тајфун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 06:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тајфун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тајфунот Коину предизвикува рекордни ветрови во Тајван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tajfunot-koinu-predizvikuva-rekordni-vetrovi-vo-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tajfunot-koinu-predizvikuva-rekordni-vetrovi-vo-tajvan/#respond Thu, 05 Oct 2023 06:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=885350

Рекордни ветрови поради тајфунот Коину се регистрирани во Тајван, соопшти централната метеоролошка служба на островот. На островот Орхидеи, како што посочуваат, синоќа биле измерени ветерови до 95,2 метри во секунда, што е нов рекорд за Тајван. Ова е еквивалентно на ветрови од 342,72 километри на час. Тајванските власти вчера откажаа повеќе од 100 меѓународни и домашни летови и затворија училишта во делови од јужниот дел на островот пред очекуваното пристигнување на тајфунот Коину, вториот што ја погоди земјата за еден месец. Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради страв од лизгање на земјиштето на југот на островот, 190 луѓе се повредени, но нема загинати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tajfunot-koinu-predizvikuva-rekordni-vetrovi-vo-tajvan/feed/ 0
Тајфунот „Саола“ стигна до јужна Кина, евакурани 900.000 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-saola-stigna-do-juzhna-kina-evakurani-900-000-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-saola-stigna-do-juzhna-kina-evakurani-900-000-luge/#respond Sat, 02 Sep 2023 08:19:41 +0000 https://kurir.mk/?p=873646

Тајфунот „Саола“ рано утринава стигна во јужна Кина, откако речиси 900.000 луѓе беа евакуирани, а економскиот живот, транспортот и образованието беа нарушени во Хонг Конг и другите крајбрежни делови на Кина. Метеоролошката канцеларија во провинцијата Гуангдонг соопшти дека моќниот тајфун утрово го погодил предградието на градот Жухаи, јужно од Хонг Конг. Се очекува да продолжи во југозападен правец долж брегот на Гуангдонг, а потоа постепено да ослабне и повторно да се движи назад над морето. Вчера 780.000 луѓе беа евакуирани во Гуангдонг и уште 100.000 во соседната провинција Фуџијан. Над 80.000 рибарски бродови се вратија во пристаништето. Голем број вработени останаа дома, а во повеќе градови почетокот на новата учебна година беше одложен за следната недела. Вчера привремено беше запрено тргувањето на берзата во Хонг Конг, а стотици луѓе беа блокирани на аеродромот во азискиот финансиски центар, каде беа откажани околу 460 летови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-saola-stigna-do-juzhna-kina-evakurani-900-000-luge/feed/ 0
Тајфун во Јапонија и Јужна Кореја, откажани сите летови, се најавува ново невреме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-vo-japonija-i-juzhna-koreja-otkazhani-site-letovi-se-najavuva-novo-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-vo-japonija-i-juzhna-koreja-otkazhani-site-letovi-se-najavuva-novo-nevreme/#respond Wed, 09 Aug 2023 17:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=865141

Поради силниот дожд што денеска го донесе тајфунот Канун додека ги погоди јужните делови на Јапонија и областите на Јужна Кореја, откажани се сите летови, а возовите се запрени бидејќи се приближува уште една бура од исток, која му се заканува на Токио. Невремето моментално е во морето јужно од Кјушу, главниот југозападен јапонски остров, на околу 860 километри од Токио. Претходно ја опустоши југозападната област на Окинава. Невремето не ја губи моќта и се движи невообичаено бавно, со брзина од околу 10 километри, што значи дека ветерот и дождот ќе се задржуваат подолго време над областа. Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) издаде предупредување за обилни дождови и силен ветер во многу делови од јужна и западна Јапонија. Поради ова, компаниите кои произведуваат автомобили, вклучително и Тојота, прекинаа дел од своето производство. „Јужна Кореја прогласи највисоко ниво на тревога и беше принудена да откаже речиси 80 летови и да затвори бројни морски патишта“, соопшти Министерството за внатрешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-vo-japonija-i-juzhna-koreja-otkazhani-site-letovi-se-najavuva-novo-nevreme/feed/ 0
Кина се подготвува за супер тајфун, потона траект на Филипините, загинаа 25 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-se-podgotvuva-za-super-tajfun-potona-traekt-na-filipinite-zaginaa-25-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-se-podgotvuva-za-super-tajfun-potona-traekt-na-filipinite-zaginaa-25-litsa/#respond Thu, 27 Jul 2023 13:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=860767

