Светлана Тихановскаја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Jun 2023 07:00:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Светлана Тихановскаја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Врховниот суд на Белорусија ја потврди 15-годишната затворска казна за Тихановскаја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-belorusija-ja-potvrdi-15-godishnata-zatvorska-kazna-za-tihanovskaja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-belorusija-ja-potvrdi-15-godishnata-zatvorska-kazna-za-tihanovskaja/#respond Wed, 21 Jun 2023 07:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=848077

Врховниот суд на Белорусија вчера ја потврди казната од 15 години затвор за поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја, која не е во земјата. Судот во Минск на 6 март ги осуди лидерите на белоруската опозиција Тихановскаја и Павел Латушко, кои се надвор од Белорусија, на 15, односно 18 години затвор, по што Тихановскаја поднесе жалба на пресудата. Шефицата на кабинетот на Тихановскаја, Марија Мороз, опозиционерите кои учествуваа во Координативниот совет на белоруската опозиција, Олга Ковалкова и Сергеј Дилевски, кои исто така се во странство, осудени се на 12 години затвор. Тие се обвинети за заговор за преземање на државната власт на неуставен начин, создавање екстремистичка група и нејзино раководење, јавно повикувајќи на санкции и предизвикување омраза. Тихановскаја дополнително беше обвинета за предавство, а Латушко за корупција. По претседателските избори во Белорусија на 9 август 2020 година, на кои Александар Лукашенко победи по шестипат, во земјата се одржаа масовни протести. По протестите против неколку опозициски лидери беа поведени кривични постапки, а голем број претставници на опозицијата засолниште пронајдоа во странство, главно во Полска, Литванија и Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-belorusija-ja-potvrdi-15-godishnata-zatvorska-kazna-za-tihanovskaja/feed/ 0
Лидерката на белоруската опозиција побара помош од ОН за излез од кризата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderkata-na-beloruskata-opozicija-pobara-pomosh-od-on-za-izlez-od-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderkata-na-beloruskata-opozicija-pobara-pomosh-od-on-za-izlez-od-krizata/#respond Mon, 08 Mar 2021 07:04:37 +0000 https://kurir.mk/?p=478717

Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, побара помош од ОН со цел нејзината земја што поскоро да излезе од кризата. -Убедени сме дека во одреден момент, режимот ќе падне, бидејќи е под притисок и од внатре и од надвор, рече Тихановскаја, која избега од Белорусија во Литванија на 9 август 2020 година, само еден ден по непризнаените претседателски избори, на кои загуби од актуелниот претседател Александар Лукашенко. Лидерката на белоруската опозиција вчера пристигна во Женева, каде што ќе учествува во дебата на Меѓународниот филмски фестивал за правата на човекот. Уште една опозиционерка од Белорусија, Олга Ковалдкова, исто така, ќе учествува во дебатата на фестивалот. Неколку десетици симпатизери вчера ја пречекаа Тихановскаја пред европското седиште на ОН во Женева, а таа оттаму изрази надеж дека ОН ќе продолжат да и помагаат на Белорусија да излезе од кризата. -Притисокот треба да се засили, рече таа, додавајќи дека се залага за дијалог со посредство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). „Ние сакаме овие разговори да бидат што е можно поотворени и во нив да учествуваат соседните и другите демократски земји“, додаде Тихановскаја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderkata-na-beloruskata-opozicija-pobara-pomosh-od-on-za-izlez-od-krizata/feed/ 0
Белорусија издаде потерница за Тихановскаја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-izdade-poternica-za-tihanovskaja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-izdade-poternica-za-tihanovskaja/#respond Fri, 16 Oct 2020 10:52:29 +0000 https://kurir.mk/?p=417185

Белорусија издаде меѓународна потерница за Светлана Тихановскаја, претседателски кандидат на изборите одржани во август годинава, под обвиненија дека повикала да се наштети на белоруската национална безбедност, изјави денеска за агенцијата ТАСС извор од судството во Минск. Според него, „станува збор за повреда според членот 361 од Кривичниот законик на Белорусија (повици за постапување против државни агенции и институции)“. Белорусија претходно издаде потерница за апсење, која важи и во Русија, поради билатералниот договор што го имаат овие две земји. На 9 август, Изборната комисија на Белорусија соопшти дека Александар Лукашенко освоил 80,10 проценти од гласовите, а Тихановскаја 10,12 проценти. Таа одби да ги прифати резултатите, сметајќи ги наместени, па истиот ден ја напушти Белорусија и замина во соседна Литванија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-izdade-poternica-za-tihanovskaja/feed/ 0
Макрон во Литванија се сретна со Тихановскаја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vo-litvanija-se-sretna-so-tihanovskaja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vo-litvanija-se-sretna-so-tihanovskaja/#respond Tue, 29 Sep 2020 10:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=410072

