Свето Стаменов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 07:25:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Свето Стаменов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Второ изменето и дополнето издание на „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vtoro-izmeneto-i-dopolneto-izdanie-na-krste-petkov-misirkov-makedonskiot-megjnik-na-sveto-stamenov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vtoro-izmeneto-i-dopolneto-izdanie-na-krste-petkov-misirkov-makedonskiot-megjnik-na-sveto-stamenov/#respond Thu, 17 Nov 2022 07:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=762140

Од печат штотуку излезе второто изменето и дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на еден од најплодните македонски публицисти, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, Свето Стаменов, чие прво издание беше објавено во 2020 година. Како што соопшти авторот, ова второ изменето и дополнето издание е посветено на 95-годишнината од смртта на, според многумина, најзначајниот Македонец на XX век – Крсте Петков Мисирков. Тој се смета за основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис и на автохтоноста на македонската национална свест, револуционер и бескомпромисен борец против туѓите пропаганди и за македонска национална афирмација и основоположник и активен учесник во македонските научно – литературни и национално – политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија и раководител на Тајниот македонско – одрински кружок – ТМОК. Крсте Петков Мисирков –  филолог, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално – политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, автор и издавач на првото списание на современ македонски јазик „Вардар” и на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“. Оваа книга, како што се наведува во соопштението, пред сè, е одраз на неговата бескомпромисна борба за самостојноста на македонскиот народ токму во времето на најжестоките пропаганди на соседните држави, но уште повеќе, дело од непроценлива вредност за македонскиот народ во неговата вековна борба за слобода и за создавање сопствена македонска држава и сопствен македонски литературен јазик. Но, и книга која претставува „Македонска национална програма“, која е актуелна и денес, речиси 120 години по нејзиното објавување. Едноставно, како што истакна во своето интервју покојниот академик Блаже Ристовски, кој целиот свој работен век го посвети на животот и делото на Крсте Петков Мисирков, „да се зборува за Крсте Петков Мисирков денес значи да се зборува за најзначајната линост во новата национална и културна историја на Македонија. Тој е претставник на македонската интелигенција од крајот на XIX и почетокот на XX век и на Движењето, новото движење, како што го именува самиот тој, што претпоставуваше македонска нација, македонски јазик, македонска црква и македонска национална држава“. Книгата содржи 20 радио – интервјуа (разговори) со еминентни универзитетски професори, македонисти, извонредни познавачи и почитувачи на грандиозното дело на Крсте Петков Мисирков. Поделена е на три дела: интервјуа посветени на 90-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков, резлизирани во периодот од 26 јули 2016 до 21 февруари 2017 година; интервјуа посветени на 115-годишнината од објавувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“, реализирани во периодот од 15 октомври до 19 ноември 2018 година и интервјуа посветени на 95-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков, реализирани во периодот од 28 мај до 16 септември 2021 гдина. Во рамките на редовната попладневна програма „Актуелно“ и авторскиот проект „Quo vadis”, свои видувања за одделни аспекти од животниот пат и од творештвото на Крсте Петков Мисирков изложија: проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Снежана Веновска – Антевска, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, академик Блаже Ристовски, д-р Славчо Ковилоски, проф. д-р Марија Коробар – Белчева, проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Лидија Тантуровска и доц. д-р Ана Витанова – Рингачева.    – И ова второ изменето и дополнето издание на „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов несомнено може да се смета за јасен и недвосмилен македонски одговор на најновата антимакедонска кампања што во последниве две – три години континуирано ја спроведуваат бугарските официјални власти и некои бугарски академски кругови со која се негираат посебноста на македонската нација, нејзиниот национален идентитет, нејзината историја и, особено, македонскиот стандарден јазик, смета авторот на делото, Свето Стаменов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vtoro-izmeneto-i-dopolneto-izdanie-na-krste-petkov-misirkov-makedonskiot-megjnik-na-sveto-stamenov/feed/ 0
Објавена книгата „За македонскиот XIX век“ од Свето Стаменов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-za-makedonskiot-xix-vek-od-sveto-stamenov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-za-makedonskiot-xix-vek-od-sveto-stamenov/#respond Wed, 05 Aug 2020 07:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=386325

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје од печат излезе најновата книга на новинарот на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист Свето Стаменов „За македонскиот XIX век (радио–интервјуа со Славчо Ковилоски)“. Книгата е своевидна збирка од девет интервјуа реализирани во рамки на редовната попладневна програма „Актуелно“ на Македонското радио – Радио Скопје од 2017 до 2019 година со д-р Славчо Ковилоски, научен соработник во Институтот за македонска литература (Одделение за македонска литература во XIX век) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје, културолог, книжевен историчар, поет и прозаист, еден од ретките македонски истражувачи кои работат на проблематиката на XIX век. Како што информира авторот, темите на интервјуата се поврзани со македонската книжевност и култура и воопшто со состојбите во нашата држава во XIX век, односно поконкретно се однесуваа на културно-политичката состојба во земјава, на Македонија како „јаболко на раздорот“ на Балканот и во Европа, на продорот на западноевропските влијанија во Македонија, на црковното прашање и за обновата на Охридската архиепископија. Во книгата се опфатени и почетоците и развојот на македонската книжевност во XIX век (жанрови, дела, автори), македонското фолклорно богатство, животот и положбата на македонските жени во градовите и во селата, спецификите на македонското јазично прашање во XIX век. Меѓу темите се и Григор Прличев, еден од најзначајните културни и општествени дејци на македонскиот XIX век, Крсте Петков Мисирков и неговото место во македонската историја, филолошкиот профил на Блаже Конески и неговата улога во стандардизацијата, развојот, негувањето и афирмацијата на македонскиот литературен јазик, на идентитетските прашања итн. – Токму затоа, на оваа книга може да се гледа и како на еден вид кратка историја на општествено – историските и културните настани и процеси што се одвивале на македонската територија во XIX век, смета авторот Свето Стаменов. Пред петнаесетина дена од печат излезе и двотомното издание „Македонија во НАТО“, чии автори се Свето Стаменов и проф. д-р Трајан Гоцевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-za-makedonskiot-xix-vek-od-sveto-stamenov/feed/ 0