Моќната бура Доксури повторно доби сила на супертајфун во своето приближување кон југоисточна Кина, откако ги погоди Тајван и северните делови на Филипини со дожд и силни ветришта поради што потона брод и загинаа најмалку 25 луѓе. Ветровите околу центарот на бурата достигнаа брзина од 187 километри на час, со што Доксури повторно стигна на највисокото ниво на кинеската класификација на тропски бури. Фериботот потона во близина на филипинската престолнина Манила, откако патниците вознемирени од силните ветрови се упатија на едната страна од бродот и го превртеа. За време на минување на бурата Доксури долж северниот дел на Филипините оваа недела загинаа 36 лица. Во јужните окрузи на Тајван,фирмите и училиштата беа затворени поради предупредувања за лизгање на земјиштето и поплави. Сите домашни летови и траектни линии беа прекинати, додека повеќе од 100 меѓународни летови беа откажани или одложени. Запрен е и железничкиот сообраќај меѓу јужниот и источниот дел на Тајван. Доксури се очекува да ја погоди Кина утре наутро во југоисточната провинција Фуџијан. Кинеската метеоролошка управа прогнозира дека Доксури ќе биде послаб од тајфунот Меранти во 2016 година, најсилната бура што го погодила кинескиот брег од 1949 година во која загинаа најмалку единаесет луѓе.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-se-podgotvuva-za-super-tajfun-potona-traekt-na-filipinite-zaginaa-25-litsa/feed/ 0
Ново тестирање на турска балистичка ракета Тајфун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-testirane-na-turska-balistichka-raketa-tajfun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-testirane-na-turska-balistichka-raketa-tajfun/#respond Tue, 23 May 2023 11:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=837859

Ново тестирање на турската балистичка ракета Тајфун е извршено денеска во турскиот град Ризе. Домашно произведената балистичка ракета со краток дострел може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди. Пред тестирањето беа преземени опсежни безбедносни мерки на аеродромот Ризе-Артвин и неговата околина. Тестирањето на Тајфун е извршено во 06:44 часот по локално време (05:44 по средноевропско време) и заврши без инциденти. Претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир на социјалните мрежи објави снимка од ракетното тестирање. Ракетата е изработена од компанијата „Roketsan“. „Успешно извршивме ново пробно истрелување на ракетата Тајфун. Им честитам на сите што придонесоа, особено на „Roketsan, рече Демир. Пробното истрелување на ракета Тајфун е извршено од аеродромот Ризе-Артвин на 18 октомври 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-testirane-na-turska-balistichka-raketa-tajfun/feed/ 0
Два ловци „Тајфун“ пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-lovtsi-tajfun-presretnale-ruski-avion-vo-blizina-na-vozdushniot-prostor-na-estonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-lovtsi-tajfun-presretnale-ruski-avion-vo-blizina-na-vozdushniot-prostor-na-estonija/#respond Wed, 15 Mar 2023 10:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=812156

Два ловци „Тајфун“ на Велика Британија и Германија пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија. Борбените авиони беа подигнати за да го пресретнат „летечкиот танкер“ Ил-78 Мидас, кој леташе меѓу Санкт Петербург и Калининград. Споменатиот авион не воспоставил контакт со контролата на летање во Естонија, пишува Би-Би-Си Њуз. Британските и германските воздушни сили во моментов вршат планирани заеднички патроли во регионот во рамките на НАТО. Самото пресретнување на рускиот авион било рутинско, но претставува прва заедничка операција од ваков тип за споменатите земји. Откако го „испратиле“ Мидас, двата авиони биле пренасочени за да го пресретнат авионот Ан-148, кој исто така минувал блиску до воздушниот простор на Естонија. Инаку, инцидентот се случи во време на зголемени тензии меѓу НАТО и Русија поради руската инвазија на Украина, но нема докази дека инцидентот е поврзан со судирот на руски борбен авион и американски беспилотно летало над Црното Море што се случи истиот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-lovtsi-tajfun-presretnale-ruski-avion-vo-blizina-na-vozdushniot-prostor-na-estonija/feed/ 0
Десет лица загинаа во налетот на тајфун во Јужна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-zaginaa-vo-naletot-na-tajfun-vo-juzna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-zaginaa-vo-naletot-na-tajfun-vo-juzna-koreja/#respond Wed, 07 Sep 2022 07:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=729733

