на спасението до крај да ја испиеме, по твоите свети молитви. Преподобен Павле во Латра Родум од Пергам; се подвизуваше на гората наречена Латра во Мала Азија. Прославен според подвизите и многубројните чуда. На старост се упокои мирно и се пресели кај Господ во 950 година. Тропар Господи свет и благословен, нова благодат изли преку Павле угодникот Твој, кој обдарен со добродетели небесни пламен стана, за восход на души и молитви од земјата до небеси. Застапи се, о ти преподобен угодниче, за сите кои во молитва кон тебе припаѓаат, достојнославен мироносен подвижниче, и Бога Го прославуваат во сите векови. Преподобен Пард Отшелник Како млад беше рабаџија, но заради еден ненамерен грев го напушти светот и се повлече на подвиг во пустина. Живееше во 6 век во Палестина. Тропар Напојувајќи се од водата на покајанието, ја достигна висината на смирението, ти Парде Христов подвижниче, смртта ја изгуби дрскоста на осудувањето, и Спасителот подарувајќи ти простување, те присоедини кон Своите по чии молитви и ние се спасуваме.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-131/feed/ 0
Денес се празнуваат: Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-se-praznuvaat-svetite-apostoli-arhip-filimon-i-apfija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-se-praznuvaat-svetite-apostoli-arhip-filimon-i-apfija/#respond Mon, 05 Dec 2022 08:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=771024

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида, сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Така ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадија од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодоа со ножеви. На тој начин овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот, и се престави кај Господа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-se-praznuvaat-svetite-apostoli-arhip-filimon-i-apfija/feed/ 0
Според календарот на МПЦ утре се слават овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli-3/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli-3/#respond Wed, 02 Mar 2022 21:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=639745

Свети Лав I, папа Римски Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва с ? додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година. Тропар Велики ерарху и учителу, проповедниче на вистината, исповедниче на верата православна, Лаве оче наш премудри, тебе на кого Христос Бог гревовите ти ги опрости, те молиме ние верните во Господа, да се застапиш за нас пред престолот на Пресвета Троица. Свети Флавијан Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година. Тропар Голема љубов има оној кој душата ја полага за вистината, а поголема од неа – оној кој на братот простува, и за него се моли пред престолот кој гревот го согорува, о Христов исповедниче Флавијане, честа небото не ти ја одзеде, а Господ твоите свети молитви нам како награда ни ги врати, за од нив пред Него да бидеме закрилени, во вечни векови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli-3/feed/ 0
Според календарот на МПЦ утре се слават овие светители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli-2/#respond Wed, 23 Feb 2022 21:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=635629

Светиот свештеномаченик Власиј Родум од кападокиската област. Богобојазлив и кроток уште од раното детство. Заради своите големи добродетели беше избран за епископ на градот Севастија. Во тој незнабожечки град Св. Власиј беше големо духовно светило. Во времето на тешкото гонење на христијаните Св. Власиј го храбреше своето стадо и ги посетуваше Христовите маченици по затворите, меѓу кои особено се истакнуваше славниот Евстратиј. Кога градот Севастија остана сосем без христијани - едни пострадаа, други побегнаа - тогаш старецот Власиј се повлече во планината Аргеос и таму се насели во една пештера. Дивите ѕверови го познаа светиот човек и се приклонија кон него и ги милуваше. Но гонителите го најдоа светителот и во неговото скривалиште и го поведоа да му судат. Патем Власиј исцели едно момче на кое му беше застанала коска во грлото; и на поплаката на една вдовица дека волкот ? го грабнал прасето направи со силата на својата молитва и волкот го врати украденото. Мрачните судии го мачеа жестоко, го биеја и го стружеа. Со својата непоколебливост во верата Свети Власиј многумина ги обрати кон Христа. Заедно со него беа затворени седум жени и две деца. Прво ги заклаа жените, а потоа и чудесниот Власиј со децата. Пострадаа и се прославија во 316 година. Народот му се моли на Св. Власиј за здравјето на добиците и за заштита од ѕверовите. Тропар Велик молитвенику пред Господа, Власие свети епископе, мачениче преку кого Христос силата на благодатта ја посведочи. Моли се за нас, о ти подвижниче, на кого ѕверовите се покоруваа, болните се исцелуваа, седумте жени маченички со небесни домови се здобија, да добијат од Бога милост голема сите кои го празнуваат твојот свет спомен. Светиот маченик Георгиј Кратовски Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава. Тропар Во трпењето на многу искушенија во Твоите подвизи, Георгие, си ја претрпел и смртта огнена, и по својата смрт си примил нераспадлив венец со маченичките хорови, и сега достојно се населуваш во земјата на кротките, блажени. Моли се на Христа Бога за нас, кои се вера се поклонуваме на гробот од твоите мошти. Кондак Посакувајќи ја небесната слава, преблажен и многустрадален (маченику), си ја посрамил и уништил персиската заблуда, и си примил венец на победата, славен Георгие, веселејќи се заедно со ангелите и живеејќи заедно со мачениците, имењаку на воинот со исто име (Георгиј). Со нив моли се на Христа Бога за сите нас непрестајно. Света Теодора Грчка царица, сопруга на злобниот иконоборен цар Теофил. По смртта на овој цар царицата Теодора се зацари со својот син Михаил III. Веднаш го воспостави иконопочитувањето на Соборот во Цариград во 842 година. Во таа прилика беше востановено и празнувањето на победата на Православието коешто оттогаш се врши во првата недела на Чесниот пост. Оваа света, за Црквата заслужна жена, Му ја предаде својата душа на Бога на 11 февруари 867 година. Во тоа време на потполно торжество на Православието над сите ереси, според прекрасната Божја Промисла меѓу Словените беа испратени Светите браќа Методиј и Кирил како христијански мисионери. Тропар Блажена си ти, Теодоро, слугинко на Бога Вишниот, која Ликот Божји и Неговите угодници на светите икони ги почитуваш, блажена си заштитнице на Православната вистина, која народот во спасоносната вера го поведуваш, блажена си и за своето трпение, кое нам како пример ни го оставаш, со кое Христа треба да Го дочекаме во висините. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli-2/feed/ 0
Според Календарот на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-30/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-30/#respond Tue, 14 Dec 2021 13:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=608382

