Свич ОЛЕД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jul 2021 12:46:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Свич ОЛЕД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nintendo-go-pretstavi-noviot-svich-oled/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nintendo-go-pretstavi-noviot-svich-oled/#respond Wed, 07 Jul 2021 12:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=533368

По повеќемесечни гласини, конечно се знае како ќе изгледа новата верзија на рачната конзола „Нинтендо свич ОЛЕД“… Таа осамна на твитер-профилот на „Нинтендо“, а нејзините спецификации, се чини, во голема мера се совпаѓаат со оние што се појавија во медиумите последниве месеци. Продажбата почнува на 8 октомври оваа година, по цена од 349,99 американски долари (околу 300 евра). Достапен ќе биде и „Свич лајт“ модел со цена од 170 евра. Новата конзола има 7-инчен ОЛЕД екран, што е поголем од 6,2-инчниот ЛЦД екран од претходниот „Свич“. ОЛЕД-технологијата се смета за една од најдобрите на пазарот и, за разлика од ЛЕД-технологијата, не се потпира на позадинско осветлување за прикажување на сликите. Наместо тоа, ОЛЕД-екранот прикажува слики користејќи светлина што ја емитува секој пиксел поединечно, што значи дека може да се добие совршено црна боја, како и поголеми нивоа на контраст. ОЛЕД-екранот е и поголем од ЛЕД-екранот, што е корисно при видеоигри како „Марио Карт 8 делукс“, или „Леџенд оф Зелда“, на пр., која ќе се појави на пазарот во 2022 година. Исто така, внатрешната меморија на новата конзола е зголемена од 32 на 64 гигабајти, а поддржува и микро-СД картички. Батеријата трае меѓу 4,5 и 9 часа, а за полнење потребни се околу три часа. Корисниците имаат на располагање 3,5-милиметарски приклучок за слушалки како УСБ-конектор за полнење и повеќе други нови можности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nintendo-go-pretstavi-noviot-svich-oled/feed/ 0