светско првенство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 17:48:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png светско првенство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одложено ЕП во ватерполо во Израел https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odlozheno-ep-vo-vaterpolo-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odlozheno-ep-vo-vaterpolo-vo-izrael/#respond Fri, 03 Nov 2023 17:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=896246

Европското првенство во ватерполо кое идниот јануари требаше да се одржи во израелскиот град Нетанија е одложено, објави синоќа Европската организација во водени спортови (ЛЕН). "По неодамнешните терористички напади во Израел и по опсежни состаноци меѓу ЛЕН и израелската ватерполо Федерација, двете институции се согласија дека ќе биде невозможно да се нагости ЕП во ватерполо во Нетанија од 3 до 16 јануари 2024 како што беше планирано, се наведува во соопштението. Истакнувајќи дека новиот термин и локацијата дополнително ќе бидат прецизирани, ЛЕН изрази остра осуда на терористичките напади во Израел. "Уште еднаш остро ги осудуваме одговорните за терористичките напади во Израел и ја изразуваме нашата поддршка и сочувство до израелските граѓани во овие тешки моменти", порача ЛЕН. Европското злато го брани Хрватска која лани во финалето во Сплит беше поуспешна од Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odlozheno-ep-vo-vaterpolo-vo-izrael/feed/ 0
Македонските каратисти подготвени за Светското првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-karatisti-podgotveni-za-svetskoto-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-karatisti-podgotveni-za-svetskoto-prvenstvo/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=891208

Будимпешта од 24 до 29 октомври ќе биде домаќин на Светското првенство во карате на кое меѓу 1.100 натпреварувачи од 120 земји од пет континенти ќе настапат и 14 македонски каратисти. Пред новото големо натпреварување на кое ќе биде собрано елитното друштво, македонското карате со причина има големи очекувања од експедицијата предводена од освојувачот на сребрениот медал на Светското првенство 2021, Емил Павлов. По повод настапот на македонските каратисти на завршниот турнир во Унгарија, денеска во Агенцијата за млади и спорт (АМС) се одржа прес – конференција на која претседателот Наумче Мојсоски потсети дека каратето е меѓу најтрофејните македонски спортови и на репрезентативците им посака успешен настап. - Добив информација од челните луѓе на Федерацијата за успешно реализирана соработка на тренинг кампот во Охрид, карате елитата од Хрватска, и се надевам дека споделеното искуство ќе биде мотив плус за подобри резултати во Будимпешта. Посакувам на сите репрезентативци успешен настап на светското првенство, и секако сакаме повторување на остварениот медал на Емил Павлов и успешен настап на новите сениори во тимот, истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски. На пресот свои излагања имаа селекторите Александар Кузмановски и Стојан Андриевски, како и вд претседателот на КФМ, Бесник Мурати. Павлов и дел од неговите репрезентативни колеги, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Вероника Костовска, порачаа дека физички и психички се подготвени за остварување на високи резултати, кои би дошле благодарение на одличните подготовки и позитивната атмосфера во тимот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-karatisti-podgotveni-za-svetskoto-prvenstvo/feed/ 0
Меси станa најдобар стрелец во историјата на квалификациите за СП во Јужна Америка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-stana-najdobar-strelets-vo-istorijata-na-kvalifikatsiite-za-sp-vo-juzhna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-stana-najdobar-strelets-vo-istorijata-na-kvalifikatsiite-za-sp-vo-juzhna-amerika/#respond Wed, 18 Oct 2023 06:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=890086

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси постигна два гола утринава во квалификацискиот натпревар (2:0) за СП 2026 против Перу. Головите ги постигна во 32. и 42. минута. Триесет и шестгодишниот Аргентинец стана најдобар стрелец во историјата на квалификациските турнири за Светското првенство во Јужна Америка (31 гол). Тој во оваа статистичка категорија го надмина Уругваецот Луис Суарез. Во светот, Меси е четврти по ефикасност. Пред него се Карлос Руиз од Гватемала (39 гола), Кристијано Роналдо од Португалија (38) и Иранецот Али Даеи (35). Аргентина по четири кола има максимални 12 бода и е на првото место пред Уругвај, Бразил и Венецуела со по седум бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-stana-najdobar-strelets-vo-istorijata-na-kvalifikatsiite-za-sp-vo-juzhna-amerika/feed/ 0
ВИДЕО: Ваков скок ретко се гледа, атлетичар ја шокираше публиката https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-vakov-skok-retko-se-gleda-atletichar-ja-shokirashe-publikata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-vakov-skok-retko-se-gleda-atletichar-ja-shokirashe-publikata/#respond Fri, 25 Aug 2023 18:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=871008

