табела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Apr 2022 15:46:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png табела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешни бугарски пратеници со црвена боја ја испрскаа табелата на руската Амбасада во Софија во знак на протест заради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshni-bugarski-pratenici-so-crvena-boja-ja-isprskaa-tabelata-na-ruskata-ambasada-vo-sofija-vo-znak-na-protest-zaradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshni-bugarski-pratenici-so-crvena-boja-ja-isprskaa-tabelata-na-ruskata-ambasada-vo-sofija-vo-znak-na-protest-zaradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Fri, 08 Apr 2022 15:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=660482

Поранешните бугарски пратеници и лидери на новоформираната партија „Ние доаѓаме“, Арман Бабикјан и Николај Хаџигенов, кои ги организираа протестите против владеењето на Бојко Борисов во 2020 година, денеска со црвена боја ја испрскаа таблата на руската Амбасада во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата потоа биле однесени во полициската управа. Нивните акции се организирани во знак на протест против војната во Украина и како симбол на крвта што таму се пролева. Според двајцата, руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова требало да биде протерана, а во Украина да биде испратена воена и хуманитарна помош. На двајцата експратеници им е одреден притвор од 24 часа, но според локалните медиуми не е исклучено тие да бидат ослободени и порано, по завршувањето на истражните дејствија. Во знак на протест поради нивното приведување 30-тина лица се собраа пред зградата на регионалната полициска управа во Софија. Хаџигенов и Бабикјан коментирале дека на овој начин го искажале својот граѓански став против војната во Украина. Според нив функционерите на Путин секој ден мора да ја гледаат крвта на невините жртви на фашистичкиот режим во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshni-bugarski-pratenici-so-crvena-boja-ja-isprskaa-tabelata-na-ruskata-ambasada-vo-sofija-vo-znak-na-protest-zaradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Куман: Барселона ќе се врати на вообичаеното место на табелата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuman-barselona-kje-se-vrati-na-voobichaenoto-mesto-na-tabelata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuman-barselona-kje-se-vrati-na-voobichaenoto-mesto-na-tabelata/#respond Thu, 17 Dec 2020 07:36:32 +0000 https://kurir.mk/?p=444415

Тренерот на Барселона, Роналд Куман по синоќешната победа над Реал Сосиедад со 2:1 во Шпанското фудбалско првенство, рече дека неговиот тим ќе се врати на табелата, онаму каде што е вообичаено за нив. – Со таква посветеност и игра, ќе се вратиме таму каде што треба да бидеме на табелата. Барселона денес ја имаше својата најдобра партија оваа сезона. Ја контролиравме топката и совршено притискавме. Заслуживме да победиме, изјави Куман. Барселона е на 5. место во поредокот во Шпанија со 20 бода од 12 натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuman-barselona-kje-se-vrati-na-voobichaenoto-mesto-na-tabelata/feed/ 0
Табела: Каде епидемијата со коронавирусот е најголема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tabela-kade-epidemijata-so-koronavirusot-e-najgolema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tabela-kade-epidemijata-so-koronavirusot-e-najgolema/#respond Mon, 27 Jul 2020 06:37:31 +0000 https://kurir.mk/?p=381765

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава порасна за околу 20% во изминатите две недели. Сепак, во Штип, Свети Николе, Дебар, Гостивар и други подрачја растот е многу поголем Последните бројки на Министерството за здравство покажуваат дека во последните две недели повторно има значителен раст на бројот на т.н. „активни случаи“, показател кој ги прикажува пациентите кои се уште не се излечиле од коронавирусот или не ја загубиле битката со него.
Како што покажува графиконот погоре, на 13 јули здравствените власти известиле дека во земјата има 3 486 активни случаи, на 19 јули таа бројка изнесувала 3 921 а вчера имало 4 199 лица кои во моментов се болни од ковид-19. Но, растот на активните случаи не е подеднакво распределен на територијата на земјата. Напротив, во некои подрачја бројот на болни се намалува, во други стагнира, додека во трети расте.