Според Календарот на МПЦ утре се празнува Светиот пророк Авакум. Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим, Авакум се засолни во Исмаилќанската земја, откаде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е “ (Даниил 14 - 33). Тогаш ангелот го зеде за косата и моментално го пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“, возвикна Авакум. И Даниил прими и јадеше. Потоа ангелот Божји повторно го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум пророкуваше за ослободувањето на Ерусалим и за времето Христово. Се упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела. Моштите му ги открија во времето на царот Теодосиј Велики. Светата маченичка Миропија Родена е во Ефес од родители христијани. По смртта на татко ѝ со мајка ѝ се преселија на островот Хиос, каде што пострада за Христа. Страдањето на оваа Света девица стана наскоро после страдањето и смртта на славниот маченик Исидор војник (под 14 мај). Кога мачителите го убија Исидор, храбрата Миропија тајно го зеде неговото тело, го покади и чесно го погреба на едно посебно место. Свирепиот кнез Нумеријан слушна дека телото на маченикот е украдено, па сакаше да ги погуби стражарите. Кога дозна дека невини луѓе ќе страдаат заради нејзиното дело, блажената Миропија се пријави сама пред власта и призна дека таа го украде и го погреба телото на маченикот. По наредба на кнезот ја биеја по целото тело и најпосле сета во рани ја фрлија во затвор. Но Господ не ја остави Својата маченичка без утеха. На полноќ затворот го осветли небесна светлина и ѝ се јави мнозинство ангели со Св. Исидор среде нив. „Мир на тебе, Миропијо,“ ѝ рече Св. Исидор, „дојде молитвата твоја пред Бога и наскоро ќе бидеш со нас и ќе го примиш венецот што е за тебе подготвен“. Светата страдалница се израдува и во тој миг Му го предаде својот дух на Бога. Од нејзиното тело излезе благоухан мирис, којшто го исполни сиот затвор. Еден од стражарите го виде и го почувствува сево ова, поверува во Христа, се крсти и наскоро и самиот прими маченичка смрт. Света Миропија се пресели во вечноста во 251 година. Преподобен Атанасиј, затворник печерски Овој свет човек умре после долг подвиг, браќата го измија, го преоблекоа и го подготвија за погреб. Два дена лежеше така мртов и одеднаш оживе. Кога дојдоа да го погребаат го најдоа како седи и плаче. Потоа се затвори во келија и уште дванаесет години поживеа единствено со леб и вода, со никого не прозборе ни збор. Се упокои во Господ во 1176 година. Свети Иса, епископ Циклански Еден од тринаесеттемина Сириски отци (под 7 мај). Голем чудотворец. Реката од далечина ја наврте во близина на градот Циклан со молитва. Моштите му почиваат во црквата со негово име во градот Циклан во Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-30/feed/ 0
Според Календарот на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-19/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-19/#respond Mon, 22 Nov 2021 13:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=598299

