„Т.Н.Т“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Apr 2019 10:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Т.Н.Т“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 “Т.Н.Т”: Според сведочењето на Борис Тунџев “Космос” не би можел да се упише во Агенцијата за катастар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-spored-svedochenjeto-na-boris-tundzev-kosmos-ne-bi-mozel-da-se-upishe-vo-agencijata-za-katastar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-spored-svedochenjeto-na-boris-tundzev-kosmos-ne-bi-mozel-da-se-upishe-vo-agencijata-za-katastar/#respond Wed, 03 Apr 2019 10:25:06 +0000 https://kurir.mk/?p=181880

Во Кривичен суд денеска со сослушување на сведоци продолжи јавната расправа за случајот на СЈО "Т.Н.Т" или "Космос". Прв сведочеше актуелниот директор на државниот катастар Борис Тунџев, кадар на СДСМ, кој во 2011 година, во улога на геодет, изршил мерење на објектот "Космос". Во неговиот извештај тој утврдил дека Космос на Фијат Цаноски фактички е дивоградба, односно дека има 1 метар и 43 сантиметри разлика на котата за подземните гаражи во однос на добиената градежна дозвола. Исто така Тунџев потврди и дека без премер на објект, тој неможе да се упише во Агенцијата за катастар на недвижности, објаснувајќи дека според законот за градење и законот за недвижности, доколку се изградил објектот "Космос", во Катастарот би требало да се достават одобрение за градба и одобрениот проект, по започнување на градбата се доставува целокупната градежна и техничка документација, како и геодетски елаборат од извршен премер за да се утврди фактичката состојба. Доколку има отстапување од основниот одобрен проект спореден со геодетскиот елаборат на фактичката состојба на терен - пријавата би била одбиена. Според изјавата на Тунџев пред судот, пријавата за таков објект во случајов "Космос" би била одбиена и никогаш не би можел да биде упишан во Катастарот на недвижности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-spored-svedochenjeto-na-boris-tundzev-kosmos-ne-bi-mozel-da-se-upishe-vo-agencijata-za-katastar/feed/ 0
Рочишта за „Титаник“, „Т.Н.Т“ и „Труст“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishta-za-titanik-t-n-t-i-trust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishta-za-titanik-t-n-t-i-trust/#respond Tue, 03 Jul 2018 05:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=72259

Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, „Т.Н.Т“ и „Труст“ се закажани за денеска во Кривичниот суд. Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска, поради ризична бременост. Судијата Осман Шабани поради неисполнување на условите за одржување на рочиштето ја прекина расправата на која требаше да почне изнесувањето на доказите. Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. На обвинителна клупа денеска треба да седнат и обвинетите во случајот „Т.Н.Т“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Судско рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Труст“ во кој се обвинети бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishta-za-titanik-t-n-t-i-trust/feed/ 0