светски ден на ромите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Apr 2022 05:09:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светски ден на ромите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се одбележува Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Fri, 08 Apr 2022 05:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=659975

Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Како што соопшти организаторот – Демократски сили на Ромите, ќе биде претставен досегашниот постигнат напредок на Ромите во земјава. На академијата поканет е државниот врв, претставници од локалната власт, а ќе присуствуваат амбасадорот на Индија назначен во Софија и министерот за надворешни работи од Индија, пратеници Роми од Србија и Хрватска… Минатата година се навршија 50 години од одржувањето на првиот ромски конгрес, кој поради пандемијата со КОВИД-19 не се одбележа соодветно. По повод Меѓународниот ден на Ромите, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат објавени општи препораки донесени од КСЗД, кои се однесуваат на различни облици на дискриминација на Ромите. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници кој бил одржан во Чесфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната Ѓелем, ѓелем (ромски): „Одев, одев“) и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојка со црвена точка во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odbelezuva-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Мицкоски со честитка по повод Светскиот ден на Ромите: Државата мора да се вложи себе си многу повеќе во поддршка на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-svetskiot-den-na-romite-drzavata-mora-da-se-vlozi-sebe-si-mnogu-povekje-vo-poddrshka-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-svetskiot-den-na-romite-drzavata-mora-da-se-vlozi-sebe-si-mnogu-povekje-vo-poddrshka-na-gragjanite/#respond Wed, 08 Apr 2020 08:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=328994

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Светскиот ден на Ромите. -Почитувани припадници на Ромската заедница, Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Овој ден ја потврдува почитта на Ромската заедница и нивната култура. Почитувањето на културните вредности и меѓусебното разбирање кои се наша одлика за интегрирање на сите етнички заедници. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднина ќе се залага за унапредување на политичката, културната и социо-економски позиција на Ромите во општество. Потребна е ефикасна инклузија на Ромите во Република Македонија за да се надминат предизвиците со кои тие се соочуваат. Државата мора да се вложи себе си многу повеќе во поддршка на граѓаните. Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Ромите и за сите граѓани на Република Македонија. Нека Ви е честит 8 април - Меѓународниот ден на Ромите!, стои во честитката на Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-svetskiot-den-na-romite-drzavata-mora-da-se-vlozi-sebe-si-mnogu-povekje-vo-poddrshka-na-gragjanite/feed/ 0
Мицкоски го честита Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-go-chestita-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-go-chestita-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Sat, 07 Apr 2018 10:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=37536

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април. -Придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот исклучително се цени од страна на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин ќе придонесеме во иднина општествениот статус на ромите да биде унапреден се со цел подобрување на сегашноста но и на иднината на ромите во Република Македонија, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ до ромската заедница. Во честитката на Мицкоски се вели дека Република Македонија е наша заедничка држава, земјата на нашите предци и земјата на нашите деца и внуци затоа посветено и со заеднички сили треба напорно да работиме и во периодот кој што следува. -Ние секогаш сме се гордееле на нашето мултиетничко и мултикултурно општество кое заедно со многу труд и мака сме го граделе. Во Македонија има место за сите за Македонците, Ромите, Албанците, Турците, Србите, Власите, Бошњаци и сите останати. Ние мораме овој модел на заеднички живот по секоја цена да го одбраниме, да се залагаме но и да го одржиме за идните генерации, се вели во честитката. Мицкоски во честитката вели дека мултиетничкиот карактер на нашата Македонија не смее да биде загрозен зошто на тој начин ни се загрозува иднината но и опстанокот. -Затоа мораме сите заедно да застанеме и гордо со крената глава да се спротивставиме на секоја намера да се загрози унитарниот и мултиетничкиот карактер на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства. Нека Ви е честит 8 април - Меѓународниот ден на Ромите!, се вели во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-go-chestita-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0