светски ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Apr 2023 07:38:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светски ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 23 Април – Светски ден на книгата и авторското право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-april-svetski-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-april-svetski-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/#respond Sun, 23 Apr 2023 07:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=826543

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година. Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза. Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, со настан кој ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со читање извадоци од романот „Дон Кихот“, а ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова. -НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата, порачуваат од Националната и универзитетска библиотека. Поддршка и оваа година НУБ доби од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи Арс ламина и Арс – студио.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-april-svetski-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/feed/ 0
Одбележување на Светскиот ден на бубрегот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-bubregot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-bubregot/#respond Thu, 09 Mar 2023 06:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=809740

ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија - Скопје денеска во хотел „Хилтон“ ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите - Да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите”. Светскиот ден на бубрегот денеска традиционално ќе биде одбележан и во Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН. На двата настани ќе присуствуваа стручни лица од областа на нефрологијата. Мисијата на Светскиот ден на бубрегот, кој се одбележува секој втор четврток во месец март, е да се зголеми свесноста за значењето на нашите бубрези за нашето севкупно здравје и да се намали честотата и последиците од болестите на бубрезите и поврзаните здравствени проблеми на светско ниво. Светскиот ден на бубрегот е заедничка иницијатива на Меѓународното здружение по нефрологија (International Society of Nephrology -ISN) и Меѓународната федерација на фондации за бубрегот (International Federation of Kidney Foundations -IFKF). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-bubregot/feed/ 0
Светски ден против дијабетес, во државава дијагностицирани 172 949 пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-protiv-dijabetes-vo-drzavava-dijagnosticirani-172-949-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-protiv-dijabetes-vo-drzavava-dijagnosticirani-172-949-pacienti/#respond Mon, 14 Nov 2022 06:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=759983

Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, а мнозинството од нив живеат во земји со низок и среден приход. Речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво се препишуваат на дијабетес секоја година. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на дијабетес постојано се зголемува во последните неколку децении. Дијабетесот е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети. Помеѓу 2000 и 2019 година на светско ниво е забележано зголемување од три процени во стапката на смртност од дијабетес според возраста. Здравата исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун се начини да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2. СЗО секоја година на 14 ноември го одбележува Светскиот ден за борба против дијабетесот. Овогодишната кампања се фокусира на потребата за подобар пристап до квалитетно образование за дијабетес. По повод Светскиот ден на дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“. Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК во рамки на годинашните програмски активности вечер, во 19:00 часот, во објектот на „Мала станица“ со пригоден настан ќе го одбележи 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и министерот за здравство Беким Сали. Во Северна Македонија, согласно добиените податоци од Институт за јавно здравје, до 2021 година регистрирани се вкупно 172 949 пациенти со дијагноза на шеќерна болест. Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари во изјава за МИА вели дека лицата со дијабетес во земјава ја добиваат најиновативната терапија што постои. -Добиваме современи инсулини, согласно европските и светски стандарди. Се соочуваме со мали недостатоци што се надеваме дека набргу административно ќе се надминат и ќе бидат достапни повторно на пациентите кои имаат недостаток, изјави Велев. Според него, неопходно е да ја добијат можноста за целосно квалитетно менаџирање на дијабетесот со квалитетни ленти, квалитетни дигитални апарати, глукомери за кои бараат да бидат со референтна цена, сензори за деца и млади за полесно да живеат со болеста. -Тоа што очекуваме е во следниот период да се реализира нова набавка на инсулини со олесната постапка и процедура околу јавната набавка. Нашата идеја што ја презентиравме минатата година е преку отворен пазар да се оди на тие набавки со цел побрз пристап до иновативни терапии, додаде тој. Светскиот ден против дијабетесот е основан во 1991 година од страна на Меѓународната федерација на дијабетичари со поддршка од СЗО, како одговор на растечката загриженост за ескалацијата на заканата по здравјето од дијабетес. Светскиот ден на дијабетот стана официјален ден на Обединетите Наци во 2006 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-protiv-dijabetes-vo-drzavava-dijagnosticirani-172-949-pacienti/feed/ 0
Денес е Светски ден на левораките, еве зошто тие се толку посебни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/denes-e-svetski-den-na-levorakite-eve-zoshto-tie-se-tolku-posebni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/denes-e-svetski-den-na-levorakite-eve-zoshto-tie-se-tolku-posebni/#respond Sat, 13 Aug 2022 15:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=718069