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј. Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија. Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава. Тропар О, свети апостоли, Христос Спасителот во вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете. За Олимпа и Родиона маченици Ерост и Кварт, Сосипатар и Терцие епископи, Свети чувари на Божествените повелби, молете се за нас о, вие кои послуживте како бисери на Љубовта, за родот човечки. Светиот маченик Орест Од градот Тијана во Кападокија. Св. Орест од раѓање беше христијанин, а лекар по занимање. Беше сурово мачен од некој свиреп кнез Максимин во времето на царувањето на Диоклецијан. Кога кнезот најнапред го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите, Орест одговори: „Кога ти би ја познал силата на Распнатиот, би ја отфрлил идолската лага и би Му се поклонил на вистинитиот Бог“. За ова беше многу биен, стружен и растргнуван, горен со врело железо, па најпосле фрлен во затвор за да умре од глад. Младиот Орест помина седум дена без леб и вода. Осмиот ден повторно го изведоа пред кнезот, којшто му се закани со страшни маки. На ова Орест му одговори: „Готов сум да претрпам секаква мака, бидејќи го имам знакот на мојот Господ Исус Христос изобразен на моето срце“. Тогаш кнезот нареди и му удрија во нозете дваесет железни клинци, го врзаа за коњ и го збоднаа по трња и камења, додека не издивна. На местото каде што беше фрлено телото на Божјиот маченик Орест се јави еден човек светол како сонце, па ги собра сите негови коски и ги пренесе на еден рид близу градот Тијана, таму ги погреба чесно. Овој прекрасен светител Орест му се јавил на Св. Димитриј Ростовски и му ги покажал сите свои рани на телото. Свети Нон, епископ Илиополски Се прочу како голем подвижник во Тавенскиот манастир во Мисир, заради што 448 година го избраа за епископ на Едеската епархија. Подоцна премина во епархијата Илиополска. Овде тој обрати во верата Христова триесет илјади Арапи. По смртта на епископот Ив Свети Нон повторно се врати во Едеса, каде што остана до својата смрт, во 471 година. По неговите молитви кон Христа се обрати и прочуената грешница Пелагија, којашто потоа се прослави со свет живот (види под 8 октомври).]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spored-kalendarot-na-mpc-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-19/feed/ 0
ВО НЕДЕЛА ДАДЕТЕ ЗАВЕТ НА ОВИЕ СВЕТИТЕЛИ – се слават браќата кои ги стануваат болните од постела, но мора да исполните една работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-dadete-zavet-na-ovie-svetiteli-se-slavat-brakjata-koi-gi-stanuvaat-bolnite-od-postela-no-mora-da-ispolnite-edna-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-dadete-zavet-na-ovie-svetiteli-se-slavat-brakjata-koi-gi-stanuvaat-bolnite-od-postela-no-mora-da-ispolnite-edna-rabota/#respond Fri, 12 Nov 2021 11:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=594559

Во недела на 14 ноември се слават Светите браќа Козма и Дамјан. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година. Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат. Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето. Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите. На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-nedela-dadete-zavet-na-ovie-svetiteli-se-slavat-brakjata-koi-gi-stanuvaat-bolnite-od-postela-no-mora-da-ispolnite-edna-rabota/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се слават овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli/#respond Wed, 22 Sep 2021 13:47:36 +0000 https://kurir.mk/?p=566923

Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во хрситијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести Христови. Се предадоа на голем труд, пост и молитва, додека Бог не ги украси со дар на чудотворство. Кога почнаа кај нив да доаѓаат болни заради исцеленија, станаа прочуени наспроти нивната волја. Слушна за нив и кнезот Фронтон и ги довлече на суд. Кога ги виде, се зачуди од убавината на нивните лица. Бидејќи иако беа големи испоснички, и телото им беше суво, лицето им беше светло, озарено со внатрешен мир и Божествена благодат. Кнезот најпрво им ласкаше и им ветуваше да ги испрати кај царот којшто би ги омажли за свои големци, но кога се увери дека неговите ласкања и ветувања немаат никакво дејство врз овие невести на Господ Исус Христос, нареди, па прво ја мачеа Минодора, а нејзините сестри ги фрлија во затвор. После лутите маки кнезот ѝ свика на Минодора: „Принеси им жртва на боговите!“ На ова Светата маченичка одговори: „Зар не гледаш дека ништо друго и не правам туку самата себеси Му се принесувам на жртва на мојот Бог?“ Кога Света Минодора издивна во маки, тогаш кнезот ги изведе и останатите две сестри и ги постави покрај мртвото тело на Минодора, па покажувајќи на неа ги советуваше да се одречат од Христа. Но бидејќи останаа непоколебливи и нив ги уби во големи маки. Во тој миг удри гром од небото и го погуби бездушниот Фронтон со неговите слуги. Христијаните чесно ги погребаа телата на Светите маченички. Пострадаа меѓу 305 и 311 година во времето на Максимијан Галериј и се упокоија во Христовото Царство. Светата царица Пулхерија Ќерка на царот Аркадиј. Се заветуваше вечно да живее во девственост и во знак на својот завет во соборната црква подигна Чесна Трпеза од злато и скапоцени камења. Соцаруваше со својот брат Теодосиј Помладиот. Голема ревнителка за христијанската вера. На нејзино настојување е свикан Третиот Вселенски Собор во Ефес, којшто ја осуди Несториевата ерес. Таа ја изгради прочуената црква на Пресвета Богородица во Влахерна во Цариград. По смртта на Теодосиј се венча со новоизбраниот цар Маркијан, но живееше со него како со брат. Таа ги пронајде моштите на Светите четириесет Севастиски маченици. Се упокои во Господ на 10 септември, во педесет и петтата година од животот. Свети Аполос, Лукиј и Климент Апостоли од Седумдесеттемина. Аполос (Дела 18, 24 - 25), беше епископ во Смирна, пред Св. Поликарп. Свети Лукиј (Рим. 16, 21) беше епископ во Лаодикија. Свети Климент во Сардика. Свети три жени Една цариградска благородничка и нејзините две слугинки. Заедно ја презреа суетата на светот и се повлекоа во осамеништво. После подвиг од единаесет години, се упокоија во Господ. Старец Тихон Светогорец Отец Тихон, во светот Тимотеј Голегов, се родил во Русија, во 1884 година. Родителите му биле побожни: за мајка му Елена се зборувало дека е света; постојано се молела и имала дар на солзи. Уште од мал сакал да ги посетува манастирите и со нетрпение го очекувал Божјиот благослов да го напушти светот, бидејќи ништо видливо не го задоволувало, туку копнеел за небесната вечност и неминливата радост. Како млад заминал на Света Гора, а по една година го потстрижале во монах со името Тихон, во чест на свети Тихон Задонски. Пет години се подвизувал во „Белозерка“, учејќи се на послушание, молитва и мудрост од благодатните отци. Но, љубовта кон тишината го однела во суровата пустина. Откако добил благослов, отец Тихон отишол во местото кое се нарекува Каруља, каде што петнаесет години живеел во пештера. Неговиот подвиг навистина бил голем: се хранел само со двопек, и тоа еднаш во три дена, често и еднаш неделно, а ноќе правел повеќе од 600 метании. За време на Светата Литургија се преобразувал. Се случувало наутро да ја почне службата, а да заврши на стемнување. За време на проскомидијата со часови читал имиња за на крајот да заврши со зборовите: „Господи, спомни си за целиот свет“. Велел дека верникот треба 24 часа да се подготвува за Светата Причест. Постојано ја практикувал умно-срдечната молитва. На Света Гора живеел шеесет години. Се упокоил на 10/23 септември 1968 година. Самиот си го направил надгробниот крст и предвреме на него напишал: „Грешниот Тихон, јеромонах, 60 години на Света Гора. Слава Ти, Боже“. Свети Потин Лионски Свештеномаченикот Потин бил првиот епископ на градот Лион. За неговиот живот, за жал, многу малку се знае. Се смета дека се родил некаде околу 85 година, најверојатно во Мала Азија. Бил ученик на Поликарп Смирнски, кој, пак, бил ученик на светиот апостол и евангелист Јован Богослов. Светиот Поликарп Смирнски го испратил свети Потин од Мала Азија во Галија (денешна Франција). Пристигнал во Лугдунум (Лион) околу 140 година и станал прв епископ во Галија, каде што го проповедал Евангелието. Со своите проповеди успеал да покрсти мнозина незнабошци во христијанството. Но, во 177 година, за време на владеењето на римскиот император Марко Аврелиј, повторно почнале гонењата на христијаните. Во Галија, во Лугдунум и во соседната Виена биле заробени стотици христијани. Меѓу нив бил и 90-годишниот епископ Лионски Потин, кого на раце го одвеле во затвор, бидејќи бил мошне стар. Проконзулот го запрашал: „Кој е христијанскиот Бог?“ Старецот Потин му одговорил: „Ќе дознаеш ако се удостоиш за тоа“. Незнабошците навалиле на него со стапови и камења, и безмилосно го тепале. Го фрлиле во затвор, каде што од ударите за два дена се упокоил и се преселил во Царството Небесно, подготвено за оние што Го љубат Бог. Неговиот свет спомен Православната Црква го прославува на 05/23 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpc-utre-se-slavat-ovie-svetiteli/feed/ 0