светски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Jun 2021 12:05:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски дадоа пасоши на светски нарко босови и мафијаши, но нема за македонските граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525262

Во Македонија под режимот на мафијата на Заев, граѓани од прв и втор ред има и дури и во издавањето на пасоши. И тоа во прв ред се криминалците блиски до Заев, дури и странските, а во втор ред се сите останати граѓани на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и Оливер Спасовски им дадоа пасоши на озлогласени и најбарани светски криминалци, но не им даваат на македонските граѓани. Откако граѓаните на Македонија се изначекаа за пасоши, МВР на Спасовски донесе одлука дека истечените пасоши ќе важеле до крај на годината, притоа оставајќи ги граѓаните без валидна патна исправа со која ќе може да патуваат во странство и да ги завршат своите обврски. Спасовски може да дава гаранции само во Македонија, но во странство никој не гарантира дека македонски граѓанин со истечен пасош ќе биде примен на граница, а уште помалку дека некоја друга странска институција ќе го признае истиот. И додека нарко босови, мафијаши и терористи шетаат низ светот со пасошите кои им ги дадоа Заев и Спасовски со нив убиваат, тргуваат со дрога, перат пари и вршат грабежи, македонските граѓани се лишени и од лекување во странство. Заради мафијата на Заев македонските граѓани се оставени на цедило и може да останат без лекување или престој во странство бидејќи МВР на Спасовски не им издало нов пасош и не може да гарантира дека таму ќе го признаат истечениот. Уште помалку ниту Спасовски ниту Заев можат да гарантираат дека полиција во странство нема да ги приведе македонските граѓани откако ќе ги легитимира и ќе види дека немаат валидна патна исправа. Има пасоши за нарко босови од Црна Гора, мафијаши од Италија, Турција и Албанија, кланови од Мексико, па дури и за терористи на ИСИС, ама нема за македонски граѓани. Македонските граѓани за оваа власт на СДСМ не постојат, бидејќи не се дел од мафијашките крими шеми на кланот Заеви тие се граѓани од втор ред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/feed/ 0
Историското рели Акропол се враќа на светскиот шампионат https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriskoto-reli-akropol-se-vrakja-na-svetskiot-shampionat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriskoto-reli-akropol-se-vrakja-na-svetskiot-shampionat/#respond Fri, 26 Mar 2021 15:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=488275

По осум години пауза историското рели Акропол се враќа на светскиот рели шампионат и ќе се одржи од 9 до 12 септември годинава, соопшти Генералниот секретаријат за спорт на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека пред 70 години Акропол беше во позадината на голема трка, која подоцна беше насловена како „Рели на боговите“, додека пак надлежниот министер за спорт на Грција истакна дека „светлата на светскиот мотоспорт повторно се насочени кон Грција“. Претседателот на ФИА Жан Тод потенцираше дека не се потребни препораки за релито Акропол затоа што станува збор за „легендарен настан, каде моторните спортови и технологијата се среќаваат со историјата, во земјата на боговите“. – Трката е позната по некои од најтешките специјални писти во светот и јас лично имам некои посебни спомени, бидејќи како совозач се натпреварував на пет рели Акропол, помеѓу 1970 и 1981 година. Среќен сум за неговото враќање на највисоко ниво, истакна Тод. За „Релито на боговите“ што ќе се одржи на местото на релито во Чиле веќе е формиран организациски комитет и пуштен и промотивен видеоспот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriskoto-reli-akropol-se-vrakja-na-svetskiot-shampionat/feed/ 0