Кластер(и) конфекции

Според податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, најрапиден раст на бројот на активно болни од коронавирусот во последниве две недели има во Штип и во Свети Николе. На подрачјето на Центарот за јавно здравје во Свети Николе, на 13 јули имало само 42 активно болни. Неполна недела подоцна, на 19 јули имало 111 болни, додека вчера бројката стигна до 182 случаи. Во проценти, бројот на болни за неполни две недели се зголемил за близу 450%.
Штип веќе подолго време има зголемен број на случаи, но последните две недели се особено загрижувачки. На 13 јули, на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Штип имало 178 болни, за на 26 јули да има двојно повеќе – 380 пациенти со коронавирусот.
И во Свети Николе и во Штип, најголем „инкубатор“ на заразата беа конфекциите и организираниот превоз до нив. Заедничкото возење во автобус на работничките и работниците од различни населени места и халите со голем број на вработени доведоа до ширење на вирусот. Уште кога имаше два и пол пати помалку случаи во Штип, директорката на тамошниот Центар за јавно здравје кажа дека „заразата излезе од кластерите“.

Западна Македонија

Кога е во прашање Полошката котлина, фокусот на јавноста досега беше свртен кон Тетово. Бројките од подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје од градот, во еден момент беа пониски само од Скопје. Но, веќе неколку недели бројот на активно болни во Тетово постепено се намалува ама расте на јужниот дел од котлината. Гостивар, во последниве две недели има за околу 50% повеќе пациенти. Споредено со крајот на јуни пак, има три и пол пати повеќе болни од ковид-19. Односно, на крајот на јуни, на подрачјето кое го покрива тамошниот Центар за јавно здравје имало 63 активно болни од коронавирусот. Наглиот раст секоја недела доведе до 223 активно болни вчера.
Кичево не е дел од Полошката котлина, но и таму бројките не одат во добра насока. Во последниве две недели двојно е зголемен бројот на болни од ковид-19. Ако споредбата се прави со крајот на јуни, растот на активно болни пациенти е близу 700%.
Дебарскиот регион, заедно со Центар Жупа, беа единственото подрачје во државата кое беше ставено под целосен карантин. Откако епидемијата еднаш се смири, сега повторно е вон контрола. Последните податоци од тамошниот Центар за јавно здравје говорат за 125 активно болни, што е трипати повеќе споредено со состојбата пред неполн месец.
Веќе подолго време негативен тренд има и во Струга. Во последните две недели бројот на активно болни од коронавирусот се искачи од 171 на 206 случаи. Ако анализата се продолжи до крајот на јуни, може да се види како заразата континуирано расте.

Кумановски „трет бран“

По Скопје, Куманово е подрачјето каде досега се регистрирани најмногу случаи на ковид-19. Но епидемијата таму имаше повеќе „бранови“ отколку во остатокот на земјата. Уште во април, градот и околината беа најпогодени според процентот на население кој се зарази од коронавирусот. Состојбата потоа се смири, за повторно да „експлодира“ со т.н. втор бран кој почна во јуни. Но, на почетокот на јули, од Центарот за јавно здравје во Куманово пристигнуваа позитивни вести за драматично намален број на активно болни. Во последниве две недели сепак, бројките повторно пораснаа за значителни 45%, од 194 на 282 случаи.

Скопје се врти во круг

Подрачјето на главниот град и околината и понатаму се подрачјето со најголем број на активно болни од ковид-19. Речиси цел месец таа бројки се движи околу 2 000. Најдобар „резултат“ Центарот за јавно здравје пријави на 13 јули, кога имало 1 788 активно болни. Но вчера, таа бројка повторно порасна и тоа за 10%, на 1 935 пациенти кои се болни во моментов.
Како и за целата држава, така и во Скопје, во некои општини паѓа бројот на болни а во други се зголемува. Најмногу пациенти се уште има во Чаир, но веќе неколку недели нивниот број се намалува. Но затоа веќе неколку недели по ред, се зголемува бројот на болни во Аеродром и Кисела Вода.   извор: 360stepeni.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tabela-kade-epidemijata-so-koronavirusot-e-najgolema/feed/ 0
Шпанија има нов владетел во Примера https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-ima-nov-vladetel-vo-primera/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-ima-nov-vladetel-vo-primera/#respond Mon, 22 Jun 2020 07:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=360589

Нов лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство е Реал Мадрид, откако доцна синоќа на гостински терен го победи Реал Сосиедад со 2:1 во дуел од 30. коло. Микел Марино погоди кај домаќините, додека Серхио Рамос и Карим Бензема беа стрелци за мадридскиот тим. За Реал Мадрид ова беше трета победа во низа по која собра 65 бода исто колку што има и Барселона. Реал Сосиедад е седми со 47 бода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-ima-nov-vladetel-vo-primera/feed/ 0