Т-рекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 11:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Т-рекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скелет од Т-рекс наскоро на наддавање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skelet-od-t-reks-naskoro-na-naddavane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skelet-od-t-reks-naskoro-na-naddavane/#respond Mon, 13 Mar 2023 11:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=811311

Скелет на тираносаурус-рекс, вид диносаурус што живеел пред 67 милиони години, во Швајцарија на 18 април, ќе биде ставен на аукција, објави аукциската куќа „Колер“. Т-рексот наречен „Тринити“, целосен примерок со речиси 3,9 метри височина и 11,6 метри должина, според каталогот на куќата со седиште во Цирих, е проценет меѓу 6,11 и 8,15 милиони евра. Меѓутоа, според наводите, скелетот е составен од повеќе делови од различни Т-рекс фосили најдени меѓу 2008 и 2013 година во сојузните држави Монтана и Вајоминг во САД. „'Тринити' е еден од поспектакуларните постоечки Т-рекс скелети, добро сочуван и извонредно реставриран фосил“, се вели во соопштението. Ова ќе биде „третпат во светот и првпат во Европа“ скелет на тираносаурус-рекс да биде ставен на продажба, објави „Колер“, од каде што уверуваат во реткиот квалитет на скелетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skelet-od-t-reks-naskoro-na-naddavane/feed/ 0