свињи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 13:52:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свињи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Планирано е уништување на 9.000 свињи, градоначалникот и граѓаните од Карбинци не дозволуваат да се копа јама https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planirano-e-unishtuvane-na-9-000-svini-gradonachalnikot-i-graganite-od-karbintsi-ne-dozvoluvaat-da-se-kopa-jama/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planirano-e-unishtuvane-na-9-000-svini-gradonachalnikot-i-graganite-od-karbintsi-ne-dozvoluvaat-da-se-kopa-jama/#respond Fri, 01 Sep 2023 13:52:41 +0000 https://kurir.mk/?p=873424

Во најголемата приватна фарма во карбинскиот регион треба да се уништат 9.000 свињи, откако пред осум дена е забележано кај девет свињи болеста Африканска чума, потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство. Жителите на селата Таринци и Нов Караорман  и градоначалникот на Општина Карбинци синоќа не дозволија да се копа јама за животните кои треба да се уништат. Сметаат дека ќе им се загадат подземните води, но и ќе влијае и врз нивното здравје. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека постапката за уништувањето на деветте илјади свињи е стопирана, бидејќи приватната фирма, но и надлежните институции немале одобренија и анализа дали локацијата одговара за толкава голема гробница. Тој смета дека од институциите  проупустот е направен во минатото. - Пропустот е направен во минатотот. Од институциите издадена е А интегрирана дозвола, без  да се предвиди локација за ваквов случај е пропуст за кој некој треба да сноси одговорност во следниот период, вели Паунов. Од Агенцијата за храна и ветеринарство во писменото соопштение велат дека оваа постапка мора да се изврши, а општината  има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето. За оние кои ќе го спречат уништувањето согласно Кривичниот законик предвидена е парична казна, но и затворска. -Како одговорна институција за здравствената заштита на животните,  апелираме брзо да се реагира од страна на локалната самоуправа бидејќи станува збор за болест која брзо се шири и која нанесува големи финансиски загуби. Неминовно е одговорно однесување и од страна на сточарите и од локалните самоуправи, се вели во писменото соопштение на АХВ. Карбинскиот градоначалник, Паунов со одговор дека до општината не е пристигнато никакво писмено барање. Најави дека ќе го свика Советот на Општина Карбинци и ќе се анкетира месното население за локацијата. Тој вели дека во Карбинци има  две локации за закопување на мртви животни, но тие не се соодветни за оваа  болеста и за 9.000 свињи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planirano-e-unishtuvane-na-9-000-svini-gradonachalnikot-i-graganite-od-karbintsi-ne-dozvoluvaat-da-se-kopa-jama/feed/ 0
Србија: Еутанизирани се 17.888 свињи поради африканска чума https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-eutanizirani-se-17-888-svini-poradi-afrikanska-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-eutanizirani-se-17-888-svini-poradi-afrikanska-chuma/#respond Fri, 28 Jul 2023 11:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=861099

Во Србија досега од вкупно 1.068 фарми на територијата на 32 општини се потврдени 1.569 случаи на африканска свинска чума кај домашни свињи, од кои угинале 782 животни, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, 17.888 свињи се еутанизирани во заразените фарми со безопасно отстранување и дезинфекција на фармата. -Републичката ветеринарна инспекција, сообраќајната полиција и Обвинителството денес спречија транспорт на 22 потенцијално заболени свињи на територијата на градот Чачак, а против возачот на камионот ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува на веб-страницата на Министерството за земјоделство. Заразата стана регионален проблем, поради кој е договорена потребата од заедничко дејствување на БиХ, Србија и Хрватска за да се стави болеста под контрола, бидејќи експертите сметаат дека свинската чума најмногу ќе се шири по сливот на реката Сава. Ќе биде побарана помош и од Европската комисија. Директорот на Ветеринарната управа на Србија, Милош Петровиќ, изјави дека овој проблем со африканската чума влијае на економијата на земјите, изразувајќи надеж дека денешната средба ќе придонесе за подобра синхронизација и заеднички чекори во борбата против оваа заразна болест. Директорката на Управата за ветеринарна медицина и безбедност на храна при Владата на Хрватска, Татјана Карачиќ изјави дека првиот случај на африканска свинска чума во Хрватска е регистриран пред еден месец на подрачјето на Гуња и Дреновац и дека е потребна континуираната соработка во борбата против оваа болест на трите земји и државни служби за ветеринарна медицина. -Епидемиолошките истражувања и изолацијата на вирусот покажаа дека се работи за идентичен вирус кој циркулира низ регионот – од Грција, Бугарија, Србија до Хрватска, така да само со заеднички пристап можеме успешно да дејствуваме, рече таа. Директорот на Ветеринарната канцеларија на БиХ, Саша Бошковиќ, рече дека е неопходна заедничка акција на БиХ, Србија и Хрватска кон Европската комисија, Светската здравствена организација за заштита на здравјето на животните и ФАО во однос на барање финансиска помош за санирање на штетата предизвикана од избувнувањето на африканската чума и без заеднички активности на владите на овие земји немаат победа над оваа болест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-eutanizirani-se-17-888-svini-poradi-afrikanska-chuma/feed/ 0
ВО ЕК НА АФРИКАНСКА ЧУМА: Несакал да ги еутанизира свињите, па ги пуштил на отворено и ги продавал, доби кривична https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-afrikanska-chuma-nesakal-da-gi-eutanizira-svinjite-pa-gi-pushtil-na-otvoreno-i-gi-prodaval-dobi-krivichna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-afrikanska-chuma-nesakal-da-gi-eutanizira-svinjite-pa-gi-pushtil-na-otvoreno-i-gi-prodaval-dobi-krivichna/#respond Sat, 24 Sep 2022 17:44:04 +0000 https://kurir.mk/?p=736966

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.С.(66), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. -На 29/30.07.2022, со намера да избегне хумано отстранување на свињите од неговото одгледувалиште во с.Цера, ги пренел во с.Мојанци и ги пуштил слободно да се движат на отворено, нудејќи ги за продажба, со што постапил спротивно точките 3.8 и 5.5 од Решението за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, информира МВР,]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-afrikanska-chuma-nesakal-da-gi-eutanizira-svinjite-pa-gi-pushtil-na-otvoreno-i-gi-prodaval-dobi-krivichna/feed/ 0
Скопјанец возел 15 свињи: Агенцијата за храна и ветеринарство ги одзема и ќе ги уништи  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanec-vozel-15-svinji-agencijata-za-hrana-i-veterinarstvo-gi-odzema-i-kje-gi-unishti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanec-vozel-15-svinji-agencijata-za-hrana-i-veterinarstvo-gi-odzema-i-kje-gi-unishti/#respond Mon, 05 Sep 2022 09:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=728803

На 04.09.2022 во 18.40 часот на автопатот Штип – Миладиновци, кај наплатна рампа Кадрифаково, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, запреле и извршиле контрола во товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(46)  од с. Црешево, скопско. При контролата, во возилото биле пронајдени 15 свињи, кои ги купил од лице од с.Крупиште, општина Карбинци, а за кои не поседувал документација за потекло и здравствена состојба, што е спротивно на пртоколите и решението на Агенцијата за храна и ветеринарство за спречување на ширење на заразната болест кај свињите позната како африканска чума. Од претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство свињите биле одземени и ќе бидат уништени, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanec-vozel-15-svinji-agencijata-za-hrana-i-veterinarstvo-gi-odzema-i-kje-gi-unishti/feed/ 0
Состанок за состојбата со африканската чума кај свињите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostanok-za-sostojbata-so-afrikanskata-chuma-kaj-svinjite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostanok-za-sostojbata-so-afrikanskata-chuma-kaj-svinjite/#respond Mon, 05 Sep 2022 05:19:28 +0000 https://kurir.mk/?p=728686

Ветеринарната комора денеска ќе одржи состанок со претставници на ветеринарни друштва вклучени во активности од јавен интерес, а на кој ќе се разговара за подготвеноста, наредните мерки, проблеми и потешкотии во спроведувањето на активностите за контрола и сузбивање на африканската чума кај свињите. На дневен ред е е известувањето за резултатите од барањето за корекција на цените за активностите од јавен интерес и донесување соодветни  заклучоци за понатамошно делување. Од комората информираат дека го организираат состанакот на барање на ветеринарните друштва со цел да се разгледа целокупната ситуација во контекст на појавата на африканската чума кај свињите во корелација со катастрофалната материјална ситуација на приватниот ветеринарно-здравствен сектор, кој, како што укажуваат, се наоѓа на првата линија на одбрана од заразните болести и претставува важна алка во целокупното јавно здравје. -Докторите по ветеринарна медицина подолг период бараат адекватен општествен третман во поглед на нивниот материјален статус, а незадоволни од ситуацијата од неодамна најавуваат и прекин на својата работа, доколку не се најдат соодветни решенија за финансирање на секторот, информираат од Ветеринарната комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostanok-za-sostojbata-so-afrikanskata-chuma-kaj-svinjite/feed/ 0
Големите одгледувачи на свињи во штипско преземаат дополнителни мерки за заштита од африканската чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemite-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-dopolnitelni-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemite-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-dopolnitelni-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/#respond Wed, 10 Aug 2022 14:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=716708

