светски ден на книгата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Apr 2022 06:11:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светски ден на книгата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nub-sv-kliment-ohridski-kje-go-odbelezi-svetskiot-den-na-knigata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nub-sv-kliment-ohridski-kje-go-odbelezi-svetskiot-den-na-knigata/#respond Tue, 26 Apr 2022 06:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=667774

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска напладне ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април. Традиционалниот настан со подарување книги и рози ќе се одржи во холот на Библиотеката која соопшти дека годинава повторно во полн капацитет ќе бидат чествувани книгата, авторите и читателите. Ќе биде прочитана пораката на генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, и македонската порака за Светскиот ден на книгата која годинава ја напиша проф. д-р Анастасија Ѓурчинова. Настанот со поздравен говор ќе го отвори в.д. директорката на НУБ, Јелисавета Костадинова, а ќе се обрати и Хосе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Шпанија во нашата земја. Националната и универзитетска библиотека по овој повод ќе подари скромен фонд на книги на институции кои имаат потреба од нив. Минатата година, како што посочува, книги беа подарени на Инфективната клиника во Скопје. – Покрај книгите кои ги подарува НУБ, со своја донација и придонес во чествувањето учествуваат и Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава и издавачките куќи „Арс студио”, „ТРИ“, „Светот на Биби“, како и Институтот „Конфуциј“, информира НУБ „Св. Климент Охридски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nub-sv-kliment-ohridski-kje-go-odbelezi-svetskiot-den-na-knigata/feed/ 0
Светскиот ден на книгата одбележан во Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svetskiot-den-na-knigata-odbelezan-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svetskiot-den-na-knigata-odbelezan-vo-delchevo/#respond Mon, 23 Apr 2018 16:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=45031

Фотографии, оригинални документи и изјави од првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто ќе се најдат во печатена публикација во вид на фотомонографија, поддржана од Министерството за култура. Ова денеска го изјави авторот на изложбата „Ченто-биографија низ фотографија“, историчарот Рубинчо Белчески, кој по повод Светскиот ден на книгата ја отвори изложбата во Делчево. Настанот беше во организација на општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“ - Станува збор за 250 фотографии, 12 документи, 12 изјави и делови од говори на Ченто кои ќе бидат поместени во публикацијата со хронологија на животот на Ченто. Желба ми беше и јас да дадам свој придонес во расветлувањето, а пред се во презентирањето на ликот и делото на Ченто создавајќи едно дело, но со поинаква содржина од досегашните напишани дела за него. Истражувајќи за Ченто, дојдов до извонредно богат и броен материјал од секаков вид. Дел од него го имате на увид преку оваа изложба, а останатиот во форма на фотографии, во најскоро време ќе биде достапен на пошироката јавност, истакна Белчески. Тој информира дека изложбата „Ченто-биографија низ фотографија“ содржи хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место. Поддршка за реализација на оваа историска изложба дадоа Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп. Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на книгата, ЈЛБ „Илинден“ првпат во печатено издание ги собра литературните творби од младите автори, ученици од делчевските основни училишта кои се натпреваруваат со свои литературни творби на конкурсот „Книгата мојот тивок другар“. Во книгата се опфатени 30 млади автори кои создале 31 литературна творба од кои 9 проза и 22 поезија. Книгата е печатена во печатницата УНИСТАР од Велес во 100 примероци. Во Делчево беа доделени и наградените автори од годинашниот конкурс „Книгата-мост помеѓу зборот и читателот“, како и награди на најверните читатели на делчевската библиотека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svetskiot-den-na-knigata-odbelezan-vo-delchevo/feed/ 0