светски економски форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jan 2023 06:05:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светски економски форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/#respond Tue, 17 Jan 2023 06:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=788149

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација. Според програмата е предвидено претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија. Во рамки на форумот, предвидено е Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот. Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, на кој се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/feed/ 0
Светскиот економски форум ги замрзнува односите со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-gi-zamrznuva-odnosite-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-gi-zamrznuva-odnosite-so-rusija/#respond Thu, 10 Mar 2022 11:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=644744

Светскиот економски форум, најпознат како домаќин на годишниот состанок на елитите во Давос, Швајцарија, ги замрзнува сите свои односи со руските ентитети по инвазијата врз Украина. Рускиот претседател Владимир Путин последен пат учествуваше на настанот на виртуелниот состанок „Давос Агенда“ во јануари 2021 година. Претходно тој лично присуствуваше на настанот. Форумот соопшти дека „нема да се ангажира со ниту еден санкциониран поединец или институција во која било од нашите активности“, вклучително и годишниот состанок. Русија и Белорусија, исто така, беа суспендирани денеска од друг меѓународен форум: Северната димензија (Northern Dimension), која ги вклучува Европската унија, Исланд и Норвешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-gi-zamrznuva-odnosite-so-rusija/feed/ 0
Светскиот економски форум во Давос е одложен поради заканата од Омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos-e-odlozen-poradi-zakanata-od-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos-e-odlozen-poradi-zakanata-od-omikron/#respond Mon, 20 Dec 2021 14:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=610880

Организаторите на Светскиот економски форум во Давос објавија дека јануарскиот состанок на Форумот е одложен поради Омикрон варијантата на коронавирусот. – Годишниот состанок на светските бизнис и политички лидери на Светскиот економски форум, кој се одржува секоја година во Давос, Швајцарија, е откажан следниот месец поради зголемување на заразените случаи со сојот Омикрон. Делегатите се информирани денеска од страна на организаторите, напиша Клајнман на Твитер. Самитот на високо ниво, кој вообичаено ги собира водечките фигури од бизнисот, политиката и дипломатијата, наместо тоа ќе се одржи „на почетокот на летото“, велат организаторите. Минатогодишната средба, исто така, беше откажана поради пандемијата на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos-e-odlozen-poradi-zakanata-od-omikron/feed/ 0
Во Цирих насилни протести против форумот во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cirih-nasilni-protesti-protiv-forumot-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cirih-nasilni-protesti-protiv-forumot-vo-davos/#respond Thu, 23 Jan 2020 06:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=293432

Швајцарската полиција испука солзавец и употреби водени топови и гумени куршуми во судир со демонстранти во Цирих, кои направија огномет и фрлаа со шишиња за време на протестите против Светскиот економски форум во Давос. Уапсени се три лица, а за време на огнометот повредено е едно лице, соопшти полицијата во Цирих, додавајќи дека еден полицаец е однесен во болница. „Цирих против СЕФ (Светски економски форум)“ беше слоганот на демонстрациите, на кој учествуваа стотици луѓе. Покрај тоа што изразија спротивставување на конференцијата, која се одржува на околу 150 километри од Цирих, демонстрантите повикаа на побрза акција за решавање на климатските промени. Некои демонстранти држеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за климатската криза“, додека други палеа кутии по улиците и по излозите на продавниците пишуваа „Уништи го СЕФ“. Иако организаторите ги повикаа демонстрантите да се воздржат од насилство, некои од нив направија огномет и предизвикаа материјална штета во вредност од илјадници швајцарски франци, соопшти полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cirih-nasilni-protesti-protiv-forumot-vo-davos/feed/ 0
Отворен 50. Светски економски форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoren-50-svetski-ekonomski-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoren-50-svetski-ekonomski-forum-vo-davos/#respond Tue, 21 Jan 2020 06:36:59 +0000 https://kurir.mk/?p=292441

