светска здравствена организација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 14:27:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светска здравствена организација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директор во СЗО предупредува дека обезните деца можеби ќе живеат пократок живот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktor-vo-szo-predupreduva-deka-obeznite-detsa-mozhebi-ke-zhiveat-pokratok-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktor-vo-szo-predupreduva-deka-obeznite-detsa-mozhebi-ke-zhiveat-pokratok-zhivot/#respond Wed, 10 May 2023 14:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=832767

Извршниот директор на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Роб Батлер денеска во Загреб предупреди дека последиците од дебелината кај децата значително ќе влијаат на квалитетот и должината на животот на идните генерации. - Ако не дејствуваме сега, последиците во иднина ќе бидат големи и ќе влијаат на нашите економии, здравствени системи и на квалитетот и должината на животот на нашите деца и внуци, рече тој на прес-конференција по завршувањето на самитот посветен на превенција на дебелината кај децата организиран од Канцеларијата на хрватскиот претседател и Европската канцеларија на СЗО. Се проценува дека за само 12 години, 28 милиони деца во 53 земји од европскиот регион ќе живеат со обезност, а оваа епидемија, која може да се спречи, ќе го чини европското општество 800 милиони американски долари до 2035 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktor-vo-szo-predupreduva-deka-obeznite-detsa-mozhebi-ke-zhiveat-pokratok-zhivot/feed/ 0
СЗО: Можно е зголемување за 55 проценти на заболените од рак до 2040 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozhno-e-zgolemuvane-za-55-protsenti-na-zabolenite-od-rak-do-2040-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozhno-e-zgolemuvane-za-55-protsenti-na-zabolenite-od-rak-do-2040-godina/#respond Tue, 04 Apr 2023 07:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=819890

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година. - Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат регистрирани 28 милиони нови случаи на рак, објави СЗО. До 2040 година, бројот на заболени од рак се очекува да се зголеми за 54,9 отсто во споредба со 2020 година, при што зголемувањето е за 60,6 проценти поголемо кај мажите отколку кај жените. Ракот, втора водечка причина за смрт, секоја година се дијагностицира кај 734.000 луѓе, а во 2020 година, една од шест смртни случаи се должи на канцер. На повеќе од 19,2 милиони луѓе ширум светот им бил дијагностициран рак во 2020 година, додека повеќе од 9,9 милиони луѓе починале од оваа болест. Околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак ширум светот. Од 30 до 50 проценти од смртните случаи предизвикани од рак може да се спречат со рана дијагноза и ефикасен третман, додека значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и третман. Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, најмногу случаи има во Азија - 9,5 милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozhno-e-zgolemuvane-za-55-protsenti-na-zabolenite-od-rak-do-2040-godina/feed/ 0
СЗО НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ВАКЦИНИТЕ – препорачува ново вакцинирање по 12 месеци од последната доза! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-se-otkazhuva-od-vaktsinite-preporachuva-novo-vaktsinirane-po-12-mesetsi-od-poslednata-doza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-se-otkazhuva-od-vaktsinite-preporachuva-novo-vaktsinirane-po-12-mesetsi-od-poslednata-doza/#respond Wed, 29 Mar 2023 09:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=817662

Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер. Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза. СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како групаод „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-se-otkazhuva-od-vaktsinite-preporachuva-novo-vaktsinirane-po-12-mesetsi-od-poslednata-doza/feed/ 0
СЕ ЧЕКА СЗО ДА ПРЕСЕЧЕ – светот пред нова одлука во врска со вонредната коронавирус ситуација, во понеделник веќе сè ќе се знае! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-cheka-szo-da-preseche-svetot-pred-nova-odluka-vo-vrska-so-vonrednata-koronavirus-situatsija-vo-ponedelnik-veke-se-ke-se-znae/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-cheka-szo-da-preseche-svetot-pred-nova-odluka-vo-vrska-so-vonrednata-koronavirus-situatsija-vo-ponedelnik-veke-se-ke-se-znae/#respond Fri, 27 Jan 2023 19:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=793019

