таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Nov 2022 06:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косово: Стапува во сила одлуката за замена на српските со косовски таблички https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-stapuva-vo-sila-odlukata-za-zamena-na-srpskite-so-kosovski-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-stapuva-vo-sila-odlukata-za-zamena-na-srpskite-so-kosovski-tablichki/#respond Tue, 01 Nov 2022 06:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=753525

Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на Владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката што минатата недела ја донесе владата на Курти, од денеска ќе се изрекуваат санкции на оние кои во Косово нема да ги променат табличките кои се регистрирани во Србија, со кратенките на српските топоними за градовите во Косово – како ПР за Приштина (да се замени со 01 … -., како ознака за регионот на косовската престолнина), КМ за Митровица, УР за Урошевац, ПЗ за Призрен, ГЊ за Гњилане итн. Од денеска, во наредните три недели, до 21 ноември, на возилата кои ќе се затекнат низ косовските патишта со српски таблички ќе им се изрекува „укор“. По овој датум, до 21 јануари 2023, ќе се изрекуваат парични казни, додека од 21 јануари до 21 април ќе им се издаваат пробни таблички. -По 21.04. 2023 тие возила не ќе можат веќе да се регистрираат со таблички РКС (Република Косово), да влегуваат и да се движат низ територијата на Република Косово, соопштија надлежните косовски власти. Од Европската унија вчера изјавија дека Косово има право да бара промена на српските со косовски регистарски таблички за сопствениците на возилата во Косово, но порачаа дека тоа треба да биде резултат од преговорите за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград. Разочарување од одлуката на Курти изрази и официјален Вашингтон, чиј посредник во преговорите меѓу Косово и Србија, Габриел Ескобар побара одлагање на спроведувањето на промената на табличките за една година. Домашни и меѓународни аналитичари, во изјави за медиумите, предупредија дека одбивањето на Курти да ја одложи одлуката за промена на табличките може да донесе до ескалација на состојбата во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население, за кој се вели дека дејствува под директиви на Белград, кому одговара одржување на нестабилност во регионот. Американскиот амбасадор во Србија, Волтер Хил изјави деновиве дека „е несфатливо како може да се прави проблем за таблички кога светот се соочува со нуклеарна закана“, алудирајќи на руската агресија во Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-stapuva-vo-sila-odlukata-za-zamena-na-srpskite-so-kosovski-tablichki/feed/ 0
Косовската Влада попушти, одложено спроведувањето на мерките за еден месец https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-popushti-odlozeno-sproveduvanjeto-na-merkite-za-eden-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-popushti-odlozeno-sproveduvanjeto-na-merkite-za-eden-mesec/#respond Mon, 01 Aug 2022 06:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=712355

Владата на Косово го одложи за еден месец спроведувањето на мерките за реципроцитет со Србија во врска со личните карти и регистарските таблички. Како што соопштија властите во Приштина, овие мерки ќе бидат одложени до 1 септември. Според медиумите во Косово и Србија, Владата на премиерот Албин Курти го направила тоа на барање на САД. Одложувањето на одлуката го поздравија високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот представник Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-popushti-odlozeno-sproveduvanjeto-na-merkite-za-eden-mesec/feed/ 0
Почна регистрацијата по половина цена на возилата со странски таблички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-registracijata-po-polovina-cena-na-vozilata-so-stranski-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-registracijata-po-polovina-cena-na-vozilata-so-stranski-tablichki/#respond Tue, 12 Jan 2021 13:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=454320

Граѓаните  кои имаат возила со странски регистарски таблички веќе можат да ги регистрираат по половина цена како што предвидува Законот кој стапи на сила од вчера. Граѓаните имаат рок од шест месеци да достават барање за регистрација на возилото, а целата постапка да ја завршат за една година. Македонска табличка можат да добијат граѓаните кои имаат возило со најмалку ЕУРО4 стандард, кое е увезено најдоцна до почетокот на октомври лани. Еден од условите е сопственикот на возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон. Износот на обврските за возилата кои ќе се увезат и регистрираат согласно овој закон се намалува за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи. Со законот за регистрација на возилата со странски таблички се уредуваат постапката и условите за регистрација на моторни возила за превоз на патници, товарните возила, возила на две и три тркала и квадрацикли  ккао и приколките и полуприколките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-registracijata-po-polovina-cena-na-vozilata-so-stranski-tablichki/feed/ 0
Тој ги има најскапите таблички на светот: Чинат 17 милиони евра, а сега реши да ги продаде (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toj-gi-ima-najskapite-tablichki-na-svetot-chinat-17-milioni-evra-a-sega-reshi-da-gi-prodade-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toj-gi-ima-najskapite-tablichki-na-svetot-chinat-17-milioni-evra-a-sega-reshi-da-gi-prodade-foto/#respond Fri, 13 Apr 2018 10:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=40078

Сопственикот на компанијата „Кан Дизајн“, Афзал Кан, неодамна одлучи да ги продаде уникатните регистарски таблички и тоа за неверојатни 17 милиони евра. Пред 10 години, Кан табличките со ознака „Ф1“, ја откупи од окружниот Совет Есекс, која во нивна сопственост беше 104 години, а за тоа задоволство тогаш издвои 430.000 евра.
Се верува дека ова засега е најскапа табличка на светот, а според она што се случува сега, Кан направи и повеќе од добар деловен потег кога ја купил. Иако тогаш сите му се смееја, затоа што мислеа дека дава премногу пари, кога ќе ја продаде сепак тој последен ќе се смее. Некои медиуми наведуваат дека пред четири години одбил понуда од скоро седум милиони евра, но затоа сега ги ставил на продажба и бара дури 14 милиони, но кога ќе се додадат даноците, конечната цена на табличките ќе достигне скоро 17 милиони евра. Табличката е наводно најбарана на светот, а се тоа поради Формула 1. Погледнете го видеото: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toj-gi-ima-najskapite-tablichki-na-svetot-chinat-17-milioni-evra-a-sega-reshi-da-gi-prodade-foto/feed/ 0