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од Сао Паоло и солисти од Кина, Јапонија, Јужна Африка, Бразил и Италија. Претседавачот и коосновач на Шваб фондацијата, Хилде Шваб им врачи на 26. „кристални награди“ на уметникот Тестер Гејтс, кореографката Јин Синг, актерката од Боливуд, Дипики Падуконе и уметницата Линети Ворт. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му честиташе на основачот и претседател на Светскиот економски форум, професор Клаус Шваб, на 50-годишнината од настанот. „Отсекогаш сте имале визија како да се изгради подобра иднина за Европа и светот. Вие бевте меѓу првите кои ја доведовте во прашање зависноста на Европа од фосилни горива и повикате на поодржлив економски развој“, рече претседателот на Европската комисија. Таа рече дека луѓето долго време земале ресурси од околината и произведувале отпад и загадување и оти верува оти економијата и планетата можат да се помират. „И тоа можеме да го направиме само заедно. Давос е место каде во моментов има луѓе кои поинаку и не би разговарале“, додаде таа. Ко-основачот на Форумот, германскиот професор Клаус Шваб, официјално го отвори форумот, велејќи дека е горд на две работи. „Прво, кога го барав мојот прв вработен, ја запознав сопругата. Но, јас сум  најмногу горд на заедницата што ја изградивме“, рече Шваб. Во чест на 50-годишнината, Светскиот економски форум го издаде Манифестот Давос, збир на етички принципи за водење компании за време на Четвртата индустриска револуција. На годинешниот Форум, шт завршува в петок, 24 јануари, се очекуваат вкупно 3.000 бизнисмени, политичари и други функционери од 118 земји. Меѓу 53 шефови на држави или влади чие присуство е најавено се претседателите на САД, Ирак, Доналд Тармп, Брахам Салих, германската канцеларка Ангела Меркел, стотици директори на компании, банкари и активисти на граѓанското општество, меѓу нив активистката за животна средина Грета Тунберг од Шведска. Веб-страницата „Давос-Клостерс“ на Светскиот економски форум наведува дека е „најважната креативна сила за ангажирање на водечки светски лидери во соработка активности за обликување на глобални, регионални и индустриски програми на почетокот на секоја година“. Оваа година „собирот на 3.000 учесници од целиот свет има за цел да му даде конкретно значење на ‘капитализмот на aктерите’, да им помогне на владите и меѓународните институции да го следат напредокот кон целите на Парискиот договор и целите за одржлив развој и да се олесни дискусијата за технологијата и управувањето со трговијата“. „Луѓето се бунат против економските елити за кои веруваат дека ги изневериле, а нашите напори да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени се опасно недоволни“, рече професорот Клаус Шваб, основач и извршен претседател на Светскиот економски форум. „Додека светот е на толку критичен крстопат, оваа година мора да го развиеме„ Давос манифест 2020 “за да ја преиспитаме целта и достигнувањата на компаниите и владите. Тоа е она за што Светскиот економски форум е основан пред 50 години и тоа е она за што сакаме да го придонесеме во наредните 50 години“, рече Шваб. На веб-страницата на Форумот се наведува и дека има неколку клучни области на агендата на годинашниот штотуку започнат состанок: „Како да се спаси планетата“, „Општеството и иднината на работата“, „Технологија за благосостојба“, „Поправедна економија“, „Подобро деловно работење“, „Здрава иднина“ и „Повеќе од геополитика“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoren-50-svetski-ekonomski-forum-vo-davos/feed/ 0
Светски економски форум: Жените ќе се изедначат во економските права со мажите за 257 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-ekonomski-forum-zenite-kje-se-izednachat-vo-ekonomskite-prava-so-mazite-za-257-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-ekonomski-forum-zenite-kje-se-izednachat-vo-ekonomskite-prava-so-mazite-za-257-godini/#respond Tue, 17 Dec 2019 07:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=278475

Жените ќе бидат еднакви во економските права со мажите за нешто повеќе од два и пол века, се нагласува во извештајот на Светскиот економски форум. Родовата еднаквост ќе се постигне само за стотина години, нагласува СЕФ во својот последен годишен извештај, мерејќи го родовиот јаз во економијата, образованието, здравството и политичката моќ. Напорите за постигнување еднаквост се стабилно засилени во однос на минатата година, пред се благодарение на поголема политичка застапеност на жените, соопшти СЕФ. Сепак, тие предупредуваат дека политичката арена е областа каде што разликите остануваат најголеми – до рамноправност жените ги делат уште 95 години. Јазот е најмногу намален во образованието и жените ќе треба да чекаат уште 12 години за еднаквост. Од вкупно 153 земји, целосна еднаквост на жените и мажите во образованието е постигната во 40 од нив. Учеството на жените на пазарот на трудот стагнира, а финансиската нееднаквост се продлабочува. Причината е влошување на економиите во развој, што го надмина напредокот кај членовите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Учеството на жените во економијата и нивните можности во таа област се најголемиот извор на загриженост, соопшти СЕФ. „Ова е единствената област каде што напредокот бележи пад“, посочуваат тие, објаснувајќи дека на жените ќе им бидат потребни 257 години да се изедначат со мажите. Исланд е на првото место меѓу 153 земји единаесетта година по ред, со вредност на Индексот за еднаквост на жените од 0,877 поени. Вредност од еден бод е целосна родова еднаквост. На второ место е Норвешка и на трето место Финска, која во извештајот годинава го замени местото со Шведска. Никарагва се наоѓа на петтото место, шести е Нов Зеланд, а Ирска на седмото место. Меѓу 10-те земји со најмала разлика помеѓу жените и мажите се Шпанија на осмото, Руанда на деветото и Германија на 10-то место. Албанија, Етиопија, Мали, Мексико и Шпанија бележат најголемо подобрување во однос на минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-ekonomski-forum-zenite-kje-se-izednachat-vo-ekonomskite-prava-so-mazite-za-257-godini/feed/ 0
Премиерот Заев со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-so-vladina-delegacija-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-so-vladina-delegacija-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/#respond Wed, 23 Jan 2019 15:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=155775

