светска здравствена организацаија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Oct 2021 10:11:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светска здравствена организацаија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО го продолжи предвидениот рок за траење на коронавирусот – ќе не „дружи“ уште долго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-prodolzi-predvideniot-rok-za-traenje-na-koronavirusot-kje-ne-druzi-ushte-dolgo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-prodolzi-predvideniot-rok-za-traenje-na-koronavirusot-kje-ne-druzi-ushte-dolgo/#respond Thu, 21 Oct 2021 10:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=583024

Пандемијата со Ковид-19 ќе „трае една година подолго“, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација. Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“. Продолженото траење на Ковид-19 е поради тоа што помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, додека на другите континенти вакцинирани се 40 отсто од населението. Велика Британија испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони. Огромен број вакцини против Ковид-19 се доставуваат во земји со висок и среден приход, додека во Африка само 2,6 проценти од дозите дистрибуирани ширум светот. Група хуманитарни организации, во која спаѓаат Оксфам и УНАидс, ги критикуваа Канада и Велика Британија за набавка на вакцини за нивната популација преку механизмот КОВАКС, глобална програма за правична дистрибуција на вакцини поддржани од ОН. Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година, Велика Британија добила 539.370 дози вакцина Фајзер, додека Канада нешто помалку од милион дози од вакцината „Астра Зенека“. Д-р Ејлвард апелира богатите земји да им дадат приоритет на земјите со најниски примања за набавка на вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-prodolzi-predvideniot-rok-za-traenje-na-koronavirusot-kje-ne-druzi-ushte-dolgo/feed/ 0
СЗО повика на претпазливост при ублажување на рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-pretpazlivost-pri-ublazuvanje-na-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-pretpazlivost-pri-ublazuvanje-na-restriktivnite-merki/#respond Wed, 07 Jul 2021 18:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=533507

Шефот на службата за итни случаи во Светската здравствена организација, Мајкл Рајан денеска ги повика земјите да бидат крајно внимателни при укинување на епидемиолошките ограничувања со цел „да не ги изгубат постигнатите резултати“. Апелите на Рајан доаѓаат во време кога Англија, домаќинот на финалето на Европското првенство во фудбал, се подготвува да укине многу ограничувања на 19 јули, европските земји да ги ублажат ограничувањата за патувања, а индиските држави да го олеснат карантинот, и покрај натамошното ширење на делта мутацијата низ целиот свет. Рајан истакна дека иако секоја нација мора сама да одлучи, поединците, вклучително и невакцинираните, мора да преземат лична одговорност да се заштитат себе си и другите, со цел да се спречи болниците повторно да бидат поплавени од пациенти од нов бран на пандемијата. – Идејата дека сите се заштитени и оти сè е вратено во нормала, мислам дека во моментов е многу опасна претпоставка насекаде во светот, дури и во Европа, изјави Рајан пред новинарите во Женева. – Бараме од владите во овој момент да не го прокоцкаат сè она што е постигнато, рече Рајан. Пред најавеното укинување на рестриктивните мерки во Велика Британија, Рајан изрази уверување дека британските научници се „многу свесни за заканата што ја носат варијантите на коронавирусот, особено делта варијантата“ и дека ограничувањата ќе бидат укинати со претпазливост. СЗО ги повика другите земји, вклучувајќи ги САД и Швајцарија, да донираат вакцини во програмата Ковакс, наместо да вакцинираат деца на возраст од 12 до 15 години, со што ќе се обезбеди пристап до вакцините на здравствените работници и постарите граѓани во неразвиените, посиромашни земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-pretpazlivost-pri-ublazuvanje-na-restriktivnite-merki/feed/ 0
СЗО: Еден отсто од смртните случаи во светот се поради самоубиства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-eden-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-svetot-se-poradi-samoubistva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-eden-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-svetot-se-poradi-samoubistva/#respond Fri, 18 Jun 2021 07:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=525025

Повеќе од 700.000 луѓе си ги одзеле своите животи во 2019 година, што значи дека еден од секои 100 смртни случаи во светот се должи на самоубиство, соопшти Светската здравствена организација, јави ДПА. Тој процент е исклучително висок. Самоубиствата паднаа за 36 проценти од 2000 до 2019 година. Сепак, пандемијата зголеми многу од ризичните фактори за нив, како што се невработеност, финансиски проблеми, изолација. „Државите можат да помогнат да се намали самоубиството обучувајќи млади луѓе да се справуваат со емоционални или социјални кризи“, соопшти СЗО. Други начини за справување со проблемот се да ги идентификуваат луѓето склони на самоубиство рано и да им се даде можност да најдат помош, да поттикнат одговорно медиумско известување за самоубиства и да го отежнат пристапот до отрови и оружје. Самоубиството е четврта водечка причина за смртност во возрасната група од 15-29 години, по сообраќајни несреќи, туберкулоза и насилство. Повеќето жртви се од машки пол – 12,6 на 100.000 за мажи, во споредба со 5,4 на 100.000 за жени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-eden-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-svetot-se-poradi-samoubistva/feed/ 0