Неверојатна сцена се случи на Светското првенство во атлетика во Будимпешта. Јамајканскиот атлетичар Кери Меклеод го одбележа вчерашниот натпреварувачки ден со својот скок. Имено, за време на скокот во далечина, Меклеод изгуби рамнотежа, се сврте и прилично незгодно падна. Скокот веднаш стана популарен на социјалните мрежи, а Меклеод префрли осум метри, но поради прекршокот скокот не беше регуларен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-vakov-skok-retko-se-gleda-atletichar-ja-shokirashe-publikata/feed/ 0
Почнува Мундобаскетот, Американците остануваат главни фаворити за златото https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-mundobasketot-amerikantsite-ostanuvaat-glavni-favoriti-za-zlatoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-mundobasketot-amerikantsite-ostanuvaat-glavni-favoriti-za-zlatoto/#respond Fri, 25 Aug 2023 07:25:58 +0000 https://kurir.mk/?p=870761

Серијата на августовски големи настани ќе биде заокружена со „кралицата на спортовите“. Најдобрите светски кошаркарски репрезентации по 19-ти пат ќе играат на Мундобаскетот во битката за планетарниот трон. За првпат Мундијалот ќе се одржи во повеќе земји, а домаќини се Јапонија, Филипините и Индонезија Сепак, нема да има претставник на една од земјите домаќини, затоа што Индонезија не се пласира на завршниот турнир со 32 селекции. Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири селекции. Двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза, во која ќе се формираат четири нови групи со по четири репрезентации. Од тие групи двете најдобри ќе одат во четвртфиналето, кога почнува нокаут фазата. А група: Ангола, Доминиканска Република, Филипини и Италија Б група: Јужен Судан, Србија, Кина и Порторико Ц група: САД, Јордан, Грција и Нов Зеланд Д група: Египет, Мексико, Црна Гора и Литванија Е група: Германија, Финска, Австралија и Јапонија Ф група: Словенија, Зеленортска република, Грузија и Венецуела Г група: Иран, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска и Бразил Х група: Канада, Летонија, Либан и Франција Титулата од 2019 година ја брани Шпанија, која во финалето беше подобра од Аргентина, која, пак, за чудо, не се пласираше на овогодинешното првенство. Третата беше Франција. Прв фаворит и овој пат се Американците, но во кругот на најголеми фаворити се сметаат и Германија, Шпанија, Франција, Канада…]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-mundobasketot-amerikantsite-ostanuvaat-glavni-favoriti-za-zlatoto/feed/ 0
Средношколци од Кочани 15-ти на Светското првенство по роботика во Мароко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/#respond Wed, 24 May 2023 11:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=838196

Тимот „МакБот Пионери“ од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани, кој беше македонски претставник на Светското првенство по роботика, во исклучително силна конкуренција го освои 15. место. На првенството од First Lego лигата, што се одржа во градот Маракеш во Мароко, учествуваа вкупно 66 тимови од 54 држави во светот, а нашите претставници во севкупна конкуренција беа меѓу најуспешните. - Горди сме со нашиот пласман, особено што во конкуренција ни беа многу силни тимови од Бразил, Јапонија, Германија, Франција. Станува збор за земји кои вложуваат големи финансиски средства за опрема и обука на натпреварувачите, но ние докажавме дека и покрај скромните услови можеме да се носиме со зададените задачи и предизвици во роботиката и да постигнеме добар успех. Со многу емоции, незаборавни искуства, спомени од прекрасно поминатите денови во дружењето со тимовите од целиот свет, од различни култури, стекнавме нови пријателства и знаења. Благодарни сме што Општина Кочани и повеќе наши сограѓани и компании ни помогнаа да го доживееме натпреварувачкиот дух и достојно да го претставиме училиштето, градот и нашата земја и култура, истакна Спирко Златков, директор на СОУ „Гошо Викентиев“. Темата на годинашното Светското првенство по роботика беше „Супер моќни“, а сите учесници се натпреваруваа во изработка на проект, претставување на проектот, дизајн на робот и роботска игра. Тимот „МакБот Пионери“ во сите четири дисциплини покажал одлични познавања, за што добил писмено признание од организаторот. Учениците од Кочани беа севкупни победници на Државниот натпревар по роботика што минатиот месец се одржа во Штип, а го организираа Академијата за роботика и иновации и Универзитетот „Гоце Делчев“. Со тоа се стекнаа со право да ја претставуваат државата на меѓународниот натпревар во Мароко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/feed/ 0
Ал-Хилал прв финалист во Светското клупско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/al-hilal-prv-finalist-vo-svetskoto-klupsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/al-hilal-prv-finalist-vo-svetskoto-klupsko-prvenstvo/#respond Wed, 08 Feb 2023 07:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=797642

