сзо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 19:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сзо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО повика на безбеден пристап до болниците во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=895926

Светската здравствена организација (СЗО) повика на безбедносни гаранции за испорака на медицинска помош до клиниките во Газа. Главниот кризен менаџер на СЗО, Мајк Рајан денеска во Женева изјави дека транспортот на хуманитарна помош на палестинската територија е попречен од завојуваните страни, бидејќи е речиси невозможно да се добијат безбедносни гаранции од нив. - Ми здодеа да ги слушам сите овие уверувања кои всушност не постојат на терен за луѓето со кои работиме, рече Рајан. Тој, исто така, нагласи дека СЗО не знаела за бази на Хамас во болниците во Газа. Иако СЗО е во близок контакт со медицинскиот персонал на теренот, она што може да се случува под овие клиники не ѝ е познато на СЗО, призна Рајан. Доколку болниците во Газа бидат евакуирани на барање на Израел, Израел, како окупаторска сила, ќе мора да го олесни безбедниот транспорт на пациентите до центрите за алтернативен третман во координација со одговорниот здравствен орган, нагласи Рајан. Во меѓувреме, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус повика на прекин на огнот и рече дека од одговорот на Израел на нападите на Хамас на 7 октомври, 218 здравствени установи и персонал во палестинските области биле нападнати. - Ситуацијата во Газа е неопислива. Болници преполни со повредени, мртовечници преполни, лекари кои вршат операција без анестезија, илјадници луѓе кои бараат засолниште од бомбардирањето, семејства во преполни училишта, очајни за храна и вода, преполни тоалети и ризик од ширење на епидемии на болести. И насекаде страв, смрт, уништување, загуба, рече Гебрејесус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/feed/ 0
СЗО: Во Газа е неизбежна катастрофа во јавното здравје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-gaza-e-neizbezhna-katastrofa-vo-javnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-gaza-e-neizbezhna-katastrofa-vo-javnoto-zdravje/#respond Tue, 31 Oct 2023 16:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=895017

Во Газа е неизбежна катастрофа по јавното здравје, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО) поради масовното раселување на населението во областа, како и огромните штети на инфраструктурата. Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, предупреди на опасноста од смрт на многу цивили кои не се директно поврзани со израелското бомбардирање. -Ова е неизбежна катастрофа на јавното здравје и се заканува масовно раселување, пренатрупаност во одредени делови, оштетување на водоводната и санитарна инфраструктура, изјави Линдмајер за новинарите. Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 8.300 Палестинци се убиени од почетокот на израелските воздушни напади врз енклавата под раководство на Хамас. Портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер, пак, предупреди на ризикот од смрт на доенчиња поради дехидрација. -Значи, смртта на децата, особено на доенчињата, од дехидрација е се поголема закана, рече тој, додавајќи дека многу деца се разболуваат затоа што пијат солена вода. Околу 940 деца се сметаат за исчезнати во Газа, рече Елдер, додавајќи дека упатените мислат дека некои од нив се заглавени под урнатините. Тој раскажа и дека некои од децата страдаат од траума или потешка форма на стрес. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања претходно денеска извести дека вчера од непознати причини е прекинато водоснабдувањето во јужниот дел на Појасот Газа. Линдмајер повика на испорака на гориво во Газа, бидејќи само така може да се овозможи продолжување на војната во фабриката за бигор вода. Израел го блокираше Појасот Газа и одбива да дозволи пристигнување на резерви на гориво, објаснувајќи дека Хамас може да ги користи за воени цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-gaza-e-neizbezhna-katastrofa-vo-javnoto-zdravje/feed/ 0
СЗО повторно повика на итен хуманитарен прекин на огнот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povtorno-povika-na-iten-humanitaren-prekin-na-ognot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povtorno-povika-na-iten-humanitaren-prekin-na-ognot/#respond Sat, 28 Oct 2023 13:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=893989