Меѓународен панел на експерти денеска започна расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) треба да ја објави својата одлука најрано во понеделник, велат извори од телото со седиште во Женева, пренесува Хина. На почетокот на состанокот, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека во изминатите осум недели се регистрирани повеќе од 170.000 смртни случаи. – Реалната бројка е секако многу поголема, рече тој, додавајќи дека ситуацијата во Кина се влошува. Укинувањето на ограничувањата во Кина доведе до нагло зголемување на смртните случаи во најнаселената земја во светот. Скоро 40.000 смртни случаи беа пријавени во СЗО минатата недела, повеќе од половина од нив од Кина. Одборот, чија расправа треба да завршат најрано вечерва, потоа треба да го извести Тедрос за своите заклучоци, оставајќи му да одлучи за или против укинување на сегашната вонредна состојба. Претходно оваа недела, Тедрос изрази загриженост поради континуираниот пораст на бројот на смртни случаи поврзани со Ковид. Прогласувањето на вонредна состојба е највисокото ниво на тревога што СЗО може да го прогласи. Тоа го прави во случај на закана за да може владите и јавноста да бидат предупредени и подготвени. Ниту прогласувањето, ниту укинувањето на вонредната состојба немаат непосредни последици. Секоја земја сама одлучува како да управува со кризата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-cheka-szo-da-preseche-svetot-pred-nova-odluka-vo-vrska-so-vonrednata-koronavirus-situatsija-vo-ponedelnik-veke-se-ke-se-znae/feed/ 0
СЗО објави публикација со листа на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-publikatsija-so-lista-na-lekovi-koi-treba-da-se-podgotvat-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-publikatsija-so-lista-na-lekovi-koi-treba-da-se-podgotvat-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/#respond Fri, 27 Jan 2023 16:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=792977

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави публикација која обезбедува ажурирана листа на лекови чии залихи треба да се подготват во случај на нуклеарна опасност и изложеност на радијација. Залихите треба да вклучуваат лекови кои ја спречуваат или намалуваат изложеноста на радијација, но и тие кои ги олеснуваат здравствените проблеми откако лицето веќе било изложено на зрачење. „Во итни случаи со зрачење, луѓето можат да бидат изложени на зрачење во дози кои се движат од занемарливи до опасни по живот. Владите мора да обезбедат итно лекување на тие на кои им е потребно“, рече д-р Марија Неира, вршител на должноста помошник генерален директор на СЗО. „Клучно е владите да бидат подготвени да го заштитат здравјето на населението и веднаш да реагираат во итни случаи. Тоа вклучува подготвување залихи со лекови кои ќе спасат животи, кои ќе ги намалат ризиците и ќе ги лекуваат последиците од здрачењето“, додаде Неира. Оваа публикација го заменува извештајот на СЗО од 2007 година за развојот на националните резерви за итни случаи на радијација и содржи ажурирани информации засновани на истражувањата во последната деценија. На списокот има лекови кои можат да го спречат или намалат внесот на радионуклиди или да ја зголемат елиминацијата на радионуклиди од човечкото тело. Исто така, во публикацијата се анализираат главните елементи кои се потребни за развој, одржување и управување со национални залихи на специфични медицински материјали кои ќе бидат потребни во случај на нуклеарен напад. Типични лекови кои би требало да се користат во случаи на изложеност на радиоактивно зрачење се: стабилен јод, кој се применува за да се спречи или намали изложеноста на тироидната жлезда на радиоактивен јод, цинков или калциумов диетилентриамин пента-ацетат (DTPA) кој се користи за лекување на внатрешна контаминација со трансурански радионуклиди, цитокини кои се користат за ублажување на оштетувањето на коскената срцевина, во случај на акутен радијациски синдром… и други лекови кои се користат за лекување при повраќање, дијареа и инфекции. „Важно е националните влади да реагираат што е можно побрзо“, посочуваат од СЗО.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-publikatsija-so-lista-na-lekovi-koi-treba-da-se-podgotvat-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/feed/ 0
СЗО: Пандемијата не е завршена, има услови за нови варијанти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-ne-e-zavrshena-ima-uslovi-za-novi-varijanti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-ne-e-zavrshena-ima-uslovi-za-novi-varijanti/#respond Fri, 02 Dec 2022 16:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=770307

Светската здравствена организација се надеваше дека главната фаза на пандемијата на Ковид е при крај, но тоа не се случи, изјави денеска шефот на организацијата Тедрос Аданом Гебрејсус. -Не можеме навистина да кажеме дека вонредната фаза на оваа пандемија сега е зад нас. Се надевавме на тоа, но досега тоа не се случи… Сè уште има услови кои придонесуваат за појава на нови варијанти, рече Тедрос на прес-конференција. Тедрос претходно изјави дека стапката на смртност од коронавирусот во светот е намалена за речиси 90 проценти од февруари оваа година и дека крајот на пандемијата е близу. – СЗО проценува дека најмалку 90 отсто од светското население во моментов има одредено ниво на имунитет на САРС-КоВ-2 поради претходна инфекција или вакцинација, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-ne-e-zavrshena-ima-uslovi-za-novi-varijanti/feed/ 0
ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ОПУШТАЊЕ: СЗО предупредува, еве што се случува со коронавирусот оваа есен! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-ne-e-vreme-za-opushtanje-szo-predupreduva-eve-shto-se-sluchuva-so-koronavirusot-ovaa-esen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-ne-e-vreme-za-opushtanje-szo-predupreduva-eve-shto-se-sluchuva-so-koronavirusot-ovaa-esen/#respond Mon, 24 Oct 2022 12:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=749851

