свиланово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 13:06:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свиланово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Свиланово, Кочанско одбележана 118-годишнината од загинувањето на Никола Карев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-svilanovo-kochansko-odbelezhana-118-godishninata-od-zaginuvaneto-na-nikola-karev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-svilanovo-kochansko-odbelezhana-118-godishninata-od-zaginuvaneto-na-nikola-karev/#respond Thu, 27 Apr 2023 13:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=828335

Со положување цвеќе и краток историски час, во Спомен-паркот кај кочанското село Рајчани, денеска, беше одбележана 118-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев. Членови на Извидничкиот одред „Ластовица“ и ученици од ОУ „Никола Карев“ од Кочани изведоа марш до месноста Свиланово, каде што загинал Карев, а делегации од Општина Кочани, од основното училиште, граѓански здруженија и други гости му оддадоа почит на великанот. - Никола Карев зазема едно од највисоките места во националното паметење за бројните Македонци кои ги положиле животите за создавање на своја самостојна држава. Тој е предводникот на крушевското Илинденско востание и реализаторот на првата македонска народна востаничка власт. Со тоа ги обележал монументалните почетоци за остварување на многувековниот сон на безброј македонски генерации. Наша чест и гордост е што живееме во време кога таа идеја е реалност, истакна Сашко Стефановски, професор во ОУ „Никола Карев“. Во рамки на одбележувањето на годишнината, општински делегации и граѓански здруженија од Кочани положија цвеќе и на спомен обележјата на Карев во Паркот на Револуцијата и кај селото Тркање. Со свечена програма што ја подготвија учениците и нивните наставници, основното училиште „Никола Карев“ го одбележа патрониот празник и 66-годишнината од основањето, а беа доделени плакети и признанија на институции и организации за досегашната соработка и поддршката на неговиот развој и напредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-svilanovo-kochansko-odbelezhana-118-godishninata-od-zaginuvaneto-na-nikola-karev/feed/ 0