светлан стоев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Nov 2021 15:05:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светлан стоев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоев: Бугарија очекува јасни гаранции од Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-bugarija-ochekuva-jasni-garancii-od-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-bugarija-ochekuva-jasni-garancii-od-severna-makedonija/#respond Tue, 30 Nov 2021 15:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=602056

Софија очекува јасни гаранции од Скопје по однос на правата на граѓаните со бугарска национално чувство и исполнувањето на Договорот за пријателство од 2017 година, истакна шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на билатерални средби со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и со шпанскиот министер за надворешни работи, ЕУ и соработка Хозе Мануел Албарез Буено. Како што јави БГНЕС, средбите, на кои станало збор за перспективите за почеток на преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ, се одржале во Барселона во рамките на Шестиот регионален форум на Унијата за Медитеранот и министерскиот состанок на ЕУ и земјите партнери од јужното соседство. -Бугарската страна ги истакна своите проактивни напори во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Очекуваме јасни гаранции од Република Северна Македонија за ова, соопшти бугарското МНР. Стоев денеска и утре престојува во Рига каде учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој учествува и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во рамки на министерскиот состанок на НАТО, како што соопшти бугарското МНР, ќе се одржи и средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и партнерите Шведска и Финска за актуелните случувања на Западен Балкан. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-bugarija-ochekuva-jasni-garancii-od-severna-makedonija/feed/ 0
Стоев испрати телеграма со сочувство до Османи по повод пожарот во болницата во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-osmani-po-povod-pozarot-vo-bolnicata-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-osmani-po-povod-pozarot-vo-bolnicata-vo-tetovo/#respond Thu, 09 Sep 2021 13:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=561613

По повод пожарот што синоќа избувна во модуларната болница во Тетово, бугарскиот министер за надворешнии работи Светлан Стоев испрати телеграма со сочувство до неговиот македонски колега Бујар Османи, информира прес-службата на Министерството за надворешни работи на Бугарија. – Во име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и во мое име, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата и роднините на жртвите. Во овој тажен момент, нашите мисли се со сите нив, се наведува во телеграмата за сочувство. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за надворешни работи на Бугарија посака наскоро закрепнување на ранетите, како и „храброст и одлучност на властите во Република Северна Македонија во нивните напори да ги разјаснат причините и да ги надминат последиците од овој трагичен инцидент“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-osmani-po-povod-pozarot-vo-bolnicata-vo-tetovo/feed/ 0
Честитка од бугарскиот министер за надворешни работи Стоев по повод Денот на независноста на Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chestitka-od-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-stoev-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chestitka-od-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-stoev-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-severna-makedonija/#respond Wed, 08 Sep 2021 14:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=561034

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска упати честитки по повод 8 Септември, Денот на независноста на Северна Македонија, соопшти прес-центарот на бугарското МНР. Како што јави дописникот на МИА во Софија, министерот Стоев потенцира дека Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на тогашна Република Македонија, а искажаната бугарска поддршка за стремежите на младата држава беше природен и искрен чекор, што доаѓал од јавното мислење и како доказ има историско значење. -Во последните 30 години, поддршката на Бугарија не беше ништо повеќе освен несебичен чин на пријателство и силна верба во заедничка европска и евроатлантска иднина. Секогаш кога Република Северна Македонија се соочува со сериозни проблеми, Бугарија е подготвена да помогне, без оглед на сопствените предизвици, рече бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев во обраќањето испратено до министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи. Бугарскиот министер за надворешни работи, исто така, потсети на големите очекувања од раните 1990-ти години дека политичките промени во новопризнаената држава ќе донесат можност за надминување на вештачките поделби наметнати на луѓето од двете страни на границата. -Долгоочекуваниот пад на „ѕидот“ меѓу нас се покажа како долг и болен процес. Неговото целосно уништување се уште бара силна политичка волја и храброст за искоренување на негативните перцепции и стереотипи, истакна Стоев. Тој изрази уверување дека целосната имплементација со добра волја на двете земји на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година може да биде основа за поамбициозни и поискрени европски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. -Верувам дека не само нашето минато, туку и нашата иднина е заедничка во семејството на Европската унија, додаде Стоев и во име на идните генерации повика продлабочувањето на соработката да продолжи со цел да се постигне напредок и опипливи резултати во корист на граѓаните, регионот и Европа во целина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chestitka-od-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-stoev-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-severna-makedonija/feed/ 0
Стоев избра тим за преговорите со Македонија: Очекуваме она што е договорено меѓусебно да биде исполнето во иднина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stoev-izbra-tim-za-pregovorite-so-makedonija-ochekuvame-ona-shto-e-dogovoreno-megjusebno-da-bide-ispolneto-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stoev-izbra-tim-za-pregovorite-so-makedonija-ochekuvame-ona-shto-e-dogovoreno-megjusebno-da-bide-ispolneto-vo-idnina/#respond Tue, 25 May 2021 13:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=514939

Мониторинг на Европската Унија, како гаранција дека Македонија ќе го почитува договореното, побара привремениот министер за надворешни работи, Светлан Стоев. Но, Стоев не прецизираше дали ваквиот мониторинг би бил во рамките на процесот на Стабилизација и асоцијација, како што неофицијално предлага португалското претседателство или во преговарачката рамка, на кое инсистираше Софија досега. Стоев денеска порача дека дијалогот со Македонија е приоритет број 1 на бугарската надворешна политика, а го промовираше и тимот за преговори, предводен од неговиот заменик Румен Александров. Рече дека целта е постигнување одржливо и неповратно решение. -Се обидуваме јасно да кажеме, не само на македонската страна, туку и на нашите партнери дека нашата политика е доследна. Би требало да се постават отворените прашања меѓу земјите на ЕУ и каде треба да и се дадат гаранции на Бугарија дека она што е договорено меѓусебно ќе биде исполнето во иднина. Овој мониторинг кој треба да биде од ЕУ е гаранција дека двостраните договори, кои се потпишани или ќе бидат потпишани, ќе бидат исполнувани, изјави Светлан Стоев, технички министер за надворешни работи на Бугарија Бугарскиот претседател Радев и денеска е на Самитот на лидерите на ЕУ, каде Македонија барем официјално не е на дневен ред. Но, Радев и денеска не пропушти да ја спомене земјава, овој пат, како бугарски приоритет поврзан со Ковид кризата. -Ќе разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји, за Бугарија приоритет е западниот Балкан со Македонија на врвот, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија. Радев од Брисел се враќа во Софија, па оттаму со државниот авион ќе слета во Скопје. На аеродромот по куса со средба со македонскиот колега Пендаровски и двајцата заедно ќе отпатуваат за Рим на чествување на Светите браќа Кирил и Методиј. Формални преговори за билетарелниот спор не се предвидени, иако е јасно дека прашањето ќе биде неизбежна тема на разговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stoev-izbra-tim-za-pregovorite-so-makedonija-ochekuvame-ona-shto-e-dogovoreno-megjusebno-da-bide-ispolneto-vo-idnina/feed/ 0