свинска чума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 14:10:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свинска чума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novo-zharishte-na-svinska-chuma-registrirano-vo-delchevskoto-selo-trabotivishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novo-zharishte-na-svinska-chuma-registrirano-vo-delchevskoto-selo-trabotivishte/#respond Thu, 24 Aug 2023 14:10:38 +0000 https://kurir.mk/?p=870534

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста. - Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ. Како што додадоа оттаму, се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата, не штетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре. - Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната задвижење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат воодобрена кланица за колење, велат од АХВ. Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога се движат во одобрена кланица за колење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novo-zharishte-na-svinska-chuma-registrirano-vo-delchevskoto-selo-trabotivishte/feed/ 0
Африканска свинска чума потврдена во 32 општини во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/afrikanska-svinska-chuma-potvrdena-vo-32-opshtini-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/afrikanska-svinska-chuma-potvrdena-vo-32-opshtini-vo-srbija/#respond Mon, 31 Jul 2023 19:29:44 +0000 https://kurir.mk/?p=862143

Во Србија, африканска свинска чума е потврдена на 1.154 фарми во 32 општини, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од тоа министерство за РТС изјавија дека од петокот, 28 јули до денеска, африканска свинска чума се појавила на околу 150 фарми и дека случаи се потврдени во Војводина, Белград, централна и источна Србија. Досега на фармите се извршени 314.042 контроли, а до петокот еутаназирани се околу 18.000 свињи. Африканската свинска чума се појави во мај во Мрчаевци, во околината на Чачак, а веќе подолго време е присутна во делови од источна и југоисточна Србија, јави Бета. Станува збор за инфекција што ги погодува домашните и дивите свињи, а вирусот што ја предизвикува таа болест не е опасен по здравјето на луѓето, но влијае на економијата на земјите каде што се појавува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/afrikanska-svinska-chuma-potvrdena-vo-32-opshtini-vo-srbija/feed/ 0
Во Германија се појави африканска свинска чума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-se-pojavi-afrikanska-svinska-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-se-pojavi-afrikanska-svinska-chuma/#respond Thu, 10 Sep 2020 16:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=401715

-За жал, сомнежот во првиот случај на африканска свинска чума е потврден, рече Јулија Клокнер откако Институтот Фридрих Лофлер потврди дека дива свиња пронајдена во близина на германско-полската граница починала од африканска свинска чума. Надлежниот институт соопшти дека во областа каде е пронајдена мртвата дива свиња, „се бараат нови случаи“. Во последните месеци, случаи на свинска чума се откриени во западна Полска, балтичките земји и Бугарија и Романија. Африканската свинска чума е безопасна за луѓето дури и ако се консумира месо од заразено животно, но, како што истакна министерката Клокнер, тоа е „во 100 проценти од случаите“ смртоносно кај свињите, диви и домашни. Земјоделските здруженија во сојузната држава Бранденбург, каде е пронајдена мртвата свиња, стравуваат од ограничувања и забрана за продажба на свинското месо. -Сега најважно е да се избегне најлошото и да се спречи ширењето на инфекцијата кај свињите во фармите, рече Хенрик Вендорф, претседател на Здружението на земјоделци во Бранденбург. Федералното Министерство за земјоделство објави дека е во контакт со Европската комисија, како и со кинеските власти. Кина е позната како најголем увозник на свинско месо од Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-se-pojavi-afrikanska-svinska-chuma/feed/ 0
Димковски: Нема појава на африканска свинска чума, останува мерката за отстрел на диви свињи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkovski-nema-pojava-na-afrikanska-svinska-chuma-ostanuva-merkata-za-otstrel-na-divi-svinji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkovski-nema-pojava-na-afrikanska-svinska-chuma-ostanuva-merkata-za-otstrel-na-divi-svinji/#respond Fri, 17 Jan 2020 12:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=291215

