Светска туристичка организација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 14:55:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Светска туристичка организација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија ја повика Светската туристичка организација да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-povika-svetskata-turistichka-organizacija-da-go-podrzi-proektot-vinski-patishta-na-otvoren-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-povika-svetskata-turistichka-organizacija-da-go-podrzi-proektot-vinski-patishta-na-otvoren-balkan/#respond Wed, 21 Sep 2022 14:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=735839

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, во пресрет на 6. Глобална конференција на Светската туристичка организација за вински туризам, во италијанскиот град Алба, го повика генералниот секретар на Светската туристичка организација (UNWTO) Зураб Пололикашвили, да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од нејзиното Министерство, Матиќ на средбата со Пололикашвили го претстави регионалниот проект „Винските патишта на Отворен Балкан“, како и првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржа во Белград и ја покани Светската туристичка организација да ја поддржи оваа иницијатива, нагласувајќи ја нејзината важност не само за Балканот, но и за цела Европа. – Препознавајќи ги винските патишта како иднина на туризмот, проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе им помогне на Албанија, Северна Македонија и Србија понатаму да ги развиваат лозарството и винските сектори и заеднички да го позиционираат регионот на Западен Балкан на европската и светската мапа за вински туризам како дестинација што мора да се види. Затоа поддршката на Светската туристичка организација би била од големо значење за развојот на овој регионален проект, порача Матиќ. Генералниот секретар на Светската туристичка организација Пололикашвили го поздрави активирањето на иницијативата „Винските патишта на Отворен Балкан“ и ја истакна важноста на гастрономијата, културниот туризам, руралниот туризам, телекомуникациите во туризмот, реката Дунав, како и вклучувањето на повеќе земји во иницијативата. Пололикашвили ја истакна важноста на образованието во туризмот и ја покани Србија да се приклучи на онлајн платформата на Академијата Светската туристичка организациј, која промовира конкурентност во туристичкиот сектор и ѝ помага на работната сила на глобалната индустрија полесно да пристапи до локалните и меѓународните можности за вработување. Во соопштенеито се наведува и дека Матиќ се сретнала со заменик министерката за туризам на Бугарија, Мариела Модева, на која и го претстави проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“. На средбата Матиќ оцени дека вклучувањето на другите земји од регионот, меѓу кои и Бугарија, во иницијативата „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе придонесе за подобра економска состојба и зголемување на туризмот во целиот регион и посочи дека постои интерес за заедничко аплицирање за ИПА програмите на ЕУ во областа на туризмот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-povika-svetskata-turistichka-organizacija-da-go-podrzi-proektot-vinski-patishta-na-otvoren-balkan/feed/ 0
Русија суспендирана од Светската туристичка организација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-suspendirana-od-svetskata-turistichka-organizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-suspendirana-od-svetskata-turistichka-organizacija/#respond Thu, 28 Apr 2022 07:55:29 +0000 https://kurir.mk/?p=669022

Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам. Одлуката за суспензијата што беше предложена минатиот месец од Извршниот совет на UNWTO, е донесена на вонредното Генерално собрание на организацијата што се одржува во Мадрид. На најавите од Извршниот совет на UNWTO за суспензија, руската делегација одби да ја брани својата позиција, најавувајќи повлекување од Организацијата уште пред дебатата по предлогот. Собранието на UNWTO со повеќе од двотретинско мнозинство ја изгласа суспензијата, така што одлуката стапува во сила веднаш, додека доброволното повлекување стапува во сила една година откако членката преку соодветни канали ќе поднесе такво официјално барање. Генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили, истакна дека членството на Организацијата со одлуката испратило јасна порака дека туризмот е столб на мирот и меѓународното пријателство, а членките на UNWTO без исклучок мора да ги почитуваат тие вредности или да се соочат со последиците. -Ова вонредно Генерално собрание покажува дека дејствијата на Русија се неодбранливи и спротивни на принципите на UNWTO и меѓународното раководење, рече тој. Од UNWTO се нагласува дека сите членки се посветени на развојот на туризмот „со намера да придонесат за економски развој, меѓународно разбирање, мир, напредок и универзална перспектива и почитување на човековите права“. Притоа се појаснува дека со губењето на правата и привилегиите за членство Русија нема да да може да добива услуги од UNWTO – вклучувајќи техничка помош, ниту пак ќе може да учествуваат на какви било состаноци или активности организирани од Организацијата. Исто така, на Русија нема да и биде дозволено да предлага свои кандидати за членови на телата на UNWTO. Одлуката за суспендирање на членството на Руската Федерација е донесена согласно Статутот на UNWTO во кој, меѓу другото, се наведува дека секоја земја-членка може да биде суспендирана доколку две третини од членките проценат дека некоја држава опстојуваа во политиките спротивни на основните цели на организација. Суспензијата е привремена и може да биде укината, но само со одлука на Генералното собрание и според истата процедура. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-suspendirana-od-svetskata-turistichka-organizacija/feed/ 0
Светскиот туризам со најголем пад во историјата, за опоравување потребни неколку години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-turizam-so-najgolem-pad-vo-istorijata-za-oporavuvanje-potrebni-nekolku-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-turizam-so-najgolem-pad-vo-istorijata-za-oporavuvanje-potrebni-nekolku-godini/#respond Fri, 29 Jan 2021 10:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=461397

За светскиот туризам 2020 година е најлошата година во историјата со пад на меѓународните туристички пристигнувања за 74 проценти или околу милијарда помалку отколку во 2019 година, а континуираните ограничувања на патувањето и другите антипандемиски мерки исто така ги намалуваат очекувањата за закрепнување во 2021 година, соопшти Светската туристичка организација при ОН (СТООН). Ваквиот пад на светскиот туризам е директен резултат на невидениот пад на туристичката побарувачка и ограничувања на патувањето низ целиот свет поради пандемијата на коронавирус, посочува СТООН врз основа на податоците од светот сумирани во новото издание на нивниот Светски туристички барометар. – Колапсот на меѓународните патувања во 2020 година, исто така, претставува проценета загуба на извозни приходи од туризам од околу 1.300 милијарди американски долари, што е повеќе од 11 пати повеќе од загубата за време на глобалната економска криза од 2009 година. Пандемиската криза директно загрози помеѓу 100 и 120 милиони работни места во туризмот, од кои многу се во мали и средни претпријатија, соопшти СТООН. Организацијата очекува дека постепеното воведување на вакцината против вирусот ќе помогне во враќањето на довербата на потрошувачите, ќе помогне во олеснување на ограничувањата на патувањето и полека ќе се нормализираат патувањата во 2021 година. Речиси 50 проценти од анкетираните експерти очекуваат „некое“ закрепнување дури во 2022 година, додека во октомври таа ценеа 21 процент од испитаните експерти. Останатите половина сè уште гледаат можности во 2021 година, што е исто така помалку од скоро 80 ​​проценти кои во октомври 2020 година веруваа во закрепнување во 2021 година, за која сега предвидуваат зголемување на домашниот туризам и побарувачката за активности на отворено и во природа. Што се однесува на враќање на предпандемиското ниво, 43 проценти веруваат дека тоа нема да се случи пред 2023 година, 41 процент сметаат дека тоа ќе биде до 2024 година, а само 15 отсто веруваат во опоравување во 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-turizam-so-najgolem-pad-vo-istorijata-za-oporavuvanje-potrebni-nekolku-godini/feed/ 0