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Вилнус се сретна со лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја, при што вети помош за посредување во политичката криза во Белорусија. – Ќе направиме најдобро што можеме за да помогнеме во медијација, рече Макрон по состанокот, кој дополнително беше додаден во распоредот за неговата посета на Литванија. Тој рече дека планира да се обрати на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) „со цел да се постигне напредок“. На вчерашниот, прв ден од неговата посета на Вилнус, Макрон ги повика белоруските власти да престанат со незаконското апсење, да ги ослободат произволно уапсените демонстранти, а во неделата побара од белорускиот лидер Александар Лукашенко да поднесе оставка. Тихановскаја рече дека Макрон и ветил дека ќе и помогне во преговорите со белоруските власти и да за ослободување на политичките затвореници. – Тој ни вети дека ќе стори сè што може за да помогне во преговорите за време на политичката криза во нашата земја и дека ќе помогне во ослободувањето на политичките затвореници, изјави Тихановскаја по средбата со Макрон во Вилнус, каде што е во егзил. Таа исто така рече дека ќе одржи говор пред француското Национално собрание. – Добивме покана да зборувам пред францускиот Парламент и ја прифативме, рече таа. Тихановскаја избега од Белорусија по изборите на 9 август. Таа вчера го повика францускиот претседател да посредува во решавањето на кризата во Белорусија. Белорусија се соочува со масовни протести од спорните избори на 9 август. И претседателот Александар Лукашенко и Тихановскаја тврдат дека победиле. Според Министерството за внатрешни работи, полицијата во Белорусија во неделата привела повеќе од 350 демонстранти. Подоцна во текот на денот Макрон треба да ги посети француските војници во НАТО во литванскиот град Рукли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vo-litvanija-se-sretna-so-tihanovskaja/feed/ 0
Тихановскаја: Подготвени сме да му дадеме безбедносни гаранции на Лукашенко https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-podgotveni-sme-da-mu-dademe-bezbednosni-garancii-na-lukashenko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-podgotveni-sme-da-mu-dademe-bezbednosni-garancii-na-lukashenko/#respond Wed, 16 Sep 2020 08:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=403900

Поранешната кандидатка за претседателка на Белорусија, Светлана Тихановскаја изјави дека опозицијата е подготвена да му пружи „безбедносни гаранции“ на претседателот Александар Лукашенко ако мирно се повлече од функцијата. Таа одговарајќи на новинарско прашање дали ќе му бидат дадени безбедносни гаранции на Лукашенко ако мирно се повлече од власта, Тихановскаја истакна дека за тоа може да се разговара. – Секако, ако мирно замине, постои таква можност, дури можам да кажам и убедување. Морам лично да зборувам во име на сите луѓе, а нивното мислење ќе биде земено во предвид во овој случај, наведе Тихановскаја. Таа додаде дека Лукашенко може да добие и повеќе. Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнаа на 9 август, по претседателските избори на кои Лукашенко прогласи победа со освоени 80,1 отсто од гласовите. Опозицијата тврди дека резултатите се лажирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-podgotveni-sme-da-mu-dademe-bezbednosni-garancii-na-lukashenko/feed/ 0
Тихановскаја: Во Белорусија ќе се вратам кога ќе се чуствувам безбедно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-vo-belorusija-kje-se-vratam-koga-kje-se-chustvuvam-bezbedno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-vo-belorusija-kje-se-vratam-koga-kje-se-chustvuvam-bezbedno/#respond Fri, 21 Aug 2020 10:38:13 +0000 https://kurir.mk/?p=393443

Светлана Тихановскаја, главниот противник на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори, денеска изјави дека од Литванија ќе се врати во Белорусија кога ќе се чувствува безбедно. На денешната прес-конференција во Вилнус таа изјави дека народот во Белорусија сака да се одржат нови избори, кои би биле слободни и фер, пренесуваат британските медиуми. На претседателските избори што се одржаа во Белорусија, на 9 август, Лукашенко победи со околу 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја, која освои 10 отсто од гласовите, следниот ден избега во Литванија поради закани по нејзиниот живот. По објавувањето на изборните резултати, избувнаа масовни протести во Минск и другите белоруски градови, што предизвика судири меѓу демонстрантите и полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-vo-belorusija-kje-se-vratam-koga-kje-se-chustvuvam-bezbedno/feed/ 0
Литванскиот премиер Сквернелис ја прими Тихaновскаја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanskiot-premier-skvernelis-ja-primi-tihanovskaja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanskiot-premier-skvernelis-ja-primi-tihanovskaja/#respond Thu, 20 Aug 2020 13:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=393121