Не е лесно да си леворак. Постојано те гледаат чудно додека пишуваш, а да не зборуваме за тоа колку ни е тешко да се справуваме со ножици и останати чуда кои се направени за луѓе кои ја користат својата десна рака. Левучарите се вистинска реткост. Само 10% од светската популација се левучари. Но, во тие 10% влегуваат и некои од најпознатите луѓе во историјата на светот како: Барак Обама, Бил Гејтс, Леонардо Да Винчи, итн. И затоа многумина се прашуваат кои се придобивките од тоа човек да е леворак, а науката пронашла неколку работи кои ги покажуваат придобивките. Левораките луѓе се покреативни Левучарството е поврзано со процесите на размислување кои ги истражуваат можните решенија и генерираат креаитвни идеи врз основа на веќе постоечки информации. Голема е веројатноста левораките луѓе да имаат поразвиена десна хемисфера од мозокот, а таа страна обично е поврзана со креативноста. Левораките луѓе најчесто се подобри спортисти Едно истражување во 2017 година покажало дека левораките мажи и жени најчесто се сретнуваат во спортови како бејзбол, пинг-понг, крикет и други игри каде што играчите мора да реагираат многу бргу. Левораките луѓе подобро се справуваат со предизвици Едно истражување покажало дека левораките луѓе имаат подобра умствена флексибилност која може да им помогне полесно да се прилагодуваат и полесно да се справуваат со предизвиците. Левораките луѓе размислуваат поинаку Науката вели дека информациите кај левичарите лесно преминуваат од една во друга мозочна хемисфера, а тоа влијае до создавање на уникатни идеи и решенија на проблеми. Да си леворак може да значи и да имаш здравствени придобивки Според истражување направено на над милион луѓе, многу помал процент на левучари имале проблем со артритис и чирови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/denes-e-svetski-den-na-levorakite-eve-zoshto-tie-se-tolku-posebni/feed/ 0
По повод светскиот ден на Семејните лекари во сабота во Градски Парк активност на специјалистите по семејна медицина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-svetskiot-den-na-semejnite-lekari-vo-sabota-vo-gradski-park-aktivnost-na-specijalistite-po-semejna-medicina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-svetskiot-den-na-semejnite-lekari-vo-sabota-vo-gradski-park-aktivnost-na-specijalistite-po-semejna-medicina/#respond Thu, 19 May 2022 19:25:28 +0000 https://kurir.mk/?p=679211

Секоја година семејните лекари го одбележуваат 19ти Мај како светски ден на Семејните лекари. Овогодишното мото на WONCA е Семејните Лекари се секогаш тука за Вас. По тој повод на 21.05.2022 год. (Сабота) во Скопје , во Градскиот Парк кај фонтана Лотосов Цвет, во периодот од 11-14 часот ќе се одржи настан со активност каде на случајните минувачи ќе им се одредува BMI од страна на специјалистите по семејна медицина. Целта на настанот е да се посвети внимание на популацијата за обезноста и да се дадат совети и препораки од страна на специјалистите по семејна медицина. Одредување на BMI ќе се спроведува и во нашите амбуланти на 19.05.2022 на нашите пациенти. Активноста е подржана од Фармацевската куќа Ново Нордиск на кој во оваа прилика им се заблагодаруваме. Ќе ни преставува особено задоволство Вашето присуство на овој настан, стои во соопштението ЗЛОМ СМ, потпишано од претседателот Д-р Драган Ѓорѓиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-svetskiot-den-na-semejnite-lekari-vo-sabota-vo-gradski-park-aktivnost-na-specijalistite-po-semejna-medicina/feed/ 0
Денеска е светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/#respond Sat, 08 May 2021 07:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=507370

„Незапирливи“ е мотото на годинашното одбележување на 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на македонскиот Црвен крст (8-15 мај 2021) и произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во изминатата година во справувањето со последиците од глобалната пандемија. – Слоганот на овој наш годинашен празник во голема мера се должи на напорите на нашето движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Сè она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата. Секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме незапирливи во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од сè, изјави претседателот на Црвениот крст на РМ Ромел Велев. Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува секоја година на овој датум во чест на Анри Динан, основоположникот на ова движење, кој е роден на 8 мај 1828 година. Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ светот на овој ден преку пригодни активности ја подигнуваат свеста за значењето на нивните основни принципи и вредности, организираат различни активности за привлекување нови членови и волонтери и за оддавање признание и благодарност на партнерите кои ги поддржуваат во хуманата мисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-svetski-den-na-crveniot-krst-i-crvenata-polumesechina/feed/ 0
Светски ден за подигање на свесноста за аутизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-podiganje-na-svesnosta-za-autizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-podiganje-na-svesnosta-za-autizmot/#respond Fri, 02 Apr 2021 05:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=491105

