таче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 11:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png таче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бришачи, замрзнувачи и новоосвестенковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/brishachi-zamrznuvachi-i-novoosvestenkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/brishachi-zamrznuvachi-i-novoosvestenkovtsi/#respond Mon, 03 Apr 2023 11:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=819469

Нов ден, нов северен резил. Таче меѓу серија „замрзнувања“ во Веро, брише ли брише. Ване се освести, Дунавка во жалост. Груби игра ли игра фудбалче, директор на железници стана келнер, а зелените дуевци и уште позелени во умот есдесовци сфаќаат дека се насанкаа со желбата за хрватски устав. Ок, знаеме дека оваа банда собрана на „Илинденска“ бр.2 веќе одамна не е ни влада, туку само збир на антимакедонски помагала, човеколики алатки кои сесрдно помагаат во бришењето на колективната меморија на Македонецот и создавање на некоја измислена северизирана направија. Бришачи на меморија, исто ко што престолонаследникот Таче експресно го избриша видеото со безусловна поддршка на лузерот Мило Ѓукановиќ. Истиот оној Мило кај кој Ќуран така случајно добил докторска титула, тогаш како „малиот“ на амбасадорот Таче (оригиналот), во време кога татко му ја претставувал Македонија во Црна Гора... И така, од резил за поддршка, но и од пуста навика стекната со континуираното бришење македонски национални одередници, Бришачот Таче (неоригиналот) ја избриша поддршката кон милиот му Мило. Таксират или саде лоша „пиши-бриши“ навика на довчерашниот анонимус  црпнат од министерството за финансии со задача да доизбрише еден напатен народ. Веројатно, улогата на бришач на сопствената нација на некој друг и би му пречела, но не и на човечето кое ја продолжи мисијата на Муртинхаузен, хохштаплер за кој, до појавувањето на Ќуран, мислевме дека е најбезбразното нешто што може да се испили на овие простори. Арно, ама, не било така. Можело и полошо, докажа бришачот Таче. Премиер кој во популистички евтин наплив половина мандат мина во Веро пипкајќи леб и јајца, за да последниве денови го спречуваат да не пипка и женски влошки. Пак, по пуста навика. А на новокомпонираните владејачи во Македонија се’ мора да им се нацрта, за да не ја утнат пустите. Замислете ја само обуката на недоветните во владините подруми или на Бихаќка. Она што државата го сведочи по маркетите е вториот талент на Таче. Таче Замрзнувачот, колку тоа гордо и државнички звучи, а? Замрзни ова, замрзни она, пипни ова, пипни она, малку хи-хи-ха-ха  со Бектеши, па муабетче со некоја наместена баба активистка, па упс - ќе ти се погоди и некоја тетка што не е од „твоите“, а шансите се многу големи, нели? И додека Таче ги замрзнуваше цените на се’ и сешто, на продукти кои да беше вистински премиер не ни смееја толку да се качат до небо, повторно провеја чувството на веќе видено. Дежа ви, по којзае кој пат. Не случајно... Епа, дотичниот замрзнувач е само наследник на комуњарската ергела „лева рука - десни џеб“ политиканти и замрзнувачи заради кои Македонија минативе три децении е замрзната, ѓоамити во длабоко. И додека сите околу нас одат напред и ги развиваат своите држави, саде ние така „замрзнати“ стоиме во место, левитираме, тапкаме, а одвреме-навреме и се враќаме назад. Ендемска лимбо ситуација во која ние така уникатно стоиме заглавени/замрзнати во времето. Ако не верувате во моќта на есдесовското замрзнување, само сетете се на мизеријата на Албанија пред 10-15 години, елементарната непогода во Бугарија до пред 15-20-на години кога на одмор со една просечна плата минувате како богови, па и на Вучиќ и неговиот идол. Тие сите отидоа многу напред, ние се вративме назад. Сето благодарение на замрзнувачките афинитети на бедотијата од политичари, кои за сметка на своите кариери и џебови ја жртвуваа и ден-денес ја жртвуваат Македонија. И додека насила посадениот премиер кој никогаш и не требаше тоа да биде, бришеше постови за кои великодушно плаќа по 26 илјади евра месечно, еден друг довчерашен пајташ и функционер на Заев сфати дека бил Бугарин. Фатен со 75 илјади евра криминал, Ване пребега во Бугарија и соопшти дека е репресиран Бугарин. Не дека украл 75 илјади евра, неееее, веројатно насила му ги ставиле во џеб за да го прикажат во лошо светло. Реално, треба да му испратиме благодарница што призна дека не е Македонец, големо олеснување. Поголем срам и резил од него како претставник на која и да е  нација немало и нема да има. А не’ чини „само“ 75 илјади евра. Ве тера искрено да се запрашате, колку евра/долари/рубљи/јуани/фунти да им дадеме на актуелниве властодршци, да собереме сите, колку ќе не чини за да им ги наполниме џебовите за да пребегаат и тие, „сфаќајќи“ дека не се Македонци? Колку и да чини, мислам дека се исплати. Кога ќе размислат пак тие, подобро тоа да го сторат сега, од позиција на властодршци. Наскоро доаѓаат избори, бегање нема. А кога ќе траснат од власт, следува одговорност. Без неа, ништо нема поента. Бадијала сите Кацарски, Абазовци, Јовевци и останати судско-обвинителски апаратчици. Направете ни услуга, аман, полнете ненаситните душички и џебови, „сфатете“ кои сте и фатете џенем. Оти, и онака, Македонци, дефинитивно не сте...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/brishachi-zamrznuvachi-i-novoosvestenkovtsi/feed/ 0
Кашкачот Али и чистачот Таче https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kashkachot-ali-i-chistachot-tache/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kashkachot-ali-i-chistachot-tache/#respond Tue, 17 Jan 2023 11:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=788324

Али тресна, а Таче плесна. Лоша потпикувачка навика, велат. Она, кога двајца политиканти ќе се заглават во сопствената стапица и повраќаници. Се вика „говор на омраза“, евтина фраза со која шарената банда направи кариера, а сега новокомпонирана тиња во која Ќуран пропадна до гуша. Оти, така да ти било во имагинарната северна, таму премиерот, коалиционер и мисир (Ќуран) морал да трчка по стопанот од ДУИ и да го заметува, поправа, чисти и пере она што алфа-орлето ќе го укашка, растури и расипе. Да, многу благородна улога имал Таче, толку соодветна на неговиот интелектуален и професионален капацитет. Чистач. Хигиеничар, се извинувам... Кога во напливот на емоции предизвикани од тресењето на фотелјата, земјотресче кое му го предизвикаа „огнените момчиња“, Алија плесна дека две македонски телевизии биле непријатели на Албанците, никој не ни очекуваше каква и да е осуда од неговиот коалиционер и поттрчко Ковачевски, тоа е неспорен факт. Ок. Но никој не очекуваше и таква жустра одбранбена реакција од сервилниот кумановац, кој ги претрка Артан Нежни и Бугар Османи и „главом без обзира“  истрча во први редови да го одбрани неодбранливото, ламентирајќи за некакви аргументи кои седокосиот демек морал да ги имал кога ги наклевети Алфа и Телма и ги нас’ска Албанците против нив. Да, знаевме дека нема да го куди, но не знаeвме ни дека толку многу ќе го брани, па уште квалификации, та нови етикети, абе увлекување толку длабоко што кога би ми „учиниле“ клистрација на главниот командант, знаете кого би извадиле од таму. Најверојатно, вистинскиот премиер Али и му срочил што да каже, та го видовме во живо кога му суфлираше на говорница, зошто не би и сега? И да, кога некогаш ќе заврши на