свр тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 13:05:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свр тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Не управувај моторно возило без положен возачки испит“, превентивна активност на СВР Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-upravuvaj-motorno-vozilo-bez-polozhen-vozachki-ispit-preventivna-aktivnost-na-svr-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-upravuvaj-motorno-vozilo-bez-polozhen-vozachki-ispit-preventivna-aktivnost-na-svr-tetovo/#respond Fri, 27 Oct 2023 13:05:25 +0000 https://kurir.mk/?p=893803

Секторот за внатрешни работи Тетово вчера, (26.10.) стартуваше со практична имплементација на превентивно - едукативниот проект „Не управувај моторно возило без положен возачки испит, почитувај ги правилата и прописите во сообраќајот, заштити се себеси и другите“, а првите активности се реализираа во средните училишта во Гостивар. Со проектот ќе бидат опфатени 11 средни училишта на тетовско - гостиварското подрачје со над 1.500 ученици од втора година. На посебни часови, стручно обучени полициски службеници ги информираат, односно запознаваат учениците со ризиците и законските импликации од управување на возила без претходно да посетуваат теоретска и практична обука и да го положат законски предвидениот возачки испит. Покрај ова, на учениците им се презентираат и основните правила и прописи во сообраќајот, им се даваат совети и препораки, во функција на нивна поголема безбедност како учесници во сообраќајот. Носител на проектот е Отсекот за превенција на СВР Тетово, а се планира да заврши до средината на идниот месец. Негова приоритетна цел е да се подигне сообраќајната свест и култура на средношколците, дотолку повеќе што некои од нив посегнуваат по возилата на нивните родители пред да го положат возачкиот испит и да се стекнат со соодветна дозвола за управување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-upravuvaj-motorno-vozilo-bez-polozhen-vozachki-ispit-preventivna-aktivnost-na-svr-tetovo/feed/ 0
СВР Тетово расчисти пет тешки кражби во верски објекти во тетовско, приведен крадец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-tetovo-raschisti-pet-teshki-krazhbi-vo-verski-objekti-vo-tetovsko-priveden-kradets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-tetovo-raschisti-pet-teshki-krazhbi-vo-verski-objekti-vo-tetovsko-priveden-kradets/#respond Thu, 31 Aug 2023 12:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=873044

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска (31 август) околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип. -Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него биле пронајден и одземен разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-tetovo-raschisti-pet-teshki-krazhbi-vo-verski-objekti-vo-tetovsko-priveden-kradets/feed/ 0
По три недели потрага: Пронајдено безживотното тело на 52 годишникот од Теново https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/po-tri-nedeli-potraga-pronajdeno-bezzhivotnoto-telo-na-52-godishnikot-od-tenovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/po-tri-nedeli-potraga-pronajdeno-bezzhivotnoto-telo-na-52-godishnikot-od-tenovo/#respond Tue, 22 Aug 2023 16:26:34 +0000 https://kurir.mk/?p=869724

По речиси три недели потрага денеска е најдено безживотното тело на 52 годишниот Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница. По него се водеше потрага од 6 август, откако ноќта помеѓу 4 и 5 август излегол од дома и оттогаш не се вратил во Теново. - Денеска 22 август во 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека во водите на реката Вардар, во близина на месноста Бриони и старото фудбалско игралиште, закачено на дрво, било пронајдено безживотното тело на И.Р.(52) од тетовско Теново. Екипи од тетовската Територијална противпожарна единица и СВР Тетово попладнево го извлекле телото на брегот. Увидна екипа на СВР Тетово во координација со Јавен обвинител извршиле увид, а ќе се врши и обдукција, информираат од СВР Тетово. Во потрагата учествуваа Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/po-tri-nedeli-potraga-pronajdeno-bezzhivotnoto-telo-na-52-godishnikot-od-tenovo/feed/ 0
За промена на личните документи воведени две смени во Гостивар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-promena-na-lichnite-dokumenti-vovedeni-dve-smeni-vo-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-promena-na-lichnite-dokumenti-vovedeni-dve-smeni-vo-gostivar/#respond Thu, 03 Aug 2023 12:55:50 +0000 https://kurir.mk/?p=863007