Во  нашата држава не е регистрирана појава на болеста африканска чума кај дивите свињи, но мерката за отстрел останува во важност како превентива, истакна министерот за земјоделство, Трајан Димковски при денешната посета на сточарска фарма во селото Соколарци, Кочанско. -Имавме состанок со Агенцијата за храна и ветеринарство и со Ловечката федерација на кој се разгледуваа резултатите од она што беше воведено како мерка, за тоа до каде сме сега и како да продолжиме. Сè уште е на сила одлуката за отстрел на дивите свињи, односно нема ограничување. Според информациите од Агенцијата за храна, досега кај нив се пријавени 1.000 отстрелани свињи, кај сите примероци е направена анализа и сите се негативни, што значи дека нема појава на африканска свинска чума. Следиме што се случува во Бугарија, затоа нашите мерки се превентивни и го започнавме отстрелот многу порано. Сега очекуваме одговор од Ловечката федерација за да одлучиме дали и кога би престанала мерката и со какви последици би се соочиле. Во меѓувреме, продолжува и поддршката од Програмата за директни плаќања, по три илјади денари за предадени домашни свињи, а преку Агенцијата за храна и ветеринарство е предвидена и одредена поддршка за воведување биосигурносни мерки на самите фарми, затоа што заштитата е многу важна и ќе се обидеме да спречиме болеста, да не дојде кај нас, истакна министерот Димковски. Миниситерот Димковски додаде дека се разгледуваат ефектите и можностите за воведување на мерка за контрола или забрана на трговијата и транспортот на свињи во државата. Освен тоа, останува апелот до царинските служебници за поголема контрола на личниот багаж на патниците, за да се спречат можните причини за пренос на болеста кај нас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkovski-nema-pojava-na-afrikanska-svinska-chuma-ostanuva-merkata-za-otstrel-na-divi-svinji/feed/ 0
АХВ ја прекинува вакцинацијата на свињи против свинска чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-ja-prekinuva-vakcinacijata-na-svinji-protiv-svinska-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-ja-prekinuva-vakcinacijata-na-svinji-protiv-svinska-chuma/#respond Tue, 01 Oct 2019 10:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=246597

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска ја прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума и им наредува на ветеринарните друштва повлекување од промет на вакцината доколку ја имаат на залиха. Прекинувањето на вакцинацијата на свињите е дел од сетот превентивни активности преземени од АХВ, со цел создавање услови за добивање на дозвола за извоз на домашно свежо свинско месо на европскиот и светскиот пазар, каде расте и побарувачката и цената на овој тип месо. – За прекинот на вакцинацијата, известени ќе бидат Европската унија и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, која очекуваме во текот на 2021 година на Република Северна Македонија да и го додели статусот на земја слободна од класична свинска чума, велат од АХВ. За справување со оваа болест Агенцијата донела и план за итни мерки, а подготвила и оперативниот прирачник за постапување во случај на појава на класична свинска чума. – Континуирано се работи на едукацијата на фармерите, официјалните ветеринари и ветеринарните друштва, преку организирање на работилници, трибини и подготовка на информативно – едукативен материјал, велат од АХВ. По престанување со превентивната вакцинација на свињите против класичната свинска чума, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со преземање на активности за брзо и навремено откривање на болеста. Во АХВ подготвуваат спецификација за набавка на вакцина или да ја приклучат земјава кон банката на вакцини за оваа болест. Агенцијата информира дека во 2018 година бил спроведен вонреден, а годинава и редовен попис на одгледувалиштата, во рамки на кој биле евидентирани вкупно 2.315 свињарски фарми со 125 илјади товеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-ja-prekinuva-vakcinacijata-na-svinji-protiv-svinska-chuma/feed/ 0
Како се пренесува и што ја предизвикува Африканската свинска чума која „беснее“ во соседството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-se-prenesuva-i-shto-ja-predizvikuva-afrikanskata-svinska-chuma-koja-besnee-vo-sosedstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-se-prenesuva-i-shto-ja-predizvikuva-afrikanskata-svinska-chuma-koja-besnee-vo-sosedstvoto/#respond Mon, 12 Aug 2019 16:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=228992