Случајот со африканска свинска чума во кочанско на „готовс“ ги стави и одгледувачите на свињи во штипско. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири. – Веќе слушаме дека има африканска чума во виничко, кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи ќе може да заигра и кај нас“. Ние поголемите фарми имаме биосигурносни мерки, мислиме дка ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Сарафимов. Посочи дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки, со цел вирусот да не влезе во фармите. Доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената на истото драстично ќе биде зголемена, велат одгледувачите на свињи. Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemite-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-dopolnitelni-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/feed/ 0
Научниците оживеале орган од мртви свињи https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nauchnicite-oziveale-organ-od-mrtvi-svinji/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nauchnicite-oziveale-organ-od-mrtvi-svinji/#respond Fri, 05 Aug 2022 13:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=714466

Американски истражувачи наведуваат дека успеале да оживеат органи на свиња еден час по убивањето. Ова претставува значаен чекор напред во медицината. Новата техника би можела да го зголеми бројот на достапни органи за трансплантација кај луѓето и на тој начин на докторите да им овозможи да спасат повеќе животи. Кога срцето престанува да чука, на телото му недостасува кислород кој му е потребен за преживување, па затоа органите се зголемуваат, крвните садови колабираат и телото умира. Научниците успеале да ги оживеат органите кај свињите со поправање на нивното оштетување при смртта. - Може да обновиме некои функции на клетките, преку повеќе витални органи кои требале да бидат мртви. Овие клетки функционирале со часови откако тоа не требало да биде можно - изјавил професорот Ненад Шестан, кој работел на експериментите. Истражувачкиот тим направил сличен подвиг во 2019 година, но само на свињски мозок, но сега технологијата наречена „Орган екс“ била прилагодена за сите органи. Извор: Klix]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nauchnicite-oziveale-organ-od-mrtvi-svinji/feed/ 0
Потврден нов случај на африканска чума кај свињите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-nov-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-svinjite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-nov-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-svinjite/#respond Wed, 27 Jul 2022 07:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=710646

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица. -По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот – вели Николче Бабовски директор на АХВ. АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичната зона (сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија ), во зоната на заразено подрачје (ги опфаќа ловиштата во радиус од 20 километри од примарното жариште) и целата територија на Република Северна Македонија. За појавата на ново жариште на болеста африканска чума кај свињите, заклучува Бабовски, АХВ официјално ги извести Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ и Европската комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-nov-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-svinjite/feed/ 0
Одгледувачите на свињи на работ на рентабилно работење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-na-rabot-na-rentabilno-rabotenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-na-rabot-na-rentabilno-rabotenje/#respond Fri, 15 Jul 2022 10:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=705600

Свинското месо бележи зголемување на цената во текот на изминатиот период, но оваа цена засега не е доволна за рентабилно работење за одгледувачите на свињи во државата, оцени потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимов. Тој посочи дека постојано расте цената на храната за одгледување свињи, а цената на место не е на задоволително ниво. Потребни се дополнители анализи за да се одреди колку навистина треба да се плати за свинско месо. Тие уште пред два месeца посочија на потребата од зголемување на цената на свинското месо, бидејќи значително се намалил бројот на одгледување на мајки свињи. – Цената на свинското месо кажаа пред некој ден дека е малку покачена 125 денари плус 5 проценти данок, но и тоа е на границата на рентабилност, дури е и мала таа цена према храната колку чини и сојата на пример и житариците. Ние очекуваме, но дали ќе се покачи или не, тоа не зависи само од нас, тоа треба преработувачките капацитети да кажат, вели Серафимов. Според него, не е исплатливо да се одгледуваат свињи со ваква цена на месото, а цените на се останато одат во нагорна линија. Истовремено значително е намален бројот на крави и овци кои претходно се одгледувале во штипскиот и карбинцскиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-na-rabot-na-rentabilno-rabotenje/feed/ 0
Одгледувачите на свињи бараат повисока цена на месото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-baraat-povisoka-cena-na-mesoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-baraat-povisoka-cena-na-mesoto/#respond Wed, 18 May 2022 12:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=678410

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари. -Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари, вели Сарафимов. Посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки. Економистите сметаат дека увозната инфлација во државата граѓаните допрва ќе ја почувствуваат. Според штипскиот економист и аналитичар, Глигор Ивановски, покачувањето на цените на основните продукти за живот, влијаат врз џебот на граѓаните, но ова е состојба која не може да се избегне бидејќи е настаната заради случувањата надвор од државата. Основните производи за живот мора да се купат и покрај тоа што нивната цена е покачена, а идентична е ситуацијата и со нафтените деривати и струјата. Според Ивановски, сѐ што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени, инфлацијата е пожелна во одредени случаи, кога е во контролирани рамки од 1 до 2 отсто на годишно ниво. Но, сегашната состојба, истакнува, зборува за инфлација која е поголема и чии негативни влијанија обичниот граѓанин дополнително ќе ги чувствува. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-baraat-povisoka-cena-na-mesoto/feed/ 0