геријатрија, сега знаеме и кој ќе му менува пелени. Иако, Груби гарант многу ќе му се лути... Туку, една работа заборавија и двајцата „лидери“. Не ли се сетија дека со ваквото инфантилно однесување и непромислено тресење квалификативи можат да загрозат нечиј живот? Не ли им текна на орелот и мисирот дека заради нив утре новинар на овие телевизии може да биде нападнат на терен од некоја дуевистичка вжештена глава, која чезнее да му се упика на Али за вработување, унапредување или тендер? Ако може да дојде на ред од Таче, де... Не, не се сетија, оти очебијно, толку им сече. Интересно, пак, Алија прв се поправи, а надобудниот одбранбен Ќуран молчи ко мисир, затоа што тој е безгрешен, најумен и најубав. Башка агресивен, арогантен, индолентен и инфантилен. Кај смее Таче да признае грешка, та толку народ гласаше за него за да биде премиер што тој не смее да ја изневери нивната доверба... Упс, чек, чек, да, никој не гласаше за него. Затоа и Ќуран нема да одговара на никого, повеќе од јасно... Сепак, „дејствувањето“ на мисирот не е изолиран случај, ова е стасано на ниво на кредо во неговата антидржавна и антинародна партија СДСССС. Ако си спомнувате, два дена пред Таче Стево преЦедник ги правдаше албанските лидери кои заминаа на „баци рака“ и инструкции кај менторот Еди Драма, па булазнеше дека целивачите не биле таму со големоалбански намери и бла,бла, бла. Оти Стеки им го должи изборот, та сега начека да и’ се одмаздува на македонската „стока“ товарана во автобуси и камиони, ко што милуваше да си рекне за народот кога беше обична комуњара во подем... Уште „почудно“ и троа симптоматично, среде Скопје саде еден ден пред Алија се изнаслушавме на вистинска река, порој на говор на омраза од бугарските неофашисти Џамбаски и Костадинов, кои од самозамислената им „втора бугарска престолнина“ изнатресоа вреќи бугарашки антимакедонски повраќаници, идиотизми и глупоштии. И си заминаа, без проблем и без конкретна осуда од стамениот Бујар кој мораше да ја „среди“ Украина. Оти, за Македонија и онака не му чуе... И повторно, Таче стапи на сцена па кажа дека не се занимавал со политички маргиналци ко европратеникот и човекот кој има 27 пратеници во бугарскиот парламент, ликчиња со кои требале да се занимавааат македонските политички маргиналци. И пак си пукаше во нога пустиот. Па Ќуране, ти си бре најголемиот македонски политички маргиналец и според анкети и според тоа што никој жив во Македонија никогаш и не гласал за тебе. Значи, по твое, ти треба самиот да се занимаваш со Џамбаски и Костадинов. Треба, ама не смееш, нели? Туку, пошто изигруваш и глумиш толку голем фраер и се шепуриш ко некој мисир на секое појавување, ајде покажи го тоа и на дело. Доста муабети. Еве ти одлична шанса, та нели имаш работа со обични политички маргиналци спроти тебе така големиот, моќниот и силниот? Ајде, храбар и доблесен северен лидеру со распаран стомак од продажба на национални светии и историја, бујрум на избори. Згази ги тоа „маргиналците“, аман, пепел да ги сториш. Ајде, по кој знае кој пат, стани бре Таче да те види народ! Фуфка, а?...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kashkachot-ali-i-chistachot-tache/feed/ 0
Не Таче, Македонија е од врвен државен интерес https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-tache-makedonija-e-od-vrven-drzaven-interes/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-tache-makedonija-e-od-vrven-drzaven-interes/#respond Mon, 26 Dec 2022 14:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=780649