Одреден првиот финалист на клупското Светско првенство во фудбал. Ал-Хилал од Саудиска Арабија синоќа во Танжер го совлада бразилски Фламенго во првото полуфинале на турнирот со 3:2. Салем Ал-Досари двапати погоди од пенал, Лучијано Вието погоди од поле за победничката екипа. Двоен стрелец за Фламенго беше Педро. Во финалето Ал-Хилал ќе се соочи со победникот од мечот Ал-Ахли – Реал Мадрид. Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20 часот. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/al-hilal-prv-finalist-vo-svetskoto-klupsko-prvenstvo/feed/ 0
Ракометарите тргнаа за Полска, Среќно момци https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometarite-trgnaa-za-polska-srekno-momtsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometarite-trgnaa-za-polska-srekno-momtsi/#respond Thu, 12 Jan 2023 08:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=786291

Со чартер лет од Скопје кон Краков, македонската ракометна репрезентација денес го започнува своето осмо учество на едно Светско првенство во ракомет. Нашите репрезентативци попладнево ќе го одржат првиот тренинг во Краков, каде се враќаат по седум години, по дискретно успешниот Европски шампионат во 2016 година, со Ивица Обрван на клупата. Кирил Лазаров синоќа ги одреди осумнаесетте ракометари кои ќе патуваат за Краков. Од претходниот список со 21 ракометар отпаднаа тројца и тоа: Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски. Треба да се знае дека иако тројцата не се на списокот сепак ќе бидат спремни ако има потреба да заменат некого од оние кои се на списокот. Дебито на нашиот национален тим е закажано за утревечер од 20:30 часот против Норвешка.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometarite-trgnaa-za-polska-srekno-momtsi/feed/ 0
Норвешка апсолутен фаворит, шансите на Македонија се дуелите со Холандија и Аргентина https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/norveshka-apsoluten-favorit-shansite-na-makedonija-se-duelite-so-holandija-i-argentina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/norveshka-apsoluten-favorit-shansite-na-makedonija-se-duelite-so-holandija-i-argentina/#respond Wed, 11 Jan 2023 11:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=785950