СЗО ги повтори своите повици за итен хуманитарен прекин на огнот, заштита на здравствените установи, работниците и пациентите; и итен пристап за спасување животи во и низ Газа, изјави денеска шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус. - Цивилите, пациентите и здравствените работници во Газа ја поминаа ноќта во темнина и страв, напиша тој на мрежата Х. Светската здравствена организација претходно соопшти дека се уште нема контакт со своите тимови во опколениот и бомбардиран Појас Газа. Интернетот, фиксната и мобилната телефонија синоќа беа прекинати низ Газа поради израелски напад со што околу 2,3 милиони жители беа отсечени од светот. Гебрејесус изјави дека поради прекинот на сите комуникации во Газа, невозможно е возилата на брзата помош да стигнат до повредените. - Сè уште немаме контакт со нашиот персонал и здравствените установи. Загрижен сум за нивната безбедност, напиша тој на Х. Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNWRA) соопшти дека во вчерашните израелски воздушни напади врз Газа загинале 58 нејзини вработени. Медицинската координаторка на Лекари без граници за палестинските територии, Гиљемет Томас, рече дека не се во контакт со нивниот тим повеќе од 12 часа. - Ситуацијата е многу тешка. Не можеме да комуницираме со нашиот тим. Не знаеме дали се безбедни, изјави таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povtorno-povika-na-iten-humanitaren-prekin-na-ognot/feed/ 0
СЗО: 1.000 тела уште се под урнатините во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-1-000-tela-ushte-se-pod-urnatinite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-1-000-tela-ushte-se-pod-urnatinite-vo-gaza/#respond Fri, 27 Oct 2023 11:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=893772

Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека добиваат проценки дека илјада тела сè уште се заглавени под урнатините во Газа и допрва треба да се идентификуваат. Тие тела не се вклучени во билансот на загинати што го достави Министерството за здравство со кое управува Хамас. Според истото министерство, повеќе од 7.000 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади од 7 октомври. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-1-000-tela-ushte-se-pod-urnatinite-vo-gaza/feed/ 0
СЗО: Подготвени медицински материјали, обезбедете итен и непречен пристап до и преку Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-podgotveni-meditsinski-materijali-obezbedete-iten-i-neprechen-pristap-do-i-preku-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-podgotveni-meditsinski-materijali-obezbedete-iten-i-neprechen-pristap-do-i-preku-gaza/#respond Thu, 26 Oct 2023 10:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=893355

Светската здравствена организација објави список на медицински материјали за кои вели дека се подготвени и чекаат преку границата од Газа во Египет. Тие вклучуваат хируршка опрема за 3.700 трауматолошки пациенти, основни и неопходни здравствени услуги за 110.000 луѓе и медицинска опрема за 20.000 пациенти кои страдаат од хронични заболувања. СЗО повикува на „непосреден и непречен пристап до и преку Газа“. Десетици камиони со помош беа пуштени во Газа на граничниот премин Рафа во последните денови, но агенциите велат дека се потребни најмалку 100 дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-podgotveni-meditsinski-materijali-obezbedete-iten-i-neprechen-pristap-do-i-preku-gaza/feed/ 0
СЗО: Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-dve-tretini-od-zdravstvenite-ustanovi-vo-gaza-zaprea-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-dve-tretini-od-zdravstvenite-ustanovi-vo-gaza-zaprea-so-rabota/#respond Tue, 24 Oct 2023 13:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=892551

Речиси две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат поради масовното и смртоносно зголемување на израелските воздушни напади на територијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Вкупно 46 од 72 здравствени установи, вклучително и 12 од 35 болници, престанаа да функционираат низ Газа, соопшти СЗО. Палестинските здравствени власти соопштија дека недостигот на електрична енергија и гориво за генераторите поради израелската блокада, како и штетата од воздушните напади, принудиле многу објекти да затворат. Здравствениот систем во Појасот Газа „доживеа целосен колапс поради израелската војна“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа Ашраф ал-Кудра. Тој рече дека 65 медицински лица се убиени, а 25 амбулантни возила се уништени во израелските воздушни напади од 7 октомври. - Дванаесет болници и 42 здравствени домови беа принудени да запрат со работа. Стравуваме дека уште многу ќе прекинат со работа во наредните часови поради недостиг на гориво, изјави претходно денеска портпаролот на Министерството за здравство во Газа. - Деца, жени и старци сочинуваат околу 70 отсто од жртвите, рече Ал-Кудра, додавајќи дека околу 1.550 луѓе се пријавени за заробени под урнатините, вклучувајќи 870 деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-dve-tretini-od-zdravstvenite-ustanovi-vo-gaza-zaprea-so-rabota/feed/ 0
СЗО: Најмалку 130 предвремено родени бебиња во Газа се изложени на ризик поради недостиг на гориво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-najmalku-130-predvremeno-rodeni-bebina-vo-gaza-se-izlozheni-na-rizik-poradi-nedostig-na-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-najmalku-130-predvremeno-rodeni-bebina-vo-gaza-se-izlozheni-na-rizik-poradi-nedostig-na-gorivo/#respond Sun, 22 Oct 2023 11:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=891882

