светско наследство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Apr 2022 12:27:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светско наследство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНЕСКО: Поради војната во Украина, загрозено светското наследство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-poradi-vojnata-vo-ukraina-zagrozeno-svetskoto-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-poradi-vojnata-vo-ukraina-zagrozeno-svetskoto-nasledstvo/#respond Fri, 01 Apr 2022 12:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=656933

Десетици вредни цркви, историски локалитети и музеи се оштетени во војната во Украина, а особено загрижувачка е ситуацијата во северниот град Чернихив, соопшти УНЕСКО. Минатиот месец, УНЕСКО ги засили мерките за заштита на загрозените културни богатства на Украина со користење на знакот „Син штит“ за обележување на културните места и споменици. „Многу сме загрижени за ситуацијата во Украина, на хуманитарно и културно ниво. Наследството на човештвото е под закана“, рече Ернесто Отоне, помошник генерален директор за култура на УНЕСКО. Според прелиминарниот список, целосно или делумно се уништени 29 верски објекти, 16 историски објекти, четири музеи и четири споменици. Шефот на УНЕСКО Одри Азуле му напиша на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на март дека Русија е потписничка на конвенцијата за заштита на културните богатства за време на војната. Москва најави намалување на интензитетот на воените операции во близина на Киев и блискиот Чернихив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-poradi-vojnata-vo-ukraina-zagrozeno-svetskoto-nasledstvo/feed/ 0
УНЕСКО: Охридското Езеро може да биде тргнато од Списокот на светско наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-mesta-koi-mozat-da-bidat-otstraneti-od-spisokot-na-svetsko-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-mesta-koi-mozat-da-bidat-otstraneti-od-spisokot-na-svetsko-nasledstvo/#respond Tue, 22 Jun 2021 11:01:57 +0000 https://kurir.mk/?p=526575

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување на крајбрежјето на Ливерпул од Списокот на светско наследство, поради опасност од „прекумерен развој“ на урбанизмот. За местото се вели дека е „сопственост предложена за отстранување од списокот на светско наследство“. Овој потег на светската агенција разгневи многумина во тој северозападен англиски град. И Долината Катманду во Непал е предложена за вклучување во Листата на светско наследство во опасност, како и подрачјето околу Охридското Езеро на албанската и македонската страна. Тоа значи дека постои опасност целосно да се отстранат од тој список. Препораките, УНЕСКО ги објави пред состанокот на Комитетот за светско наследство, којшто го следи одобрувањето. Средбата ќе се одржи во Фужоу, Кина, од 16 до 31 јули. Во извештајот се предложени и Големиот Корален Гребен на Австралија, Венеција и Будимпешта – да бидат вклучени во списокот „Светско наследство во опасност“. Учесниците на состанокот ќе донесат конечна одлука за предлозите за бришење и предупредување. Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам го опиша потегот како „длабоко разочарувачки“. – Ние сме горди на нашата историја, но нашето наследство е витален дел од нашата преродба. Би ги повикал надлежните да ја прифатат нашата покана за посета, наместо да ја донесат својата одлука седејќи околу маса на другата страна од светот, истакна тој во објава на социјалните мрежи. Резерватот „Селоус гејм“ во Танзанија, исто така, е предложен за отстранување од списокот. Во Европа, места изложени на опасност се Будимпешта и Венеција – и двете се предмет на преразгледување и загриженост поради развојот на бродскиот туризам. – Ова би било многу сериозна работа за нашата земја доколку се укине Венеција, рече италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини, истакнувајќи ја важноста од наоѓање долгорочни решенија за проблемот со крстарењата. Австралија денеска веќе најави дека силно ќе се спротивстави на препораката на УНЕСКО – Големиот Корален Гребен да се именува како „опасност“, поради влошување предизвикано од климатските промени. И вулканите во руската област Камчатка се препорачуваат за во списокот на загрозени места. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-mesta-koi-mozat-da-bidat-otstraneti-od-spisokot-na-svetsko-nasledstvo/feed/ 0