светски лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 07 Nov 2021 14:40:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светски лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кои се најомилените светски лидери? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koi-se-najomilenite-svetski-lideri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koi-se-najomilenite-svetski-lideri/#respond Sun, 07 Nov 2021 14:39:23 +0000 https://kurir.mk/?p=592254

Индискиот премиер Нарендра Моди е рангиран како најомилен светски лидер, пред 12 негови колеги низ светот, според Global Leader Approval Rating Tracker – GLART, студија спроведена од американската компанија за истражување на пазарот „Morning Consult“. Агенцијата го следи рејтингот на одобрување на шефовите на влади во Австралија, Бразил, Канада, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Мексико, Јужна Кореја, Шпанија, Велика Британија и САД. Врз основа на испитувањето на повеќе од 3.200 писмени Индијци, истражувањето покажа дека 70 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на Моди, а само 24 проценти не се задоволни од неговата улога како премиер. Сепак, неговата популарност малку се намали од 73 отсто во септември оваа година. Рејтингот на индискиот премиер беше 82 отсто во 2019 година, кога неговата влада го укина десетгодишниот специјален статус на спорниот регион Џаму и Кашмир. Сепак, катастрофалниот втор бран на пандемијата на Ковид-19 го погоди неговиот имиџ и неговиот рејтинг достигна историски најниско ниво во мај оваа година. Студијата на „Morning Consult“ ја наведува разликата меѓу неговата популарност и онаа на неговите колеги во светот, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел. Работата на Бајден е оценета негативно кај 48 отсто од вкупно 40.246 испитаници. Неговиот рејтинг на одобрување се намали за девет поени на 44 отсто во споредба со неговиот рејтинг во јуни оваа година. Педесет и четири проценти од вкупно 3.469 анкетирани Германци ја поддржуваат работата на Меркел, а 41 отсто не се согласуваат. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор е вториот најпопуларен светски лидер со одобрение од 66 отсто, а италијанскиот премиер Марио Драги ја добива поддршката од 58 отсто од испитаниците. Францускиот претседател Емануел Макрон продолжува да се соочува со гневот на неговите сонародници, при што 55 проценти од Французите не ја одобруваат неговата работа. Целосната ранг листа на „Morning Consult“ за одобрување на светските лидери: 1.Моди: 70% 2. Лопез Обрадор: 66% 3. Драги: 58% 4. Меркел: 54% 5. Морисон: 47% 6. Бајден: 44% 7. Трудо: 43% 8. Кишида: 42% 9. Мун: 41% 10. Џонсон: 40% 11. Санчез: 37% 12. Макрон: 36% 13. Болсонаро: 35% МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koi-se-najomilenite-svetski-lideri/feed/ 0
Група авганистански дипломати со критики до светските лидери: Го оставивте народот на милост и немилост на терористите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grupa-avganistanski-diplomati-so-kritiki-do-svetskite-lideri-go-ostavivte-narodot-na-milost-i-nemilost-na-teroristite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grupa-avganistanski-diplomati-so-kritiki-do-svetskite-lideri-go-ostavivte-narodot-na-milost-i-nemilost-na-teroristite/#respond Thu, 16 Sep 2021 06:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=564181

Група авганистански дипломати од соборената влада во Кабул издадоа заедничка изјава, прва од ваков вид, во која ги повикаа светските лидери да ускратат формално признавање на талибанците и ги критикуваа дека „го оставиле нашиот народ под милост и немилост на терористичката група“. Соопштението, доставено до западни агенции пред објавувањето во јавноста, беше потпишано од дваесетина службеници, кои се уште работат од мисии во САД, Велика Британија, Франција, Турција и на други места. Дипломатите кои ја потпишаа остро формулираната изјава се под рангот на амбасадор. „Разочарани сме што по дваесет години ангажман, нашите сојузници го напуштаат Авганистан и го оставаат нашиот народ на милост и немилост на терористичката група“, напишаа дипломатите. Тие, исто така, ги повикаа светските лидери да ги користат сите расположливи средства за да го запрат талибанското насилство врз жените, активистите на граѓанското општество и новинарите. Писмото содржи и предупредувања за глобалните последици од соборувањето на авганистанската влада. „Успехот на талибанците во преземањето на власта со нелегални и насилни средства … ги охрабрува терористичките и насилни групи ширум светот“, напишаа тие, додавајќи дека насилното преземање „го нормализира насилството“. Во соопштенеито се бара создавање независна, меѓународна мисија за утврдување факти за Авганистан, со цел „да се обезбеди правда и одговорност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grupa-avganistanski-diplomati-so-kritiki-do-svetskite-lideri-go-ostavivte-narodot-na-milost-i-nemilost-na-teroristite/feed/ 0
Потребен е глобален договор за заштита на државите од пандемии, нагласуваат светски лидери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potreben-e-globalen-dogovor-za-zashtita-na-drzavite-od-pandemii-naglasuvaat-svetski-lideri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potreben-e-globalen-dogovor-za-zashtita-na-drzavite-od-pandemii-naglasuvaat-svetski-lideri/#respond Tue, 30 Mar 2021 05:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=489492