Најмалку 130 предвремено родени бебиња се во „голема опасност“ поради недостиг на гориво во болниците во Појасот Газа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Бебињата се во шест неонатални одделенија, соопшти организацијата Медицинска помош за Палестинците, а лекарите предупредуваат дека се во непосредна опасност доколку горивото наскоро не стигне до болниците. СЗО повика на „итен и одржлив“ пристап до гориво во Газа за да се овозможи функционирање на здравствените установи. Мелани Вард, извршна директорка на хуманитарната организација, ги повика светските лидери да извршат притисок врз Израел да дозволи доставување гориво во Газа. - Светот не може едноставно да гледа како бебињата ги убива опсадата на Газа. Ако ништо не се преземе, тоа е смртна казна за тие бебиња, рече Мелани Вард. Болниците во Газа се преполни со ранети од војната меѓу Израел и палестинските екстремисти, предизвикана од ненадејните напади на Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври. Лекарите посочуваат дека генераторите во болниците се почесто не работат и дека им недостасуваат завои и лекови, покрај останатото. Сериозниот недостиг на опрема, вклучително и респиратори, ги принудува лекарите да ги лекуваат оние чии животи сигурно може да се спасат, наместо сериозни случаи за кои е потребна сложена грижа, рече д-р Мухамед Кандил, кој работи во болницата Насер во Кан Јунис. Многу одделенија во болницата се во мрак бидејќи струјата се штеди само за одделенијата со тешки пациенти. СЗО соопшти дека Министерството за здравство во Газа објави дека дневната потрошувачка на медицински материјали во војната е еднаква на месечната потрошувачка пред војната.  (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-najmalku-130-predvremeno-rodeni-bebina-vo-gaza-se-izlozheni-na-rizik-poradi-nedostig-na-gorivo/feed/ 0
СЗО: Помошта за цивилите во Газа е подготвена, се чека отворање на преминот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pomoshta-za-tsivilite-vo-gaza-e-podgotvena-se-cheka-otvorane-na-preminot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pomoshta-za-tsivilite-vo-gaza-e-podgotvena-se-cheka-otvorane-na-preminot/#respond Thu, 19 Oct 2023 15:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=890882

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека помошта за цивилите во Газа е подготвена и дека се чека отворањето на преминот Рафа. Тедрос изрази надеж дека преминот ќе биде отворен утре и рече дека СЗО е „длабоко загрижена за здравјето и благосостојбата на цивилите во Газа“, пишува британскиот весник „Гардијан“. „Бомбата што ја погоди болницата Ал Ахли во градот Газа во вторникот вечерта и загубата на животи што ја предизвика, без оглед на тоа кој е одговорен, не може да се толерира“, рече тој. Тедрос додаде дека СЗО го поддржува повикот на генералниот секретар на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот и ослободување на заложниците. „Апелираме до Израел и Хамас да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право за заштита на цивилите и здравствената заштита. Апелираме до Израел да го врати снабдувањето со електрична енергија и вода“, рече Тедрос. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pomoshta-za-tsivilite-vo-gaza-e-podgotvena-se-cheka-otvorane-na-preminot/feed/ 0
Шефот на СЗО: Ситуацијата во Газа излегува од контрола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-situatsijata-vo-gaza-izleguva-od-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-situatsijata-vo-gaza-izleguva-od-kontrola/#respond Wed, 18 Oct 2023 07:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=890172

Ситуацијата во Појасот Газа излегува од контрола, предупреди денеска шефот на СЗО, по експлозијата во болница во која загинаа стотици луѓе. -Ситуацијата во Газа излегува од контрола. Повикуваме насилството од сите страни да престане, објави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на „X“. Тој додаде дека е потребен итен пристап за да започне испорака на материјали за спасување животи. -Потребен ни е итен пристап за да започнеме со испорака на материјали за спасување животи, изјави Гебрејесус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-situatsijata-vo-gaza-izleguva-od-kontrola/feed/ 0
СЗО го осуди нападот на болницата Ал Ахли во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-osudi-napadot-na-bolnitsata-al-ahli-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-osudi-napadot-na-bolnitsata-al-ahli-vo-gaza/#respond Tue, 17 Oct 2023 19:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=889985

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го осуди нападот врз болницата Ал Ахли во Газа. - Повикуваме на итна заштита на цивилите и здравствена заштита, како и да се укинат наредбите за евакуација, напиша Гебрејесус на Х. Тој информира дека според првичните извештаи, во нападот има стотици загинати и повредени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-go-osudi-napadot-na-bolnitsata-al-ahli-vo-gaza/feed/ 0