табла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 11:07:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png табла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познат идентитетот на лицето кое ја оштети таблата со натпис  „Цар Борис III“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-liceto-koe-ja-oshteti-tablata-so-natpis-car-boris-iii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-liceto-koe-ja-oshteti-tablata-so-natpis-car-boris-iii/#respond Thu, 13 Oct 2022 11:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=744730

На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис Цар Борис III поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Во врска со  делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-liceto-koe-ja-oshteti-tablata-so-natpis-car-boris-iii/feed/ 0
Во алкохолизирана состојба искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“ па се пријавил во полиција, а таа го уапсила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-alkoholizirana-sostojba-iskrshil-tabla-so-natpis-republika-severna-makedonija-pa-se-prijavil-vo-policija-a-taa-go-uapsila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-alkoholizirana-sostojba-iskrshil-tabla-so-natpis-republika-severna-makedonija-pa-se-prijavil-vo-policija-a-taa-go-uapsila/#respond Sat, 22 Feb 2020 10:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=307320

На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла  со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-alkoholizirana-sostojba-iskrshil-tabla-so-natpis-republika-severna-makedonija-pa-se-prijavil-vo-policija-a-taa-go-uapsila/feed/ 0
И на таблата во МОН стои РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Ќе бара ли Спасовски разрешување на Адеми, како на Мизрахи?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-na-tablata-vo-mon-stoi-republika-makedonija-kje-bara-li-spasovski-razreshuvanje-na-ademi-kako-na-mizrahi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-na-tablata-vo-mon-stoi-republika-makedonija-kje-bara-li-spasovski-razreshuvanje-na-ademi-kako-na-mizrahi/#respond Sat, 15 Feb 2020 20:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=304483