Периодов Македонија е под закана од свинска чума. Соседна Бугарија ги брои уништените свињи и економски штети, а дека чумата може да дојде и кај нас е реалност. За оваа тема ве едуцираме подолу... Африканската свинска чума ја предизвикува уникатен, обвиен, цитоплазматичен, арбовирус со двојна ДНК, кој е единствен претставник на фамилијата Asfarviridae . Иако генерално се мисли дека има само еден серотип на вирусот на Африканска свинска чума, најновите истражувања известуваат за класификација од 32 изолати на вирусот на Африканска свинска чума поделени во осум различни серогрупи врз основа на тест на инхибиција на хемапсорпција (HAI) (Malogolovkin et al., 2015). Меѓутоа, генетската карактеризација на сите изолати на вирусот на Африканска свинска чума познати до сега, укажуваат на 23 географски поврзани генотипови со бројни подгрупи, што укажува на комплексноста на епидемиологијата на Африканска свинска чума (Слика 4). Генотипот е одраз на варијабилноста на сегмент на единствен ген и протеин (VP-72) и најчесто се користи филогенетско и молекуларно епидемиолошки цели (пр: за да се идентификува изворот на жариште). Колку што е познато, не ја одредува вирулентноста или другите параметри на болеста. Во природниот циклус кај дивите животни, меките крлежи Ornithodoros (уште познати како tampans), заедно со Африканските диви свињи, претставуваат природен резервоар на вирусот на Африканската свинска чума. Тие можат да го пренесуваат вирусот со каснување. Сите членови на фамилијата (Suidae) се приемчиви на инфекцијата, но клинички болеста се манифестира само кај домашни и диви свињи, како и кај блискосродната Европска дива свиња. Африканските диви свињи се асимптоматски носител на Африканска свинска чума и делуваат како резервоар на вирусот во делови на Африка . Овде се вклучени и брадавичестата свиња (Phacochoerus africanus и P. aethiopicus), шумската дива свиња (Potamochoerus porcus и Potamochoerus larvatus) и џиновската шумска свиња (Hylochoerus meinertzhageni). Африканската свинска чума моментално е раширена во Супсахарска Африка, Источна Европа, Кавкаскиот Регион и на италијанскиот остров Сардинија. Со зголемената циркулација на Африканска свинска чума, се зголемува и глобалната загриженост дека вирусот ќе се шири во останатите делови на планетата. Секоја држава со развиено свињарство е изложена на ризик, а историјата покажа дека болеста има способност да прескокне илјадници километри и може да се појави во земји кои претходно биле слободни од болеста, најмногу преку месото кое пристигнува од странство пренесено со помош на воздушен или морски сообраќај, месо кое е неправилно уништено или месо пренесено од патници. Најголема загриженост е потенцијалот кој болеста го поседува за ширење кон Источна Азија. Со оглед дека Кина во голема мера се потпира на свињарството како гранка на која припаѓа речиси половина од производството на свињи во светот, епидемијата на Африканска свинска чума би имала катастрофално влијание на трговската размена и производството на свињи, со сериозни импликации на глобалното обезбедување на храна. Официјалните податоци за статусот и податоците за жаришта на Африканска свинска чума можат да се обезбедат од Светскиот информационен систем за здравствена заштита на животните (WAHIS) на Светската организација зa здравствена заштита на животните (OIE). Во Европа, Африканска свинска чума е прв пат внесена во 1957 година од Западна Африка во Португалија. По искоренувањето на оваа инкурзија, вирусот на Африканска свинска чума генотип I се појавува повторно во 1960 година, после што се шири низ Европа (Италија 1967 година; Шпанија 1969 година; Франција 1977 година; Малта 1978 година; Белгија 1985 година; и Холандија 1986 година). Исто така, болеста се појавува и на Карибите (Куба 1971 и 1980 година; Доминиканска Република 1978 година; и Хаити 1979 година) и Бразил (1978). Сите држави успешно ги контролирале жариштата по краток период со исклучок на Шпанија и Португалија, каде борбата со болеста траела неколку декади сe до 1990-тите години и на медитеранскиот италијански остров Сардинија, каде Африканска свинска чума е ендемична од нејзиното внесување во 1978 година и циркулира најчесто во одгледувалишта кои чуваат свињи на отворено и кај дивите свињи. Пренесување Вирусот на Африканска свинска чума традиционално перзистира во добро познати циклуси, силватичниот циклус, циклусот крлеж - свиња и домашниот циклус (свиња – свиња). Во поново време опишан е и циклус кај дивите свињи кој може некогаш да биде вклучен во циклусот на домашни свињи. Силватичниот циклус се јавува само во некои делови на Африка и вклучува брадвичеста свиња и крлежи од комплексот Ornithodoros moubata. Циклусот крлеж – свиња вклучува свињи и крлежи Ornithodoros spp., за кои е познато дека се присутни во делови на Африка и Пиринејскиот Полуостров. Преносот од силватичкиот циклус (Африкански диви свињи) на циклусот на домашни свињи (фармски одгледувани свињи) се појавува со индиректен пренос од крлежи. Ова може да се случи кога брадавичестата свиња и домашните свињи престојуваат во иста област, особено кога брадавичестата свиња прави брлози на фарма или кога крлежи се внесени во селото преку мрши од брадавичеста свиња заловена за храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-se-prenesuva-i-shto-ja-predizvikuva-afrikanskata-svinska-chuma-koja-besnee-vo-sosedstvoto/feed/ 0
Координативен состанок на ветеринарите за африканска свинска чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinativen-sostanok-na-veterinarite-za-afrikanska-svinska-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinativen-sostanok-na-veterinarite-za-afrikanska-svinska-chuma/#respond Wed, 07 Aug 2019 06:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=227123

