Светски ден на дијабетес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 08:09:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на дијабетес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светски ден на дијабетес: Секој четврти човек не ја добива потребната помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-den-na-dijabetes-sekoj-chetvrti-chovek-ne-ja-dobiva-potrebnata-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-den-na-dijabetes-sekoj-chetvrti-chovek-ne-ja-dobiva-potrebnata-pomosh/#respond Mon, 14 Nov 2022 08:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=760070

Секој четврти човек во светот со дијабетес не ја добива потребната помош, покажува новото истражување објавено на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември. Меѓународната фондација за дијабетес (ИДФ) наведува дека околу 26 отсто од луѓето не добиваат доволно информации за нивната состојба откако ќе им биде дијагностицирана. Овој факт може да доведе до лош третман на дијабетесот, зголемувајќи го ризикот од физички компликации како што се мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило, ампутација на долните екстремитети, како и да влијае на менталното здравје на една личност. Истражувањето е засновано на онлајн прашалник од 3.208 луѓе кои или имале дијабетес или биле здравствени работници од различни земји, меѓу кои Бразил, Индија и Нигерија. Светскиот ден на дијабетесот се одбележува на денот кога е роден Фредерик Бантинг, научникот кој го откри инсулинот со Чарлс Бест во 1922 година. Дијабетесот е незаразна болест која е потенцијално опасна по живот и може да има тешки последици за поединците, нивните семејства, здравствените системи и националните економии. Секој десетти возрасен во светот (537 милиони) има дијабетес. Се очекува до 2030 година бројот на заболени да се зголеми на 643 милиони, а до 2045 година на 783 милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-den-na-dijabetes-sekoj-chetvrti-chovek-ne-ja-dobiva-potrebnata-pomosh/feed/ 0
ФОТО: Бојан Киров успеа, го искачи Водно 5 пати по повод Светскиот ден на дијабетесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bojan-kirov-uspea-go-iskachi-vodno-5-pati-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bojan-kirov-uspea-go-iskachi-vodno-5-pati-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/#respond Sun, 15 Nov 2020 13:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=429811

Предизвикот на Бојан Киров, именуван како 5000 метри за 5000 луѓе со Т1Д е завршен. -Искачувањето помина во најдобар ред. Со поддршка од голем број наши фејсбук фанови, пријатели, љубители на природата и случајни минувачи, Бојан успешно ги помина предвидените 5 искачувања, со што се одбележа 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот, стои во соопштението. Предизвикот на Бојан и исполнувањето на неговата цел нека биде поттик останатите луѓе да извлечат мотивација и да почнат да спортуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bojan-kirov-uspea-go-iskachi-vodno-5-pati-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/feed/ 0
Одбележување на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-14-noemvri-svetskiot-den-na-dijabetesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-14-noemvri-svetskiot-den-na-dijabetesot/#respond Sat, 14 Nov 2020 08:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=429307

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија одбележувањето на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот го посветува на медицинските сестри, со барања за унапредување на можностите за професионален развој и едукација, со најновите и најсовремени достигнувања за менаџирање со дијабетес, а пред се превенција уште во предидијабетна состојба. Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот има за цел да се подигне свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува. Во рамки на кампањата ќе биде промовиран и видео спот со порака до медицинските сестри и барање за унапредување на условите за нивната работа, а на секоја медицинска (дијабетолошка) сестра ќе биде доделана благодарница од СЗДМ, за особен придонес во борбата со дијабетесот. Во над 15 општини и Градот Скопје ќе бидат осветлени значајни објекти во сина боја со цел подигнување на свеста за дијабетес под мото „Јас дијабетичарот и мојата прва поддршка медицинската сестра“. Од Сојузот на здруженија на дијабетичари, порачуваат дека ги почитуваат мерките од Комисијата за заразни болести, во насока на заштита од корона вирусот и не поддржува никаков облик на каков било настан кој придонесува на каков било начин за зголемување на ризик од ширење на вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-14-noemvri-svetskiot-den-na-dijabetesot/feed/ 0
На Светскиот ден на дијабетесот Бојан Киров ќе се обиде пет пати да го искачи врвот на Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-svetskiot-den-na-dijabetesot-bojan-kirov-kje-se-obide-pet-pati-da-go-iskachi-vrvot-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-svetskiot-den-na-dijabetesot-bojan-kirov-kje-se-obide-pet-pati-da-go-iskachi-vrvot-na-vodno/#respond Wed, 11 Nov 2020 10:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=427853

По повод 14-ти Ноември, Светски ден на дијабетесот, Бојан Киров, кој има дијабетес тип 1, ќе се обиде пет пати да го искачи врвот на планината Водно (1060), со што ќе им посвети по еден метар на секое дете и возрасен со тип 1 дијабетес, чиј број во државава изнесува 5000. Подвигот ќе почне во 7 часот на 14 ноември со поаѓање од фонтаната кај полициска станица Водно. Искачувањето ќе се одвива пет пати во текот на денот. При секое искачување, предвидено е три лица да го придружуваат Бојан Киров, на безбедно растојание од два метри. На врвот ќе биде стациониран медицински тим кој ќе се грижи за здравјето и безбедноста на Бојан и неговата придружба. Медицинскиот тим го сочинуваат: д-р Катерина Адамова, субспецијалист ендокринолог, која ќе ја следи состојбата и варијациите на гликемијата во текот на акцијата, д-р Александар Манолев, специјалист интернист, кој го следи тренажниот процес на Бојан Киров и ќе ја следи неговата здравствена состојба со соодветна медицинска опрема за контрола на пулсот и притисокот и д-р Елена Манолева Николовска, специјалист педијатар. Цели на проектот се подигање на свеста за дијабетесот, запознавање со дијабетесот и со лицата кои живеат со него, разбивање на стигмата за дијабетесот и начин и стил на здрав чивот – движењето и планинарењето како превенција од дијабетесот, изработка на видео материјал и резултати од мерењата на гликемијата и работата на срцето, кои ќе бидат претставени на работилници кои ќе се организираат идната година преку организирани настани (во живо или преку webinari) и мотивација на лицата со дијабетес да почнат со физичка активност, секој во рамки на своите можности. Подвигот на Бојан е негова иницијатива, а се остварува во соработка со „Здружение на дијабетичари Тетово“. Според последните статистички податоци, во државава се регистрирани 123.750 лица со дијабетес. Од нив приближно 40.000 се на инсулинска терапија. Дијабетес тип 2 имаат 35.000 лица, а тип 1 дијабетес имаат 5.000 лица, од кои 500 се деца на возраст до 14 години. Токму на овие 5.000 лица, Бојан Киров ќе им посвети по еден метар од предизвикот „5000 метри за 5000 лица со Т1Д“, информираат од Здружението за едукација, советување и грижа на лица со дијабетес – Т1Д.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-svetskiot-den-na-dijabetesot-bojan-kirov-kje-se-obide-pet-pati-da-go-iskachi-vrvot-na-vodno/feed/ 0