Литванскиот премиер Саулиус Сквернелис денеска во Вилнус ја прими Светлана Тихановскаја, која на неодамнешните спорни претседателски избори во Белорусија заврши втора, зад актуелниот претседател Александар Лукашенко, и ја увери дека неговата земја ќе ги поддржи барањата за нови избори во Белорусија. Во објавата на Фејсбук по средбата со Тихановскаја, Сквернелис напиша дека „ја уверил дека литванската Влада, заедно со партнерите од Полска, Летонија и Естонија, направиле и прават се што е можно да се остварат аспирациите за одржување слободни и фер избори во Белорусија“. Пред десетина дена, еден ден по претседателските избори во Белорусија, Тихаановскаја, која белоруската опозиција ја смета за избран претседател се додека не се одржат нови избори, пребега во Литванија, каде што, според сегашните регулативи, требаше две недели да биде ставена во карантин поради пандемијата на коронавирус. Тасс, повикувајќи се на прес-службата на претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, вчера јави дека Тихановскаја била негативна за тестот за коронавирус, што, како што истакна Науседа, значи дека може, без ограничувања, да учествува во општествениот живот како лидер на нејзиниот народ. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanskiot-premier-skvernelis-ja-primi-tihanovskaja/feed/ 0
Тихановскаја се враќа во Белорусија, тврди нејзината овластена претставничка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-se-vrakja-vo-belorusija-tvrdi-nejzinata-ovlastena-pretstavnichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-se-vrakja-vo-belorusija-tvrdi-nejzinata-ovlastena-pretstavnichka/#respond Tue, 18 Aug 2020 11:32:13 +0000 https://kurir.mk/?p=392143

Светлана Тихановскаја, која беше втора на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, и сега е пребегана во странство, наскоро ќе се врати во земјата, изјави денеска нејзината овластена претставничка, Олга Ковалкова. Како што потсетува Тасс, на 10 август, ден по изборите, Тихановскаја избега во Литванија. -Таа не планираше да замине, и затоа сум сигурна дека наскоро ќе се врати, рече Ковалкова. Според официјалните резултати, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,1 отсто од гласовите, додека Тихановскаја, како негов главен ривал, освои 10,12 отсто. По тврдењата за изборна кражба во Белоруисја избија масовни протести што се уште траат. Опозицијата не ги прифаќа официјалните изборни резултати и смета дека Тихановскаја е избрана претседателка до одржувањето на нови избори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihanovskaja-se-vrakja-vo-belorusija-tvrdi-nejzinata-ovlastena-pretstavnichka/feed/ 0
Тихонавскаја: Донесов тешка одлука да ја напуштам Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihonavskaja-donesov-teshka-odluka-da-ja-napushtam-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihonavskaja-donesov-teshka-odluka-da-ja-napushtam-belorusija/#respond Tue, 11 Aug 2020 11:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=389249

Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја денеска потврди дека донела „тешка одлука“ да ја напушти земјата, каде се врши репресија врз протестното движење по неделните спорни претседателски избори. – Сама ја донесов одлуката… и знам дека многумина ќе ме осудат, многу че ме мразат, истакна Тихановскаја. Претходно, изборниот штаб на Тихановскаја соопшти дека белоруските власти ја принудиле опозициската кандидатка да ја напушти земјата и покрај демонстрациите против наводната победа и реизборот на Александар Лукашенко. – Властите ја изведоа од земјата, немаше избор. Само пет минути пред упадот на полицијата разговаравме за следните чекори и планови. Бидете убедени дека не планираше да ја напушти земјата, изјави соработничката на Тихановскаја, Олга Ковалкова. Изборниот штаб не успеал да стапи во контакт со Тихановскаја се до денеска кога е потврдено дека и се придружила на своите деца во Литванија. Комитетот за државни граници на Белорусија потврди дека Тихановскаја ја напуштила Белоруисија. Претходно, шефот на литванската дипломатија Линас Линкевисијус изјави дека Тихановскаја пристигнала во Литванија. – Пристигна во Литванија и е безбедна, посочи Линкевисијус. Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. Демонстрациите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tihonavskaja-donesov-teshka-odluka-da-ja-napushtam-belorusija/feed/ 0
Ковалкова: Властите ја принудија Тихонавскаја да ја напушти Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovalkova-vlastite-ja-prinudija-tihonavskaja-da-ja-napushti-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovalkova-vlastite-ja-prinudija-tihonavskaja-da-ja-napushti-belorusija/#respond Tue, 11 Aug 2020 09:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=389179

Изборниот штаб на опозициската кандидатка на претседателските избори денеска соопшти дека белоруските власти ја принудиле Светлана Тихановскаја да ја напушти земјата и покрај демонстрациите против наводната победа и реизборот на Александар Лукашенко. – Властите ја изведоа од земјата, немаше избор. Само пет минути пред упадот на полицијата разговаравме за следните чекори и планови. Бидете убедени дека не планираше да ја напушти земјата, изјави соработничката на Тихановскаја, Олга Ковалкова. Изборниот штаб не успеал да стапи во контакт со Тихановскаја се до денеска кога е потврдено дека и се придружила на своите девца во Литванија. Комитетот за државни граници на Белорусија потврди дека Тихановскаја ја напуштила Белоруисија. Претходно, шефот на литванската дипломатија Линас Линкевисијус изјави дека Тихановскаја пристигнала во Литванија. – Пристигна во Литванија и е безбедна, посочи Линкевисијус. Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. Демонстрациите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovalkova-vlastite-ja-prinudija-tihonavskaja-da-ja-napushti-belorusija/feed/ 0