светски компании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Dec 2021 14:13:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светски компании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светски авиокомпании ги откажуваат летовите за време на Божик https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-aviokompanii-gi-otkazuvaat-letovite-za-vreme-na-bozik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-aviokompanii-gi-otkazuvaat-letovite-za-vreme-na-bozik/#respond Fri, 24 Dec 2021 14:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=612723

Најмалку три големи авиокомпании откажаа десетици летови, бидејќи голем број членови на екипажите се заразени со коронавирус. Германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска соопшти дека откажала десетина долги прекуокеански летови за време на божиќните празници поради „масовното зголемување“ на боледувањата меѓу пилотите. Откажани се летовите за Хјустон, Бостон и Вашингтон. Од авиокомпанијата наведуваат дека не можат да шпекулираат дали за тоа се одговорни инфекциите на Ковид-19 или карантинот, бидејќи компанијата не добила известувања за видот на болеста. Патниците, како што е соопштено, биле пренасочени на други летови. Во САД, комапниите „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“ тврдат дека морале да откажат десетици летови за Бадник поради недостаток на персонал по заразување со сојот омикрон. – Ненадејното зголемување на бројот на заразени случаи со омикрон оваа недела, имаше директно влијание врз нашиот екипаж. Како резултат на тоа, за жал, моравме да откажеме некои летови и да ги информираме патниците пред нивното пристигнување на аеродромот, се наведува во соопштението на „Јунајтед ерлајнс“. Авиокомпанијата соопшти дека откажува повеќе од 100 летови и работи на промена на резервациите на што е можно повеќе луѓе. Од „Делта“ порачуваат дека денеска откажале околу 90 летови поради можноста од лоши временски услови и влијанието на омикрон варијантата на Ковид-19, откако компанијата ги „исцрпела сите опции и ресурси“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-aviokompanii-gi-otkazuvaat-letovite-za-vreme-na-bozik/feed/ 0