Повеќе од 20 светски лидери на држави, влади и меѓународни организации ја поддржаа идејата за меѓународен договор за борба против пандемиите во иднина. Тоа го објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг. Поддржувачи на иницијативата се францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус. Државите изразија уверување дека земјите мора да работат заедно за „рано да се подготват и да се борат против пандемиите“. Во заедничкото писмо тие велат: „По уништувањето од двете светски војни, политичките лидери се собраа да го креираат мултилатералниот систем. Целите беа јасни: зближување на земјите, растерување на искушенијата на изолационизмот и национализмот и решавање на предизвиците што можеа да се постигнат само заедно во духот на солидарноста и соработката, а тоа се мирот, просперитетот, здравјето и безбедноста “. Договорот за пандемијата „треба да доведе до поголема меѓусебна отчетност и споделена одговорност, транспарентност и соработка во рамките на меѓународниот систем и со неговите правила и норми“, нагласуваат лидерите. „Оваа нова колективна обврска ќе биде важен камен-темелник во справувањето со пандемиите на највисоко политичко ниво“, нагласува ФАЦ. Договорот ќе вклучува зајакнување на меѓународната соработка за подобрување на квалитетот на размена на податоци, истражување, системи за предупредување и создавање и ширење мерки во областа на медицината и јавното здравство. Повикот е поддржан од 24 светски лидери и ќе се објави и во Телеграф и во Ле Монд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potreben-e-globalen-dogovor-za-zashtita-na-drzavite-od-pandemii-naglasuvaat-svetski-lideri/feed/ 0
Светски лидери денеска одлучуваат за помош за Либан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-lideri-deneska-odluchuvaat-za-pomosh-za-liban/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-lideri-deneska-odluchuvaat-za-pomosh-za-liban/#respond Sun, 09 Aug 2020 08:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=388316

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут, да соберат помош за Либан на видео самит. Виртуелниот самит е закажан во 14 часот, а американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планира да се приклучи на разговорите. Официјално се проценува дека експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат во пристаништето во Бејрут предизвикала материјална штета од околу 15 милијарди долари, смрт на 158 лица, 5.000 повредени, па дури и 300.000 без покрив над главите. Неколку илјади луѓе вчера излегоа на улиците на Бејрут во знак на протест против владата, а полицијата употреби солзавец кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и да упаднат во зградите на либански министерства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-lideri-deneska-odluchuvaat-za-pomosh-za-liban/feed/ 0
Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-kje-isprakjaat-videozapisi-namesto-fizichki-da-se-sobiraat-vo-on-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-kje-isprakjaat-videozapisi-namesto-fizichki-da-se-sobiraat-vo-on-vo-septemvri/#respond Thu, 23 Jul 2020 06:33:36 +0000 https://kurir.mk/?p=379945

Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември поради пандемијата со новиот коронавирус. Така одлучи Генералното собрание на Светската организација. Годишната средба на високо ниво беше разгледувана како недела за одбележување на 75-годишнината на таа органзиација, но генералниот секретар Антонио Гутереш во мај предложи лидерите да испратат видео изјави поради можни проблеми со патувањето, за што членките се согласија „Секоја држава-членка, држава набљудувач и Европската унија можат да достават претходно снимена изјава од шеф на државата, заменик претседател, шеф на Владата, министер или заменик-претседател, за да се емитува во салата на Генералното собрание по воведувањето на физички присутен претставник“, се наведува во одлуката. Стотици настани се случуваат и на маргините на дебатата во ОН, но претседателот на Генералното собрание Тијани Мухамед-Банде ги охрабрува земјите во писмото „да ги преместат сите споредни настани на виртуелни платформи за да се ограничи бројот на луѓе во зградата на ОН“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-kje-isprakjaat-videozapisi-namesto-fizichki-da-se-sobiraat-vo-on-vo-septemvri/feed/ 0
ФОТО: Претседателот Иванов во Париз рамо до рамо со светските лидери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-vo-pariz-ramo-do-ramo-so-svetskite-lideri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-vo-pariz-ramo-do-ramo-so-svetskite-lideri/#respond Sun, 11 Nov 2018 20:18:05 +0000 https://kurir.mk/?p=126624

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, денеска во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде што се одржа централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна. На церемонијата каде што свое обраќање имаше Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон присуствуваа над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германскиот канцелар, Ангела Меркел, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pretsedatelot-ivanov-vo-pariz-ramo-do-ramo-so-svetskite-lideri/feed/ 0
Колку заработуваат светските лидери: Трамп за цела година има 1 долар плата, а овој премиер инкасира 2.2 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolku-zarabotuvaat-svetskite-lideri-tramp-za-cela-godina-ima-1-dolar-plata-a-ovoj-premier-inkasira-2-2-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolku-zarabotuvaat-svetskite-lideri-tramp-za-cela-godina-ima-1-dolar-plata-a-ovoj-premier-inkasira-2-2-milioni-dolari/#respond Mon, 02 Jul 2018 15:58:39 +0000 https://kurir.mk/?p=72156

