таблет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Aug 2022 11:27:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png таблет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОД СЕПТЕМВРИ: Бесплатен таблет за учениците во Општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-septemvri-besplaten-tablet-za-uchenicite-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-septemvri-besplaten-tablet-za-uchenicite-vo-opshtina-aerodrom/#respond Mon, 08 Aug 2022 11:27:47 +0000 https://kurir.mk/?p=715602

Согласно со изборната програма на градоначалникот Тимчо Муцунски и заложбата за осовременување на образовниот процес, секое дете што посетува настава во четврто одделение во основните училишта во Општина Аеродром, во новата учебна година ќе добие бесплатен таблет. Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет, со што се остварува ветувањето за модерно и современо образование за секое дете во Аеродром. Со оваа мерка, покрај тоа што ќе значи помош за родителите и семејниот буџет, истовремено ќе се подигне и свеста за дигитализацијата и модерните предизвици. Овој проект ќе се имплементира секоја година и претставува континуиран процес што ќе им помогне на најмладите полесно да го совладаат образовниот процес. Општина Аеродром во изминатите неколку месеци стави посебен акцент на инвестициите во образованието. Во сите училишта учениците добија смарт-табли, на крововите беа поставени фотоволтаици, а неколку други училишта добија нова фасада, проширување на капацитетите и реновирање на просториите. Најмладите се наш врвен приоритет и овие инвестиции ќе продолжат и во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-septemvri-besplaten-tablet-za-uchenicite-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
ИСТРАЖУВAЊЕ: Прекумерното користење на екранот го зголемува ризикот од кратковидост кај децата за 80 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istrazuvanje-prekumernoto-koristenje-na-ekranot-go-zgolemuva-rizikot-od-kratkovidost-kaj-decata-za-80-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istrazuvanje-prekumernoto-koristenje-na-ekranot-go-zgolemuva-rizikot-od-kratkovidost-kaj-decata-za-80-procenti/#respond Wed, 10 Nov 2021 09:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=593488

Многу време поминато пред екранот на мобилниот телефон или компјутерот може да го зголеми ризикот од миопија кај децата и до 80 отсто, покажува најновото истражување објавено во здравствениот магазин „The Lancet Digital Health“. Се покажа дека повеќе од 3.000 испитаници ја поврзуваат изложеноста на паметни уреди со кратковидоста кај децата и младите на возраст од три месеци до 33 години, според студијата спроведена од експерти од Универзитетот Англиа Раскин во Кембриџ, Англија. Тие открија јасна врска помеѓу времето поминато во гледање телефони или таблети и поголем ризик од развој на миопија. Само паметните телефони го зголемуваат ризикот за 30 проценти, но во комбинација со прекумерната употреба на компјутер, ризикот се зголемува на 80 проценти. Истражувачите стравуваат дека тоа би можело да значи дека до 2050 година половина од светското население би можело да биде кратковидно или да страда од проблеми со губење на видот. Во 2019 година, Светската здравствена организација препорача децата на возраст под две години да не поминуваат време пред екранот, а на децата на возраст од две до пет години им се советуваше да користат паметни уреди до еден час во текот на денот. Истата година, истражувањето на CensusWide на 2.000 британски семејства покажа дека децата поминуваат во просек 23 часа неделно на екраните на телефонот, таблетот или компјутерот. Бројни студии покажаа дека оваа бројка значително се зголемила за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи повеќето деца поминувале време дома и оделе на училиште онлајн, што значело користење на уреди со нова технологија. Руперт Борн, професор по офталмологија и коавтор на студијата, рече дека кратковидоста е здравствена грижа која брзо ескалира. - Нашата студија е најсеопфатна досега за ова прашање и покажува потенцијална поврзаност помеѓу времето поминато со екранот и миопијата кај помладата популација - посочи тој. Тој додаде дека е јасно дека итно се потребни дополнителни истражувања за подобро да се разбере како изложувањето на дигитални уреди може да влијае на очите и видот. – Исто така, знаеме дека луѓето реално не го доживуваат времето кое го поминуваат пред екранот, па затоа во идните студии треба да се користат објективни мерки за собирање информации – заклучува Борн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istrazuvanje-prekumernoto-koristenje-na-ekranot-go-zgolemuva-rizikot-od-kratkovidost-kaj-decata-za-80-procenti/feed/ 0
Ученици од социјално ранливи семејства од Маврово-Ростуше ќе добијат таблет-компјутери https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenici-od-socijalno-ranlivi-semejstva-od-mavrovo-rostushe-kje-dobijat-tablet-kompjuteri/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenici-od-socijalno-ranlivi-semejstva-od-mavrovo-rostushe-kje-dobijat-tablet-kompjuteri/#respond Tue, 05 May 2020 17:43:20 +0000 https://kurir.mk/?p=342111

Десет ученици од социјално ранливи семејства од општина Маврово и Ростуше ќе добијат таблет компјутери за да можат да ја следат наставата онлајн. Таблет компјутерите се донација на тетовската фирма „Еколог интернационал“. – Станува збор за 10 таблет-компјутери за ученици кои потекнуваат од семејства од социјално ранливи семејства, со цел да им се помогне на децата од оваа категорија на граѓани, да можат не пречено да следат онлајн настава, информираа од општината. Градоначалникот Медат Куртовски искажал голема благодарност до семејството Дестани кое е сопственик на компанијата. -Со донацијата ќе израдуваме 10 ученици, кои немаа можност да следат онлајн настава, што се реализира на овој начин поради состојбата од корона вирусот, изјавил Куртовски. Компанијата „Еколог“ донираше и 50 таблет-компјутери за ученици од Дебар, како и во многу други општини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenici-od-socijalno-ranlivi-semejstva-od-mavrovo-rostushe-kje-dobijat-tablet-kompjuteri/feed/ 0