светска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 14:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЕЦД прогнозира скромен раст на светската економија оваа и следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-prognozira-skromen-rast-na-svetskata-ekonomija-ovaa-i-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-prognozira-skromen-rast-na-svetskata-ekonomija-ovaa-i-slednata-godina/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=764901

Светската економија, попречена од високите каматни стапки, инфлацијата и руската војна против Украина, ќе постигне скромен раст оваа година, а уште послаб раст во 2023 година, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Според новата прогноза на ОЕЦД објавена денеска, светската економија годинава ќе порасне за само 3,1 отсто, што е остар пад од 5,9 отсто во 2021 година. Според ОЕЦД, следната година растот на светската економија ќе биде уште послаб и ќе изнесува 2,2 отсто. ОЕЦД, кој има 38 земји членки, предвидува дека САД, најголемата светска економија, годинава ќе забележи раст од само 1,8 отсто, што е голем пад од минатогодишните 5,9 отсто. Американската економија ќе порасне за само 0,5 отсто во 2023 година, а еден отсто во 2024 година. Не е подобра ниту прогнозата за еврозоната, која е погодена од енергетската криза поради руската војна во Украина, па така ОЕЦД предвидува дека ќе оствари раст од 0,5 отсто во 2023 година и 1,4 отсто во 2024 година. Во однос на инфлацијата, ОЕЦД предвидува дека таа ќе продолжи да има значително влијание врз европската економија. Инфлацијата годинава се очекува да биде 8,3 отсто, што е голем скок од ланските 2,6 отсто. Во следната година, според ОЕЦД, инфлацијата ќе изнесува 6,8 отсто. Кинеската економија, која неодамна имаше двоцифрен годишен раст, годинава ќе се прошири за само 3,3 отсто, а во 2023 година за 4,6 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-prognozira-skromen-rast-na-svetskata-ekonomija-ovaa-i-slednata-godina/feed/ 0
ЦЕБР: Кина во 2028 година ќе биде прва екомонија во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cebr-kina-vo-2028-godina-kje-bide-prva-ekomonija-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cebr-kina-vo-2028-godina-kje-bide-prva-ekomonija-vo-svetot/#respond Sat, 26 Dec 2020 15:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=448782

Кина во 2028 година ќе ги престигне САД и ќе стане прва економија во светот, пет години од претходниоте проценки, се наведува во најновиот извештај на британскиот Ценар за економски и бизнис истражувања (Centre for Economics and Business Research). – Панддемијата со Ковид-19 и последиците по долгорочниот економски раст на Западот се во корист на Кина, која вешто управува со кризата со воведување на раниот карантин. Се проценува дека Кина ќе оствари просечен економски раст од 5,7 отсто годишно од 2021 до 2025 година, а потоа ќе забави на 4,5 проценти годипшшно од 2026 до 2030 година, наведува ЦЕБР. Центарот исто така проценува дека пандемијата врз глобалната економија во поголема мера ќе влијае на одржување на инфлацијата, а не на бавниот раст. Според ЦЕБР, Јапонија ќе остане трета економија во светот до почетокот на 2030 година, кога ќе биде престигната од Индија и Германија. Додека Велика Британија, која е петта светска еконимија, од 2024 година ќе биде на шестото место. Според Блумбегр, САД најверојатно ќе имаат големо заздравување на економијата во 2021 година, а во периодот од 2022 до 2024 година можено е забавување на растот на 1,9 отсто, а потоа на 1,6 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cebr-kina-vo-2028-godina-kje-bide-prva-ekomonija-vo-svetot/feed/ 0
Си-Ен-Ен: Коронавирусот трајно ќе ја промени светската економија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-koronavirusot-trajno-kje-ja-promeni-svetskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-koronavirusot-trajno-kje-ja-promeni-svetskata-ekonomija/#respond Mon, 27 Jul 2020 05:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=381745

Коронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува Си-Ен-Ен. Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што се безбедносните мерки по нападите од 11 септември. Важно е, смета телевизијата, да се инвестира во потребната инфраструктура за откривање на идните вирусни епидемии. Оваа инвестиција ќе ја заштити економијата во случај да се покаже дека заштитата од Ковид-19 е привремена. Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија. Кризата предизвикана од пандемијата го забрза темпото на дигитална трансформација со натамошно проширување на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео конференции, учење преку Интернет, се наведува во текстот на телевиизјата. Од друга страна, компаниите во меѓународниот синџир за снабдување се соочуваат со тешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја сменат локацијата на нивно производство, а овој тренд нема да создаде нови работни места затоа што поголемиот дел од производството ќе биде автоматизирано. Владите ќе бидат поголеми бидејќи играат улога на осигурител и последен инвеститор за време на кризата. Јавниот долг, како што се наведува, ќе се „надува“, создавајќи финансиски проблеми ширум светот. Најважната лекција што може да се научи од пандемијата на Ковид-19 е важноста да се работи заедно за решавање на проблемите што влијаат врз целото човештво, се наведува во текстот на Си-Ен-Ен, и заклучува дека светот е многу посилен кога е пообединет отколку поделен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-koronavirusot-trajno-kje-ja-promeni-svetskata-ekonomija/feed/ 0
ММФ ги намали прогнозите за светската економија на раст од 3,7 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-gi-namali-prognozite-za-svetskata-ekonomija-na-rast-od-3-7-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-gi-namali-prognozite-za-svetskata-ekonomija-na-rast-od-3-7-otsto/#respond Tue, 09 Oct 2018 06:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=112561

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за светската економија поради зголемувањето на каматните стапки и интензивирањето на тензиите во трговијата. Според прогнозите на ММФ, светската економија ќе забележи раст од 3,7 отсто оваа година, исто како и претходната. Сепак, тоа е помалку од предвидувањата на ММФ објавени во јули. Финансиската институција ги намали прогнозите за 19-те земји кои го користат еврото, како и за Латинска Америка, Блискиот Исток и Субсахарска Африка. ММФ очекува економијата на САД годинава да забележи раст од 2,9 отсто, но да забави до раст од 2,5 отсто следната година, поради намалувањето на ефектот од неодамнешните намалувања на даноците и трговската војна со Кина. ММФ ја намали прогнозата за еврозоната до раст од два проценти, наместо очекуваните 2,2 отсто, поради трговските тензии со САД и загриженоста во врска со Брегзит. Финансиската институција го намали проектираниот раст по вторпат оваа година. Во април, ММФ очекуваше раст од 2,4 отсто во еврозоната. Прогнозата за Јужна Кореја е раст од 2,8 отсто, наместо досегашните три проценти раст на БДП во четвртата светска економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-gi-namali-prognozite-za-svetskata-ekonomija-na-rast-od-3-7-otsto/feed/ 0