„Уцени не прифаќам, членството во ЕУ е врвен државен интерес!“  свика патетично престолонаследникот Таче Црпков од владината говорница. Ајт бе, сиктер таму, му одговори народот. Популистичкиот демагог кој со ништо во животот не заслужил да биде премиер, освен што е избор на монархот Заев, сега продава некакви северни утопии и илузии за да остане на власт и да продолжи да прави милиони од фотоволтаици и други криминогени приходи. И да, сосема разбирливо е што трајно неспособниот „премиер“ ќе кубе, гребе, каса и плука, ќе лаже, цепа, ќе суши пустиот Ќуран, се’ ќе стори за да ја оправда „ничим изазваним“ насила дарената доверба. Она, кога никогаш во животот не сте ни сонувале дека некогаш ќе бидете она што сте, место заслужено благодарение на вашата сервилност и безрбетништво, па ќе сторите се за да останете со својот „џек-пот“. И да, корисните идиоти немаат употребна вредност  ако не се корисни и доколку не исполнуваат. А, идиоти ќе си останат и така и така... Дел од новата тачеидна демагогија е она што е старо колку и СДССССС. Она фаталистичкото: Нема друга опција, Македoнија мора и не може без ЕУ! Уште да свикаат: Аман, ако не го смениме уставот ќе не сменат, дајте бре луѓе за тоа сме поставени, мора да испорачаме! Да, суртуци со Данинг-Кругеров ефект дарени, во ЕУ, ама како МАКЕДОНЦИ од МАКЕОДНИЈА, никако поинаку. Инаку, знаат добро северистанците дека ќе завршат онаму од каде доаѓаат. Во заборавот, од медиокритетското дувло од кое се испилиле и во кое цел живот чмаеле користејќи ги на големо придобивките од партијата, таткото, мајката, чичкото, стрината, вујкото, дедото, братот, сестрата. Итн, итд и др. извори на комуњарска „лежи лебу да те јадам“ егистенција... Така и сега, о’баче Таче ќе муља и ќе шири лаги и демагогија дека ако не го смениме уставот следува потоп, па ќе се фали колку тој бил за прогрес на државата, ќе лаже дека оа го правел за иднината, замисли за нашите деца Ќуран се жртвувал?! И со силна болка во распорениот стомак многу тешко му паѓало тоа што го правел??? Ццццц... Јок, не ќе да е така. Па нели со сменето име инстант влез во ЕУ не’ чекаше, ајвани? И стомачето, о’баче Таче, те боли затоа што не џвакаш кога голташ, не ќе да е од ножот кој демек  ти го распорувал. Малку да џвакаше, ќе сфатеше дека тие бугарски специјалитети кои ги голташ без заддршка, не се џвакаат, премногу се тврди, грди, антимакедонски и жилави како ислужен татаро-монголски коњ. Ама ти тоа не знаеш, пустиот, па лапајќи пари, провизии, помош од државата и тендери, немаш гајле да проголташ се’ што некој ти сервира. И после ќе те боли мешето. Да и треба да те боли... Туку, во целата оваа северна папазјанија и ЕУ демагогија која одамна не ви минува, треба да сфатиш и да сфатите сите вие северни одроди, дека фразата „ЕУ е врвен стратешки и државен интерес“ е тешка глупост и лага. Не може ЕУ да биде пред МАКЕДОНИЈА, мисир еден, МАКЕДОНИЈА  била, е и ќе биде најврвен стратешки интерес. А без МАКЕДОНИЈА, нема да имаме ни држава за да имаш стратешки, ДРЖАВЕН ИНТЕРЕС. Затоа, во 2023-та основна, почетна желба на секој вистински МАКЕДОНЕЦ и секој лојален граѓанин на оваа прекрасна МАКЕДОНИЈА, чие име изродите со рејтинг од 9% се срамат и да го изговорат, е ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. Прво, да ве развластиме и полека да почнеме да ве испраќаме, дел во затвор, а друг дел во историјата која толку многу ја мразите од познати причини. Да, не’ чека многу работа во враќањето на МАКЕДОНИЈА и вистинските вредности, премногу работи и светии уништивте,  но од некаде мора да се почне. А, дури и најдолгиот пат започнува со првиот чекор...    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-tache-makedonija-e-od-vrven-drzaven-interes/feed/ 0
На крај ТАЧЕ ќе ПЛАЧЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-kraj-tache-kje-plache/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-kraj-tache-kje-plache/#respond Wed, 22 Jun 2022 15:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=694219