Бидејќи е еден од најбогатите луѓе, Трамп се откажал од годишната претседателска плата, која изнесува 400.000 долари и прифатил да има годишна заработка од 1 долар, бидејќи според законот, тоа е најмалата сума која претседателот би требало да ја прима.
1. Доналд Трамп (Претседател а САД) – 1 долар Бидејќи е еден од најбогатите луѓе, Трамп се откажал од годишната претседателска плата, која изнесува 400.000 долари и прифатил да има годишна заработка од 1 долар, бидејќи според законот, тоа е најмалата сума која претседателот би требало да ја прима. Трамп не е единствен претседател кој тоа го одлучил, исто постапиле и Хувер и Кенеди. 2. Петро Порошенко (Претседател на Украина) – 12.220 долари Списанието „Форбс” објави дека Перошенко е шестиот најбогат човек во Ураина, бидејќи неговото богатство изнесува околу 1.3 милиони долари. Тој месечно заработува 1.018 долари, што значи дека неговата дневница е 33 долари. 3. Кси Јинпинг (Претседателна Кина) – 20.500 долари Кинескиот претседател не е многу побогат од Перошенко и неговата месечна плата изнесува 1.716 долари. Тој и неговото семејство немаат никаков бизнис, што значи дека живеат само од претседателската плата, иако имотот на неговите роднини е проценет 365 милиони долари. 4. Саули Ниинисто (Претседател на Финска) – 146.700 долари Овде веќе се работи за сериозна плата. Финска е многу богата држава, па затоа и претседателската плата е толку висока. Ниинисто месечно заработува преку 12.000 долари, што значи дека неговата дневница изнесува 402 долари. 5. Владимир Путин (Претседател на Русија) – 151.000 долари Претседател на Русија месечно заработува 12.548 долари, што е прилично јака плата, особено кога ќе се земе во предвид дека минималната плата во Русија е околу 140 долари. 6. Тереза Меј (Премиерка на Обединетото Кралство) – 198.500 долари Премиерката Меј знае да ужива во животот, а не е ни чудно затоа што она месечно заработува 16.452 доари, што значи дека секој месец може да си купи прилично добар автомобил. 7. Емануел Макрон (Претседател на Франција) – 211.500 долари На сите ни е познато дека Французите сакаат да живеат на висока нога. Претседателот Макрон е еден од Французите со највисока плата. Месечно Макрон заработува 17.628 долари, односно 480 долари дневно. 8. Џими Моралес (Претседател на Гватемала) – 232.000 долари Пред да биде претседател, Моралес бил комичар и глумец, па потоа запловил во политичките води, кои му донеле вистинско богатсво. Тој месечно заработува 19.300 долари, што е навистина добра плата. Сепак тој покажал дека е великодушен, па секој месец 60% од својата плата ја донира во добротворни цели. 9. Ангела Меркел (Канцеларка на Германија) – 263.000 долари Популарната Ангела Меркел месечно заработува 22.000 долари, односно 720 долари дневно. Тоа е неостварен сон на многу политичари и бизнисмени. Сепак, иако има многу висока плата, таа одлучила да живее скромен живот и живее во нормална зграда на пет спрата, во Германија. 10. Џастин Трудо (Премиер на Канада) – 267.000 долари Џастин Трудо има малку поголема плата од Ангела Меркел и месечно заработува нешто повеќе од 22.000 долари. Трудо е познат по тоа што слободното време го поминува со разни светски милионери, така што големата количина на пари сигурно не му пречи. 11. Малком Турнбол (Премиер на Австралија) – 403.700 долари Турнбол е трет лидер со најголема плата и тој месечно заработува преку 33.000 долари. Меѓутоа, иако е мултимилионер, Турнбул не сакал да се откаже од својата плата како Трамп, па продолжил да ги добива овие примања, покрај своето огромно богатство. 12. Дорис Летард (Претседателка на Швајцарската конференција) – 437.000 долари Оваа дама месечно заработува 36.000 долари, што значи дека нејзината дневница изнесува 1.200 долари. Тоа што е поимпресивно е всушност тоа што сите други министери во Швајцарската влада имаат слична плата како Дорис Летард. 13. Ли Хсиен Лонг (Премиер на Сигнапур) – 2.2 милиони долари На прво место се наоѓа премиерот Лонг, кој месечно заработува 147.000 долари, односно 7.350 долари на ден, што е исклучително голема сума на пари. Премиерот за својата плата вели дека е фер и реална и дека тој заслужува толкави примања. Тоа што е уште по шокантно е тоа дека платата на Лонг претходно била поголема, но поради незадоволноста што ја искажал народот, намалена е за 36%.
извор: tocka.com.mk

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolku-zarabotuvaat-svetskite-lideri-tramp-za-cela-godina-ima-1-dolar-plata-a-ovoj-premier-inkasira-2-2-milioni-dolari/feed/ 0