Македонија одамна не добила вака тешка и изедначена група со четири селекции на големите натпреварувања. Со смената на системот на натпреварување, три од четири селекции во групите продолжуваат во втората фаза, па може да биде доволна и една победа за нови три натпрвари во Полска. Сепак, среќата не ги помилува македонските ракометари, па од четвртиот шешир на добивме Холандија, која е веројатно најсилен противник во конкуренција на Зеленортски острови, Чиле, Алжир... МАКЕДОНИЈА Новиот проект на националниот тим го има првиот вистински тест. Подмладената Македонија остави одлични вибрации на натпреварите против Турција и Луксембург, но противниците во Краков се сосема друга категорија. Искусните Митревски, Манасков и Георгиевски треба да ја поведат селекцијата, во која Кузмановски и Талески се клучните „штрафови“. Главната промена треба да биде брзата игра и промената на стилот, која даде позитивни вибрации пред неколку дена на „Кроација Купот“. Групата не е наивна и скоро сигурно Македонија до последниот натпревар нема да ја знае својата иднина по групната фаза. „Фалангата“ и пасијата на македонските фанови треба да биде „ветер в грб“ за избраниците на селекторот Лазаров. НОРВЕШКА Ако пред шест години можевме да ремизираме со Норвешка баш во „Таурон Арена“ во Краков, зошто да не го повториме тој успех. Тогаш младите Сагосен, Јоханесон, Род беа четвртопласирани, а сега се зрели и моќни, па стрелаат на нешто повеќе од полуфинале. Сагосен и без ритам заради повредата е лидерот, селекцијата го негува истиот брз стил, во кој подобро игра напад отколку одбрана. Во меѓувреме и клупскиот ракомет порасна, но пак главните ѕвезди играат во северна Германија и низ скандинавските лиги. Двојниот финалист од 2017 и 2019 година го има Рајнкајд од Кил, Род и Јоханесон од Флензбург и О Саливен од Магдебург како прекалени борци кои сонуваат дури и злато на завршниот турнир во Стокхолм. ХОЛАНДИЈА Првпат по 1961 година Холандија се квалификува на едно Светско првенство во ракомет и тоа како последица на одличниот Европски шампионат во Унгарија, Шведска и Норвешка минатиот јануари. Два „мотори“ на холандскиот тим се Штајнс и Смитс, кои играат во Лигата на шампионите и од нивните перформанси зависат гигантите ПСЖ и Магдебург. Голема промена донесе новиот селектор Штафан Олсон, кој не се прослави на стартот од евро-квалификациите. Сепак, тогаш „лалињата“ беа хендикепирани и без најдобрите ракометари, па од тоа профитираа Белгија и Грција. Македонија никогаш не играла со Холандија на големи натпреварувања и без разлика што има подмладен тим, сепак е поискусна од ривалот. Директниот дуел може, но не мора да биде одлучувачки, заради изедначеноста и непредвидливоста на групата. АРГЕНТИНА Некогаш беа егзотичен ривал, а во последната деценија Аргентинеците се чест учесник во втората фаза на Светските првенства, без разлика дали таа била осминафинале или пак главна групна фаза. Иако се менуваа генерации, сепак Симоне остана лидер на „гаучосите“. И во Краков друштво ќе му прават Бонано од Хелветиа Анаитасума и Мартинез Ками од Ками Колехио Вард. Две третини од аргентинскиот национален тим играат во АСОБАЛ лигата и добро се познаваат, бидејќи го имаат истиот скоро истиот стручен штаб на последните големи приредби. Ветеранот меѓу тренерите Маноло Каденас си замина, но го наследи неговиот помошник Гиљермо Милано. Аргентина има дискретен квалитет, може секого да победи, но и од секого да загуби. Многу веројатно директниот дуел против Македонија ќе го даде патникот меѓу 24-те најдобри ракометни селекции во светот. Сите натпревари во групата Е: 1 коло Македонија - Норвешка (13 јануари, 20:30 часот) Аргентина - Холандија (13 јануари, 18:00 часот) 2 коло Македонија - Холандија (15 јануари, 18:00 часот) Аргентина - Норвешка (15 јануари, 20:30 часот) 3 коло Македонија - Аргентина (17 јануари, 18:00 часот) Норвешка - Холандија (17 јануари, 20:30 часот) извор: gol.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/norveshka-apsoluten-favorit-shansite-na-makedonija-se-duelite-so-holandija-i-argentina/feed/ 0
Почнува 28. Светско ракометно првенство, отвораат Франција и Полска https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-28-svetsko-rakometno-prvenstvo-otvoraat-frantsija-i-polska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-28-svetsko-rakometno-prvenstvo-otvoraat-frantsija-i-polska/#respond Wed, 11 Jan 2023 07:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=785784

Со натпреварот меѓу ко-домаќинот Полска и Франција вечер во Катовице со почеток во 21 часот ќе стартува 28-от ракометен Мундијал. Покрај Полска ко-домаќин на првенството кое ќе трае до 29 јануари ќе биде и Шведска. Натпреварите ќе се играат во девет градови: (четири во Полска и пет во Шведска): Краков, Гдањск, Катовице, Плок, Стокхолм, Малме, Гетеборг, Јонкопинг и Кристијанштад. На шампионатот учествуваат 32 репрезентации поделен во осум групи со по четири учесници. Првите тројца напредуваат во главната рунда. Во четирите главни групи ќе Дел од Мундијалот ќе биде и македонската репрезентација која ќе игра во групата Ф заедно со Норвешка (13 јануари), Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари).

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-28-svetsko-rakometno-prvenstvo-otvoraat-frantsija-i-polska/feed/ 0