тајкун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Jan 2023 15:21:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тајкун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТОЈ Е ДЕСЕТИОТ РУСКИ ТАЈКУН КОЈ ЗАГИНАЛ ПОД МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИ – кога ќе дознаете што му се случило сè ќе ви стане јасно (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toj-e-desetiot-ruski-tajkun-koj-zaginal-pod-misteriozni-okolnosti-koga-kje-doznaete-shto-mu-se-sluchilo-se-kje-vi-stane-jasno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toj-e-desetiot-ruski-tajkun-koj-zaginal-pod-misteriozni-okolnosti-koga-kje-doznaete-shto-mu-se-sluchilo-se-kje-vi-stane-jasno-foto/#respond Sat, 07 Jan 2023 15:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=784439

Поранешниот премиер на Дагестан, Магомед Абдулаев загинал во сообраќајна несреќа во Махачкала додека поминувал улица надвор од обележаниот пешачки премин. Тој бил прегазен од Лада нива, а возилото било управувано од 55-годишен маж. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде и починал. Неговата смрт следи по низата смртни случаи на истакнати руски богаташи и функционери кои умреле под мистериозни околности од почетокот на инвазијата на Украина. Абдулаев инаку беше близок со поранешниот руски претседател и премиер Димитри Медведев, а беше и жесток поборник на војната во Украина. Абдулаев беше премиер на Дагестан од 2010 до 2013 година. Против него во 2015 година беше поведена кривична постапка за злоупотреба на службената положба. Според истражителите, тој го оштетил Универзитетот за повеќе од 20 милиони рубли, наменети за исплата на паушали студентите. Истрагата беше завршена во 2017 година, но немаше судење. Откако Русија ја нападна Украина, 10 руски олигарси и луѓе, поврзани со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, загинаа под необјаснети околности.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toj-e-desetiot-ruski-tajkun-koj-zaginal-pod-misteriozni-okolnosti-koga-kje-doznaete-shto-mu-se-sluchilo-se-kje-vi-stane-jasno-foto/feed/ 0
ВИДЕО: Чешки тајкун возеше со 417 км/ч во Германија, му се заканува затворска казна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-cheshki-tajkun-vozeshe-so-417-km-ch-vo-germanija-mu-se-zakanuva-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-cheshki-tajkun-vozeshe-so-417-km-ch-vo-germanija-mu-se-zakanuva-zatvorska-kazna/#respond Wed, 09 Feb 2022 07:39:18 +0000 https://kurir.mk/?p=628952

Германското обвинителство отвори истрага за чешки тајкун кој со својот автомобил Бугати на автопат меѓу Берлин и Хановер возел со брзина од 417 километри на час и се снимил. Видеото било објавено на Интернет минатиот месец, а на него се гледа како Радим Пасер управува со својот автомобил со брзина од 417 километри на час на дел од германскиот автопат А2. Се претпоставува дека видеото е снимено во јули 2021 година. Обвинителството спроведува истрага. Доколку биде прогласен за виновен, на Пасер му се заканува затворска казна до две години или парична казна. Чешкото издание на магазинот Форбс го процени неговото богатство на околу 305 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-cheshki-tajkun-vozeshe-so-417-km-ch-vo-germanija-mu-se-zakanuva-zatvorska-kazna/feed/ 0
Српски тајкун со руски врски: Кој е Давидовиќ Дака со кој прават деловни планови Заев и Рашковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpski-tajkun-so-ruski-vrski-koj-e-davidovikj-daka-so-koj-pravat-delovni-planovi-zaev-i-rashkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpski-tajkun-so-ruski-vrski-koj-e-davidovikj-daka-so-koj-pravat-delovni-planovi-zaev-i-rashkovski/#respond Sat, 27 Jun 2020 17:50:04 +0000 https://kurir.mk/?p=364203

Новата „аудио-бомба“ којаденеска се појави на јутјуб каналот „Раце Лепливи“, открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од меѓународни рамки во кој појавува името на контраверзниот српски бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговиот соработник и пријател Драги Рашковски, кого го именуваше за генерален секретар на владата Снимката е дел од разговор меѓу Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец, инаку осуден во корупцискиот скандал „Рекет“, кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев. Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името. Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран за парите кои ги дал од Зоран Заев и Рашкоски бидејќи не го добил тоа што сака иако платил пари. Од разговорот се дознава дека Заев парите примени од Давидовиќ ги користел за инженеринг на референдумот за промена на името „Не сакам да одам кај Заев за да платам повторно, за тој да го плати референдумот“, вели Дака. За Миодраг Давидовиќ Дака медиумите во регионот пишуваат дека е личност со контроверзна улога, во прв ред во политичките случување во Црна Гора и Србија, а постојат сомневања дека е експонент на одредени руски кругови под контрола на тајните служби. Давидовиќ 12 години бил финансиски раководител на железараницатат „Борис Кидрич“ кај црногорскиот град Никшиќ. Потоа во деведесетите години од минатиот век бил началник на Центарот за безбедност во Никшиќ и министер во Владата на Слободна (Српска) автономна област Херцеговина, во периодот на војната во Босна и Херцеговина. По завршувањето на војната почнал да се занимава со бизнис. Го основал претпријатието „НЕКСАн“ во 1992 година кое се занимавало со трговија со нафта и алкохолни производи, а во два наврата тој и неговата компанија ја контролирале никшиќката железарница. Имал обид да влезе и во политиката и бил кандидат за градоначалник на Никшиќ. Во декември 2019 година имало обид за атентат врз ного хотелот „Краун Плаза“ во Белград, кај што неколку години наназад тој живее, а пред десет години бил и тешко повреден во физички напад со метални шипки. Во одредени медиуми се споменува како финансиер на Демократскиот фронт во Црна Гора, чии лидери беа обвинети и судени за наводниот обид за пуч во земјата зад кој стоело руското воено разузнавање. Беше посочуван како добавувач на оружје на групата која на 16.10.2016 година планирала терористички напади на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Најавувал и дека на престојните претседателски избори сака да се кандидира за претседател на Црна Гора. Давидовиќ била апсен уште во 1997 година за наводни малверзации со Тутунскиот комбинат. Во 2009 година во медиумите се споменува како вмешан во фиктивен извоз на нафта кон Косово, но тие обвинувања обвинителството никогаш не ги потврдило. Во гореспоменатото обвинение за малверзации со Тутунскиот комбинат, ја оштетил државната каса за 10,5 милиони тогашни германски марки. До судење не дошло затоа што тогашниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, го аболирал (слично како и Зоран Заев во 2008 година во случајот „Глобал“ од страна на тогашниот сопартиец и шеф на државата Бранко Црвенковски), бидејќи постоела опасност тој преку ваквиот притисок и компромитација да биде искористен како главен сведок во случајот за наводен шверц на тогашниот министер за внатрешни работи Филип Вујановиќ и директорот на државна безбедност Вукашин Мараш. Компанија на Давидовиќ сега е посветена на градежништвото и гради згради во Будва, Котор, Никшиќ и Подгорица. Две илјади квадратни метри се споменуваат и во неговиот разговор со Кичеец. „Ги знам тие ваши трикови. Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо“. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски. Медиумите во регионот пишуваат дека Давидовиќ бил кум на првиот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ ( во деведесетите) и бил во сериозен конфликт со Мило Ѓукановиќ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpski-tajkun-so-ruski-vrski-koj-e-davidovikj-daka-so-koj-pravat-delovni-planovi-zaev-i-rashkovski/feed/ 0