„Свето Благовештение“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Apr 2020 05:22:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Свето Благовештение“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска е Благовец, денот на мајките- еве што треба да направите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-blagovec-denot-na-majkite-eve-shto-treba-da-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-blagovec-denot-na-majkite-eve-shto-treba-da-napravite/#respond Tue, 07 Apr 2020 05:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=328411

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне… Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица… Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости. Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви! На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените. Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-blagovec-denot-na-majkite-eve-shto-treba-da-napravite/feed/ 0
Познатата прилепска црква „Свето Благовештение“ ќе го добие старо-новиот уникатен изглед https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poznatata-prilepska-crkva-sveto-blagoveshtenie-kje-go-dobie-staro-noviot-unikaten-izgled/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poznatata-prilepska-crkva-sveto-blagoveshtenie-kje-go-dobie-staro-noviot-unikaten-izgled/#respond Sat, 02 Nov 2019 13:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=259222

Се враќа првобитната, уникатна фасада на познатата прилепска црква „Свето Благовештение“ или попозната како Стара црква. На надворешноста од црквата, која е заштитен споменик на културата, се вади слојот малтер и се откриваат керамичките блокови комбинирани во градбата со камен, уникатни во земјава што е првобитниот изглед на Црквата кога се градела пред 181 година. Според отец Илчо Смилески, старешина на црквата, парите, во вредност од околу 35.000 евра се обезбедени преку Преспанско-Пелагониската епархија, работите се во тек и ќе се интервенира додека дозволуваат временските прилики. – Црквата, оригинално, кога е градена во 1838 година е издигната со камен и посебни, керамички блокови, специјално изработени за црквата, а речиси не се среќаваат кај другите цркви во земјава. Не се знае зошто надворешноста била прекриена со слој од малтер пред околу 90 години, но сега се враќа првобитниот надворешен уникатен изглед. Ангажирани се фирми од Прилеп. Едната, „9 март монт“ е за надворешното обликување, а фирмата „Караорман“ ќе се погрижи за осветлувањето, објаснува отец Смилески. Од прилепскиот „Завод и музеј“ ги потврдуваат зафатите и нагласуваат дека специфичните керамички блокови, специјално направени за изградбата на црквата се ретка техника. – Керамичките блокови кои ги направиле за изградбата на црквата се особени и не се среќаваат на тлото на земјава. Тоа ѝ дава уникатност на Црквата која има посебно значење за Прилеп и за прилепчани, изјави Благоја Атанасоски, директор на „Завод и музеј Прилеп“. Црквата „Свето Благовештение“ е најпознатата во Прилеп и има своја историја. За нејзина изградба инсистирал прилепскиот еснаф и прилепчанецот Хаџи Ристо Логотед морал да патува во тогашен Цариград за да добијат посебно одобрение-ферман од Султанот за изградбата на црквата. Инаку, во црквбата пред повеќе од 15 години беа пронајдени книжни икони кои на изложба беа претставени во Њујорк. Храмот го поседува и бесценетиот Иконостас, најголем во земјава и трет по значење што го изработила тајфата на зографот Петре Гарката. На Иконостасот прилепскиот и битолскиот Завод и музеј ќе го почнат процесот на анализа за зачувување и конзервација на Иконостасот кој преку 20 години е оставен на забот на времето и постои опасност да биде уништен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poznatata-prilepska-crkva-sveto-blagoveshtenie-kje-go-dobie-staro-noviot-unikaten-izgled/feed/ 0