Со симболично трчање на Кејот на Вардар, денеска ќе се одбележи светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Настанот е организиран од страна на Здружението „Сина светулка“ и „KoRЯunners“. Втори април како светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележува од 2008 година, на предлог на државата Катар со одлука на Генералното собрание на ООН. Од тогаш, во сите земји членки на овој ден се организираат настани кои имаат цел да го насочат вниманието кон нарушувањата од спектарот на аутизам и предизвиците со кои се соочуваат оваа група граѓани и нивните семејства. Целта е да се испрати порака дека лицата со аутизам се рамноправни членови во општеството и треба да им се овозможи да се учествуваат во сите сфери на нашето општествено живеење вклучувајќи го и спортот. Здружението „Сина светулка“ активно учествува во подигнување на свесноста и нивото на третман на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизам во нашата држава. За таа цел, во периодот што следува здружението ќе овозможи бесплатни консултации и индивидуална поддршка на семејствата и децата со аутизам, но и бесплатни едукации за сите стручни лица наменети за стекнување знаења и вештини за примена на стратегии за справување со предизвиците во однесувањето на децата со аутизам во редовните училишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-podiganje-na-svesnosta-za-autizmot/feed/ 0
Светски ден на лицата со Даунов синдром: Еве зошто симболично е избран овој датум https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-den-na-licata-so-daunov-sindrom-eve-zoshto-simbolichno-e-izbran-ovoj-datum/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-den-na-licata-so-daunov-sindrom-eve-zoshto-simbolichno-e-izbran-ovoj-datum/#respond Sun, 21 Mar 2021 11:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=485582

Денеска е светски ден на лицата со Даунов синдром. Датумот е избран симболично- 21 ден од третиот месец цо годината, во знак на трисомијата, 21. хромозом кој го предизвикува Дауновиот синдром. Даунов синдром- трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун. Подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-den-na-licata-so-daunov-sindrom-eve-zoshto-simbolichno-e-izbran-ovoj-datum/feed/ 0
Битолската библиотека „Св.Климент Охридски“ го одбележува Светскиот ден на гласно читање https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolskata-biblioteka-sv-kliment-ohridski-go-odbelezuva-svetskiot-den-na-glasno-chitanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolskata-biblioteka-sv-kliment-ohridski-go-odbelezuva-svetskiot-den-na-glasno-chitanje/#respond Wed, 03 Feb 2021 07:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=463441

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ денеска во Битола го одбележува 3 февруари – Светскиот ден на читање на глас. Кампањата „Да читаме на глас“ се организира по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ, со што се нагласува важноста на гласното читање во развојот на навиките и вештините за читање кај децата. –Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање, за подоцнежниот успех во училиштето и воопшто, за успехот во стекнувањето знаења и вештини. Кампањата во Битола почнува денес, а ќе се реализира во текот на целата година, со учество на децата од детските градинки, од училишта, учество на јавни личности и секако родителите и наставниците кои на децата ќе им читаат на глас, нагласуваат од оваа национална установа. Според вработените во битолската Библиотека, читањето на глас ги става книгите во центарот на вниманието и ги претставува како извор на пријатно, вредно и возбудливо искуство. Децата, кои ја учат вредноста на книгите од рана возраст, најчесто стануваат креативни и независни читатели. –Читањето на глас им помага на децата да го поврзат она што го гледаат, слушаат и читаат. Читањето на глас од возрасните го проширува вокабуларот на децата и ги проширува нивните општи знаења. Читањето на глас кај децата открива литература што можеби никогаш нема да ја откријат сами, како што се поезија, раскази, бајки… читањето на глас им овозможува на децата да се запознаат со литературен јазик кој е значително различен од секојдневниот говор или јазик што се слуша од радио или телевизија, се чита од весници или се слуша на филмови. На овој начин, децата подобро ги разбираат сложените структури на речениците, појаснуваат од битолската Библиотека, најавувајќи го првиот ден од кампањата „Да читаме на глас“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolskata-biblioteka-sv-kliment-ohridski-go-odbelezuva-svetskiot-den-na-glasno-chitanje/feed/ 0
Најмногу ја купуваа кога почна коронавирусот, а денеска одбележува светски ден – погодувате ли за што станува збор? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najmnogu-ja-kupuvaa-koga-pochna-koronavirusot-a-deneska-odbelezuva-svetski-den-pogoduvate-li-za-shto-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najmnogu-ja-kupuvaa-koga-pochna-koronavirusot-a-deneska-odbelezuva-svetski-den-pogoduvate-li-za-shto-stanuva-zbor/#respond Thu, 19 Nov 2020 08:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=431544

Со резолуција на Генералното собрание на ОН 19 ноември е прогласен за Светски ден на тоалетната хартија со цел да се фокусира вниманието врз проблемите на луѓето кои немаат пристап до санитарно-технички средства. Иницијативата беше поведена и утврдена на Меѓународната конференција посветена на оваа тема што се одржа во 2001 година во Сингапур. Секоја година ОН го одбележува Денот на тоалетната хартија за да ја подигне свесноста за 4,2 милијарди луѓе кои живеат без „безбедни санитарни услови“. Според ОН, околу 60 проценти од светското население или нема тоалет дома, или нема канализација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najmnogu-ja-kupuvaa-koga-pochna-koronavirusot-a-deneska-odbelezuva-svetski-den-pogoduvate-li-za-shto-stanuva-zbor/feed/ 0