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните од гостиварското подрачје дека поради потребата од замена на постојните лични документи (лични карти, возачки дозволи и патни исправи) со нови, согласно донесените уставни измени, за што рокот е 12.02.2024 година, а со цел да одговори на потребите на граѓаните, да се избегнат гужвите во организациските единици надлежни за граѓански работи и да се скрати времето на чекање, шалтерите кои работат на примање барања и издавање на готови лични документи во ОВР Гостивар, започнаа со работа во две работни смени. Граѓаните кои имаат потреба да ги завршат своите граѓански обврски поврзани со замена на личните документи, од сега ќе можат да ги реализираат овие активности секој работен ден до 19.30 часот. За потсетување, двосменското работење е веќе во функција и на шалтерите за граѓански работи и во СВР Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-promena-na-lichnite-dokumenti-vovedeni-dve-smeni-vo-gostivar/feed/ 0
„Безбедно лето 2023“ – на подрачјето на СВР Тетово одржани 30-тина превентивно-едукативни и информативни средби на советодавните групи на граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bezbedno-leto-2023-na-podrachjeto-na-svr-tetovo-odrzhani-30-tina-preventivno-edukativni-i-informativni-sredbi-na-sovetodavnite-grupi-na-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bezbedno-leto-2023-na-podrachjeto-na-svr-tetovo-odrzhani-30-tina-preventivno-edukativni-i-informativni-sredbi-na-sovetodavnite-grupi-na-gragani/#respond Fri, 14 Jul 2023 10:00:45 +0000 https://kurir.mk/?p=856629

Отсекот за превенција на СВР Тетово ги заокружува планираните превентивно-едукативни и информативни активности со советодавните групи на граѓани, кои стартуваа во мај годинава. Досега веќе се одржани триесетина средби на овие советодавни групи, на кои се расправало за три теми, и тоа: спречување пожари на отворен простор и шумски пожари, превенирање на употребата на огнено оружје и пиротехнички средства на свадбени и други семејни свечености и безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот. Полициските службеници на овој Сектор ги запознале членовите на советодавните групи како и што треба да прават за да се намалат ризиците од избувнување на пожари во летните месеци и во однос на употребата на оружје на свадбени и други свечености, а им укажале и на земјоделците на сите законски поединости околу безбедно движење на тракторите, комбајните и другата механизација од и кон полошките ниви по регионалните и локалните патишта. Советодавните групи на граѓани имале можност непосредно да се информираат и за законските импликации доколку не се почитуваат, односно се кршат одредбите на соодветната регулатива. Во наредниот период вакви средби, чиј носител и натаму ќе биде Отсекот за превенција, предвидени се и со советодавните групи на граѓани во урбаните заедници на Тетово и Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bezbedno-leto-2023-na-podrachjeto-na-svr-tetovo-odrzhani-30-tina-preventivno-edukativni-i-informativni-sredbi-na-sovetodavnite-grupi-na-gragani/feed/ 0
Приведен тинејџер, кај него е најдено оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdher-kaj-nego-e-najdeno-oruzhje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdher-kaj-nego-e-najdeno-oruzhje/#respond Sat, 08 Jul 2023 18:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=854432

На 08.07.2023 во 00:30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е приведен С.Т.(18) од Тетово, затоа што кај него била пронајден пиштол „екол“, шаржер и еден куршум. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdher-kaj-nego-e-najdeno-oruzhje/feed/ 0
За пукање и огномети по свадби СВР Тетово лани поднела пет прекршочни пријави и една кривична пријава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-pukane-i-ognometi-po-svadbi-svr-tetovo-lani-podnela-pet-prekrshochni-prijavi-i-edna-krivichna-prijava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-pukane-i-ognometi-po-svadbi-svr-tetovo-lani-podnela-pet-prekrshochni-prijavi-i-edna-krivichna-prijava/#respond Fri, 23 Jun 2023 10:50:51 +0000 https://kurir.mk/?p=848949