Дали техничкиот премиер Оливер Спасовски која бараше разрешување на Рашела Мизрахи од министерската позиција во министерството за труд и социјлана политика, ќе бара разрешување и на министерот за образование и наука Арбр Адеми?! И МОН, исто како и МТСП се уште ја нема сменето таблата, и на неа стои Република Македонија, а за тоа сведочат овие фотографии направени пред само 10 дена, односно на 5 февруари годинава. Инаку, Мизрахи по 3 часот по полноќ беше разрешена во Собранието, поради таблата на која стои името Република Македонија, а пред која таа држеше прес-конференции. Според Спасовски, Мизрахи не го почитувала Уставот и ги ставила партиските над државните интереси, па поради тоа достави предлог за нејзино разрешување во Собранието кое беше прифатено. Се поставува прашањето- дали сега според Спасовски и Адеми не го почитува Уставот, па ќе бара негово разрешување или законите не важат за истомислениците на власта, тукуа само за неистомислениците? Мизрахи се огласи по разрешувањето и изјави дека хајката против неа е очаен обид на власта да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата. -Дозволете ми да им се заблагодарам на сите граѓани на Република Македонија, на Собранието и партијата ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба и номинацијата за министер во техничката Влада на Република Македонија. Ми претставуваше посебна чест и задоволство да им служам на граѓаните. Дами и господа да се биде министер во техничка Влада во услови на поодмината и долготрајна политичка криза е голем предизвик. Но, желбата да им се помогне на граѓаните е вредна за човек да се соочи со сите предизвици. Нарушени меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење на проблемите, очајни граѓани, исплашени вработени во Министерството. Тоа се проблемите на Министерството за труд и социјална политика, напиша Мизрахи на Фејсбук и додаде: „Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија, назначена за министер во Влада, бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираа средства, ниту начин и зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа ја критикуваа мојата верска и национална припадност. И ме обележаа со жолта ѕвезда. Јас разбирам дека право и должност на секој совесен граѓанин е да ја критикува јавната личност, односно политичарот кој сепак е одбран од него. Но, не можам да разберам кога некој Ве критикува поради верската и национална припадност. Последен што тоа го правеше е Гебелс. Луцидните напади ги осудија и претставниците на ОБСЕ и ОДХР во Македонија, а за волја на вистината со бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го оркестрираа. Сите тие напади кон мене кои почнаа со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап во кој со факти и докази и презентирав на македонската јавност дека системот е дисфункционален, а Министерството за труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните. Конечно хајката против еврејката Рашела Мизрахи, немајки за што друго, спин докторите на партијата на власт и нивните гласноговорници во очаен обид да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата и Министерството, погубните политики на СДСМ чии лидери бараат спас од нас, наместо да се фатат со својата работа, заврши и колуминира со евтина тетарска претстава наречена „Таблата во Министерството за Труд и социјална политика“. Наместо да ме остават да им помогнам на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество и помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата од само за нејзе познати причини да ми биде препишан на мене. Па наместо таа да објасни за натрупаните нерешени случаи за донесеното законско решение „case management“ кое е апсолутно дисфинкционално за криминалиите кои ги направила врз синдикатите со сета сила најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетенстност, а некој друг да го обвини за истото. Не ја прашувајте Рашела Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла. Јас сум граѓанин на Република Македонија кој никогаш не го прекршил ниту Уставот ниту законите. А, Република Македонија е таа затоа што за неа на деветнаесет години загина народниот херој Лиман Каба, Република Македонија е затоа што Бабисадо Хамезе за неа изгуби нога во Втората светска војна, Република Македонија е затоа што мојата баба Ризова Трајанка и нејзината бригада „Добри Даскалов“ пет години крвареа. Поради Коста Солев Рацин, Македонија е поради Јордан Пиперката, Даме Груев и Карев. Република Македонија е затоа што нејзината иднина лежи на нејзината историја. А, без историја нема иднина. Реалноста денес е дека парламентарното мнозинство ја заборави историјата, барајќи иднина. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-na-tablata-vo-mon-stoi-republika-makedonija-kje-bara-li-spasovski-razreshuvanje-na-ademi-kako-na-mizrahi/feed/ 0
Андоновски: Наместо да видиме колку Заев бил вмешан во случајот „Рекет“, СДСМ се занимава со таблата која во одредени министерства ја има, а во некои не https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-namesto-da-vidime-kolku-zaev-bil-vmeshan-vo-sluchajot-reket-sdsm-se-zanimava-so-tablata-koja-vo-odredeni-ministerstva-ja-ima-a-vo-nekoi-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-namesto-da-vidime-kolku-zaev-bil-vmeshan-vo-sluchajot-reket-sdsm-se-zanimava-so-tablata-koja-vo-odredeni-ministerstva-ja-ima-a-vo-nekoi-ne/#respond Thu, 13 Feb 2020 18:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=303616

Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за ситуацијата со министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи поврзана со таблата која се наоѓала во позадина на нејзина прес конференција каде посочи дека ова го прави СДСМ затоа што им е страв дека таа започна со откривање на скандали и злоупотреби во функционирањето на МТСП -Не очекуваме дека ќе се случи разрешување на Мизрахи. Очевиден е стравот дека министерката започна со откривање на бројни скандали, злоупотреби во функционирањето на МТСП. Да спомнам вчера или завчера на прес конференција Мизрахи објави дека економско-социјалниот совет не функционирал и не носел одлуки на начин со кој тоа со закон и правилник е утврдено. Прави посети во сите населени места, градови, социјални центри и забележува дека работите не функционираат како што треба и ова е обид на владеачката структура предводена во моментот од техничкиот премиер да ја префрли топката на страната на министерката и со едни смешни обвинувања и му предлага на Собранието да ја разреши. Очевиден е стравот зошто наместо да се зафатат со реални прашања, проблеми да видиме кога разговарал Зоран Заев со Боки 13 , што му кажал, колку бил вмешан, зошто не пријавил кај Вилма Русковска навреме, ние ќе се занимаваме сега со таблата која што во одредени министерства ја има, а некаде нема табли, истакна Анодоновски. Андоновски во врска со барањето на СДСМ за разрешување на Мизрхи посочи дека тоа не е паметно од нивна страна затоа што ќе ја втурнат државата во една сериозна политичка криза. -На граѓаните им е преку глава од ваков тип на кризи и тие очекуваат една стабилна мирна иднина и ова само прави една дополнителна тензија во општеството кое немам никаква полза, додаде Андоновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-namesto-da-vidime-kolku-zaev-bil-vmeshan-vo-sluchajot-reket-sdsm-se-zanimava-so-tablata-koja-vo-odredeni-ministerstva-ja-ima-a-vo-nekoi-ne/feed/ 0
Двојазичната табла на Здравствениот дом во Штип издржа еден ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojazichnata-tabla-na-zdravstveniot-vo-shtip-izdrza-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojazichnata-tabla-na-zdravstveniot-vo-shtip-izdrza-eden-den/#respond Mon, 27 Jan 2020 14:17:02 +0000 https://kurir.mk/?p=295355