Десет лица загинаа во тајфунот што го погоди јужниот брег на Јужна Кореја, го соопштија утринава локалните власти новиот биланс на загинати. Тајфун пропратен со обилни врнежи ја погоди Јужна Кореја на почетокот на неделата. Се верува дека тоа е најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните децении. Повеќе од 4.700 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Тајфунот уништи околу 12.000 куќи и згради. Речиси 90.000 домови останаа без струја низ целата земја. Иако тајфунот помина, многу домови сè уште се без електрична енергија, соопштија властите. Јужнокорејските власти затворија повеќе од 600 училишта во земјата како мерка на претпазливост пред тајфунот, а локалните авиокомпании откажаа околу 250 домашни летови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-zaginaa-vo-naletot-na-tajfun-vo-juzna-koreja/feed/ 0
Во Јужна Кореја евакуирани илјадници луѓе поради тајфунот Хинамнор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-evakuirani-iljadnici-lugje-poradi-tajfunot-hinamnor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-evakuirani-iljadnici-lugje-poradi-tajfunot-hinamnor/#respond Tue, 06 Sep 2022 05:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=729230

Околу 3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради налетот на тајфунот Хинамнор врз Јужна Кореја. Тропскиот циклон, пропратен со силен ветер и врнежи од дожд утрово стигна до јужниот брег на Јужна Кореја, што предизвика поплави и лизгање на земјиштето. На јужниот остров Џеџу оштетени се неколку згради и друга инфраструктура. Корејскиот полуостров е погоден од бројни тајфуни секое лето и на почетокот на есента. Хинамнор е 11. циклон годинава. Предупредување за тајфунот беше издадено и во Северна Кореја. Според севернокорејските медиуми лидерот Ким Џонг-ун во неделата и вчера имал состанок официјални лица за воведување на заштитни мерки од Хинамнор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-evakuirani-iljadnici-lugje-poradi-tajfunot-hinamnor/feed/ 0
Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-375-zaginati-i-56-ischeznati-vo-tajfunot-na-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-375-zaginati-i-56-ischeznati-vo-tajfunot-na-filipinite/#respond Mon, 20 Dec 2021 18:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=610966

Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти. Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата е невозможна во неколку градови и села, иако во тек е голема операција за чистење. Тајфунот Раи во петокот ги погоди Филипините, при што ветерот достигна брзина од 195 километри на час, а во саботата се оддалечи кон Јужното Кинеско Море. Многу луѓе загинаа при паѓање на дрвја, уривање на ѕидови и лизгање на земјиште. Илјадници бавреме беа евакуирани од селата во ризичните области, со што се спречи бројот на загинати да биде значително поголем. Тајфунот погоди околу 700.000 луѓе, од кои 400.000 се префрлени во засолништа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-375-zaginati-i-56-ischeznati-vo-tajfunot-na-filipinite/feed/ 0
ФОТО: Тајфунот „Раи“ направи пустош на Филипините – најмалку 5 лица се загинати, над 300.000 се раселени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-tajfunot-rai-napravi-pustosh-na-filipinite-najmalku-5-lica-se-zaginati-nad-300-000-se-raseleni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-tajfunot-rai-napravi-pustosh-na-filipinite-najmalku-5-lica-se-zaginati-nad-300-000-se-raseleni/#respond Fri, 17 Dec 2021 08:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=609609

Најмалку пет луѓе загинаа, а над 300.000 се раселени откако тајфунот Раи предизвика поплави и свлечишта во централниот дел на Филипини. Тајфунот Раи вчера ги погоди Филипини, а обилните дождови и силниот ветер со брзина од 155 километри на час уриваа покриви, дрва и доведоа до прекин на електричната енергија. Во голем број делови се излеаја реките. Повеќе од 332.000 луѓе претходно беа евакуирани од своите домови во областите со висок ризик пред тајфунот Раи. Над 4.000 луѓе се заглавени поради откажаните летови и бродски патувања. Филипини годишно се погодени од просечно 20 тропски циклони. Земјата во ноември 2013 година беше погодена од најсилниот тајфун Хаијан, при што загинаа повеќе од 6.300 луѓе, а раселени беа над четири милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-tajfunot-rai-napravi-pustosh-na-filipinite-najmalku-5-lica-se-zaginati-nad-300-000-se-raseleni/feed/ 0