Човекот кој велеше дека има план на власт да остане дванаесет години, по се изгледа нема да ги дочека ни првите дванаесет месеци. Димитар Ковачевски - Таче, актуелниот македонски премиер и покрај сите укажувања на експерти, опозиција, коалициони партнери, а вчера јасно и гласно тоа му го порача претседателот на државата Стево Пендаровски, дека во Брисел не треба да оди, тој денес одлучи сосема спротивното. Имено на маса од пред неколку дена е ставен таканаречениот француски предлог за македонско - бугарскиот спор, за кој по се изгледа само Таче има позитивно мислење. Францускиот предлог, како што можеме да видиме со информации лиферувани во медиумите во Бугарија, бидејќи ние како граѓани на оваа држава немаме право да дознаваме од нашите власти, па тоа мораме да го направиме преку бугарските, не е за комплетно откочување на преговорите или народски кажано, можемe да отвориме 10 поглавја, па кога ќе треба да го отвориме 11 поглавје, станале на лева нога утрото може да нè блокираат и да нè вратат од почеток. Но, ова македонските власти го кријат од нас и јавно не ни го кажуваат. Бујар Османи по брифинзи со новинарите и на прес-конференции вели дека сè уште не бил стигнат, неговиот шеф, Ковачевски исто, вчера тоа го кажуваше и шефот на државата, но во една работа се издадоа. Имено, Бујар Османи пред неколку дена кога излезе тој фамозен француски предлог, рече дека со професионалците во МНР го анализираат секој збор во тој предлог, а вчера шефот на државата Стево Пендаровски, онака ноншалантно во интервју на една телевизија вели, тој ќе стигне два дена пред самитот и нема што многу да го читаме, тоа е тоа. Епа господа од власта малку сте ги спобркале работите. Македонските граѓани не се стадо овци како што ги претставувавте пред избори. Но нејсе, проблемот лежи кај македонскиот ни премиер Таче. Имено тој денес наместо да каже „господа од ЕУ доста беше, ние до тука можеме да трпиме омаловажување и навредување од ваша страна, јас во Брисел не доаѓам за да ги слушам истите навреди“, тој онака ладнокрвно денес напиша статус на Фејсбук, „јас решив дека ќе одам во Брисел“. Ајдеее мајкатааа, Таче решил ќе оди да се слика во Брисел. Ова по малку потсетува на неговиот претходник, тој имаше по минимум десетина вакви и слични испади дневно, па сегашниов изгледа попримил. Но денес не само што ја имаме опозицијата и експертите против францускиот предлог, денес за среќа дојдоа јасни сигнали и од коалиционите партнери на Таче. Горан Милевски јасно му даде до знаење дека ако го прифатат францускиот предлог тој ќе излезе од владата, Павле Трајанов со една нога е надвор од власта, а после онаа случка во владата со Али Ахмети, фацата на Маја Морачанин кажуваше дека и таа размислува за истиот потег, ако се земе и излагањето на Скендер Реџепи, по сè изгледа на крајот Таче ќе плаче, но не за колаче. Ако македонскиот премиер не знае, тој во моментов има 64 пратеници, а ако му откажат доверба овие четворица горенаведените ќе остане со 60, а за парламентарно мнозинство се потребни 61, само што овој пат нема да се најде некој си Кастриот Реџепи, овој пат владата ќе му падне, а ваквиот епилог е се поизвесен. Се поизвесно е дека Македонија оваа есен ќе има предвремени парламентарни избори, но тие избори се тотално небитни ако утре во Брисел, нашиов Таче реши да го прифати францускиот предлог, велам небитни бидејќи бељата ќе биде веќе направена, а после назад нема или ќе биде многу тешко, бидејќи изгубивме многу време на патот до евроинтеграциите. Во моментов Македонија е оставена на бугарската милостина, кога велам милостина, мислам на тоа