Ветеринарната комора денеска организира состанок за координирање на активностите на ветеринарните друштва за преземање превентивни мерки против африканска свинска чума. На состанокот ќе учествуваат претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ. Комората укажува дека болеста е особено опасна и заразна, поради што состојбата будно се следи. -Во моментов најважно е вклучување на одгледувачите на свињи и тоа не само оние кои имаат високо технолошко ниво на одгледување, туку и на оние кои свињите ги одгледуваат во мал број, екстензивно и за свои потреби. Токму тие одгледувалишта се најслабата алка, поради слабата едукација и свесност на за боелста, и последично, непримената на базичните елементи на бисоигурност, вели за МИА претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски. За болеста, нагласува Николовски, не постои терапија и имунопрофилакса (вакцинација) па брзата детекција – дијагонстицирање и брзото преземање мерки на сузбивање и искоренување преку уништување на заболените и загрозени единки, ќе го спречат натамошното ширење на инфектот. Во оваа насока, неопходно е едукативно делување од страна на ветеринарните друштва кои се во непосреден контакт со сопствениците на фармите. Мора да се подигне свеста и одговорноста за брзо пријавување сомнеж за појава на болеста. Тој информира и дека Националното тело за контрола на болести во кое учествуваат бројни институции, вчера, под претседателство на директорот на АХВ, Зоран Атанасов, одржа состанок на кој беа делегирани обврски и задачи за спроведување превентивни и мерки на сузбивање и искоренување при евентуална појава на африканска чума во земјава. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinativen-sostanok-na-veterinarite-za-afrikanska-svinska-chuma/feed/ 0
Африканската свинска чума има во 294 населени места во 18 области во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskata-svinska-chuma-ima-vo-294-naseleni-mesta-vo-18-oblasti-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskata-svinska-chuma-ima-vo-294-naseleni-mesta-vo-18-oblasti-vo-romanija/#respond Fri, 30 Nov 2018 10:19:20 +0000 https://kurir.mk/?p=134078

Африканска свинска чума е регистрирана во 294 села во 18 романски области, и утврдени се 1.124 жаришта на болеста. Ова вчера го соопштија претставници на Националната санитарно- ветеринарна служба кои ги цитира електронското издание на весникот „Романија Либера“. Според податоците од Националната санитарно-ветеринарна служба, африканска свинска чума е утврдена во 16 свињарски фарми и кај 300 диви прасиња. Досега се убиени вкупно 361.719 свињи кои биле погодени од болеста. Санитарно-ветеринарната служба, исто така, соопшти дека до сега се уништени шест жарипта во областа Сату Маре (северозападна Романија) и единственото жариште во областа Дамбовицата, во јужниот дел на земјата. Првиот случај на африканска свинска чума во Романија беше регистриран на 31 јули 2017 година во округот Сату Маре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskata-svinska-chuma-ima-vo-294-naseleni-mesta-vo-18-oblasti-vo-romanija/feed/ 0
Свинската чума стигна до Пекинг: Од почеток на епидемијата убиени околу 600.000 свињи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svinskata-chuma-stigna-do-peking-od-pochetok-na-epidemijata-ubieni-okolu-600-000-svinji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svinskata-chuma-stigna-do-peking-od-pochetok-na-epidemijata-ubieni-okolu-600-000-svinji/#respond Fri, 23 Nov 2018 16:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=131283

Кинеските власти денес соопштија дека регистрирале први случаи на свинска чума во две фарми кај Пекинг, каде од 1.700 свињи од чумата угинале 86. Министерството за земјоделство на Кина истакнало дека се испратени експерти да ги дезинфицираат фармите и да ги убијат останатите заразени животни. Свинската чума е присутна во Африка, Русија и неколку земји од источна Европа. Оваа болест тешко се контролира бидејќи засега не постои ефикасна вакцина. Свинската чума не е опасна за луѓето. Кинеските власти додале и дека од почетокот на епидемијата на оваа болест во август, убиени се околу 600.000 свињи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svinskata-chuma-stigna-do-peking-od-pochetok-na-epidemijata-ubieni-okolu-600-000-svinji/feed/ 0