Откако вчера СВР Тетово упати апел да не се пука по свадби, денес на барање на МИА информираат и за тоа како се справувале полицајците со оваа појава во текот на 2022 година. Евиденцијата на СВР Тетово покажува дека минатата 2022 година во СВР Тетово пријавени се вкупно 13 случаи на заталкани куршуми испукани на свадбени или други свечености со причинети оштетувања. - Во периодот за кој станува збор евидентирани се шест случаи на неовластено пукање или неовластено приредување на огномети, од кои пет на гостиварското и една на тетовското подрачје. Согласно членовите 31 и 32 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир за такви случаи предвидена е парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. За еден од случаите поднесена е и кривична пријава за кривичното дело „предизвикување општа опасност“, за кое согласно член 288 од Кривичниот законик предвидена е и затворска казна од шест месеци до пет години, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Секторот за внатрешни работи Тетово вчера апелираше до граѓаните да се воздржат од пукање, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Апелот следува со оглед дека во текот на овој и наредните два месеци, јули и август, на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености, најмногу во угостителски објекти на подрачјето. Во 2022 година СВР Тетово во рамки на националната кампања „Секој куршум има мета! Слави со срце, не со оружје“ реализираше повеќе активности со цел да се намали пукањето на веселбите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-pukane-i-ognometi-po-svadbi-svr-tetovo-lani-podnela-pet-prekrshochni-prijavi-i-edna-krivichna-prijava/feed/ 0
СВР Тетово со aпел да не се пука по свадби, казните се од 100 до 250 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-tetovo-so-apel-da-ne-se-puka-po-svadbi-kaznite-se-od-100-do-250-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-tetovo-so-apel-da-ne-se-puka-po-svadbi-kaznite-se-od-100-do-250-evra/#respond Thu, 22 Jun 2023 12:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=848596

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Апелот следува со оглед дека во текот на овој и наредните два месеци, јули и август, на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености, најмногу во угостителски објекти. -Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето и самоволното приредување на огномети е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваквите видови прекршоци, согласно членовите 31 и 32 се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое согласно член 288 од Кривичниот законик предвидена е и затворска казна од шест месеци до пет години, вели портпаролот Марјан Јосифоски. На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните организатори навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-tetovo-so-apel-da-ne-se-puka-po-svadbi-kaznite-se-od-100-do-250-evra/feed/ 0
„Паркирај совесно, паркирај одговорно” https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/parkiraj-sovesno-parkiraj-odgovorno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/parkiraj-sovesno-parkiraj-odgovorno/#respond Sat, 17 Jun 2023 15:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=846808

Во Тетово и Гостивар сообраќајните полицајци спроведоа превентивно-едукативни активности во рамките на новата кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно". Основна цел е поголема безбедност, пред се на децата, пешаците и велосипедистите, но и на другите учесници во сообраќајот. -На неколку пунктови во овие градови, полициски службеници од СВР Тетово, координирани од Отсекот за превенција, на возачите им делеа летоци со практично корисни информации. На нив и во директна комуникација им беше укажано да не ги паркираат возилата на тротоари, велосипедски патеки, на обележани пешачки премини, во градско зеленило или пред влезови во објекти, како и на места предвидени за паркирање на возила за лица со посебни потреби, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Според Јосифоски, активностите кои се помогнати од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата треба да придонесат за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите кога станува збор за паркирањето и за поголем сообраќаен ред на тетовските и гостиварските улици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/parkiraj-sovesno-parkiraj-odgovorno/feed/ 0
132 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/132-sanktsii-za-prebrzo-vozene-na-teritorija-na-svr-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/132-sanktsii-za-prebrzo-vozene-na-teritorija-na-svr-tetovo/#respond Thu, 25 May 2023 06:38:29 +0000 https://kurir.mk/?p=838393

Вчера од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 103 биле надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-65).Четири од нив, (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за над 70 километри на час, 22 пречекорувања од 50 до 70 километри на час (TE-9 и ГВ-13) и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 29 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 7(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и воопшто, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/132-sanktsii-za-prebrzo-vozene-na-teritorija-na-svr-tetovo/feed/ 0