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја повика Европа да биде внимателна пред зимата поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот и сезонскиот грип. „Ова не е време за опуштање“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге на онлајн прес-конференција. На почетокот на есента, европскиот регион, кој опфаќа 53 земји повторно беше епицентар на епидемијата на коронавирусот, а во исто време беше забележана и сезонска инфекција со грип. „Вакцинацијата останува една од нашите најефективни алатки против грип и коронавирусот“, рече Клуге.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-ne-e-vreme-za-opushtanje-szo-predupreduva-eve-shto-se-sluchuva-so-koronavirusot-ovaa-esen/feed/ 0
СЗО: Поради недостиг, да се користи само една доза од вакцината против колера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-poradi-nedostig-da-se-koristi-samo-edna-doza-od-vakcinata-protiv-kolera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-poradi-nedostig-da-se-koristi-samo-edna-doza-od-vakcinata-protiv-kolera/#respond Wed, 19 Oct 2022 17:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=747908

Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери денеска препорачаа земјите каде што има колера привремено да користат само една доза вакцина наместо две, како што е вообичаено, поради недостиг на светско ниво затоа што е зголемен бројот на заразени од оваа болест која се пренесува преку водата. Во денешното соопштение на СЗО и нејзините партнери како што се УНИЦЕФ и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина се наведува дека една доза од вакцината се покажала како ефикасна во спречување на епидемијата „дури и ако доказите за точното времетраење на заштитата се ограничени“. СЗО и партнерските организации управуваат со залихи вакцини против колера, од каде што бесплатно се дистрибуираат до земјите на кои им се потребни. „Оваа мерка е последната опција за да се избегне доаѓање пред невозможен избор: во која земја да се испраќаат дози вакцини, а во која не“, рече Даниела Гароне, меѓународна координаторка во Лекари без граници. Според неа, „една доза од вакцината ќе обезбеди пократка заштита, но тоа е фер и правичен начин да се обидеме да заштитиме што е можно повеќе луѓе во ситуација кога истовремено се соочуваме со неколку истовремени епидемии на колера“. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека колерата понекогаш убива истиот ден кога човек ќе се зарази и предупреди дека ширењето на заразната болест во 29 земји оваа година врши „невиден притисок“ врз ограничените светски резерви на вакцини против колера. Според него, производството мора да се зголеми и „ограничувањата не смеат да бидат повеќе од привремено решение“. СЗО соопшти дека земјите како Хаити, Малави и Сирија се борат да ги спречат големите епидемии на колера и дека климатските промени би можеле да ги направат почести овие епидемии бидејќи бактериите што ја предизвикуваат болеста побрзо се размножуваат во топла вода. Во 2010 години на Хаити од колера починаа речиси 10.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-poradi-nedostig-da-se-koristi-samo-edna-doza-od-vakcinata-protiv-kolera/feed/ 0
СЗО: Расте бројот на нови случаи на Ковид-19 веќе петта недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-raste-brojot-na-novi-sluchai-na-kovid-19-vekje-petta-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-raste-brojot-na-novi-sluchai-na-kovid-19-vekje-petta-nedela/#respond Thu, 14 Jul 2022 13:31:49 +0000 https://kurir.mk/?p=705175

Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше денеска Светската здравствена организација. Минатата недела во светот потврдени се 5,7 милиони нови случаи, што претставува пораст од шест отсто, се наведува во неделниот извештај на СЗО за пандемијата од Ковид-19. Починаа 9.800 пациенти, колку и претходната седмица. Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека пандемијата и понатаму претставува глобална вонредна состојба. Според СЗО, најголем пораст во бројот на нови случаи има на Западниот Пацифик и Блискиот Исток. Бројот на смртни случаи бележи пораст во југоисточна Азија и на Блискиот Исток, додека кај остатокот од светот или опаѓа или останува стабилен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-raste-brojot-na-novi-sluchai-na-kovid-19-vekje-petta-nedela/feed/ 0
СЗО: Летните забави и концерти би можеле да резултираат со ширење на мајмунските сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-letnite-zabavi-i-koncerti-bi-mozele-da-rezultiraat-so-shirenje-na-majmunskite-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-letnite-zabavi-i-koncerti-bi-mozele-da-rezultiraat-so-shirenje-na-majmunskite-sipanici/#respond Wed, 01 Jun 2022 08:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=684729

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа. „Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, изјави Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа. Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани за следните неколку месеци би можеле да бидат можност за „покревање на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедницата“ кај младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни. Клуге тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април. Гледано нумерички и географски, тоа е најголемото ширење на вирусот надвор од областите на Западна и Централна Африка каде што мајмунските сипаници се ендемски. Клуге верува дека брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа последните неколку месеци е помогнато со укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот. Иако поголемиот број претходни инфекции се поврзуваат со сексуална активност, Клуге нагласува дека секој може да биде заразен со вирусот. „Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како Ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за заштита на јавното здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот“, рече Клуге.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-letnite-zabavi-i-koncerti-bi-mozele-da-rezultiraat-so-shirenje-na-majmunskite-sipanici/feed/ 0