Двојазичната табла на Здравствениот дом во Штип издржа еден ден. Во текот на ноќта е искршена од непознат сторител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojazichnata-tabla-na-zdravstveniot-vo-shtip-izdrza-eden-den/feed/ 0
Отстранета таблата: Александар Македонски веќе не е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstraneta-tablata-aleksandar-makedonski-vekje-ne-e-istoriska-figura-koja-pripagja-na-antichkata-helenska-istorija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstraneta-tablata-aleksandar-makedonski-vekje-ne-e-istoriska-figura-koja-pripagja-na-antichkata-helenska-istorija-foto/#respond Fri, 16 Aug 2019 07:54:43 +0000 https://kurir.mk/?p=230130

Таблата која вчера беше поставена на споменикот „Воин на коњ“, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, не издржа ниту 24 часа- експресно беше отстранета. Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура. -Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје. Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик. Инаку, поставувањето ознаки на спомениците и отстранувањето и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, е согласно Договорот од Преспа на кој се обврза македонската влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstraneta-tablata-aleksandar-makedonski-vekje-ne-e-istoriska-figura-koja-pripagja-na-antichkata-helenska-istorija-foto/feed/ 0
Натпревар во играње табла во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/natprevar-vo-igranje-tabla-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/natprevar-vo-igranje-tabla-vo-kavadarci/#respond Sat, 08 Sep 2018 12:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=98109

Натпревар во играње табла по 16 пат се реализира во Кавадарци, во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“. - Годинава имаме рекорд во интересот за одмерување на силите во оваа древна игра. Се натпреваруваат 56 играчи на табла од повеќе општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, рече Филип Тасев, кој е дел од организацијата на таблијадата. Меѓу натпреварувачите има и млади и стари, а меѓу нив се и три жени. Седумнаесетгодишната Благојка Стојанова од Велес откри за МИА дека почнала да игра табла во друштво, а во Кавадарци дошла да биде дел од настанот и да си ги одмери силите во играње табла со останатите натпреварувачи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/natprevar-vo-igranje-tabla-vo-kavadarci/feed/ 0
Таблата на СДСМ-ЛСДМ во Чаир заврши во ѓубре (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tablata-na-sdsm-lsdm-vo-chair-zavrshi-vo-gjubre-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tablata-na-sdsm-lsdm-vo-chair-zavrshi-vo-gjubre-foto/#respond Sun, 15 Jul 2018 19:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=77183

Изреволтирани граѓани од скопската населба Чаир ја искршија таблата која се наоѓаше на партиското седиште на СДСМ. Откако ја искршија, истата ја фрлија во ѓубре. На таблата освен СДСМ на македонски јазик беше испишано и името на партијата на албански јазик. Членови на СДСМ или поддржувачи на истата партија на овој начин очигледно го искажуваат своето незадоволство од работата на партијата која е на власт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tablata-na-sdsm-lsdm-vo-chair-zavrshi-vo-gjubre-foto/feed/ 0