Премиерот Зоран Заев од денеска до 25 јануари ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, заедно со заменик претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и со министерот за економија, Крешник Бектеши. Како што соопшти владината прес-служба, Заев на форумот во Давос, на кој и оваа година учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот, ќе оствари повеќе работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис лидери и соработници. Како дел од активностите, премиерот Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Средбата , како што информираат од Владата, е планирана да се оствари на утре. Меѓу средбите со политичките и економските лидери, во агендата на премиерот Заев се и состаноци со премиерот на Република Словенија Марјан Шарец, со министерот за здравство на Владата на Сојузна Република Германија Јенс Спан, со извршниот директор на Гогле Џигсоу, како и со други лидери и високи претставници на компании на панел дебатите и неформалните собири што ќе се одржат за време на најголемиот светски економски форум. Премиерот Заев е поканет да земе збор и да учествува на дебата „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“, на форумот „Иднината на Трансатлантската алијанса“, како и на други форуми и дебати за поврзување во светот на глобалната архитектура на економиите. Вицепремиерот Анѓушев ќе има повеќе средби со претставници на бизниси и компании, а министерот за економија Бектеши, меѓудругото, ќе учествува на средбата на министрите коспонзори на Заедничката декларација за е-трговија. Главната тема на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, кој секоја година ги собира најголемите и највлијателните светски лидери е Глобализација 4.0, во чии рамки ќе се дебатираат и иднината на економиите, ризиците на економските опоравувања, иднината на работните места, и други теми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-so-vladina-delegacija-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/feed/ 0
Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-makron-i-mej-go-otkazaa-uchestvoto-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-makron-i-mej-go-otkazaa-uchestvoto-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/#respond Mon, 21 Jan 2019 11:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=154759

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари, а на кој се проценува дека ќе учествуваат околу 3 000 учесници, се во завршна фаза. Организаторите посочија дека сè е подготвено за собирот на најмоќните луѓе во светот. Илјадници бизнисмени и политички лидери од целиот свет ќе се соберат во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум за да разговараат за глобалните прашања. Главната тема на форумот оваа година е „Глобализација 4.0: Создавање нова архитектура во ерата на четвртата индустриска револуција“. Организаторите посочија дека 65 шефови на држави и влади, и околу 40 лидери на меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе бидат дел од форумот, додека претседателот на Светскиот економски форум изјави дека околу 37 шефови на држави и владите ќе бидат од Европа и Евроазија. Трамп, Макрон и Mej го откажаа своето доаѓање. Според најавите, тие нема да присуствуваат поради серијата кризи кои влијаеја на глобалната економија. Причината поради која Макрон го откажа своето доаѓање се протестите на „жолтите елеци“. Меј своето доаѓање го откажа поради ситуацијата со брегзит, за која посочи дека сега во овие моменти е потребно да се вклучат сите напори за решавање на ова прашање, пренесоа тамошните медиуми. Според американските медиуми, Доналд Трамп го откажал доаѓањето поради ситуацијата на границата со Мексико и блокадата на владата. Неизвесноста поради трговските спорови, поткопувањето на меѓународните односи, брегзитот и забавувањето на глобалниот раст, ќе бидат доминантни теми за кои ќе се разговара на форумот. Меѓу учесниците на форумот ќе бидат голем број шефови на влади, раководители на компании и претставници на граѓанското општество, додека од Групата на седум индустриски најразвиени земји (Г-7) дел од форумот во Давос ќе бидат јапонскиот премиер, Шинзо Абе, германската канцеларка, Ангела Меркел, и италијанскиот премиер, Џузепе Конте. Кинеската делегација ќе биде предводена од заменик-претседателот на Кина, Ванг Чишан, пренесоа тамошните медиуми. „Бизнис инсајдер“ оценува дека под знак прашалник, пак, сè уште е доаѓањето на рускиот претседател, Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна, во одговор на новинарско прашање дали Путин ќе се појави во Давос, рече дека „ниту една опција не е исклучена, но дека одлуката сè уште не е донесена“. Меѓу учесниците, најверојатно, ќе биде и српскиот претседател, Александар Вучиќ, како и премиерите на земјите од регионот. Меѓу другите политички лидери кои ќе бидат дел од форумот се и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, шпанскиот премиер, Педро Санчез, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, претседателот на Колумбија, Иван Дуке, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Холандија, Марк Руте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-makron-i-mej-go-otkazaa-uchestvoto-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/feed/ 0