дека треба да се молиме Бугарија да не го прифати овој предлог и Македонја да се спаси, а последните информации велат дека Захариева кажала стоп за овој предлог, но Бојко Борисов и Румен Радев велат дека е добар. На Македонија и беа направени многу неправди, многу понижување, многу зулуми, треба да се најде маж во куќата и да удри на маса, да каже доста беше, преку глава ни е од ова, ние ќе си ја оправаме државата внатре, а вие ако се опаметите слободно јавете се ние сме тука, но за влез во ЕУ нема да ни поставувате никакви услови туку како за Германија и Франција така и за нас ќе важат правилата.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-kraj-tache-kje-plache/feed/ 0
Биометриското рамо на Пресеченио https://arhiva.kurir.mk/kolumni/biometriskoto-ramo-na-presechenio/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/biometriskoto-ramo-na-presechenio/#respond Tue, 22 Feb 2022 11:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=634799

Некој има манекенски раменици, друг рамо за плачење, трет билдерско. Само Ковачевски има биометриско рамо. Верувале или не, тој на личната карта и на пасошот не е сликан со лик. Јок. Само рамо и дел од рачето, исто како и на „групната“ фотка со Петков и Амерот. Не случајно Бугарите го исекле, знаеле како си сака македонскиот премиер со стокхолмски синдром. Исечено, залепено, стокмено... Да беше од Битола, а не од Куманово, немаше да го викаат Ќуран. Прекарот ќе му беше Пресеченио, Отсеченио или Ракаво. Му прилега, нели? Одлично му стојат сите. Велат дека уникатниот Таче (тоа е прекар според татко му) бил единствен во многу работи. Освен по начинот на кој го избраа за премиер на држава и преЦедник на партија, разбира се. На тоа поле е тотално еден и единствен. Таков пример/премиер немало во светот. Ендемски тип на трај-прајминистер. Саде тој, охридската пастрмка, рисот и моликата. Светски, а наши. Ок, можеме и без Таче, штрчи, така вештачки наместен ко корона во регистарот на природни болести. Арно ама, Пресеченио бил уникатен и по нешто друго. Бил единствен човек на светот кој имал биометриско рамо. И сега, кога одел на Минхенската безбедносна конференција и  на баци рака во Софија, во дипломатскиот пасош му стоела токму оваа слика. Бугарите го пуштиле без проверка, оти Заев по навика се јавил на граница, па со врски минале додека да трепнеш. А Германците на пасошко во минхенскиот ВИП паднале во несвест, но и тие добиле инструкции за посебен третман на Пресеченио. И така,  додека на сите им велеле да се наместат за да подобро им го видат лицето, а со тоа и да им го утврдат идентитетот, Пресеченио морал да се мести со рамето кон камерчето. Десното или левото, ќе се запрашате? И двете драги мои, повторно уникат. Пресеченио ги има двете раменици во својот биометриски пасош, верувале или не.  Да, да, има два пасоша, за секој случај. Оти, зависно од странскиот функционер со кој се слика, можат во кадар да влезат двете, десно или лево. А тој пустиот, никогаш не избирал ништо, бил научен да слуша и извршува. Иако, повеќе си го сакал левото раме, она што му го даде на Петков. И, пак, се’ било бадијала. И со биометриските раменици на лидерот, на страна уникатното муртинометриско фацуле на бившиот, на северџаните повторно не можеле да им го утврдат идентитетот. Причината била едноставна. Неолибералните ајвани во СДССССС имале сериозен проблем со истиот тој идентитет. И затоа, кога одбивале да потпишат Декларации за Гоце или за црвени линии на Македонците, со полно право велеле дека тие немаат проблем со идентитетот. Затоа што пустите навистина го немале. Не проблемот, идентитетот...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/biometriskoto-ramo-na-presechenio/feed/ 0